24 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Ноември 2024 24 ноември — 328-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.

Настани:

1859  Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936  Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944  Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986  Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994  Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.

Родени:

1729  Александар Суворовруски кнез и генералисимус.
1632  Барух Спиноза — холандски филозоф од еврејско потекло.
1849  Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка.
1864  Анри де Тулуз-Лотрек — француски сликар.
1891  Макс Аманнацистички функционер.
1912  Теди Вилсон — американски џез-музичар.
1919  Вера Ацева — македонска партизанка и народен херој на Југославија.
1923  Златко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1927  Алфредо Краус — шпански тенор.
1937  Јосип Ѓерѓа — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1938  Оскар Робертсон — американски кошаркар.
1938  Тахир Кадриу — македонски економист.
1949  Рахим Бурхан — македонски режисер.
1954  Емир Кустурица — српски и југословенски режисер, глумец и музичар.
1967  Октај Ахмед — македонски поет.
1967  Мирјана Јоковиќ — српска глумица.
1979  Кармелита Џетер — американска атлетичарка.
1983  Луис Леон Санчес — шпански велосипедист.
1985  Јулија Александрату — грчка манекенка, пејачка и глумица.
1989  Марио Гаврановиќ — швајцарски фудбалер.

Починале:

1870  Лотреамон — француски поет.
1985  Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1985  Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач.
1989  Благоја Нешковски — истакнат македонски режисер и писател.