Прејди на содржината

Серија А 2015-2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серија А 2015-2016
ПрвациЈувентус Јувентус
(32. титула)
Испаднале
Лига на шампиони
Лига Европа
Одиграни натпрвари380
Најдобар стелецАргентина Гонсало Игуаин
(36 гола)[1]
Најголема победа дома6-0
Наполи - Болоња
(19 април 2016)[2]
Најголема победа во гости4 гола разлика
5 натпревари[2]
Натпревар со најмногу голови5-2
Сампдорија - Карпи
(23 август 2015)[2]
Лацио - Верона
(11 февруари 2016)[2]
Најголема серија на победи15 натпревари[2]
Јувентус Јувентус
Најголема серија без пораз26 натпревари[2]
Јувентус Јувентус
Најголема серија без победа22 натпревари[2]
Верона Верона
Најголема серија на порази5 натпревари[2]
Џенова Џенова
Најголема посетеност79,154
Интер-Милан 1-0
(13 септември 2015)[2]
Интер-Јувентус 0-0
(18 октомври 2015)[3]
Најмала посетеност0 (зад затворени врати)
Палермо - Аталанта 2-2
(20 април 2016)[2]
Просечна посетеност22,199[2]

Серија А 2015-2016 била 114-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односоно 84 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 22 август 2015, а завршила на 15 мај 2016 година.

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2014-2015. Карпи, Фрозиноне и Болоња биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

На 25 април 2016, Јувентус ја одбранил титулата на три кола пред крајот после поразот на нивниот главен конкурент Наполи од Рома во Рим со 1-0. На крајот Наполи го освоил второто место и избориле право да играат во Лигата на шампионите 2016-2017, додека третопласираната Рома се изборила за место во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите 2016-2017.

Четвртоплаисраниот Интер и петопласираната Фјорентина избориле место во Лигата на Европа 2016-2017, подоцна ним им се приклучил и шестопласираниот Сасуоло откако во финалето на Купот на Италија Јувентус - кој веќе имал изборено учество во европските натпреварувања за слендата сезона - го победил Милан.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Карпи, Фрозиноне и Верона.

Најдобар стрелец за сезоната бил Гонсало Игуаин од Наполи со 36 постигнати гола, со што го скршил рекордот на Гунар Нордал од сезоната 1949-1950 за најмногу постигнати голови од еден играч во една сезона во Серија А.

Првенството започнало на 22 август 2015 со натпреварите од првото коло и завршило на 15 мај 2016. На 27 јули 2015 во Милано било одржано извлекувањето на натпреварите од календарот. Според програмата натпреварите од календарот требало да се играат секој викенд, освен на 6 септември 11 октомври и 15 ноември 2015 како и 27 март 2016 како дати за кој биле закажани натапите на националните репрезентации, додека на 27 декември 2015 и 3 јануари 2016 година немало италијански фудбал поради тоа што првенството бил на пауза заради Новогодишните и Божиќните празници.

Бројот на екипите и како позициите кој носат квалификација во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА се исти како и претходната сезона. По завршувањето на првенството, првите три екипи ќе се здобијат со право на учество во Лигата на шампионите 2016-2017, првите два во групната фаза, а третиот во квалификациската плејоф рунда, во зависност од резултатите од европските купови; четврта и петтата екипа на табелата, се квалификува за Лига Европа 2016-2017, заедно со победникот на Купот на Италија. Шестопласираната екипа ќе има право на учество во Лигата на Европа, само ако победникот во националниот куп е некоја од екипите која веќе има обезбедено учество во некое од Европските натпреварувања.

Првите осум екипи на табелата се пласираат во осминафиналето на Купот на Италија 2016-2017 како носители, и таму имаат предност натпреварот да го играат на домашен терен.

Каљари, Чезена и Парма биле екипите кој испаднале од Серија А претходната сезона : Каљари испаднал после единаесет сезони по ред во Серија А, Чезена се вратила во Серија Б по само една сезона во Серија А, додека екипата на Парма по шест сезони поминати во низа во Серија А, како последна екипа на табелата испаднала во понизок ранг на натпреварување. Подоцна Парма поради банкрот била префрлена во Серија Д. На нивно место Карпи како првопласирана и Фрозиононе како второпласирана екипа во Серија Б 2014-2015 се пласирале директно во италијанската елита, а интересно е тоа што и двете екипи дебитираат во Серија А. Болоња која била четвртопласирана после регуларниот дел од сезоната им се приклучила на дваете горе споменати екипи во Серија А како победник на плејофот во Серија Б. Дури во сезона 1993-1994 за последен пат се случило во првенството да влезат две екипи што никогаш претхдно не играле во Серија А: во тоа време тоа биле екипите на Пјаченца и Реџана кој дебитирале во највисоката лига.

Од оваа сезона, новина во Серија А е воведувањето на Hawk-Eye технологијата на головите, како систем за детекција, која покажува дали топката ја поминала гол линијата или не, а со тоа да се елиминираат судиските грешки по ова прашање, или да се намалат епизодите на фантомски голови. Една мала промена, исто така е претставена со многу почесто совпаѓање отколку во минатото да постои натпревар од Серија А, во терминот од 15:00 часот во сабота (покрај веќе вообичаените термини за сабота од 18:00 и 20:45 часот).

Прв дел од сезоната (Андата)

[уреди | уреди извор]

Почетокот на сезоната, предвиден за крајот на август (нешто порано од вообичаеното) поради Европското првенство 2016, донел неколку изненадувања, вклучувајќи го и негативниот старт на бранителот на титулата Јувентус, кој останал без ниту еден освоен бод по првите сто и осумдесет минути, со што станале главните ликови на најлошиот старт во едно првенство во историјата на овој клуб (во апсолутна смисла уште од шеснаесеттото првенство (1912-13)).[4] Интер, ослободен од обврските кон Евро-турнирите, се искачил на чело на табелата по пет кола со максимален број бодови.[5] Нероаѕурите, кои не биле на врвот цели пет години, овојпат дошле особено благодарение на нивната одбрана, примајќи само еден гол во овој дел од сезоната.[6] Околу септември, Фjорентина го победила Интер со 4-1 во гости, благодарение на хет-трикот на Никола Калиниќ, и го презема водачкото место во лигата од нероаѕурите.

Гонсало Игуаин, водачката фигура во екипата на Наполи на Маурицио Сари, која била зимски првак во првенството (campione d'inverno).

По преземањето на првото место (за првпат водачи на табелата после 17 години) виолетовите останале во водство три кола, покажувајќи добра игра сè до поразот на домашен терен од Рома, со кој џалоросите го презеле врвот на две кола, пред во единаесеттото да загубат на гостувањето во Милано од Интер со 1-0 со првиот гол во италијанското првенство на Гари Медел.[7] Екипата на Роберто Манчини се осамостоила на врвот на 22 ноември, победувајќи го новакот во лигата Фрозиноне (4-0), затоа што до тоа коло тие биле изедначени на првото место по бројот на бодови со Фјорентина. Меѓутоа првото место тешко се брани од конкурентите и веќе во следното четеринаесетто коло Интер бил поразен во Неапол и го предал првот на Наполи на Гонсало Игуаин (најдобриот стрелец во лигата во тој момент), кој бил стрелец и на двата гола во успехот на наполитанците со 2-1.[8] Наполи продолжил со одличните игри и останал на врвот до крајот на првиот дел од сезоната (андата) со што станал зимски првак (campione d'inverno), но со само два бода повеќе од новиот конкурент за скудетото Јувентус и Интер; по слабиот почеток бјанконерите наредиле 9 победи по ред и се искачиле на второто место со 39 бода колку во тој момент имал и Интер, но подобрата гол-разлика била во корист на екипата од Торино. Првиот дел од сезоната на четвртото место го завршила Фјорентина со бод помалку од Јувентус и Интер и три помалку од Наполи, а Рома која во еден момент била водач на табелата западнала во голема резултатска криза и заостанала на петтото место со седум бода помалку од водачот.

Меѓу екипите кој разочарале во првиот дел од сезоната се Милан и Лацио. Ризик за слабо првнство се чини дека има Торино, додека Кјево и Аталанта биле стабилни во средината на табелата. Доста слаб прв дел од сезоната имала и екипата на Џенова, поготово ако се земеат предвид резултатите од претходната сезона, додека Емполи и Сасуоло уживале во својте најдобри денови во Серија А откако и двете екипи биле во првиот дел од табелата далеку од зоната за испаѓање.[9] Болоња, ги порпавила својте резултати од почетокот на сезоната со доаѓањето на клупата на Роберто Донадони,[10] додека на дното останала Верона, кој го завршил првиот круг од сезоната дури и без победа во првенството.[11]

Втор дел од сезоната (Риторно)

[уреди | уреди извор]

Во текот на првата половина од сезоната, Интер иако долго биле на врвот не успеале да се одлепат од противниците, додека во втората половина од сезоната сме сведоци на издвојување на Наполи и Јувентус од останатите конкуренти за скудето на солидна дистанца: бјакнонерите, по победата над Кјево во гости (0-4), стигнале до нивната 12-та последователна победа[12] меѓутоа Наполи одговорил со убедлива победа над Емполи (5-1).[13] Фjорентина и Интер, гонителите на водечката двојка, сега веќе останале доста назад на табелата. Екипата на Милан направила позитивен почетокот на новата година, со девет последователни натпревари без пораз (од кој пет победи), вклучувајќи ги и успесите во дерби натпреварите против Фјорентина и Интер, како и ремито против Наполи во гости. Со тоа росонерите се приближиле до својата цел трката за третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.[14]

Младиот аргентинец Пауло Дибала дошол во Јувентус пред почетокот на сезоната и бил еден од главните протагонисти во освојувањето на петтото скудето по ред на бјанконерите со 19 гола и 9 асистенции.

Надвор од врвот продолжила одличната серија на Болоња, која освоила 9 бода во првите три натпревари од вториот дел на сезоната по победата со 3-2 над Сампдорија, во период во кој слабо им оди и на двата клуба од Џенова, бидејќи и Грифоните и Самп биле заглавени непосредно пред зоната за испаѓање. Во самата зоната за испаѓање се наоѓа Верона,[15] која останала без победа и по 23 натпревари во лигата, и двата дебитанти Карпи и Фрозиноне. Шестото повратно коло донело пресвртница на настани, со судири меѓу првите четири тима на табелата, Јувентус-Наполи и Фјорентина-Интер. Првиот натпревар бил одлучен во 88-мата минута кога напаѓачот на Јувентус Симоне Ѕаѕа постигнал прекрасен погодок: Јувентус дошол до својата 15 победа едноподруго (што е нивен клупски рекорд), и го престигнал Наполи на врвот, си го поврати приматот што му недостасуваше од претходната сезона, и така го заврши својот процес на враќање на врвот од -11 бода. Во вториот натпревар, сепак, Фиорентина издвојува победа со 2-1, изборувајќи се да остане осамена на 3-тото место и верификација на кризата на Интер, кој наскоро ќе биде престигнат од страна на Рома и скоро стигнат од Милан на -2.

