Средоземно Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средоземно Море
Mediterranee 02 EN.jpg
Карта на Средоземното Море
Координати 35° СГШ 18° ИГД / 
Вид море
Главни приливи Атлантски Океан, Мраморно Море, Нил, Ебро, Рона, Шелиф, По
Површина &100000000025000000000002,500,000 км²
Прос. длабочина 1.500 м
Макс. длабочина 5.267 км
Зафатнина 3.750.000 км³
Проточност 80-100 год.[1]
Острови 3300+
Населени места Александрија, Алжир, Атина, Барселона, Бејрут, Измир, Картагина, Рим, Тангер, Тел Авив, Триполи, Тунис

Средоземно Море — дел од Атлантскиот Океан и е речиси целосно затворено со копно, на север со Европа, на југ со Африка и на исток со Азија. Покрива површина од приближно 2,5 милиони km². Средоземното Море или Медитеранот е внатрешно или средоземно море на Атлантскиот Океан. Сместено е помеѓу Европа, Африка и Азија. Зафаќа површина од 2 972 500 км². На запад, преку Гибралтарскиот Проток се поврзува со Атлантскиот Океан, на југоисток преку Суецкиот Канал се поврзува со Црвеното Море и со Индискиот Океан. Средозменото Море, со во основа по линијата со Апенинскиот Полуостров и Сицилија се дели на западен и источен базен.

Во западниот базен се наоѓаат рабните мориња Лигурско и Тиренско Море, а во источниот Јадранското, Јонското, Егејското, Мраморното и Црното Море преку протоците Дарданели и Босфор. Бреговата линија на Средоземното Море е мошне разгранета, има многу заливи, полуострови и острови. Тоа особено важи за северните брегови. Поголеми заливи се Валенскиот залив, Лионскиот и Хеновскиот залив.

Во Средоземното Море се наоѓаат поголем број острови како, на пример: Беларските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Крит, Киклади, Споради, Кипар и северноегејските и јадранските острови.

Во Средоземното Море се влеваат реките Ебро, Рона, По, Вардар, Дунав, Дон, Нил и други. Температурата на водата е повисока во Јужните делови на Средоземното море, а одејќи кон север се намалува. Растителниот и животинскиот свер во Средоземното Море и според видовите и според количеството се мошне сиромашни. Поради тоа, рибарството како стопанска гранка денес е во опаѓање. Најзастепени се сардините, папалините, скушите, лигњите и други видови риби. Особено развиена стопанска гранка е поморскиот сообраќај. Во литоралниот појас во уште многу други пристаништа и населби е развиена индустријата која е главно ориентална на преработка на увозни суровини. Такви се: петрохемиската, текстилната, прехрамбената индустрија и слично. Голем дел од стопанските активности во Средоземјето се ориентални кон туристичкото стопаснтво, изградени се голем број туристички центри во кои се реализира голем туристички промет. Овде посебно се истакнуваат: Шпанија, Хрватска, Италија и Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Физичка карта на Средоземното Море.
Физичка и политичка карта на Средоземното Море.

Крајбрежни држави[уреди | уреди извор]

Држави со излез на Средоземното море се:

Главен правец е линијата Гибралтар - Суец, со многубројни попречни линии кои ги поврзуваат големиот број пристаништа на бреговите на трите континенти, а особено оние на европскиот конинент. Најпознати пристаништа се: Малага, Валенсија, Барселона, Марсеј, Џенова, Неапол, Палермо, Месина, Бари, Венеција, Трст, Риека, Сплит, Дубровник, Драч, Атина, Солун, Истанбул, Бургас, Одеса, Александрија,Бенгази, Триполи и Алжир.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата на Средоземното Море е условена од гоеграфската положба, од морските пространства, од африканскиот и од евроазискиот континент, како и од близината на Атлантикот. Таа е суптропска со благи врнежливи зими и жешки и суви лета. Просечните годишни температури се движат околу 16°С - 20°С. Ветровите се претежно со локален карактер, условени од заемното влијание на копното и морето. Облачноста е мала, со многу сончеви часови.

Наводи[уреди | уреди извор]