Тахир Кадриу
Изглед
Тахир Кадриу (албански: Tahir Kadriu) — македонски економист и политичар од албанско потекло. Роден е на 24 ноември 1938 во Тетово, Македонија. Завршил Економски факултет. Бил претседател на Околискиот комитет на Сојузот на младината, член на Околискиот комитет на СКМ и потпретседател на Собранието на општина Тетово. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ, пратеник во Соборот на народите и пратеник во Општествено-политичкиот собор на Собранието на СФРЈ.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |