Дарко Ковачевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Србија Дарко Ковачевиќ
Darko Kovačević 5-mar-2008.jpg
Лични податоци
Роден на 8 мај 1981 (1981-05-08) (воз. 37 г.)
Роден во Ковин, СФРЈ
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција напаѓач
Младинска кариера
Раднички Ковин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1994 Пролетер 63 (25)
1994-1996 Црвена Ѕвезда 47 (37)
1996 Шефилф Венздеј 16 (4)
1996-1999 Реал Сосиедад 98 (41)
1999-2001 Јувентус 47 (11)
2001 Лацио 7 (0)
2001-2007 Реал Сосиедад 163 (51)
2007-2009 Олимпијакос 41 (21)
Репрезентација
1994-2004 Југославија 58 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Дарко Ковачевиќ (српски: Дарко Ковачевић) (роден на 18 ноември 1973 година во Ковин, Србија, СФР Југославија) е поранешен српски фудбалер. Тој е познат по своите периоди во Реал Сосиедад, каде неговото партнерство во нападот со Нихат Кавечи било еднo од најдобрите во Шпанија.[1] Неговите главни атрибути се неговата физичка сила и добрата игра со глава во воздухот. Исто така Ковачевиќ имал солидни периоди и во Јувентус и Олимпијакос.[2] Тој е сега спортски директор на Олимпијакос.[3]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Србија-Пролетер и Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Ковачевиќ ја започнал неговата кариера во клубот од неговиот роден град Раднички Ковин, но наскоро се преселил во Зрењанин каде му се приклучил на прволигашот ФК Пролетер. Веќе по само една сезона во првиот тим на Пролетер станува јасно, дека овој млад играч на возраст од 19 години, ќе стане еден од најголемите некогаш напаѓачи во земјата. После две сезони со клубот, во кој Ковачевиќ успевал да постигне гол речиси во секој втор натпервар, тој бил брзо грабнат од страна на српскиот гигант Црвена Ѕвезда. Ковачевиќ блескал во белградскиот клуб, за да набрзо стане еден од најперспективните фудбалери во Европа, а заработил и повик во репрезентацијата на Југославија. Постигнувајќи неверојатни 37 гола во 47 натпревари, Ковачевиќ во декември 1995 година заминал во англискиот Премиер лигаш, Шефилд Венздеј за 2 милиони фунти.

Англија-Шефилд Венздеј[уреди | уреди извор]

Укажаната можност да ги покаже своите квалитети во една од најдобрите лиги во Европа, Ковачевиќ првично изгледал добро, импресивен во воздухот, и постигнал 2 гола во еден натпревар против Болтон во победата со 4-2. Веднаш по тој натпревар дошло до споредба од фановите меѓу него и Лес Фердинанд, но во остатокот од сезона тој не оправдал ниту една марка која англискиот клуб ја платил за него. Трансферот на Ковачевиќ се претворил во катастрофа за Шефилд Венздеј откако напаѓачот успеал да постигне само 4 гола во првата половина од сезона со клубот. Неговиот трансфер во Венздеј од Црвена Ѕвезда во јули 2007 година бил именуван на 10. место На листата на 50 најлоши трансфери во историјата на Премиер лигата според британскиот весник The Times.

Шпанија-Реал Сосиедад (прв пат)[уреди | уреди извор]

Надевајќи се да се врати во топ-форма повторно, Ковачевиќ се преселил во Ла Лига потпишувајќи за Реал Сосиедад во 1996 година. Играјќи за шпанскиот клуб, Ковачевиќ ги покажува неговите најдобри перформанси и се претворил во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, повторно. Наскоро стигнал повик од поголеми клубови, но италијанскиот гигант Јувентус победил во трката и го ангажира србинот во 1999 година.

Италија-Јувентус и Лацио[уреди | уреди извор]

Во торинскиот клуб, Ковачевиќ влегол во голгетерска форма во Серија А и во натпреварите од Лигата на Шампионите и Купот на УЕФА и станал нивен водечки стрелец во евро-турнирите таа сезона. Сепак, раководството на Јувентус чувствувало дека Ковачевиќ бил под својте перформанси во неговата втора сезона и двете страни биле во потрага по трансфер на Ковачевиќ надвор од Италија, а меѓу најзаинтересираните клубови за услугите на напаѓачот бил шкотскиот Глазгов Ренџерс кој бил подготвен да понуди 12 милиони фунти. Сепак, Ковачевиќ решил да остане во Италија и во летото 2001 година се преселил накратко во Лацио (како дел од размената во трансферот на Марсело Салас во Јувентус) пред да се врати назад во Шпанија во средината на сезоната.

Шпанија-Реал Сосиедад (втор пат)[уреди | уреди извор]

Во 2001 година Ковачевиќ конечно се вратил во клубот каде што наишол на својот најголем успех во Реал Сосиедад. Ковачевиќ поминал уште 6 сезони во клубот, постигнувајќи 51 гол во својот втор престој со Сосиедад. Сезоната 2006-07 била последна сезона за Ковачевиќ во шпанскиот тим, завршувајќи ја со испаѓање на клубот во понизок ранг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ковачевиќ повторно клучен за Сосиедад; преземено од Дневник (Број 2289 - сабота, 18 март 2006)
  2. Ковачевиќ се враќа да го освои „Деле Алпи"; преземено од Утрински Весник (Број 1301 - понеделник, 16 октомври 2006)
  3. Олимпијакос во преговори со Јунајтед за голманот Кушчак; преземено од Спорт Инфо (17-12-2011)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]