Серија А

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серија А
LegaSerieAlogoTIM.png
Земја Италија Италија
Конфедерација УЕФА
Основана 1898 неслужбено
1929 во моменталниот формат
Број на клубови 20
Нивоа на пирамида 1
Испаѓање во Серија Б (втора лига)
Домашен куп Куп на Италија
Актуелен шампион Јувентус Јувентус (32-ра титула)
(2015–16)
Најмногу титули Јувентус Јувентус
(32 титула)
ТВ партнери SKY Italia
Вебсајт legaseriea.it
Трофеј Scudetto.svg
Серија А 2015-2016

Серија А, поради спонзорски договори позната и како Серија А ТИМ, е професионално лигашко натпреварување за фудбалските клубови, кој се наоѓаат во врвот на италијанскиот фудбалски лигашки систем, стар осумдесет години (се игра од 1929 година). Натпреварувањето било организирано од страна на Lega Calcio до 2010 година, а од сезоната 2010-2011 организацијата ја превзела Legga Serie A.

Серија А се смета за една од најелитните лиги во светскиот фудбал. Историски гледано, од оваа лига доаѓаат најголемиот број на финалисти во Европскиот куп. Италијанските клубови имаат освоено вкупно 48 трофеи во разни натпреварувања организирани од УЕФА и по тоа се водечки во Европа. Милан со 17 титули е најуспешен од сите клубови, а Јувентус е на третото место на таа листа со 11 пехари. Исто така Јувентус е и досега единствениот клуб кој успеал да ги освои сите трофеи во организација на УЕФА и ФИФА, и е прогласен за втор најуспешен клуб за 20-тиот век во Европа.

Од страна на УЕФА, Серија А е рангирана како четврта по квалитет меѓу европските фудбалски лиги, врз основа на настапите на нејзините клубови во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. И по најновата листа на IFFHS[1] Серија А е на четврто место.

Серија А е единствената лига во рамките на Г-14 (здружение на најелитните клубови на светот), која имала три претставници; Јувентус, Милан и Интер. Исто така, таа е лигата која дала најмногу добитници на Златната топка.

Најуспешен клуб е актуелниот шампион Јувентус, кој има освоено 32 титули Првак на Италија (Прима Категорија, Прима Дивизионе и Серија А).

Формат[уреди | уреди извор]

Низ историјата, лигата сменила многу формати на натпреварување, а најчесто се играл лигашки систем со 16 или 18 клубови. Од сезоната 2004-2005 во Серија А се натпреваруваат 20 клубови.

По периоди тоа изгледало овака:

  • 18 клуба: 1929–1934
  • 16 клуба: 1934–1942
  • 18 клуба: 1942–1946
  • 20 клуба: 1946–1947
  • 21 клуба: 1947–1948
  • 20 клуба: 1948–1952
  • 18 клуба: 1952–1967
  • 16 клуба: 1967–1988
  • 18 клуба: 1988–2004
  • 20 клуба: 2004–денес

За време на сезоната, која трае од августа до маја, секој клуб игра со преостанатите 19 клуба по двапати, еднаш на домашен терен и еднаш на гости, што вкупно прави 38 кола. Првиот, есенскиот дел од сезоната во Италија е познат како andata и содржи 19 кола. Во вториот, пролетен дел од сезоната, кој во Италија се нарекува ritorno, секој клуб ги игра својте натпревари по потполно истиот редослед како во првиот дел од сезоната, меѓутоа на екипите на кој им гостувал во првиот, во вториот дел од сезоната игра на домашен терен, и обратно. Од 1994 година, за победа на екипите им се доделува 3 бода, 1 бод за реми, додека поразот не се бодува.

Италијанската лига е моментално четврта во Европа по успешност, па така првите три екипи од Серији А на крајот од секоја сезона се пласираат во Лигата на шампионите. Шампион и вицешампионот идат директно во групната фаза на натпреварувањето, додека третиот игра во плејоф рундата од квалификациите. Во Лига Европа се пласираат четврто и петто пласираниот тим во лигата, како и победникот во Купот на Италија, а во случај да освајувачот на купот веќе обезбедил место во некое од европските натпреварувања според пласманот во лиги, во Лига Европа ќе игра финалистот на купот. Меѓутоа ако и вториот финалист има обезбедено место во европските натпреварувања, тогаш шестопласираниот тим во лигата добива шанса да заигра во Лига Европа. Трите најслабо пласирани екипи во лигата, испаѓаат и следната сезона се натпреваруваат во понизок ранг, односно во Серија Б.

