16 ноември
Изглед
Предлошка:Ноември 2026 16 ноември — 320-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (321-и во престапна година). Остануваат 45 денови до крајот на годината.
Настани:
| 534 | Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот кодекс. |
| 1912 | Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили. |
| 1918 | Унгарија објавува независност од Австрија. |
| 1940 | Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители - Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори. |
| 1945 | Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија. |
| 1945 | Основан е УНЕСКО. |
| 1962 | Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава. |
| 2001 | Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето. |
Родени:
Починале:
| 1093 | Маргарита Шкотска — кралица на Шкотска. |
| 1272 | Хенри III — крал на Англија. |
| 1766 | Доминикус Цимерман — германски рококо-архитект. |
| 1797 | Фридрих Вилхем II — крал на Прусија. |
| 1850 | Александар Арон — германски и француски шахист. |
| 1887 | Фран Левстик — словенечки писател. |
| 1924 | Александар Архангелски — руски композитор. |
| 1960 | Кларк Гејбл — американски глумец. |
| 1995 | Петре Прличко — доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, глумец и режисер. |
| 2006 | Милтон Фридман — американски економист и нобеловец. |
| 2014 | Јован Ќирилов — српски театролог и писател. |
| 2020 | Иван Бекјарев — српски глумец. |
| 2023 | Мето Јовановски — македонски глумец. |
| 2023 | А. С. Бајат — англиска писателка. |