Загреб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Загреб
Grad Zagreb
Официјално знаме на Загреб
Официјално знаме на Загреб

Знаме
Официјален грб на Загреб
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Загреб
Mестоположбата на Загреб
Местоположба на Загреб
на картата на Хрватска
Координати

45°49′0″N, 15°59′0″E

Општи податоци
Име
- изворно
Загреб
  Grad Zagreb
Основан 1094
Поштенски број 10000
Повикувачки број 01
Автомобилска ознака ZG
Портал www.zagreb.hr
Управа
Земја Хрватска Хрватска
Жупанија Град Загреб
Градоначалник Јелена Павчиќ Вукичевиќ (в.д.)
Географија
Површина 641,29[1] km²
Надморска височина 122–1,035 m
Население
Население 801 554 (2001[1])
Густина 1 214,9 ж./km²

Загреб (хрватски: Zagreb) — главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град.

Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Географија[уреди | уреди извор]

Загреб се наоѓа во Централна Хрватска, на југозападниот дел на Панонска Низина, на просечна надморска височина од 122м, под јужните падини на планината Медведница, на брегот на реката Сава, која во подрачјето на градот е претежно низинска река. Сава има типично дождливо-снежен режим со висок водостој на пролет и на есен, а низок во летото, што доведува до големи осцилации на водостојот на самата река.

Шумите покриваат дури 30,45% од територијата на градот (како управна заедница). Долината на река Сава, некогаш претставувала континуиран појас на шума: вбри и тополи, а денес се присутни само малку деградирани дрвја од тој вид. Во пониските делови на Медведница, до 400м надморска височина и на ридовите, на благите падини, преовладува храст, граб, бука и див кастен. Над таа граница, од 300м до 800м надморска височина, доминира буката, која над таа висина се меша со ела. Земјоделските површини во градот зафаќаат дури 31,84%, додека останатите површини (првенствено градежен дел) зафаќаат 37,71% од територијата на градот.

Природни одлики[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на Загреб

Поширокото подрачје на Загреб изградено е од карпи од магматски, седиментен и метаморфен тип. Загребското подрачје е зона за појачани сеизмички активности како последица на интензивните тектонски движења. Сеизмичноста изнесува од 7 до 9 степени по Меркалиева скала.[2] Два важни премини поминуваат низ загребското подрачје, савски премин, кој се пружа на падините на Вукомерички гори, и медведничкиот премин, кој се пружа на потег од Жумберачка гора - Медведница.[2]

Клима[уреди | уреди извор]

Според Кепеновата класификација на клима, Загреб има континентална клима со топли лета. Просечната годишна температура на воздухот во градот изнесува 11,4°С, средна јануарска температура на воздухот изнесува -0,1°С, додека средната температура во јули изнесува 20,7°С. Годишно вкупно има 844мм врнежи, додека на Медведница годишно паѓа 50% повеќе (1238мм). Врнежите во текот на годината се релативно рамномерно распоредени. Снег годишно просечно се појавува и трае околу 40 дена. Просечен број на денови со снег е 4. Во текот на годината најчесто дуваат слаби ветрови со североисточен и југозападен правец. Годишно Загреб има 26 дена со силен, а 2 дена со олуен ветер. Најмногу денови со грмежи проследени со врнежи се во топлиот дел од годината (од април до септември). Годишно во Загреб има 2.030 сончеви ласови, додека на Медведница бројот на сончеви часови е нешто поголем, бидејќи во ладниот дел од годината (од октомври до март) во Загреб е честа појавата на магла.[3]

Загреб
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&1000000000000006400000064
 
&100000000000000030000003
&09999999999999995999999−4
 
 
&1000000000000004100000041
 
&100000000000000050000005
&09999999999999995999999−4
 
 
&1000000000000005100000051
 
&1000000000000001100000011
&100000000000000000000000
 
 
&1000000000000006400000064
 
&1000000000000001500000015
&100000000000000040000004
 
 
&1000000000000007700000077
 
&1000000000000002000000020
&100000000000000090000009
 
 
&1000000000000009700000097
 
&1000000000000002300000023
&1000000000000001300000013
 
 
&1000000000000008200000082
 
&1000000000000002500000025
&1000000000000001400000014
 
 
&1000000000000009000000090
 
&1000000000000002500000025
&1000000000000001400000014
 
 
&1000000000000008700000087
 
&1000000000000002200000022
&1000000000000001000000010
 
 
&1000000000000007400000074
 
&1000000000000001500000015
&100000000000000060000006
 
 
&1000000000000008200000082
 
&100000000000000080000008
&100000000000000010000001
 
 
&1000000000000006400000064
 
&100000000000000030000003
&09999999999999997999999−2
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: -{Zagreb Climate Data}- (температура) и Државен хидрометеоролошки завод на Хрватска (врнежи)


Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Андаутонија
Каменити врати, некогашен дел на одбранбениот систем на Градец, денес една од сочувани градски врати и смбол на Загреб
Кула Лотршчак, екогашен дел на одбранбениот систем на Градец, денес една од сочувани градски врати и смбол на Загреб

Населбите на поширокото загребско подрачје постојат уште во праисторијата. Во прештерата Ветерница, на југозападната страна на планината Медведница, која на палеолитските ловци им служела како склониште или живееалиште, пронајдено е камено оружје и орудие, како и остатоци од огништа на човековите предци кои биле современици на крапинскиот прачовек. Староста на остатоците датира од околу 40.000 години.[4] Трагите на живот се пронајдени и во долината на река Сава, каде е пронајдено бронзено орудие и гробови на културни полиња со урни, наречени според начинот на сахранувањето на покојниците.

Антика[уреди | уреди извор]

За време на Римско Царство на подрачјето на Загреб, поточно на местото на денешното село Шчитарјево во близина на Голема Горица, се наоѓала Андаутонија, староримска населба и општина. На местото на Андаутонија до пред римската се наоѓало илирска населба. Андаутонија се наоѓала на десниот брег на река Сава на местото каде се наоѓа римскиот пат Сисција-Петовио (Сисак-Птуј). Со Археолошките ископувања се откриени бадеми, некрополи, термален комплекс со вода, канализација и систем за загревање на просторија, траги на пристаништа и предмети од свакодневниот живот. Андаутонија губи на значење во периодот од 4 век до 7 век за време на Големата преселба на народите.

Среден век[уреди | уреди извор]

Континуираната историја на градот Загреб може да се прати од 1094 година каде унгарскиот крал Ладислав I ја оснивал Загрепската епископија на Каптол.[5][6][7] Во 1134 година издадена е и писмена одредба во која се споменува основач на епископијата крал Ладислав, прв загрепски епископ со свештеништво. Таа повелба е прва писмена трага за Загрепската епископија.

Во 1217 година е довршена посветената црква, која тешко настрадала при нападот на Татарите во 1242 година.[8] Преживеаното население побарало спас во шумите на Медведница. По заминувањето на Татарите дел од населението се вратило на повисокиот брег кој од соседната бискупска населба бил одделен со потокот Медвешчак. Унгарскиот крал Бела IV, кој и сам се повлекувал пред Тетарите, во знак на благодарност за сигурно уточиште, на новата населба Градец и нејзиното население, им доделил признание. Градец така станал слободна кралска област.[5][6][7] Се проценува дека Загреб тогаш имал околу 1000 жители.

Нов век[уреди | уреди извор]

Загреб во 1689. година
Горниот дел од Загреб

Загреб првпат се споменал како главен град на Хрватска во 1557 година.[5][6] Во текот на 17 век и XVIII век катастрофални пожари повеќепати ја уништувале населбата. Со постепена изградба на куќите од изгорениците со време е ограничена разорна моќ на чести големи пожари. Во 1664 година во Загреб е основана првата печатница.[7] Во 1669 година е основа Загрепски универзитет.[6] Тогаш царот на Светото Римско Царство Леополд I го потврдил правото на универзитето со повелба од Кралската академија.

Во меѓувреме во 1667 година избиле тешки и крвави битки во предградието и на мостот преку потокот кој го делел градот на две населени места. Помеѓу жителите од двете населени места често се појавувале спорови и недоразбирања. Со време недоразбирањата, престанале. Во 1742 година во Загреб постоеле 560 куќи со 5.600 жители. Дваесет и пет години подоцна, во 1767 година. Кралското собрание веќе го одредило Вараждин за свое повремено седиште. Но, по големиот пожар во Вараждин во 1776 година во кој е уништена и зградата на Кралското собрание, во Загреб трајно се преселиле големите управи, судски и училишни установи, како и значаен дел од племињата.[5][6]

19 век[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XIX век во Загреб живееле 7.706 жители и тој број бил во постојан пораст. Во 1834 година, со преуредување на стариот градски дел на Загреб го добил првиот постојан театар, а во 1847 година во Хрватскиот сабор, хрваткиот јазик е прогласен за службен јазик со што е заменет дотогашниот службен јазик - латинскиот. Револуционерната 848 година Загреб, како и останатиот дел на Европа, бил едно од најбурните политички случувања. Средишниот градски плоштад истата година бил преименуван во Јелевачев плоштад.

Со „царскиот пакет“ од 7 септември 1850 година споени се дотогашните делови на Загреб во единствена населба, со што се создале услови за забрзан развој на модерен средноевропски град. Тоа било време на големо градење, во кој прераснало ново урбано средиште, Долен Град. За тоа време на Трњ и Трешњевец настанала неплански градена населба со сиромашен слој на граѓани, додека на шумовитите брегови се градел резиденцијалниот дел од градот.

Во 1862 година низ градот поминала првата железничка станица. Пругата е изградена како јужен крак на пругата Виена-Љубљана-Трст и го споила ѕидниот мост преку Загреб со Сисак. Следната година во работа е ставена и градската плинара. ВО 1866 година во Загреб е основата Југословенската академија за образование и уметност, денешната Хрватска академија на науки и уметности. Во истата година на централниот градски плоштад поставен е споменик на Бане Јелачиќ и довршена е изградбата на православната црква на Плоштадот Петар Прерадовиќ. Во 1867 изградена е загрепската синагога, а во 1874 година Загреб добил нов универзитет.

Во 1874 година воведена е јавната планинска расвета, а во 1878 година започанл со работа и градскиот водовод. На 9 ноември 1880 година, Загреб бил погоден од силен земјотрес во кој многу згради биле оштетени, но без поголеми човечки жртви. По оштетувањата кои настанале од земјотресот, започнала обнова на Каптола и загрепската катедрала, која тогаш го добила градскиот изглед. Првата телефонска линија во Загреб е воспоставена во 1881 година, а од 1886 година се воведува јавниот телефонски сообраќај. Првиот трамвај, Загреб го добива во 1891 година, а една година подоцна, изградена е главната железничка станица - Државен колодвор - кој ја проектирал главниот инженер, на унгарските државни железници Ференц Фаф.