До сезоната 2005-2006, во случај кога два клуба се наоѓаат на граница меѓу опстанок и испаѓање, а притоа имаат ист број на бодови, биле одлучувани со дополнителен двомеч. Меѓутоа од 2006 па наваму во оваквите случаи, пресуден фактор за пласман е односот во меѓусебните натпревари, а доколку екипите се изедначени во тоа, се гледа гол-разликата:

  1. Меѓусебни дуели (не важи прваилото гол во гости);
  2. Гол-разлика во меѓусебните дуели;
  3. Вкупна гол-разлика;
  4. Повеќе постигнати голови во лигата;
  5. Ждрепка.

Лого[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Натпреварувањето Серија А во составот кој денес го знаеме започнало во 1929 година. Во периодот од 1898 до 1922 година натпреварувањето било организирано во регионални групи. Поради наглото развивање на клубовите, Фудбалскиот сојуз ја поделил италијанската фудбалска федерација 1921 години. Кога клубовите од федерацијата повторно се здружиле со сојузот формирани се две меѓурегионални дивизии во две северно-јужни лиги. Во 1926 година заради интерни италинаскиот фудбалски сојуз го променил составот на натпреварување и им овозможил на клубовите од Италија влез во Дивизионе Национале што и довело до формирање на Серија А каква ја познаваме денес во 1929 година.

Во првата сезона на денешната Серија А учествувале 18 клуба, кој се сметаат за основачи: Алесандрија, Амброзијана (денешен Интер), Болоња, Бреша, Кремонезе, Џенова, Јувентус, Лацио, Ливорно, Милан, Модена, Наполи, Падова, Про Патрија, Про Верчели, Рома, Торино и Триестина. Титулата ја освоила екипата на Амброзијана.

Во 1927 година не бил доделен трофеј за победникот поради тоа што на Торино - поради скандал со наместени натпревари - му е одземена титулата. Торино станал првак во сезоната 1948-1949, меѓутоа тоа било нарушено со смрт на речиси целата тогашна екипа која загинала во авионска несреќа пред крајот на сезоната.

На 30 април 2009 година Серија А службено го најавила своето отцепување од Серија Б. Деветнаесет од двадесет клубови гласале за отцепување после конфликтот во врска со телевизиските права. Единственииот клуб кој гласал против бил Лече кој и така бил пред испаѓање во Серија Б. Маурицио Берета станал претседател на новата лига.[2][3][4][5]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Скудето.

Екипата која ќе освои титулата во Серија А и ќе стане шампионот на Италија, има право во следната сезона на својот дрес да стави значка која се нарекува скудето (симболизира титулата во претходниот турнир). Споменатата значка ги содржи боите на националното знаме и има форма на штит: нејзиното воведување се случило во сезоната 1924-1925, кога била носена на дресот на Џенова. Најуспешен клуб до денес во Серија А е Јувентус со севкупно 30 освоени скудета, а по него следат Интер (18), Милан (18) и Џенова (9). Во сезоната 1960-1961 шампионот, исто така, бил награден со пехарот Coppa Campioni d'Italia, официјалниот трофеј на Серија А.

Во 1958, по замисла на Умберто Ањели, било одлучено да се додели и специјална ѕвезда за клубови кои ја достигнале бројката од десет титули во највисоката италијанска лига. Овој симбол е составен од златна ѕвезда со 5 крака, и исто така се наоѓа на дресот на екипите обично придружена со клупскиот амблем. Јувентус, со освојувањето на неговата десетта титула во сезоната 1957-1958, бил првиот италијански и европски тим[6] кој добил право да стави на дресот оваква ѕвезда, а потоа во подоцнежните децении му се приклучуваат и Интер и Милан; Со освојувањето на дваесеттата и триесеттата титула Јувентус, стекнува право да ги додаде и својата втора и трета ѕвезда на дресот.

Клубови кој моментално имаат ѕвезда на дресот:

Екипи[уреди | уреди извор]

Учество во лигата по сезони[уреди | уреди извор]

Вкупно 65 тимови учествувале во досегашните 84 сезони на Серија А почнувајќи од сезоната 1929-1930 до сезоната 2015-2016 сезона. Екипите со задебелени букви се натпреваруваат во Серија А и во моментов. Интер е единствениот тим кој играл ги одиграл сите сезони на Серија А.

Екипи во сезоната 2015-2016[уреди | уреди извор]

Екипа Град Стадион Капацитет сезона 2014–15
Аталанта Аталанта Бергамо Атлети Аѕури д'Италија &1000000000000002654200026.542 17-ти во Серија А
Болоња Болоња Болоња Стадион Ренато Дал'Ара &1000000000000003827900038.279 Серија Б плејоф победник
Карпи Карпи Карпи Стадион Алберто Бралја (Модена) &1000000000000002115099921.151 Серија Б шампион
Кјево Кјево Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038.402 14-ти во Серија А
Емполи Емполи Емполи Стадион Карло Кастелани &1000000000000001680000016.800 15-ти во Серија А
Фјорентина Фјорентина Фиренца Стадион Артемио Франки &1000000000000004728199947.282 4-ти во Серија А
Фросиноне Фросиноне Фросиноне Стадион Матуса &1000000000000001000000010.000 2-ри во Серија Б
Џенова Џенова Џенова Стадион Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036.685 6-ти во Серија А
Интер Интер Милано Сан Сиро &1000000000000008001800080.018 8-ми во Серија А
Јувентус Јувентус Торино Стадион Јувентус &1000000000000004125399941.254 Серија А шампион
Лацио Лацио Рим Олимпико &1000000000000007269799972.698 3-ти во Серија А
Милан Милан Милано Сан Сиро &1000000000000008001800080.018 10-ти во Серија А
Наполи Наполи Неапол Стадион Сан Паоло &1000000000000006024000060.240 5-ти во Серија А
Палермо Палермо Палермо Стадион Ренцо Барбера &1000000000000003634899936.349 11-ти во Серија А
Рома Рома Рим Олимпико &1000000000000007269799972.698 2-ри во Серија А
Сампдорија Сампдорија Џенова Стадион Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036.685 7-ти во Серија А
Сасуоло Сасуоло Сасуоло1 Стадион Мапеи[7] &1000000000000002371699923.717 12-ти во Серија А
Торино Торино Торино Олимпико ди Торино &1000000000000002799399927.994 9-ти во Серија А
Удинезе Удинезе Удине Стадион Фриули &1000000000000003064199930.642 16-ти во Серија А
Верона Верона Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038.402 13-ти во Серија А

Шампиони (1898—2015)[уреди | уреди извор]

Успешност на клубовите[уреди | уреди извор]

Клуб Шампион Вицешампион Сезона
Јувентус
32
19
1905, 1925-26, 1930-31, 1931-32, 1932-33, 1933-34, 1934-35, 1949-50, 1951-52, 1957-58, 1959-60, 1960-61, 1966-67, 1971-72, 1972-73, 1974-75, 1976-77, 1977-78, 1980-81, 1981-82, 1983-84, 1985-86, 1994-95, 1996-97, 1997-98, 2001-02, 2002-03, 2011-12, 2012-13, 2013-14, 2014-15, 2015-16
Интер
18
13
1909-10, 1919-20, 1929-30, 1937-38, 1939-40, 1952-53, 1953-54, 1962-63, 1964-65, 1965-66, 1970-71, 1979-80, 1988-89, 2005-06, 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2009-10
Милан
18
14
1901, 1906, 1907, 1950-51, 1954-55, 1956-57, 1958-59, 1961-62, 1967-68, 1978-79, 1987-88, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1995-96, 1998-99, 2003-04 2010-2011
Џенова
9
4
1898, 1899, 1900, 1902, 1903, 1904, 1914-15, 1922-23, 1923-24
Торино
7
7
1927-28, 1942-43, 1945-46, 1946-47, 1947-48, 1948-49, 1975-76
Болоња
7
4
1924-25, 1928-29, 1935-36, 1936-37, 1938-39, 1940-41, 1963-64
Про Верчели
7
1
1908, 1909, 1910-11, 1911-12, 1912-13, 1920-21, 1921-22
Рома
3
11
1941-42, 1982-83, 2000-01
Лацио
2
6
1973-74, 1999-00
Фјорентина
2
5
1955-56, 1968-69
Наполи
2
4
1986-87, 1989-90
Калјари
1
1
1969-70
Казале
1
-
1913-14
Новезе
1
-
1921-22
Сампдорија
1
-
1990-91
Верона
1
-
1984-85

Погледнете истотака[уреди | уреди извор]

Серија Б-втора лига по ранг во Италија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Меѓународниот институт за историја и статистика
  2. Serie A to form breakaway league - BBC Sport“, BBC News, 30 април 2009. (конс. 7 мај 2016 г).
  3. „Serie A clubs to set up their own league“. Bleacher Report. http://bleacherreport.com/articles/165281-serie-a-clubs-to-set-up-their-own-league. 
  4. „Serie A set for breakaway“. SkySports. 30 април 2009. http://www.skysports.com/story/0,19528,11854_5260115,00.html. конс. 7 мај 2016 г. 
  5. Italian league splits in two after meeting ends in stalemate“, Guardian, 30 април 2009. (конс. 7 мај 2016 г).
  6. (англиски) Notizia su FIFA.com
  7. http://www.ilrestodelcarlino.it/modena/cronaca/2013/06/16/905134-sassuolo-marcia-neroverde.shtml
Најдобрите фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херзговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија