УНЕСКО
| |||||
Тип | Специјализирана агенција | ||||
Акроними | UNESCO | ||||
Челник | ![]() | ||||
Статус | Активна | ||||
Основана | Ноември 16, 1945 | ||||
Штаб | Париз, Франција | ||||
Мрежно место | www.unesco.org | ||||
Wikimedia Commons |
![]() | ||||
Портал | ![]() |
---|
УНEСКO (англиски: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization = „Oрганизација за oбразование, наука и култура на ООН“) — специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода.
Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 50 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 191 земја членка. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. УНEСKO спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство.
Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална веб страна на УНЕСКО
- Генерални директори на УНЕСКО
- Канцеларии на УНЕСКО
- УНЕСКО Култура
- Светско наследство
- UNESCO - Програма за комуникации и информации
Литература[уреди | уреди извор]
- Игор Јанев, Cultural diplomacy, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
- Игор Јанев, Relations of Yougoslavia with UNESCO, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2010, ISBN 978-86-7419-209-2
|