20 век[уреди | уреди извор]

Пешачка зона на Илица
Мамутица“ у Нов Загреб
Зграда Коцкица на Присављ, изградена во 1968. година
Боговиќева улица

На преминот во XX век во Загреб живееле 61.000 жители. Наставено е големо проширување на градот и градската содржина во која центарот на градот го добил денешниот изглед. Градот се шири на исток спрема Пешеница и на запад кон Чрномерец. Првите два стални бископи во Загреб отворени се во 1906 година. Следната година во работа е пуштена првата јавна електрана, па почунва изградба на електрична мрежа и првите куќни приклучувања. Доцното воведување на електрична енергија во Загреб се препишува на договорот помеѓу Градскиот поглавар и плинарата која имала концесија на јавна планинска расвета. Исто така, во истата година, основана е и библиотеката наменета за граѓаните и која го претставува алштатот на денешните градски книжари.

Електричниот трамвај го заменил трамвајот во 1910 година. Пред крајот на Првата светска војна и во првите години после него отворени се и големи факултети и високи школи, меѓу кои и Медицинскиот факултет (1917),, Земјоделсско-шумарскиот факултет (1919), Ветеринарен факултет (1924) и др. Во 1921 година во Загреб првпат се потпишани над 100.000 жители, поточно 108.674. По војната на растојанието помеѓу железничката пруга и реката Сава се градат раднички населби.

По војната започнува уште еден циклус на изградба и индустријализација на градот, кој за тоа време континуирано и демографски расте. Загреб воедно и станува административен центар, прво НР, а потоа и СР Хрватска. Во 1950 година, Загреб станува и управно-територијално проширен. На градот му се приклучуваат многу мали дотогашни самостални населени места: Подсусед, Стењевец, Врапче, Шпанско, Млинови, Грачани, Шестине, Ремете, Маркушевец. Загреб на десниот брег на Сава почнува да се шири од 1957 година, кога почнува изградба на први големи станбени четврти, најпрво Савски Гај и Запруџа. На просторот на 1953 година попишани се 2.000 жители изграден е нов дел на градот во кој денес живеат повеќе од 100.000 жители. Во индустриската зона на Житњак истата година почнува изградба на постројка Органско-хемиска индустрија. Во 1964 година Загреб е погоден од најголемата природна катастрофа во неговата историја. Во октомври надојдените води на Сава се излеале од речното корито и полавиле површина од околу 60кm². За да се избегнат опасности од нови излевања и поплави, во 1971 година е завршен системот на нови савски насипи и доводен канал Сава-Одра-Сава. Во есен, истата година, Загреб за време на Храватската пролет бил упориште на студентски демонстрации.

Во 1975 година отворен е и хотелот „Интерконтинентал“, прв хотел од висока категорија во Загреб. Следната година завршена е и најголемата и тогаш најголема работна зграда во Загреб, популарно наречена „Загрепчанка“.

Во Загреб, на 8 октомври 1991 година, три месеци по Брионска деклараија, стапила на сила уставна одредба на Хрватскиот сабор од месец јуни истата година, за самосталност на Хрватска, со Загреб како главен град. Во летото 1991 година во Загреб се одивани пуцања околу касарната ЈНА „Маршал Тито“, но интензивни борби не постоеле па градот е поштеден од разорувања. Со потпишувањето на Сараевското примирје на 3 јануари 1992 година, постигна е договор за повлекување на ЈНА, чии единици се повлечени во текот на истиот месец. Во мај 1995 година, Загреб бил мета на ракетен напад во кој погинале 6 цивили, а ранети најмалку 175.

По признавањето на самосталноста на Хрватска, од страна на многу држави, во Загреб започнуваат да се отвораат многу амбасади од кои прва ја отворила СР Германија. Со воведување на новата територијална организација во Република Хрватска формирани се 20 жупании и Град Загреб, исто така со статус жупанија. Во Загреб исто така се наоѓа и центар на соседната Загрепска жупанија.

Демографија[уреди | уреди извор]

На пописот на население од 2011 година, град Загреб имаше 790.017 жители, од кои во самото населено место Загреб 688.163.

Град Загреб[уреди | уреди извор]

Број на жители според пописот[9]
1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011
48.266 54.761 67.188 82.848 111.565 136.351 167.765 258.024 356.529 393.919 478.076 629.896 723.065 777.826 779.145 790.017

Загреб (населено место)[уреди | уреди извор]

Број на жители според пописот[9]
1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011
32.203 37.001 48.136 60.910 87.239 109.029 140.815 227.838 325.223 361.564 442.768 579.943 656.380 706.770 691.724 688.163

Попис 1991[уреди | уреди извор]

Загреб
1991.

вкупно: 706.770

  Хрвати 594.323 (&1000000000000840900000084,09%)
  Срби 44.384 (&100000000000006270000006,27%)
  Југословени 14.218 (&100000000000002010000002,01%)
  Муслимани 11.247 (&100000000000001590000001,59%)
  Словенци 6.299 (&100000000000000890000000,89%)
  Албанци 2.526 (&100000000000000350000000,35%)
  Црногорци 2.332 (&100000000000000320000000,32%)
  Македонци 1.707 (&100000000000000240000000,24%)
  Унгарци 1.033 (&100000000000000140000000,14%)
  Чеси 973 (&100000000000000130000000,13%)
  Роми 902 (&100000000000000120000000,12%)
  Евреи 392 (&100000000000000050000000,05%)
  Германци 296 (&100000000000000040000000,04%)
  Италијанци 261 (&100000000000000030000000,03%)
  Украинци 249 (&100000000000000030000000,03%)
  Руси 214 (&100000000000000030000000,03%)
  Словаци 203 (&100000000000000020000000,02%)
  Бугари 144 (&100000000000000020000000,02%)
  Полјаци 127 (&100000000000000010000000,01%)
  Русини 117 (&100000000000000010000000,01%)
  Романци 105 (&100000000000000010000000,01%)
  Турци 77 (&100000000000000010000000,01%)
  Грци 68 (&100000000000000000000000,00%)
  Австријци 56 (&100000000000000000000000,00%)
  Власи 7 (&100000000000000000000000,00%)
  други 621 (&100000000000000080000000,08%)
  неопредел. 14.498 (&100000000000002050000002,05%)
  регион. опр. 1.297 (&100000000000000180000000,18%)
  непознато 8.094 (&100000000000001140000001,14%)

Демографска историја[уреди | уреди извор]

Загреб (град)[10]
година на пописа 1991. 1981. 1971. 1961. 1953. 1948.
Хрвати 594.323 516.548 304.637 241.007
Срби 44.384 36.665 17.519 13.125
Југословени 14.218 56.907 2.606
Муслимани 11.247 6.410
Словенци 8.709 17.592 17.054
Црногорци 2.303 1.210 795
Македонци 1.691 661 430
Албанци 1.303
Унгарци 1.115 1.089
Роми 825
Италијанци 311
Германци 641
Бугари 332
Чеси 1.674
Словаци 167
Чеси и Словаци 1.544
останати Словени 1.276
останати несловени 1.743
неопределени муслимани 209
останати и непознато 42.598
укупно 706.770 649.586 ' ' 350.829 279.623
Загреб (град)[10]
година на попис 1931. 1921.
Римокатоличка 157.897
Православна 13.279
Евангелистичка 2.064
Исламска 1.239
Останато 11.102
укупно 185.581 '

Според пописот на населението од 2001 година, Зареб има 779.145 жители. Просечната старост на населението изнесува 39,7 години. Според половата структура, од 779.145 жители, 415.153 се жени, а 363.992 мажи.

Население на Загреб според пол (Попис 2001.)
Жене
  
53,28
Мушкарци
  
46,72
Етничка структура на населението на Загреб (Попис 2001.)
Хрвати
  
91,94
Срби
  
2,41
Босанци
  
0,80
Албанци
  
0,43
Словенци
  
0,41
Роми
  
0,25
Останати и неопределени
  
2,84

Според мајчиниот јазик, поголемиот број од населението на Загреб се изјаснило дека зборува хрвастки јазик (97,45%). Потоа албански (0,40%), словенски (0,33%), босански (0,31%), српски (0,27%), ромски (0,18%) и македонски (0,15%).

Според верската структура поголемиот дел од населението се христијани, припадниците на католичката и православна вероисповед. Од останатите христијански заедници присутни се Јеховини сведоци, Евангелистичката црква, Адвентистичката црква и Балтистичката црква. Значаен е уделод на агностиците, атеистите и неопределените. Од сотанатите религии најзастапена е исламската.

Верска структура на населението на Загреб (Попис 2001.)
Католици
  
87,09
Агностици и неопределени
  
4,06
Атеисти
  
3,54
Муслимани
  
2,08
Православни
  
2,01

Политика[уреди | уреди извор]

Зграда на градското поглаварство

Загреб, како главен град на Република Хрваска, има статус на заедница на локална самоуправа, а која воедно има и положба на единица на регионална самоуправа, односно жупанија.[11]

Управните градски органи на Загреб се:

Градското собрание е претставнички орган на граѓаните на град Загреб и орган на локалната самоуправа кој ги донесува актите во рамките на округот на градот Загреб. Градскиот совет има 51 член кои се бираат на избори. Градското собрание има претседател и најмногу четири потпретседатели. Градското собрание, меѓу другото го донесува Уставот на градот Загреб и градскиот буџет, го надгледува целото материјално и финансиско управување со градот, го утврдува програмот на развојот на поединечни дејности, донесува документи на просторно уредување на градот, бира и сменува градоначалник и негови заменици. Мандатот на градските советници, избрани на редовни избори трае четири години.

Градоначалник кој го застапува градот и со градското собрание е носител на извршната власт во градот Загреб. Се бира на седница на Градското собрание. Градоначалник воедно е и претседател на градското собрание. Градоначалникот има два заменици кои во случај на негово отсуство го заменуваат.

Градско поглаварство е име на градската влада која ги извршува работите на локалната и регионална самоуправа и работите на државната управа кои му се доверено си закон. Претседател на поглаваството е загрепскиот градоначалник. За својата работа поглаварството е одговорно на градското собрание и тоа брои 11 членови.

Градски четврти и месниот одбор се облици на месна самоуправа во која граѓаните непосредно учествуваат во одлучувањето за прашањата на нивниот секојдневен и непосреден интерес, а кои влијаат на нивниот секојдневен живот и нивната работа, како што се санирање на улуцу или тротоари, уредување на градски и детски игралишта и паркови, отстранување на комунален или див отпад. Градот Загреб е поделен на 17 градски четврти, а за секој дел од месните четврти се осниваат посебни месни одбори.

