Прејди на содржината

Пеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеле во 2010 г.

Едсон Арантес до Насименто (23 октомври 1940 - 29 декември 2022), попознат како Пелебразилски фудбалер, меѓу најдобрите од сите времиња.[1][2][3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во ноември 2014 г., на возраст од 74 години, Пеле бил задржан во една болница во Саун Пауло, поради болки во стомакот. Поради тоа била откажана промоцијата на неговата книга, што требало да се одржи во неговиот роден град, Сантос.[4] Починал на 29 декември 2022 по тешката борба со ракот на дебелото црево.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 г. и го предводел тимот до светското клупско првенство во 1962 год. Во 1969 год. за време на неговиот 909-ти натпревар, тој го постигнал својот 1.000-ти гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи. Во 1975 год. Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Тој се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год. Во 1978 год., Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. бил прогласен за спортист на векот.[5]

Репрезентативни настапи

[уреди | уреди извор]

Пеле бил дел од три бразилски државни репрезентации, кои станале светски прваци (1958, 1962 и 1970).

  1. „Pelé has been voted the greatest footballer of all time“. The Independent. Посетено на 2 август 2026.
  2. 'Greatest of all time': Pelé as described by his peers“. Associated Press. Посетено на 2 август 2026.
  3. „Pele: A Brazilian hero and football legend“. Deutche Wellke. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2023. Посетено на 28 август 2026.
  4. „Пеле превентивно заврши во болница“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 24.
  5. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 151.