Во 31-вото коло Јувентус го победил Емполи со 1-0 (со голот на Марио Манџукиќ), а Наполи загубил со 3-1 во Удине од Удинезе, зголемувајќи си го својот заостаток зад екипата од Пиемонт на -6. Зад нив, Рома го освоила дербито со Лацио (1-4) и продолжила брзо да се искачува сè до 3-то место, правејќи предност пред Интер, Фјорентина, Милан и Сасуоло, кој се приближува кон шестото место. На пет круга до крајот, Јувентус го совладал Палермо (4-0), а Наполи паднал во Милано против Интер (2-0), останувајќи на -9 од врвот. Кон крајот на сезоната, се јавува контроверзност помеѓу капитенот на Рома Тоти и тренерот Спалети: капитенот се покажал одлучувачки во два последователни натпревари, изедначувајќи го резултатот против Аталанта (3-3) во последните минути, а потоа, бил главниот лик во кам-бек победата против Торино, постигнувајќи два гола, по влегувањето во игра во 86-тата минута, оставајќи ја Рома во игра за второто место.

Во 35-тиот круг од првенството, екипата на Јувентус математички ја освојува титулата (32-ра), благодарение на победата на гости со 1-2 над Фјорентина и победата на Рома над Наполи (1-0). Интер го консолидира 4-тото место по победата со 3-1 над Удинезе. Во борбата за опстанок, Палермо го надминува Фрозиноне по победата на гости во нивниот меѓусебен двобој, додека Сампдорија се движи се подалеку од зоната за испаѓање по победата над Лацио (2-1 со пресврт). Верона, и покрај успехот против Милан (2-1), математички ги губи шансите за опстанок и станува првиот клуб кој испаднал во понизок ранг за оваа сезона, поради победата на Карпи над Емполи (1-0), кој веќе го гледа спасот, задржувајќи се на +3 бода во однос на Палермо на 3 кола од крајот. Меѓутоа, во претпоследното коло Палермо го престигнал Карпи во Битката за опстанок, благодарение на ремито (0-0) против Фјорентина во гости, додека клубот од Емилија-Ромања загубил на домашен терен од Лацио (1-3) во натпревар во кој промашиле два пенали. Во истото ова коло математички го обезбедиле опстанокот екипите на Удинезе (со ремито 1-1 во Бергамо против Аталанта) и Сампдорија (и покрај поразот со 0-3 во градското дерби против Џенова). Исто така 37-мото коло значело крај на низата од 26 натпревари (25 победи и едно реми) без пораз на Јувентус, откако тие загубиле во Верона од полседнопалсираната екипа со 2-1: Лука Тони постигна гол од пенал, во неговиот последен натпревар пред да се пензионира.

Во последното коло Наполи го обезбедува второто место на крајот од првенството, победувајќи го Фрозиноне со 4-0 благодарение на хет-трикот на Игуаин, кој го надминува рекорд на Гунар Нордал по бројот на постигнати голови во едно издание на Серија А (36). Трето место го освоила Рома, а потоа следуваат Интер, Фјорентина и Сасуоло: неровердите математички го осигурале шестото место кое вреди квалификација во Лигата на Европа, откако го совладале Интер (3-1), истиснувајќи го Милан на седмото место. Карпи, Фрозиноне и Верона испаѓаат во Серија Б.

Играчки рекорди

[уреди | уреди извор]

Во текот на сезоната биле соборени два играчки рекорда, а новите рекордери се голманот на Јувентус Џанлујџи Буфон и напаѓачот на Наполи Гонсало Игуаин.

На 20 март 2016, Џанлујџи Буфон го скршил рекордот на некогашниот голман на Милан Себастијано Роси од 929 минути без примен гол, поставувајќи нов рекорд од 974 минути без примен гол.[16]

На 14 мај, Гонсало Игуаин го скршил реордот на Гунар Нордал за најмногу постигнати голови во Серија А за една сезона (35 во 1949-1950), постигнувајќи вкупно 36 гола.[17] Со тоа тој исто така се израмнил со Џино Росети од сезоната 1928-1929 (тогаш во лигата учествувале 32 клуба), како двајца најдобри стрелци во историјата на италијанската прва лига.[18]

Вкупно 20 екипи учествувале во лигата, вклучувајќи ги и 17-те од претходната сезона 2014-2015 и трите промовирани екипи од претходната сезона во Серија Б 2014-2015.

Екипи по региони

[уреди | уреди извор]
Број на екипи Регион Екипи
3  Емилија-РомањаБолоња, Карпи и Сасуоло
 ЛомбардијаАталанта, Интер и Милан
 ЛациоЛацио, Рома и Фрозиноне
2  ЛигуријаЏенова и Сампдорија
 ПиемонтЈувентус и Торино
 ТосканаЕмполи и Фјорентина
 ВенетоКјево и Верона
1  КампанијаНаполи
 Фурланија-Јулиска КраинаУдинезе
 СицилијаПалермо

Стадионите на екипите и нивните локации

[уреди | уреди извор]