Градоначалници[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

На подрачјето на градот Загреб регистирани се вкупно 22.000 компании кои својата дејност ја остваруваат во различни гранки на стопанството.[12] Според дејноста, во структурата на загребското стопанство, со 33% најстапена е трговијата, потоа следуваат преуредувачката индустрија со 30%, сообраќај, складирање и врски со 10%, финансиски сектор со 7%, додека 20% отпадаат на осанатите дејности.[12] Во Загреб се остваруваат 36% на севкупната трговија во Хрватска, додека преработувачката индустрија сместена во Загреб чини 32% од преработувачката индустрија на територијата на Хрватска.[13]

Во Загреб е концентрирана прехранбената, хемиската, елетронската, текстилна, дрвна и издавачко-печатарска индсутрија, како и индустрија за преработка на метал. Концентрирана е во индустриските зони на Житњак и Јанкомир.[12] Покрај постоечките, се отвораат и нови стопански зони од кои една се наоѓа во Сесветам,[13] со кои со поштување на еколошките стандарди настојува да се пресели индустријата од центарот на ивицата на градот. Многу големи хрватски компании имаат свои центри во Загреб. Тоа се ИНА нафтена индустрија, Плива (фармацевство), Краш и Franck (прехранбена индустрија), Раде Кончар, Електро контакт, Ериксон - Никола Тесла (елетронска индустрија), ТЖВ Градељ (автомобилска индустрија).[12] Многу други светски компании имаат свои големи претставништа во Загреб.[12]

Зграда на Хрватската господарска комора

Во индустриското производство најголем удел со 25,5% го држи производството на храна и пијалаци. Селедат и електричната индустрија, со плин и вода со 16,3%, потоа елеторнската индустрија со 9,1%, хемиска индустрија со 8,2%, уделот на издавачката и печатната индустрија е 8,5%, производството на радио-телевизиски и комуникациски апарати и опрема 8%, додека уделот за производство на облека е 2,5%.[13]

Загреб е и финансиски центар на Хрватска. Во Загреб, освен Хрватската народна банка се наоѓаат и центри на многу други банки од кои најголеми се, „Стопанска Банка Загреб“, „Хипо Алпе-Адрија банк“, „Загрепска банка“, „Храватска поштенска банка“. Загреб е и седишта на Загребска берза, која повторно е отворена во 1991 година. Загреб е и меѓународен саемски центар. Загребското веслање е еден од поголемите саеми во светот и член на Меѓународната унија на саеми (UFI), која собира 167 саемски организации од 67 земји. Основан е во 1909 година, но неговите почетоци можат да се пратат до 1864 година, кога е одржана првата земска господарска изложба.[12]

Во 2007 година загпебските претпријатија извезле стока во противредност од 4,4 милијарди долари, додека е увезена стока во вредност од 14,9 милијарди долари. Уделот на Загреб во извозот на Хрватска во 2007 година изнесувал 35,7%, додека во увозот некаде околу 57,6%.[13] Најмногу се извезувало за пазарот во Босна и Херцеговина, Италија, Србија, Германија, Словенија и Австрија, а во помала мера за пазарот во САД, Унгарија, Велика Британија, Русија итн. Од целокупниот извоз 2,3 милијарди УСД приходи остварено е со пазарот од развиените земји (превенствено земјите од ЕУ), а 2,1 милијарда долари на пазарот на останатите земји во развој. најважни извезувачки производи на загребското стопанство се: минерални горива и масла, електрични машини и опрема, како и делови за нив, пластични кеси и производи од пластична маса. Најмногу се увезувани минерални горива и масла, кои потоа следат машини, апарати, механички уреди и делови, т.е. возила.

Во структурата на вработените, најголем број од се вработени во трговијата (26,4%). Следат и вработени во преработувачката индустрија (16,5%), работни услуги (16,3%) и градежништво (10%).[13] На подрачјето на Загреб вработени се околу 400.000 луѓе, што претставува повеќе од 27% од сите вработени во цела Хрватска.[14] Невработеноста во Загреб изнесува 7,8% и пониска е од државниот просек, кој изнесува 14,7% невработеност.[14]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патен сообраќај[уреди | уреди извор]

Сообраќајна обиколница во Загреб

Поголемиот дел од главните градски сообраќајни правци во Хрватска поминуваат низ Загреб. Од правецот на Загреб изградени се 5 автопатишта, кои водат до сите делови на Хрватска, додека еден автопат е сè уште во изградба. Два од трите најважни европски коридори во Хрватска минуваат низ Загреб.

Автопатот А1, Загреб-Сплит-Дубровник, во декември 2008 година во потполност е завршен до раскрсницата Равча.[15] До Плоч, преостанува изградба на следните 60км, а 70км до Дубровник. Автопатот А1, е еден од најважните сообраќајни правци во цела Хрватска бидејќи го повржува Загреб со северозападна Хрватска со вториот град по големина во Хрватска - Сплит.

Автопатот А3 во потполност следи по трасата на Паневропскиот патен коридор Х. Започнува во Брегана на границата со Словенија и по долината на река Сава се поврзува со Загреб, Кутина, Новска, Славски Брод, со Липовец и граничниот премин Бајаково, каде продолжува во Србија. Автопатот ги спојува Западна Европа и Средна Европа со југоисточниот континент и Блискиот Исток. Последниот дел од автопатот од Жупања до граничниот премина Бајаково довршен е во летото, 2006 година.

Важен паневропски патен коридор кој минува низ Загреб е и коридор 5, низ чија траса минуваат три автопатишта. Тој правец е најкратка врска на Загреб со Јадранско Море. Делницата од Загреб до раскрсницата Босилево е дел од автопатот А1. Делницата од раскрсницата Босилево до Риека е автопатот А6, а во потполност е довршена на 22 октомври 2008 година. На истиот коридор се наоѓа и трасата од автопатот А4, чија последна делница т.е. објект, нов мост преку реката Мура довшен на истиот ден кога и автопатот А6. Во Унгарија автопатот А6 се наставува на автопатот М7, кој преку Летењ на границата со Хрватска, Загреб го повржува со Будимпешта. Автопатот А2, Загреб-Мацељ, на границата со Словенија е довршен во 2007 година. Во план е и изградба на автопатот А11 Загреб-Сисак.

Јавен градски превоз[уреди | уреди извор]

Загрепски трамвај

Јавниот градски превоз во Загреб го сочинуваат мрежа од трамвајски и автобуски линии, градско-приградски возови и многу такси возила. Главниот дел од јавниот градски превоз во Загреб го врши Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ), кој е оператор на трамвајсиот и автобускиот сообраќај, а се грижи и за жичарата на Медведница, која, додека се очекува изградба на нова, моментално е надвор од употреба.[16]

Првиот електричен трамвај во промет е ставен на 18 август 1910 година.[17] Денес трамвајската мрежа има вкупна должина од 116 км.[18] Трамвајскиот сообраќај е огранизиран во 15 дневни и 4 ноќни линии.[19] Автобускиот сообраќај на ЗЕТ, моментално се состои од 125 дневни и 4 ноќни линии. Со пруга долга 66 метри, позната и како најкратка жичена железница на светот наменета е за јавен сообраќај.[18] Службено е пуштена во погон на 8 октомври 1890 година. Денес е законски заштитена како споменик на култура, а исто така е една од туристичките атракции во градот. Жичарата „Сљеме“, пуштена е во сообраќај на 27 јули 1963 година во функција за превоз на излетници на врвот на Медведница, а затворена е во средината на 2007 година, по дефектот на електромоторот за кој е проценето дека е неисплатлив да се санира.[16]

Во Загреб, денес има околу 1.150 такси возила, а возењето со такси е достапно 24 часа дневно. Првиот авто-такси во Загреб се појавил на плоштадот Бане Јелачиќ на 11 јуни 1901 година. Од април 2011 година, такси превозот во градот освен здружението „Радиот такси Загреб“ го остваруваат и приватни превозници кои ги има во голем број.

Со градско-приградскиот железнички превоз во работни денови во просек го користат околу 70.000 патници. Главната железничка линија која се обраќа на релација Савски Мароф-Загреб, Главен колодвор-Долго Село. Хрватските железници оваа линија ја вовела во 1992 година. Покрај оваа линија, други важни приградски насокии се кон Голема Горица и Јестребарска, заедно со локалните линии од Забок, Новска, Карловица и Копривница.

Железнички сообраќај[уреди | уреди извор]

Темелите на железничката мрежа поставени се кон крајот на XIX век и почетокот на XX век, кога се одредени главните правци на железничкиот сообраќај. Во 1862 година пуштена е во сообраќај првата железничка пруга низ Загреб, која местото Ѕидан Мост преку Загреб го поврзала со Сисак. Веќе наредната година изградена е пруга до Карловица која во 1873 година била продолжена до Риека, со што Загреб добил најкратка железничка врска со морето. Во 1870 година изградена е железничка пруга до Копривница, која во 1897 година од Долго Село продолжила до Новска. Во 1885 година, Загреб со железница се поврзал и со Вараждин. Во 1925 година довршена е и Личка железничка пруга, со која Загреб се поврзал со Сплит и Далмација. Загреб во 1946 годна се поврзал со Унска пруга, која е дел од Личка пруга кратка околу 50км, преку Сисак, повржан со Сплит. Иако понекогаш многу рентабилна, таа пруга денес се користи како смалување на капацитетот.

Ербас А319 пред контролната кула на Аеродром Загреб

Два од три најважни паневропски железнички коридори во Хрватска поминуваат низ Загреб. Тоа се Паневропски железнички коридор Vб, кој оди од Ботово на граница со Унгарија до Риека и Паневропски железнички коридор 10 кој оди од ДОбово на границата со Словенија до Товарник на границата со Србија. Воедно е и најважен железнички правец во Хрватска, бидејќи преку Хрватска се поврзува со Западна Европа и Средна Европа и југоистокот на континентот и Блискиот Исток. Пригардскиот патнички сообраќај е доста развиен. Товарниот сообраќај се одвива кружно како би се растоварил сообраќајот низ градот, па во таа полза е исградена и голема товарна станица Ранжирни колодвор.

Воздушен сообраќај[уреди | уреди извор]

Аеродромот Загреб, е главен меѓународен аеродром во Хрватска. Се наоѓа покрај Голема Горица, а од центарот на Загреб е оддалечен само 10км. На аеродромот се сместени технички бази на Кроација ерлајнс. Низ загрепскиот аеродром во 2019 година поминале 3,435,531 патници.[20] Покрај меѓународниот аеродром, во Лучка постои и мал спортски аеродром. Лучко се користел како главен загрепски аеродром од 1947 година до 1962 година. Најголемиот сообраќај е забележан во 1959 година. Таа година цивилни авиони превезле 167.000 патници и 1.500 тони роба.[21]

Култура[уреди | уреди извор]

Зграда на денешниот музеј Мимар кон крајот на 19 век

Загреб е главен културен центар на Хрватска. Во градот се наоѓаат повеќе културни установи кои традиционално имаат голем престиж. Освен тоа, во градот се наоѓаат центри на пратктично сите важни културни установи, како што се Матица хрватска и Друштво на хрватските писатели.

Музеи[уреди | уреди извор]

Експонати од бројни загрепски музеи освен историски, уметнички и културни примероци на градот Загреб и Хрватска, се прикажуваат експонати од големи историски и уметнички вредности од цела Европа и светот. Во околу триесет музеи и галериски колекции опфатени се повеќе од 3,6 милиони експонати.

