19 ноември
Изглед
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
19 ноември — 323-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (324-и во престапна година). Остануваат 42 денови до крајот на годината.
Настани:
1493 | На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристофер Колумбо го открил островот Порторико. |
1497 | Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го открил патот за Индија, околу ’Ртот на Добра Надеж. |
1902 | Прва балканска војна: Крај на Битолската битка со победа на српските над турските единици. |
1944 | Тетово е ослободено во Втората светска војна, како последен ослободен град на територијата на Македонија. |
1991 | Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава. |
2008 | Џон Ки станува премиер на Нов Зеланд. |
Родени:
1600 | Чарлс I — англиски и шкотски крал. |
1711 | Михаил Василевич Ломоносов — руски научник, писател, академик и енциклопедист. |
1805 | Фердинанд де Лесепс — француски дипломат и инженер. |
1831 | Џејмс Гарфилд — американски претседател. |
1833 | Вилхелм Дилтај — германски филозоф и историчар. |
1888 | Хосе Раул Капабланка — кубански шахист. |
1906 | Павел Киров — грчки андартски капетан. |
1909 | Питер Дракер — американски експерт по менаџмент. |
1912 | Домингос да Гуја — бразилски фудбалер. |
1917 | Индира Ганди — претседател на Индија. |
1920 | Бранко Зарески — македонски поет, критичар и публицист. |
1922 | Рајко Митиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1934 | Курт Хамрин — шведски фудбалер. |
1934 | Валентин Иванов — руски и советски фудбалер. |
1935 | Џек Велч — американски менаџер. |
1936 | Љубиша Самарџиќ — југословенски и српски глумец. |
1961 | Богдан Вента — полски ракометар и тренер. |
1961 | Мег Рајан — американска глумица. |
1962 | Џоди Фостер — американска глумица. |
1965 | Лорен Блан — француски фудбалер и тренер. |
1966 | Гејл Диверс — американска атлетичарка. |
1971 | Ирена Ветерова — македонска балерина. |
1973 | Дарко Ковачевиќ — српски фудбалер. |
1976 | Стилијанос Венетидис — грчки фудбалер. |
1980 | Владимир Радмановиќ — српски кошаркар. |
1985 | Крис Иглс — англиски фудбалер. |
1988 | Харлинсон Пантано — колумбиски велосипедист. |
Починале:
498 | Анастасиј II — римски папа. |
1557 | Бона Сфорца — кралица на Полска и Ерусалим. |
1828 | Франц Шуберт — композитор. |
1855 | Михај Верешмарти — унгарски поет. |
1942 | Бруно Шулц — полски писател. |
1967 | Жоао Гимараеш Роза - бразилски писател. |
2014 | Мајк Николс — американски филмски режисер, познат по филмовите „Дипломец“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. |
2017 | Јана Новотна — чешка тенисерка. |
Празници:
- Ден на ослободувањето на Тетово
- Празник на кнезот, државен празник на Монако
- Празник на етничката заедница Гарифуна во Белиз
- Меѓународен ден на мажот, се празнува во Австралија, Гана, Индија, Ирска, Јамајка, Јужна Африка, Канада, Малта, Велика Британија, Сингапур, САД, Тринидад и Тобаго и Унгарија
- Ден на откривањето на Порторико
- Ден на слободата во Мали
- Ден на знамето (Бразил)
- Светски ден на тоалетите (Светска организација за тоалети)