Мирослав Ѓукиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓукиќ како тренер во Партизан во 2017 година

Мирослав Ѓукиќ (роден на 19 февруари 1966 година) е поранешен српски фудбалер кој играл во одбранбената линија како одстранувач. По професионалната кариера тој работел и како тренер.

Тој поминал 14 години од својата професионална кариера во Шпанија, играјќи во тимовите на Депортиво Ла Коруња и Валенсија. Во овие два клуба тој одиграл вкупно 368 натпревари во Ла Лига, а притоа постигнал 11 гола. Со двата тима Ѓукиќ имал освоено 6 големи титули.

Мирослав Ѓукиќ за репрезентацијата на СР Југославија играл на едно Светско и на едно Европско првенство. По пензионирањето, тој започнал тренерска кариера на клупско и на меѓународно (репрезентативно) ниво.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Мирослав Ѓукиќ бил роден во градот Шабац во Социјалистичка Република Србија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ја започнал својата играчка кариера со клубот на ФК Мачва од Шабац. Подоцна во 1988 година преминал во Белград во екипата на ФК Рад и покрај тоа што бил објавен интерес од двата национални фудбалски гиганти ФК Партизан и ФК Црвена ѕвезда од Белград.

Во средината на деведесетите години, Ѓукиќ потпишал за екипата на Депортиво од Ла Коруња во Шпанија. Цената која била платена во 1990 година за него била 40 милиони шпански пезети. Се појавил само на пет првенствени натпревари за Галицијаните во неговата прва сезона, која завршила со промоција на тимот во Ла Лига. Од тогаш па натаму, Ѓукиќ бил неприкосновен стартер во тимот, никогаш не бил под 35 натпревари во сезона и 3.000 минути игра во пет последователни сезони.

На 14 мај 1994 година, во последното коло во лигата, на домашен терен против екипата на Валенсија ЦФ, Ѓукиќ промашил пенал во последната минута од натпреварот. Натпреварот завршил со резултат од 0:0. Вообичаениот играч кој изведувал пенали Донато Гама да Силва веќе бил заменет, а втората опција фудбалерот Бебето одбил да ја преземе одговорноста, бидејќи на претходните натпревари не успеал да реализира удар од белата точка.[1] [2] Како резултат на тоа, екипата на ФК Барселона била крунисана за шампион таа сезона. Мирослав Ѓукиќ ја напуштил Ла Коруња на крајот на 1996-97 кога имал 31-година, бидејќи неговиот договор не бил обновен.

Подоцна Мирослав Ѓукиќ ѝ се приклучил на екипата на Валенсија.[3] Бил сартер во сите првенствени натпревари во првите три сезони, во кои настапувал, помагајќи му на клубот да стигне до две последователни финалиња во Лигата на шампионите на УЕФА. Во двата финални натпревари екипата на Валенсија била поразена.[4] [5] Подоцна, во 2002 година Ѓукиќ како резервен играч одиграл 16 натпревари за Валенсија, а клубот го освоил првото национално првенство на Шпанија по пауза од цели 31 година.

Мирослав Ѓукиќ се вратил во Сегунда Дивизион по 12 последователни години поминати во првата лига. Во втората лига настапувал за клубот на ЦД Тенерифе.[6] Својата професионална кариера ја завршил на 38-годишна возраст, откако настапил на точно 400 натпревари во шпанската лига (во двете големи нивоа првата и втората лига).

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Ѓукиќ својот прв настап за репрезентацијата на Југославија го одиграл на 27 февруари 1991 година, во пријателскиот натпревар кој завршил со резултат од 1:1 против репрезентацијата на Турција во градот Измир. Тој продолжил да игра за селекцијата на својата земја и настапил на вкупно 48 натпревари постигнувајќи два гола. Играл за новоформираната репрезентација на СР Југославија на УЕФА ЕВРО 2000 (ги одиграл сите натпревари и минути за тимот кој стигнал до четврт-финалната фаза).[7] [8] [9] [10] [11]

Ѓукиќ бил член на тимот што се натпреварувал на Светското првенство во фудбал во Франција во 1998 година, но не настапувал поради повреда.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Клупска тренерска кариера[уреди | уреди извор]

На 23 јануари 2007 година, Ѓукиќ бил именуван за главен тренер на клубот на Партизан.[12] [13] На крајот од сезоната бил избран за Тренер на годината. На 11 јуни 2009 година потпишал за клубот на РЕ Мускрон во Белгија, заменувајќи го Енцо Шифо, на тренерската позиција. Тимот на Мускрон се натпреварувал во Про лигата. Кога пристигнал Ѓукиќ во новиот клуб му се придружиле поранешните соиграчи од Валенсија, Амедео Карбони и Хуан Санчез Морено, едниот бил спортски директор, а другиот технички директор. Но, многу брзо сите тројца заминале од клубот, бидејќи екипата на Мускрон навлегла во сериозни економски проблеми.[14]

Кон крајот на месец март 2011 година, Ѓукиќ станал тренер на екипата на Херкулес ЦФ откако тренерот Естебан Виго бил отпуштен. Неговиот прв натпревар на чело на новиот клуб бил во победата со резултат од 3:1 на гостински терен против составот на Реал од Сосиедад,[15] но сепак Валенсијанците на крајот од сезоната доживеале испаѓање во понизок ранг.[16]

На 6 јули 2011 година, Ѓукиќ бил назначен за тренер на друг второлигаш, согласувајќи се на тригодишен договор со екипата на Реал од Ваљадолид.[17] На почетокот на јуни 2013 година, откако Ѓукиќ го донел клубот до промоција во својата прва сезона во Ла лига и по освоеното 14 место во наредната сезона, тој решил да замине од клубот за да го замени тренерот Ернесто Валверде во поранешниот негов клуб Валенсија.[18]

Ѓукиќ бил ослободен од своите должности на 16 декември 2013 година, по осмиот пораз на тимот во сезоната, со резултат од 0:3 од екипата на Атлетико од Мадрид.[19] Подоцна, на 20 октомври 2014 година, Ѓукиќ бил назначен за нов тренер на ФК на Кордоба, наследувајќи го Алберт Ферер на клупата.[20]

На 23 јануари 2017 година, Ѓукиќ станал главен тренер на тимот на Ал Шабаб, но бил принуден да го напушти откако клубот се споил со екипата на Ал Ахли по што се формирал нов клуб со име Шабаб Ал Ахли.

Во јуни 2017 година, тој се вратил во екипата на Партизан откако го заменил тренерот Марко Николиќ кој заминал во екипата на Видеотон ФК.[21] За време на неговиот втор престој на стадионот на Партизан, тој дал неколку контроверзни изјави, почнувајќи од март 2018 година кога употребил вулгарности на прес-конференција, велејќи дека тој „е роден во ебаниот Штитар, а не во сончевата Валенсија “ и дека е „клошар како сите кои биле до него во моментот“.[22] Во мај изјавил „ако Марко Јанковиќ успее да го совлада Црногорецот во него, тој ќе биде голем играч“;[23] а пак во јули изјавил дека членовите на тимот на ФК Тракаи се „Индијанци со пердуви“.[24]

Ѓукиќ на 22 декември 2019 година се вратил во шпанската втора лига преземајќи го кормилото на екипата на Спортинг од Хихон.[25] По крајот на сезоната во месец јули и освоеното 13-то место, тој бил заменет со тренерот Дејвид Галего.[26]

Меѓународна (репрезентативна) кариера[уреди | уреди извор]

Ѓукиќ ја добил својата тренерска лиценца во Шпанија и ја започнал својата нова тренерска кариера со селекцијата на Србија до 21 година, која ја водел до финалето на Европското првенство на УЕФА во 2007 година, кога загубил од домаќинот селекцијата на Холандија.[27] Овој резултат бил по драматичните квалификации за плеј-офот (0:3 на домашен терен и пораз од селекцијата на Шведска, а подоцна проследено со победа од 5:0 на гостински терен).[28]

