28 ноември
Изглед
Предлошка:Ноември 2026 28 ноември — 332-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (333-и во престапна година). Остануваат 33 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1520 | Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име. |
| 1821 | Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија. |
| 1905 | Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“. |
| 1943 | Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември. |
| 1981 | Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски. |
| 1995 | Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). |
| 1997 | Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија. |
Родени:
Починале:
| 1680 | Џовани Лоренцо Бернини — италијански архитект. |
| 1859 | Вашингтон Ирвинг — американски писател, есеист, историчар и дипломат. |
| 1907 | Иван Гарванов — бугарски револуционер. |
| 1941 | Живоин Павловиќ — југословенски комунист. |
| 1954 | Енрико Ферми — италијански физичар. |
| 1982 | Елена — кралица на Романија. |
| 2004 | Јусуф Реџепи — македонски лекар. |
| 2010 | Лесли Нилсен — американско-канадски глумец. |
| 2011 | Анте Марковиќ — последниот премиер на СФРЈ. |
| 2020 | Раде Гогов – Црноречки — македонски партизан. |
| 2024 | Силвија Пинал — мексиканска глумица. |