Екипа Град Стадион Капацитет сезона 2014–15
Аталанта Аталанта Бергамо Атлети Аѕури д'Италија &1000000000000002654200026,542 17-ти во Серија А
Болоња Болоња Болоња Стадион Ренато Дал'Ара &1000000000000003827900038,279 Серија Б
Плејоф победник
Карпи Карпи Карпи Стадион Алберто Бралја (Модена) &1000000000000002115099921,151 Серија Б шампион
Кјево Кјево Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038,402 14-ти во Серија А
Емполи Емполи Емполи Стадион Карло Кастелани &1000000000000001680000016,800 15-ти во Серија А
Фјорентина Фјорентина Фиренца Стадион Артемио Франки &1000000000000004728199947,282 4-ти во Серија А
Фрозиноне Фрозиноне Фрозиноне Стадион Матуса &1000000000000001000000010,000 2-ри во Серија Б
Џенова Џенова Џенова Стадион Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036,685 6-ти во Серија А
Интер Интер Милано Сан Сиро &1000000000000008001800080,018 8-ми во Серија А
Јувентус Јувентус Торино Стадион Јувентус &1000000000000004125399941,254 Серија А шампион
Лацио Лацио Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 3-ти во Серија А
Милан Милан Милано Сан Сиро &1000000000000008001800080,018 10-ти во Серија А
Наполи Наполи Неапол Стадион Сан Паоло &1000000000000006024000060,240 5-ти во Серија А
Палермо Палермо Палермо Стадион Ренцо Барбера &1000000000000003634899936,349 11-ти во Серија А
Рома Рома Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 2-ри во Серија А
Сампдорија Сампдорија Џенова Стадион Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036,685 7-ти во Серија А
Сасуоло Сасуоло Сасуоло1 Стадион Мапеи[19] &1000000000000002371699923,717 12-ти во Серија А
Торино Торино Торино Олимпико ди Торино &1000000000000002799399927,994 9-ти во Серија А
Удинезе Удинезе Удине Стадион Фриули &1000000000000003064199930,642 16-ти во Серија А
Верона Верона Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038,402 13-ти во Серија А

Личности и спонзори

[уреди | уреди извор]
Екипа Претседател Тренер Капитен Опрема Спонзор на дресот
Аталанта Италија Антонио Перкаси Италија Еди Реја Италија Џанпаоло Белини Најк Suisse Gas, Stone City
Болоња Канада Џои Сапуто Италија Роберто Донадони Италија Архимеде Морлео Макрон FAAC, Illumia
Карпи Италија Клаудио Калиуми Италија Фабрицио Кастори Италија Кристијан Ѕакардо Џивова Azimut Holding, Gaudì Jeans
Кјево Италија Лука Кампадели Италија Роландо Маран Италија Серџо Пелисиер Џивова Paluani, Italgreen
Емполи Италија Фабрицио Корси Италија Марко Џампаоло Италија Масимо Макароне Хома Gensan, NGM Mobile
Фјорентина Италија Марио Коњињи Португалија Пауло Соуса Аргентина Гонсало Родригес Le Coq Sportif Save the Children
Фрозиноне Италија Маурицио Стирпе Италија Роберто Стелоне Италија Алесандро Фрара Легеа Banca Popolare del Frusinate, Gala
Џенова Италија Енрико Прециози Италија Џан Пјеро Гасперини Аргентина Николас Бурдисо Лото LeasePlan
Интер Индонезија Ерик Тохир Италија Роберто Манчини Аргентина Мауро Икарди Најк Пирели
Јувентус Италија Андреја Ањели Италија Масимилијано Алегри Италија Џанлујџи Буфон Адидас Jeep
Лацио Италија Клаудио Лотито Италија Симоне Инѕаги Аргентина Лукас Биља Макрон Paideia
Милан Италија Силвио Берлускони Италија Кристијан Броки Италија Рикардо Монтоливо Адидас Fly Emirates
Наполи Италија Аурелио Де Лаурентис Италија Маурицио Сари Словачка Марек Хамшик Макрон Lete, Pasta Garofalo
Палермо Италија Маурицио Ѕампарини Италија Давиде Балардини Италија Стефано Сорентино Хома
Рома САД Џејмс Палота Италија Лучано Спалети Италија Франческо Тоти Најк Football Cares, Telethon
Сампдорија Италија Масимо Фереро Италија Винченцо Монтела Италија Анџело Паломбо Хома Tempotest Parà, SsangYong Tivoli
Сасуоло Италија Карло Роси Италија Еузебио Ди Франческо Италија Франческо Мањанели Капа Мапеи
Торино Италија Урбано Каиро Италија Џампјеро Вентура Полска Камил Глик Капа Сузуки, Fratelli Beretta
Удинезе Италија Франко Солдати Италија Лујџи Де Канио Италија Антонио Ди Натале HS Football Дачија, Alcott
Верона Италија Маурицио Сети Италија Лујџи Делнери Италија Лука Тони Најк Metano Nord, Manila Grace

Тренерски промени

[уреди | уреди извор]
Екипа Тренер кој заминал Причина Дата на заминување Позиција Тренер кој го заменил Дата на назначување
Наполи Шпанија Рафаел Бенитес Заминал во Реал Мадрид 25 мај 2015 Пред-сезона Италија Маурицио Сари 12 јуни 2015[20]
Удинезе Италија Андреја Страмачони оставка 1 јуни 2015[21] Италија Стефано Колантуонo 4 јуни 2015[22]
Сампдорија Србија Синиша Михајловиќ Заминал во Милан 1 јуни 2015 Италија Валтер Зенга 4 јуни 2015 [23]
Милан Италија Филипо Инѕаги отпуштен 4 јуни 2015 Србија Синиша Михајловиќ 16 јуни 2015[24]
Емполи Италија Маурицио Сари оставка 5 јуни 2015 Италија Марко Џампаоло 9 јуни 2015[25]
Фјорентина Италија Винченцо Монтела отпуштен 8 јуни 2015 [26] Португалија Пауло Соуса 21 јуни 2015[27]
Карпи Италија Фабрицио Кастори отпуштен 28 септември 2015[28] 20-ти Италија Џузепе Санино 29 септември 2015[29]
Болоња Италија Делио Роси отпуштен 28 октомври 2015 18-ти Италија Роберто Донадони 28 октомври 2015[30]
Карпи Италија Џузепе Санино отпуштен 3 ноември 2015[31] 20-ти Италија Фабрицио Кастори 3 ноември 2015[32]
Палермо Италија Џузепе Јакини отпуштен 10 ноември 2015[33] 12-ти Италија Давиде Балардини 10 ноември 2015[33]
Сампдорија Италија Валтер Зенга отпуштен 10 ноември 2015[34] 10-ти Италија Винченцо Монтела 15 ноември 2015[35]
Верона Италија Андреја Мандорлини отпуштен 30 ноември 2015[36] 20-ти Италија Лујџи Делнери 1 декември 2015[37]
Палермо Италија Давиде Балардини отпуштен 11 јануари 2016[38] 16-ти Италија Фабио Вивијани (привремен) 11 јануари 2016[38]
Рома Франција Руди Гарсија отпуштен 13 јануари 2016[39] 5-ти Италија Лучано Спалети 13 јануари 2016[39]
Палермо Италија Фабио Вивијани (привремен)[38] Крај на привр. период 18 јануари 2016[38] 14-ти Италија Џовани Тедеско 26 јануари 2016[40]
Палермо Италија Џовани Тедескo отпуштен 10 февруари 2016[38] 14-ти Италија Џовани Боси 10 февруари 2016[41]
Палермо Италија Џовани Боси отпуштен 15 февруари 2016[42] 15-ти Италија Џузепе Јакини 15 февруари 2016
Палермо Италија Џузепе Јакини отпуштен 10 март 2016 17-ти Италија Валтер Новелино 10 март 2016[43]
Удинезе Италија Стефано Колантуонo отпуштен 14 март 2016 16-ти Италија Лујџи Де Канио 15 март 2016[44]
Лацио Италија Стефано Пиоли отпуштен 3 април 2016 8-ти Италија Симоне Инѕаги 3 април 2016[45]
Палермо Италија Валтер Новелино отпуштен 11 април 2016[46] 18-ти Италија Давиде Балардини 12 април 2016[47]
Милан Србија Синиша Михајловиќ отпуштен 12 април 2016 6-ти Италија Кристијан Броки 12 април 2016[48]

Завршна табела

[уреди | уреди извор]

Последно ажурирање: 15 мај 2016.[49]

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
Шампион на Италија Освојувач на Купот на Италија 1.Јувентус Јувентус 913829457520+55
2.Наполи Наполи 823825768032+48
3.Рома Рома 8038231148341+42
4.Интер Интер 6738207115038+12
5.Фјорентина Фјорентина 64381810106042+18
6.Сасуоло Сасуоло 6138161394940+9
7.Милан Милан 57381512114943+6
8.Лацио Лацио 54381591452520
9.Кјево Кјево 50381311144345−2
10.Емполи Емполи 46381210164049−9
11.Џенова Џенова 4638137184548−3
12.Торино Торино 4538129175255−3
13.Аталанта Аталанта 45381112154147−6
14.Болоња Болоња 4238119183345−12
15.Сампдорија Сампдорија 40381010184861−13
16.Палермо Палермо 3938109193865−27
17.Удинезе Удинезе 3938109193560−25
18.Карпи Карпи 3838911183757−20
19.Фрозиноне Фрозиноне 313887233576−41
20.Верона Верона 2838513203463−29

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2016-2017
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2016-2017
      Испаѓа во Серија Б 2016-2017

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Шампионскиот тим

[уреди | уреди извор]
Почетна постава
3-5-2 формација
1Италија Џанлујџи Буфон (35 настапи)
15Италија Андреја Барцалји (31)
19Италија Леонардо Бонучи (36)
3Италија Џорџо Кјелини (24)
26Швајцарија Стефан Лихтштајнер (26)
6Германија Сами Хедира (20)
8Италија Клаудио Маркизио (23)
10Франција Пол Погба (35)
33Франција Патрис Евра (26)
17Хрватска Марио Манџукиќ (27)
21Аргентина Пауло Дибала (34)

Резерви: Алваро Мората (34), Хуан Квадрадо (28), Алекс Сандро (22), Стефано Стураро (19), Симоне Ѕаѕа (19), Даниеле Ругани (17), Ернанес (14), Роберто Переира (13), Симоне Падоин (12), Квадво Асамоа (11), Марио Лемина (10), Мартин Касерес (6), Нето (3), Рубињо (0), Емил Аудеро (0).

Резултати

[уреди | уреди извор]

Табеларен приказ

[уреди | уреди извор]

Последно ажуриање: 15 мај 2016.

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

АТАБОЛКАРКЈЕЕМПФЈОФРОЏЕНИНТЈУВЛАЦМИЛНАППАЛРОМСАМСАСТОРУДИВЕР
Аталанта 2-03-01-00-02-32-00-21-10-22-12-11-33-03-32-11-10-11-11-1
Болоња 3-00-00-12-31-11-02-00-10-02-20-13-20-12-23-20-10-11-20-1
Карпи 1-11-21-21-00-12-14-11-22-31-30-00-01-11-32-11-32-12-10-0
Кјево 1-00-01-01-10-05-11-00-10-44-00-00-13-13-31-11-11-02-31-1
Емполи 0-10-03-01-32-01-22-00-11-31-02-22-20-01-31-11-02-11-11-0
Фјоренитна 3-02-02-12-02-24-11-02-11-21-32-01-10-01-21-13-12-03-01-1
Фрозиноне 0-01-02-10-22-00-02-20-10-20-02-41-50-20-22-00-11-22-03-2
Џенова 1-20-11-23-21-00-04-01-00-20-01-00-04-02-32-32-13-22-12-0
Интер 1-02-11-11-02-11-44-01-00-01-21-02-03-11-03-10-11-23-11-0
Јувентус 2-03-12-01-11-03-11-11-02-03-01-01-04-01-05-01-02-10-13-0
Лацио 2-02-10-04-12-02-42-02-02-00-21-30-21-11-41-10-23-02-05-2
Милан 0-00-10-01-02-12-03-32-13-01-21-10-43-21-34-12-11-01-11-1
Наполи 2-16-01-03-15-12-14-03-12-12-15-01-12-00-02-23-12-11-03-0
Палермо 2-20-02-21-00-11-34-11-01-10-30-30-20-12-42-00-11-34-13-2
Рома 0-21-15-13-03-14-13-12-01-12-12-01-11-05-02-12-23-23-11-1
Сампдорија 0-02-05-20-11-10-22-00-31-11-22-10-12-42-02-11-32-22-04-1
Сасуоло 2-20-21-01-13-21-12-20-13-11-02-12-02-12-20-20-01-11-11-0
Торино 2-12-00-01-20-13-14-23-30-11-41-11-11-22-11-12-01-30-10-0
Удинезе 2-10-11-20-01-22-11-01-10-40-40-02-33-10-11-21-00-01-52-0
Верона 2-10-21-23-10-10-21-21-13-32-11-22-10-20-11-10-31-12-21-1

Календар

[уреди | уреди извор]

Извлекувањето на календарот се одржало на 27 јули 2015 година, на церемонијата на Expo во Милано.

Андата (1.коло) Прво коло Риторно (20.коло)
23 авг.1-3Емполи-Кјево1-117 јан.
2-0Фјорентина-Милан0-2
1-2Фрозиноне-Торино2-416 јан.
1-0Интер-Аталанта1-1
0-1Јувентус-Удинезе4-017 јан.
22 авг.2-1Лацио-Болоња2-2
23 авг.1-0Палермо-Џенова0-4
5-2Сампдорија-Карпи1-2
2-1Сасуоло-Наполи1-316 јан.
22 авг.1-1Верона-Рома1-117 јан.
Андата (2.коло) Второ коло Риторно (21.коло)
30 авг.2-0Аталанта-Фрозиноне0-023 јан.
29 авг.0-1Болоња-Сасуоло2-024 јан.
30 авг.1-2Карпи-Интер1-1
4-0Кјево-Лацио1-4
2-0Џенова-Верона1-1
29 авг.2-1Милан-Емполи2-223 јан.
30 авг.2-2Наполи-Сампдорија4-224 јан.
2-1Рома-Јувентус0-1
3-1Торино-Фјорентина0-2
0-1Удинезе-Палермо1-4


Андата (3.коло) Трето коло Риторно (22. коло)
13 сеп.2-2Емполи-Наполи1-531 јан.
12 сеп.1-0Фјорентина-Џенова0-0
0-2Фрозиноне-Рома1-330 јан.
13 сеп.1-0Интер-Милан0-331 јан.
12 сеп.1-1Јувентус-Кјево4-0
13 сеп.2-0Лацио-Удинезе0-0
2-2Палермо-Карпи1-130 јан.
14 сеп.2-0Сампдорија-Болоња2-331 јан.
13 сеп.2-2Сасуоло-Аталанта1-130 јан.
2-2Верона-Торино0-031 јан.
Андата (4.коло) Четврто коло Риторно (23.коло)
20 сеп.1-1Аталанта-Верона1-23 фев.
1-0Болоња-Фрозиноне0-1
0-1Карпи-Фјорентина1-2
0-1Кјево-Интер0-1
0-2Џенова-Јувентус0-1
19 сеп.3-2Милан-Палермо2-0
20 сеп.5-0Наполи-Лацио2-0
2-2Рома-Сасуоло2-02 фев.
2-0Торино-Сампдорија2-23 фев.
19 сеп.1-2Удинезе-Емполи1-1


Андата (5.коло) Петто коло Риторно (24.коло)
23 сеп.0-0Карпи-Наполи0-17 фев.
1-0Кјево-Торино2-1
24 сеп.0-1Емполи-Аталанта0-0
23 сеп.2-0Фјорентина-Болоња1-16 фев.
1-0Интер-Верона3-37 фев.
1-1Јувентус-Фрозиноне2-0
2-0Лацио-Џенова0-06 фев.
0-1Палермо-Сасуоло2-27 фев.
2-1Сампдорија-Рома1-2
22 сеп.2-3Удинезе-Милан1-1
Андата (6.коло) Шесто коло Риторно (25.коло)
28 сеп.2-1Аталанта-Сампдорија0-014 фев.
27 сеп.1-2Болоња-Удинезе1-0
28 сеп.2-0Фрозиноне-Емполи2-113 фев.
27 сеп.1-0Џенова-Милан1-214 фев.
1-4Интер-Фјорентина1-2
26 сеп.2-1Наполи-Јувентус0-113 фев.
5-1Рома-Карпи3-112 фев.
27 сеп.1-1Сасуоло-Кјево1-113 фев.
2-1Торино-Палермо3-114 фев.
1-2Верона-Лацио2-511 фев.


Андата (7.коло) Седмо коло Риторно (26.коло)
3 окт.2-1Карпи-Торино0-021 фев.
1-1Кјево-Верона1-320 фев.
4 окт.1-0Емполи-Сасуоло2-3
3-0Фјорентина-Аталанта3-221 фев.
3-1Јувентус-Болоња0-019 фев.
2-0Лацио-Фрозиноне0-021 фев.
0-4Милан-Наполи1-122 фев.
2-4Палермо-Рома0-521 фев.
1-1Сампдорија-Интер1-320 фев.
1-1Удинезе-Џенова1-221 фев.
Андата (8.коло) Осмо коло Риторно (27.коло)
18 окт.3-0Аталанта-Карпи1-128 фев.
0-1Болоња-Палермо0-0
2-0Фрозиноне-Сампдорија0-2
3-2Џенова-Кјево0-1
0-0Интер-Јувентус0-2
2-1Наполи-Фјорентина1-129 фев.
17 окт.3-1Рома-Емполи3-127 фев.
18 окт.2-1Сасуоло-Лацио2-029 фев.
17 окт.1-1Торино-Милан0-127 фев.
18 окт.1-1Верона-Удинезе0-228 фев.


Андата (9.коло) Деветто коло Риторно (28.коло)
24 окт.1-2Карпи-Болоња0-06 мар.
25 окт.0-1Кјево-Наполи1-35 мар.
24 окт.2-0Емполи-Џенова0-16 мар.
25 окт.1-2Фјорентина-Рома1-44 мар.
2-0Јувентус-Аталанта2-06 мар.
3-0Лацио-Торино1-1
2-1Милан-Сасуоло0-2
24 окт.1-1Палермо-Интер1-3
25 окт.4-1Сампдорија3-05 мар.
1-0Удинезе-Фрозиноне0-26 мар.
Андата (10.коло) Десетто коло Риторно (29.коло)
28 окт.2-1Аталанта-Лацио0-213 мар.
27 окт.0-1Болоња-Интер1-212 мар.
28 окт.2-1Фрозиноне-Карпи1-213 мар.
1-0Милан-Кјево0-0
2-0Наполи-Палермо1-0
3-1Рома-Удинезе2-1
29 окт.1-1Сампдорија-Емполи1-112 мар.
28 окт.1-0Сасуоло-Јувентус0-111 мар.
3-3Торино-Џенова2-313 мар.
0-2Верона-Фјорентина1-1


Андата (11.коло) Единаесетто коло Риторно (30.коло)
1 ное.3-0Болоња-Аталанта0-220 мар.
0-0Карпи-Верона2-1
2 ное.1-1Кјево-Сампдорија1-0
1 ное.4-1Фјорентина-Фрозиноне0-0
0-0Џенова-Наполи1-3
31 окт.1-0Интер-Рома1-119 мар.
2-1Јувентус-Торино4-120 мар.
1 ное.1-3Лацио-Милан1-1
2 ное.0-1Палермо-Емполи0-019 мар.
1 ное.0-0Удинезе-Сасуоло1-120 мар.
Андата (12.коло) Дванаесетто коло Риторно (31.коло)
8 ное.1-3Емполи-Јувентус0-12 апр.
2-2Фрозиноне-Џенова0-43 апр.
7 ное.0-0Милан-Аталанта1-2
8 ное.1-0Наполи-Удинезе1-3
1-0Палермо-Кјево1-3
2-0Рома-Лацио4-1
0-2Сампдорија-Фјорентина1-1
1-0Сасуоло-Карпи3-12 апр.
0-1Торино-Интер2-13 апр.
7 ное.0-2Верона-Болоња1-04 апр.


Андата (13.коло) Тринаесетто коло Риторно (32.коло)
22 ное.0-1Аталанта-Торино1-210 апр.
21 ное.2-2Болоња-Рома1-111 апр.
22 ное.1-2Карпи-Кјево0-110 апр.
2-2Фјорентина-Емполи0-2
2-1Џенова-Сасуоло1-09 апр.
4-0Интер-Фрозиноне1-0
21 ное.1-0Јувентус-Милан2-1
22 ное.1-1Лацио-Палермо3-010 апр.
1-0Удинезе-Сампдорија0-2
0-2Верона-Наполи0-3
Андата (14.коло) Четернаесетто коло Риторно (33.коло)
29 ное.2-3Кјево-Удинезе0-017 апр.
1-0Емполи-Лацио0-2
3-2Фрозиноне-Верона2-1
1-2Џенова-Карпи1-416 апр.
28 ное.4-1Милан-Сампдорија1-017 апр.
30 ное.2-1Наполи-Интер0-216 апр.
29 ное.0-3Палермо-Јувентус0-417 апр.
0-2Рома-Аталанта3-3
30 ное.1-1Сасуоло-Фјорентина1-3
28 ное.2-0Торино-Болоња1-016 апр.