На 19 декември 2007 година, Ѓукиќ одлучил да не го продолжи својот истечен договор со клубот на Партизан. Тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Србија. Функцијата ја напуштил многу брзо, на 19 август следната година без да одигра никакви официјални натпревари. Тоа се случило поради различни проблеми со Фудбалскиот сојуз на Србија.[29]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Меѓународна статистика[уреди | уреди извор]

Настапи и голови во репрезентација по години[30]
Репрезентација Година Натпревари Голови
Југославија 1991 година 2 0
1992 година 0 0
1993 година 0 0
1994 година 2 0
1995 година 1 0
1996 година 5 0
1997 година 11 1
1998 година 6 0
1999 година 7 0
2000 година 7 0
2001 година 7 1
Вкупно 48 2
  • Забелешка: Во 1993 година Репрезентацијата на Југославија била забранета и избришана од меѓународниот фудбал. Во 1994 година, репрезентацијата на СР Југославија станала наследник на селекцијата на поранешната СФР Југославија.

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од натпреварите по 20 Јули 2020[31]
Тренерски резултат по различни тимови и во репрезентација
Тим или клуб Држава Од До Резултати Забелешки
Натпревари Победи Нерешени Порази Постигнати голови Примени голови Гол разлика Победи во проценти
Србија до 21 година Србија 1 Јули 2006 30 Јуни 2007 &1000000000000001200000012 &100000000000000070000007 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &1000000000000001800000018 &1000000000000001200000012 +6 &1000000000000583300000058,33
Партизан Србија 9 Јануари 2007 19 Декември 2007 &1000000000000003900000039 &1000000000000002700000027 &100000000000000050000005 &100000000000000070000007 &1000000000000008600000086 &1000000000000003200000032 +54 &1000000000000692300000069,23
Србија Србија 19 Декември 2007 19 Август 2008 &100000000000000050000005 &100000000000000000000000 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 &100000000000000040000004 &100000000000000080000008 −4 &0&100000000000000000000000,00 [32]
Мускрон Белгија 11 Јуни 2009 31 Октомври 2009 &1000000000000001400000014 &100000000000000020000002 &100000000000000050000005 &100000000000000070000007 &1000000000000001400000014 &1000000000000002200000022 −8 &1000000000000142900000014,29
Херкулес Шпанија 24 Март 2011 23 Јуни 2011 &100000000000000090000009 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 &100000000000000040000004 &1000000000000001100000011 &1000000000000001300000013 −2 &1000000000000222200000022,22 [33]
Ваљадолид Шпанија 6 Јули 2011 5 Јуни 2013 &1000000000000008800000088 &1000000000000003800000038 &1000000000000002500000025 &1000000000000002500000025 &10000000000000131000000131 &10000000000000103000000103 +28 &1000000000000431800000043,18 [34]
Валенсија Шпанија 5 Јуни 2013 16 Декември 2013 &1000000000000002300000023 &1000000000000001000000010 &100000000000000040000004 &100000000000000090000009 &1000000000000003300000033 &1000000000000003300000033 +0 &1000000000000434800000043,48 [35]
Кордоба Шпанија 20 Октомври 2014 16 Март 2015 &1000000000000002100000021 &100000000000000030000003 &100000000000000060000006 &1000000000000001200000012 &1000000000000001500000015 &1000000000000003200000032 −17 &1000000000000142900000014,29 [36]
Ал Шабаб ОАР 23 Јануари 2017 16 Мај 2017 &1000000000000001200000012 &100000000000000070000007 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 &1000000000000002100000021 &1000000000000001700000017 +4 &1000000000000583300000058,33
Партизан Србија 5 Јуни 2017 3 Август 2018 &1000000000000006300000063 &1000000000000003600000036 &1000000000000001500000015 &1000000000000001200000012 &10000000000000112000000112 &1000000000000005700000057 +55 &1000000000000571400000057,14
Спортинг Хихон Шпанија 22 Декември 2019 21 Јули 2020 &1000000000000002100000021 &100000000000000080000008 &100000000000000050000005 &100000000000000080000008 &1000000000000002000000020 &1000000000000001700000017 +3 &1000000000000381000000038,10 [37]
Вкупно &10000000000000307000000307 &10000000000000140000000140 &1000000000000007300000073 &1000000000000009400000094 &10000000000000465000000465 &10000000000000346000000346 +119 &1000000000000456000000045,60

Признанија[уреди | уреди извор]

Натпреварувачки клупски признанија[уреди | уреди извор]

Депортиво

  • Освоен е кралскиот куп на Шпанија Копа дел Реј: 1994–95
  • Освоен е Суперкупот на Шпанија: 1995 година

Валенсија

Тренерски признанија[уреди | уреди извор]

Србија У21

Ваљадолид

  • Настапување во Плеј-оф Сегунда дивизион: 2012 година

Партизан

  • Освоен е Купот на Србија: 2017–18

Индивидуални признанија

  • Српски тренер на годината: 2007[38]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Smyth, Rob (18 April 2008). „Joy of Six: the greatest league title finales“. The Guardian. Посетено на 1 December 2013.
  2. „El Depor perdió la Liga en 1994 ante un Valencia primado“ [Depor lost 1994 league against sold out Valencia]. La Opinión A Coruña (шпански). 6 May 2008. Посетено на 1 December 2013.
  3. Urrutia, Carlos (3 July 1997). „Djukic, todo ambición“ [Djukic, all ambition] (PDF). Mundo Deportivo (шпански). Посетено на 26 June 2018.
  4. „Real storm to Cup glory“. BBC Sport. 24 May 2000. Посетено на 26 June 2018.
  5. „Bayern crowned European champions“. BBC Sport. 23 May 2001. Посетено на 26 June 2018.
  6. „Djukic firma por un año con el Tenerife“ [Djukic signs for one year with Tenerife]. El Mundo (шпански). 4 August 2003. Посетено на 26 June 2018.
  7. Segurola, Santiago (21 June 2000). „Mucho talento y muchos años“ [A lot of talent and a lot of years]. El País (шпански). Посетено на 26 June 2018.
  8. „Milošević stars as Yugoslavia beat the odds“. UEFA. 6 October 2003. Посетено на 26 June 2018.
  9. „Yugoslavs ease past Norway“. BBC Sport. 18 June 2000. Посетено на 26 June 2018.
  10. „Spain pull off a miracle in seven-goal classic“. UEFA. 6 October 2003. Посетено на 26 June 2018.
  11. „Kluivert stars as Oranje leave Yugoslavia in shade“. UEFA. 6 October 2003. Посетено на 26 June 2018.
  12. Wilson, Jonathan (23 January 2007). „Partizan need more than Djukic spirit“. The Guardian. Посетено на 1 December 2013.
  13. Radosavljević, Radmila (30 June 2007). „Fudbaleri su vrlo monogamni“ [Footballers are very monogamous]. Večernje novosti (српски). Посетено на 1 December 2013.
  14. „Djukic dimite como técnico del Excelsior Mouscron, que podría bajar a Cuarta por las deudas“ [Djukic resigns as manager of Excelsior Mouscron, who could be relegated to the Fourth for debts]. La Voz de Galicia (шпански). 3 November 2009. Посетено на 26 June 2018.
  15. „Hercules claim giant win“. ESPN FC. 3 April 2011. Архивирано од изворникот на 31 December 2013. Посетено на 1 December 2013.
  16. „Djukic: "El descenso es una decepción para todos" [Djukic: "The relegation is a disappointment for everybody"]. Diario AS (шпански). 11 May 2011. Посетено на 26 June 2018.
  17. „Miroslav Djukic, nuevo entrenador del Valladolid“ [Miroslav Djukic, new Valladolid coach]. Diario AS (шпански). 6 July 2011. Посетено на 1 December 2013.
  18. De la Fuente, Fidel (5 June 2013). „Djukic ya es técnico del Valencia“ [Djukic is already the Valencia manager]. Marca (шпански). Посетено на 1 December 2013.
  19. Álvarez, Fernando (16 December 2013). „El Valencia destituye a Djukic“ [Valencia dismiss Djukic]. Marca (шпански). Посетено на 16 December 2013.
  20. „El serbio Miroslav Djukic es el nuevo entrenador del Córdoba en lugar Ferrer“ [Serbian Miroslav Djukic is the new manager of Córdoba in place of Ferrer]. Mundo Deportivo (шпански). 20 October 2014. Посетено на 23 November 2014.
  21. Izquierdo, César (7 June 2017). „Djukic regresa para meter al Partizan en la Champions“ [Djukic returns to put Partizan in Champions]. Super Deporte (шпански). Посетено на 12 July 2017.
  22. „Đukiću prekipelo: Rođen sam u je***om Štitaru, dripac sam kao i vi“ [Đukić seething: I was born in f***ing Štitar, I am a bum like you] (српски). B92. 6 March 2018. Посетено на 1 August 2018.
  23. „O Jankovićevom skidanju dresa: Kad pobediš Crnogorca u sebi – bićeš igrač“ [About Janković's jersey removal: When you overcome the Montenegrin in you – you will be a player] (српски). Mozzart Sport. 4 May 2018. Посетено на 29 July 2018.
  24. „ĐUKIĆ O INDIJANCIMA, ZVIŽDUCIMA, PRITISKU: Ne znamo da se završio Drugi svetski rat i da je Tito umro, nismo se aktualizovali“ [ĐUKIĆ ON INDIANS, HEARTS, PRISONS: We do not know that the Second World War ended and that Tito died, we did not update ourselves]. Večernje novosti (српски). 28 July 2018. Посетено на 29 July 2018.
  25. „Miroslav Djukić, nuevo entrenador del Sporting“ [Miroslav Djukić, new Sporting manager] (шпански). Sporting Gijón. 22 December 2019. Посетено на 23 December 2019.
  26. „El surienc David Gallego relleva Djukic com a nou entrenador de l'Sporting“ [Súria-born David Gallego replaces Đukić as the new manager of Sporting] (каталонски). Regió 7. 21 July 2020. Посетено на 29 July 2020.
  27. Harrold, Michael (23 June 2007). „Jong Oranje clinch European crown“. UEFA. Посетено на 12 July 2017.
  28. „U21 herr: Sverige utslaget – Serbien vann med 5–0“ [U21 men: Sweden ousted – Serbia won by 5–0] (шведски). Svensk Fotboll. 10 October 2016. Посетено на 12 July 2017.
  29. „Đukićev oproštaj od novinara“ [Djukic's farewell to the press] (српски). Radio Television of Serbia. 20 August 2008. Посетено на 12 March 2020.
  30. „Miroslav Đukić“. European Football. Посетено на 22 August 2018.
  31. Предлошка:Soccerway coach
  32. Milosavljević, Zoran (19 May 2010). „Serbian strength in depth can dispel fiasco of 2006“. Reuters. Посетено на 12 July 2017.
  33. „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2010–11“. BDFutbol. Посетено на 12 February 2017.
  34. „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2011–12“. BDFutbol. Посетено на 12 February 2017.

    „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2012–13“. BDFutbol. Посетено на 12 February 2017.
  35. „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2013–14“. BDFutbol. Посетено на 12 February 2017.
  36. „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2014–15“. BDFutbol. Посетено на 12 February 2017.
  37. „Djukić: Miroslav Djukić Micic: Matches 2019–20“. BDFutbol. Посетено на 22 December 2019.
  38. „FSS: Žigić i Đukić najbolji u 2007“ [FAS: Zigić and Đukić best in 2007] (српски). B92. 18 December 2007. Посетено на 12 March 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]