Нова Градишка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нова Градишка
Nova Gradiška
Нова Градишка се наоѓа во Хрватска
Нова Градишка
Местоположба на Нова Градишка
Координати: 45°15′ СГШ 17°23′ ИГД / 
Земја Хрватска
Жупанија Бродско-посавска
Управа
 • Градоначалник Јосип Вуковиќ
Население (2011)[1]
 • Вкупно 14.229 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)

Нова Градишка (хрватски: Nova Gradiška) — живописен град во Бродско-посавската жупанија во Хрватска, со население од 14.229 (2011)[1]. Се наоѓа во историскиот регион Славонија, близу границата со БиХ.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Градот лежи крај најважната хрватска железница, често опслужувана од патнички возови. Близу минува и магистрала. Градскиот и приградски автобуски превоз е доста развиен.

Туризам[уреди | уреди извор]

Тука има неколку хотели и други одморалишта. Туризмот е добро развиен.

Локални електронски медиуми[уреди | уреди извор]

Локалната радиостаница е Радио Нова Градишка (RNG).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Некогаш овој регион бил доста развиен инсутриски регион, главно во металургијата. Заради граѓанската војна индустријата пропаднала. Денес во мали делови работат фабрики за мебел и пиво. Големата иницијатива за создавање на индустриски парк е веќе успешно започната.

Личности[уреди | уреди извор]

Близу местото, рано изутрината на 16 октомври 2007 г. во сообраќајна несреќа загинал Тоше Проески, македонска и балканска мегаѕвезда на популарната музика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението, домаќинсктва и живеалишта 2011:“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012 г.. http://www.dzs.hr/Eng/censuses/census2011/censuslogo.htm. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]