16 октомври
Изглед
16 октомври — 289-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (290-и во престапна година). Остануваат 76 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1689 | Армијата на Хабсбуршката монархија го ослободува градот Видин од турска власт. |
| 1813 | Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира. |
| 1925 | Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот од Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници. |
| 1945 | Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година. |
| 1949 | Николаос Захаријадис, водачот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција. |
| 1964 | Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили. |
| 1994 | Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по првпат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите. |
| 2012 | Откриена планетата Алфа Кентаур Bb — најблиска вонсончева планета до Земјата. |
Родени:
| 1351 | Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано. |
| 1801 | Јосип Јелачиќ — хрватски бан. |
| 1854 | Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар. |
| 1886 | Давид Бен Гурион — израелски политичар. |
| 1888 | Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда. |
| 1906 | Оскар Вајлд — британски писател. |
| 1906 | Клинт Брукс — американски литературен критичар. |
| 1908 | Кузман Сотировски — македонски фудбалер. |
| 1908 | Енвер Хоџа — албански комунистички државник. |
| 1906 | Дино Буцати — италијански новинар и писател. |
| 1918 | Луј Алтисер — француски филозоф. |
| 1921 | Славчо Стојменски — народен херој на Македонија. |
| 1921 | Анджеј Мунк — полски режисер. |
| 1924 | Панче Васоски — македонски глумец. |
| 1927 | Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година. |
| 1938 | Нико — германско-американска пејачка и глумица. |
| 1950 | Милош Бојаниќ — српски пејач. |
| 1951 | Драги Михајловски — македонски писател. |
| 1953 | Пауло Роберто Фалкао — бразилски фудбалер. |
| 1954 | Вера Чејковска — македонски писател. |
| 1958 | Тим Робинс — американски глумец. |
| 1959 | Гари Кемп — англиски поп-музичар, член на групата Спандау балеј (Spandau Ballet). |
| 1960 | Боб Моулд — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du). |
| 1963 | Данко Цвјетичанин — хрватски и југословенски кошаркар. |
| 1966 | Штефан Ројтер — германски фудбалер. |
| 1970 | Мехмет Шол — германски фудбалер. |
| 1985 | Кејси Стонер — австралиски возач. |
| 1986 | Ина — романска пејачка. |
| 1997 | Наоми Осака — јапонска тенисерка. |
| 2001 | Вилијан Пачо — еквадорски фудбалер. |
Починале:
| 1793 | Марија Антоанета — француска кралица, сопруга на Луј XVI. |
| 1982 | Марио дел Монако — италијански оперски пејач. |
| 1992 | Владек Шејбал — полски глумец. |
| 2003 | Ласло Пап — унгарски боксер. |
| 2007 | Тоше Проески — македонска поп-ѕвезда. |
| 2007 | Бахрудин Ченгиќ — босански и југословенски режисер. |
| 2025 | Ејс Фрејли — американски рок-музичар, член на групата Кис (Kiss). |
Празници:
| Светски ден на храната |