Колекциитена археолошкиот музеј, основан во 1864 година содржат скоро 460.000 различни артефакти и споменици. изложени се предмети и организирани неколку збирки. Најпозната е Египетската збирка, која е една од таквите видови во југоисточниот дел на Европа,[22] а потоа големата нумизматичка колекција која е една од најзначајните и најголемите во Европа и светот, праисториска збирка, античка и средновековна збирка.[22] Важен музејски експонат е Загребската мумија, т.е. Загребска ленена книга, со 1.130 зборови е најдол сочуван споменик на старите Етрурци, едни од постоечките етрурски книги и воедно лиена книга од стариот век.

Театар[уреди | уреди извор]

Концертна сала Ватрослав Лисински

Во Загреб дејствуваат околу 20 постојани или привремени театри. Во Загреб се наоѓа назионална театарска куќа - „Хрватско народно казалиште“, изградено во барок стил во 1895 година. На сцената се одржуваат драмски, балетни и оперски претстави, а театрот е опремен и за одржување на конгреси, промоции и приеми. Концертната сала на Вартослав Лисински, со капацитет од 2.171 седиште, изградена е во 1973 година, а наречена е по авторот на првата хрватска опера. Освен музички манифестации, во неа се одржуваат и конгресни случувања.

Фестивали[уреди | уреди извор]

Загребски филмски фестивал, основан во 2003 година, стана еден од најзначајните хрватски културни случувања. Со главниот програм со натпреварувачки карактер, поделен е во три категории - целовечерни акциони, кратки акциони и документарни филмови. Еднакво внимание се посветува и на придружниот програм кој секоја година е составен до 5-6 посебен филмски програм, промоции на книги, филмски и културни проекти како и презентации на нови технолошки достигнувања поврзани со филмската продукција. Наградата која се доделува на фестивалот се вика Златни колици, а покрај неа на најдобрите им се доделува и парична награда.

ZagrebDox е меѓународен гестивал на документарните филмови, основан точно во недостаток на добар меѓународен и натпреаврувачки фестивал на подрачјето на Југоисточна Европа, специјализиран за документарци, затоа што наведеното подрачје имало долга традиција во производство на документирани филмови.

Анимафест е светски фестивал на анимиран филм кој се одржува од 1972 година. По 33 години, во 2005 година, е воведена и категорија на долгометражен анимиран филм, па така фестивалот сега се одржува секоја година, и тоа за непарни години со долгометражен програм, а парните години со краткометражни филмови.

Загреб како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Долац“ (Dolac) — слика на хрватскиот уметник Владимир Кирин од 1938 година.[23]
  • „Поглед на Загреб од север“ (хрватски: Pogled na Zagreb sa sjevera) — слика на хрватскиот уметник Драгутин Старк од 1859 година.[23]
  • „041“ — песна на хрватската рок-група Азра.[24]
  • „Загреб“ — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште од 1980 година.[25]
  • „Загреб е студен град“ (хрватски: Zagreb je hladan grad) — песна на хрватската рок-група Филм од 1982 година.[26]

Образование[уреди | уреди извор]

Зграда на Ректоратот на Загрепскиот уиниверзитет и Правен факултет

Во Загреб дејствуваат 136 основни училишта и 100 средни училишта, од кои 31 гимназија.[27][28] Во Загреб исто така дејствуваат и 5 политеникуми и 9 приатни високообразовни институции.[29]

Универзитето во Загреб е основан во 1669 година и предсавува втор најстар универзитет во Хрватска (основан по задарскиот универзитет во 1396 година). До 2009 година на универзитетот во Загреб дипломирале повеќе од 200.000 студенти, магистрирале повеќе од 18.000 и докторирале повеќе од 8.000 постдипломци.[30] На универзитето во Загреб, научно-наставна и уметничка работа се одвива на 29 факултети, 3 уметнички академии, стручни - Учителска академија и универзитетска стурдија - Хрватски студии. При универзитетот дејствуваат 33 политехникуми.

Во Загреб дејствуваат 22 институти на подрачјето на општествените и природните науки. Загреб е средиште и на ХАНУ - Хрватска академија на науки и уметности кои се основани на страна на бискупот Јосип Јурај Штросмајер.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Загреб е богат со туристички знаменитости. И, тоа:

  • Споменик на Јосип Јелачиќ на главниот градски плоштад,
  • Споменик на Крал Томислав покрај Главната железничка станица,
  • Горен град со црквата Св. Марко, зградата на Хрватскиот сабор, Вански дорови, кулата Лотршчак, Каменети врати;
  • Купола со катедрала,
  • Дом на хрватските ликовни уметници, чиј архитект е вајар Иван Мештровиќ
  • Гробиштата Мирогој,
  • Медведница со највисок врв Сљеме и стариот град Медвеград во кој се наоѓа олтарот на татковината,
  • Спортско-рекреативен центар Јарун.

Панорама[уреди | уреди извор]

Панорама на Загреб
Панорама на Загреб

Дипломатски претставништва[уреди | уреди извор]

Следните држави имаат свои почесни конзулати во Загреб:

Почесни граѓани[уреди | уреди извор]

До денес, 51 личност ја има титулата Почесен граѓанин на Град Загреб, која ја доделува градското собрание. Условите, процедурата и начинот на кој се доделуваат јавните признавања на Град Загреб одредени се со одлука за јавни признавања на Град Загреб. Така за почесен граѓанин на Загреб може да се прогласи:

... личноста е посебно заслужна за промоција на вредностите на демократското општество, случувања и традиции на хрватскиот народ, положбата и угледот на градот Загреб, неговите односи со останатите градови во други држави, члан на меѓунардона организација, односто организација на друга држава или нивните тела посебно заслужни за Град Загреб и Република Хрватска и промоција на нејзиниот суверенитет, самостојност и стабилност на општоприфатените начели на современиот свет.[32]


За време на Австо-Унгарија (1850-1918),[33] титулата почесен граѓанин на Загреб, ја добиле:

За време на Кралство Југославија (1918-1941),[34] за почесни граѓани на Загреб, прогласени се:

За време на СФР Југославија, (1945-1990),[35] за почесни граѓани на Загреб, прогласени се:

За време на Самостојна Хрватска, (1990 - денес),[36] за почесни граѓани на Загреб, прогласени се:

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Загреб службено соработува со следните градови:[37]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Gradski zavod za prostorno uređenje - Odjel za statistiku. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2007-11-13.
  2. 2,0 2,1 „Seizmologija zagrebačkog područja“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 27 јануари 2021.
  3. „World Weather Information Service - Zagreb“. worldweather.wmo.int. World Meteorological Organization. Посетено на 27 јанури 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. „Park prirode Medvednica — Kulturna baština — Lokaliteti“. pp-medvednica.hr. Архивирано од изворникот на 26 септември 2011. Посетено на 20 септември 2011.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Povijest Zagreba“. zagrebcity.com. Архивирано од изворникот на 18 јули 2011. Посетено на 27 јануари 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Službene stranice Grada Zagreba — O Zagrebu“. Zagreb.hr. Посетено на 27 јануари 2021.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Turistička zajednica Grada Zagreba — Kratka povijest Zagreba“. zagreb-touristinfo.hr. Посетено на 27 јануари 2021.
  8. „Povijest katedrale“. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2009. Посетено на 27 јануари 2021.
  9. 9,0 9,1 - Republika Hrvatska - Državni zavod za statistiku: Naselja i stanovništvo Republike Hrvatske 1857.-2001.
  10. 10,0 10,1 Сојузен завод за статистика и евиденција на ФНРЈ и СФРЈ, попис на населението 1948, 1953, 1961, 1971, 1981. и 1991. година.
  11. „Zakon o Gradu Zagrebu“. zakon.hr (хрватски). Посетено на 27 јануари 2021.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 „Hrvatska gospodarska komora — Komora Zagreb — Gospodarski profil Grada Zagreba i Zagrebačke županije“. Архивирано од изворникот на 2006-05-07. Посетено на 27 јануари 2021.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 „Energetska agencija Sjeverozapadne Hrvatske — Gospodarska kartica Grada Zagreba“. Архивирано од изворникот на 2019-01-23. Посетено на 27 јануари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. 14,0 14,1 „Grad Zagreb — Gospodarstvo u brojkama“. Архивирано од изворникот на 3 декември 2006. Посетено на 27 јануари 2021.
  15. „Premijer Sanader otvorio dionicu autoceste Zagreb — Dubrovnik“. Посетено на 27 јануари 2021.
  16. 16,0 16,1 „Sljemenski lift do vrha Medvednice - ZET“. Архивирано од изворникот на 26 април 2009. Посетено на 27 јануари 2021.
  17. „Tramvaj u Zagrebu - ZET“. Архивирано од изворникот на 1 март 2009. Посетено на 27 јануари 2021.
  18. 18,0 18,1 „Tramvajski prijevoz - ZET“. Архивирано од изворникот на 5 јули 2012. Посетено на 27 јануари 2021.
  19. „Autobusni prijevoz“. Архивирано од изворникот 2019-12-20. Посетено на 27 јануари 2021.
  20. „Statistika za 2019. godinu - Zračna luka Franjo Tuđman Zagreb“. Архивирано од изворникот 29 март 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  21. „Povijest i razvoj - Zračna luka Franjo Tuđman Zagreb“. Архивирано од изворникот на 1 август 2008. Посетено на 27 јануари 2021.
  22. 22,0 22,1 „Geološko-Paleontološki odjel - Hrvatski prirodoslovni muzej“. Архивирано од изворникот 3 февруари 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  23. 23,0 23,1 Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  24. Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
  25. Prljavo Kazalište – Crno Bijeli Svijet (пристапено на 28 септември 2023)
  26. Discogs, Film – Zona Sumraka (пристапено на 24.5.2021)
  27. „Osnovne škole u brojkama - Ministarstvo znanosti, obrazovanja i športa“. Архивирано од изворникот на 11 јули 2007. Посетено на 27 јануари 2021.
  28. „Srednje škole u brojkama - Ministarstvo znanosti, obrazovanja i športa“. Архивирано од изворникот на 23 октомври 2007. Посетено на 27 јануари 2021.
  29. „Visoko obrazovanje u brojkama - Ministarstvo znanosti, obrazovanja i športa“. Архивирано од изворникот на 9 јуни 2007. Посетено на 27 јануари 2021.
  30. „O Zagrebu - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 14 април 2019. Посетено на 27 јануари 2021.
  31. „Демократска Република Конго - почесен конзулат - 2 кат“. Архивирано од изворникот на 2008-04-15. Посетено на 2012-08-30.
  32. „Počasni građanin Grada Zagreba - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 7 август 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  33. „1850. - 1918. (Austro Ugarska monarhija) - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 11 август 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  34. „1918. - 1941. (Kraljevina Jugoslavija) - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 14 април 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  35. „1945. - 1990. (SFR Jugoslavija) - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 8 декември 2019. Посетено на 27 јануари 2021.
  36. „Od 1990. godine (Republika Hrvatska) - Grad Zagreb“. Архивирано од изворникот 14 април 2019. Посетено на 27 јануари 2021.
  37. „Gradovi prijatelji grada Zagreba - ZgPortal“. Архивирано од изворникот 21 јануари 2021. Посетено на 27 јануари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]