Електрификација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Електрификација е процес на напојување со електрична енергија или, во друг контекст, изградба на објекти и постројки за производство на електрична струја и воведување на ваква моќност со промена на претходниот извор на енергија.[1] Изградбата на системите за електрификација (производство на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија) започнала во средината на 1880-тите во Велика Британија, САД и другите развиени земји, и генерално се инсталирала до околу 1950 година, иако сè уште е во тек поврзувањето во руралните области во некои земји во развој. Ова вклучувало и премин на производството од парни и хидраулични машини во машини со електричен мотор.[2][3]

Електрификацијата во одредени сектори на економијата се нарекува масовно производство, куќна електрификација, рурална електрификација или железнички електричен систем. Може да важи и за примена на индустриски процеси како топење, одвојување и рафинирање метални руди со помош на јаглен и кокс или хемиски процеси што вклучуваат некаков вид на електрична моќ како електро лачни печки, електрична индукција, Омско греење и електролиза или електролитичко одвојување.

Електрификацијата е именувана како „најголемото инженерско достигнување на 20 век“ од Националната Инженерска Академија на САД.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Најраните комерцијални употреби на електричната енергија биле галванизацијата и телеграфот.

Развој на магнето, динамо и генератори[уреди | уреди извор]

Фарадеј диск е првиот хомополарен генератор. Магнетот во форма на потковица „А“ создава магнетно поле преку дискот „Д“. Кога дискот се врти, се генерира електрична струја во радиус од центарот, па нанадвор кон работ. Струјата тече низ лизгачкиот контакт на пружината „m“, преку надворешното коло и се враќа назад во центарот на дискот преку оската.

Во 1831–32 годинa, Мајкл Фарадеј го открил начинот на работа на електромагнетните генератори. Принципот, подоцна наречен Фарадеев закон за индукција, постулира дека електромотивна сила се генерира во електричен спроводник кој е подложен на различен магнетски флукс, како на пример, жица што се движи низ магнетно поле. Тој исто така го создал и првиот електромагнетен генератор, наречен Фарадеј диск, кој е тип на хомополарен генератор, кој користи бакарен диск што ротира меѓу половите на магнетот во форма на потковица. Произведувал низок прав (DC) напон.

Околу 1832 година, Иполит Пикси го подобрил магнетото користејќи потковица замотана со жица, па со помош на дополнителните намотки на спроводникот создавал поголема струја, при што ја открил наизменичната струја (AC). Андре-Мари Ампер предложил средство за претворање на наизменичната струја од магнетото на Пикси во права со помош на прекинувач во форма на нишалка. Подоцна, сегментирани комутатори биле користени за производство на еднонасочна струја.[5]

Вилијам Фотергил Кук и Чарлс Витстоун го развиле телеграфот во 1838-40 година. Во 1840 година, Витстоун користел магнето што го развил за да го напојува телеграфот. Витстоун и Кук направиле битно подобрување во производството на електрична енергија користејќи електромагнет на батерија, наместо постојан магнет, што го патентирале во 1845 година.[6] „Самовозбудливото“ магнетно динамо ја трошело батеријата за напојување на електромагнетите. Овој вид на динамо го произведувале неколку луѓе во 1866 година.

Првиот практичен генератор, Грамовото динамо е направен од Зеноб Теофил Грам, кој продал многу вакви машини во 1870-тите. Британскиот инженер Р.Е.Б.Кромптон го подобрил генераторот така што овозможил подобро ладење и други механички подобрувања. Намотката за компензација, која давала постабилен напон при оптоварување, ги подобрила оперативните карактеристики на генераторите.[7]

Подобрувањата во технологијата за производството на електрична енергија значително ја зголемиле ефикасноста и сигурноста во XIX век. Првото магнето претворило само неколку проценти од механичката енергија во електрична енергија. До крајот на овој век, највисоката ефикасност била над 90 проценти.

Осветлување[уреди | уреди извор]

Лачно светло (Лак)[уреди | уреди извор]

Јаблочковата демонстрација на неговите брилијантни лачни светла на изложбата во Париз во 1878 година по должината на Avenue de l'Opéra, предизвикало млитава продажба на природен гас.

