Напад (фудбал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Напаѓачот (во бел дрес) се обидува да стигне до топката пред противничкиот голман (во сино) и да постигне гол.

Во фудбалот, напаѓач е играчот кој игра најблиску до противничкиот гол, и е најмногу задолжен за постигнување на голови. Оваа позиција е најпозната во фудбалот, поради фактот што напаѓачите стануваат славни фудбалери побрзо од оние кој играат на останатите позиции заради постигнатите голови. Најпознатите напаѓачи (Пеле, Марадона) постигнуваат најмногу голови, и поради тоа тие се најскапи и најмногу барани на трансфер пазарот.

Модерните фудбалски формации обично вклучуваат еден, два или три напаѓачи. Тренерите обично поставуваат средишен напаѓач кој е поставен најнапред (средишен напаѓач или единствен централен напаѓач), и уште еден напаѓач кој е поставен помеѓу единствениот шпиц и средниот ред (т.н. “втор“ напаѓач) или евентуално уште два напаѓачи кој дејствуваат по двете крила (лево и десно) и на тој начин се подршка се централниот напаѓач.