Сер Хамфри Дејви ја измислил јаглеродната ламбата во 1802 година кога открил дека електричната енергија може да произведе светлина со јаглеродни електроди. Сепак, не се користела во голема мера се додека не било развиено практично средство за производство на електрична енергија.

Електрична мрежа[уреди | уреди извор]

Овој поим се однесува на процесот на изградба на неопходна инфраструктура со која електричната енергија се доставува до домовите и производни капацитети, особено во руралните и изолираните подрачја, како и замена во железницата на парните локомотиви (сега почесто дизел-локомотиви со електрични локомотиви).

Инфраструктурата потреба за електрификација вклучува електрани, долги спроводни кабли и потстаници.

Електрификација на превозот[уреди | уреди извор]

Електрификација на превозот претставува употреба на хибридни и електрични возила (како што се тролејбуси и други варијанти на електрични автобуси, трамваи и железница наместо возила на гориво.

Електрификацијата во Македонија[уреди | уреди извор]

Електрана во Скопје, 1930 г.

1909-1944[8][9][уреди | уреди извор]

Електрификацијата во Македонија почнала во 1909 година кога била дел од Отоманското Царство. Првата електрична централа била изградена во Скопје и била на парен погон.

Електрификацијата на другите градови се одвивала одделно. Втор електрифициран град била Битола во 1924 година, а до 1930 година биле електрифицирани и Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Кочани. Од 1931 до 1935 електрифицирани биле Прилеп, Кичево и Демир Капија, а од 1936 до 1940 и Гостивар, Охрид, Струмица и Пробиштип.

Електричната енергија главно се произведувала во мали хидроелектрани, но имало и централи на дизел и јаглен. Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна биле: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 kW изградена во 1927 година која била првата електрана што произведувала наизменична струја[10], Дизел-електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 kW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 kW изградена во 1938 година.

На крајот од 1944 година во Македонија производството на електрична енергија било повеќе од скромно и изнесувало околу 14.200 МWh со инсталирана моќност од 9.600 kW.

1945-1991[8][уреди | уреди извор]

Обновата на електроенергетските капацитети кои биле тешко оштетени или разурнати во војната станала примарна и сеопфатна задача која со помош на државата и граѓаните во повоениот период во Македонија успешно се спроведувала. Електрификацијата на Македонија била речиси целосно реализирана и електричната енергија станала секојдневие во скоро сите градови и села во земјата. Систематски и макотрпно била градена дистрибутивната мрежа, трафостаниците и новите енергетски објекти кои успевале да ги задоволат сè поголемите потреби од електрична енергија на домаќинствата и растечката индустрија. Како најзначајни производствени капацитети на електрична енергија кои се изградени во повоениот период па сè до осамостојувањето на Македонија во 1991 треба да се издвојат:

Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следел и прекинот од мрежата на поранешна Југославија. Ова значело и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем.

Електрификација на превозот во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија е извршена само делумна електрификација на железницата.

Железничката инфраструктура во Република Македонија располага со 327 км електрифицирана пруга со колосеци, од кои 234 км главна пруга. Пругите на територија на МЖ се електрифицирани со монофазен систем, со напон од 25 kV и 50Hz.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „електрификација“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Devine, Jr., Warren D. (1983). „From Shafts to Wires: Historical Perspective on Electrification, Journal of Economic History, Vol. 43, Issue 2“ (PDF): 355. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-12. Посетено на 2011-07-03. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. *Nye, David E. (1990). Electrifying America: Social Meanings of a New Technology. Cambridge, MA, USA and London, England: The MIT Press.
  4. Constable, George; Somerville, Bob (2003). A Century of Innovation: Twenty Engineering Achievements That Transformed Our Lives. Washington, DC: Joseph Henry Press. ISBN 0-309-08908-5.
  5. McNeil 1990
  6. McNeil 1990, p. 359
  7. McNeil 1990, p. 360
  8. 8,0 8,1 Електрификација на Македонија на семрежното место на ЕВН
  9. Историја на електрификацијата во Македонија на семрежното место на Матка
  10. Како ја добиваме струјата што денес ја имаме? на семрежното место на Радио Слободна Европа
  11. Електрификација на железницата на семрежното место на Македонски железници