Андата (15.коло) Петтнаесетто коло Риторно (34.коло)
6 дек.3-0Аталанта-Палермо2-220 апр.
3-2Болоња-Наполи0-6 19 апр.
0-0Карпи-Милан0-0 21 апр.
3-0Фјорентина-Удинезе1-2 20 апр.
0-2Фрозиноне-Кјево1-5
5 дек.1-0Интер-Џенова0-1
4 дек.0-2Лацио-Јувентус0-3
6 дек.1-3Сампдорија-Сасуоло0-0
5 дек.1-1Торино-Рома2-3
6 дек.0-1Верона-Емполи0-1
Андата (16.коло)) Шеснаесетто коло Риторно (35.коло)
13 дек.1-0Кјево-Аталната0-124 апр.
3-0Емполи-Карпи0-125 апр.
12 дек.0-1Џенова-Болоња0-224 апр.
13 дек.3-1Јувентус-Фјорентина2-1
14 дек.1-1Лацио-Сампдорија1-2
13 дек.1-1Милан-Верона1-225 апр.
0-0Наполи-Рома0-1
12 дек.4-1Палермо-Фрозиноне2-024 апр.
20 јан.1-1Сасуоло-Торино3-1
12 дек.0-4Удинезе-Интер1-323 апр.


Андата (17.коло) Седумнаесетто коло Риторно (36.коло)
20 дек.1-3Аталанта-Наполи1-22 мај
19 дек.2-3Болоња-Емполи0-0 1 мај
20 дек.2-3Карпи-Јувентус0-2
2-0Фјорентина-Кјево0-0 30 апр.
2-4Фрозиноне-Милан3-3 1 мај
1-2Интер-Лацио0-2
2-0Рома-Џенова3-2 2 мај
2-0Сампдорија-Палермо0-2 1 мај
0-1Торино-Удинезе5-1 30 апр.
1-1Верона-Сасуоло0-1 1 мај
Андата (18.коло) Осумнаесетто коло Риторно (37.коло)
6 јан.3-3Кјево-Рома0-38 мај
0-1Емполи-Интер1-27 мај
5 јан.2-3Џенова-Сампдорија3-08 мај
6 јан.3-0Јувентус-Верона1-2
0-0Лацио-Карпи3-1
0-1Милан-Болоња1-07 мај
2-1Наполи-Торино2-18 мај
1-3Палермо-Фјорентина0-0
2-2Сасуоло-Фрозиноне1-0
2-1Удинезе-Аталанта1-1


Андата (19.коло) Деветнаесетто коло Риторно (38.коло)
10 јан.0-2Аталанта-Џенова2-115 мај
0-1Болоња-Кјево0-0
9 јан.2-1Карпи-Удинезе2-1
1-3Фјорентина-Лацио4-2
10 јан.1-5Фрозиноне-Наполи0-414 мај
0-1Интер-Сасуоло1-3
9 јан.1-1Рома-Милан3-1
10 јан.1-2Сампдорија-Јувентус0-5
0-1Торино-Емполи1-215 мај
0-1Верона-Палермо2-3

Статистика

[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата

[уреди | уреди извор]
————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
ИнтерФјорентинаРомаИнтНапИнтерНаполиЈувентус
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Создавање на пласманот

[уреди | уреди извор]

Легенда:

Боја Означува
црвена пораз
бела нерешено
зелена победа
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª
 
Аталанта 03458111114141717181821242424242425262727282929303030333636373841414245
Болоња 00033333669121313161919222223262929303334353636363637373740414142
Карпи 00112255556669101010111417181919191920212225282828313235353538
Кјево 367710111212121213131616192222232627272727303131343435384144454848494950
Емполи 00144477101114141518212427273031323233343434343435363639394242434346
Фјорентина 336912151818182124272829323235383838414245464952535354555656595959606164
Фрозиноне 0000144771010111114141414151515161619192223232626272727303030313131
Џенова 033336710101112131616161616161922232424252528283134343740404343434646
Интер 3691215151617182124273030333636393940414144454548485154555558616164646767
Јувентус 00145589121215182124273033363942454851545758616467707376798285888891
Лацио 33669121515181818181919192023242728313232333637373841424245484848515454
Милан 033699910131619202023242528282932333639404344474748494949525353545757
Наполи 0125691215182122252831313235384144475053565657586164676770707373767982
Палермо 367777710111111141515151818182121242525262626272727282828282932353639
Рома 14788111417202323262727282932333435353841444750535659606364656871747780
Сампдорија 347710101111141516161616161720232323232324242525283132323336363740404040
Сасуоло 367811121215151819222223262728293232323333343538414444454848484952555861
Торино 3671010131314141515151821222323232326262728283132323333333639424242454545
Удинезе 33333678111112121518181821242424242526272727303030313434353838383939
Верона 11233345556666678889101114151518181819192222222225252828

Натпреварот Сасуоло-Торино кој бил закажан за 16-тото коло всушност бил одигран помеѓу 20-тото и 21-вото коло од сезоната, па на табелата може само делумно да ја одразува реалната бодовна состојба на тие две екипи во тој временски период.

Освоени бодови во сооднос

[уреди | уреди извор]
Сооднос андата-риторно
Андата Риторно
Наполи41Јувентус52
Интер39Рома46
Јувентус39Наполи41
Фјорентина38Сасуоло29
Рома34Интер28
Сасуоло32Милан28
Емполи30Џенова27
Милан29Лацио27
Лацио27Фјорентина26
Кјево26Карпи24
Аталанта24Кјево24
Удинезе24Торино22
Сампдорија23Аталанта21
Торино23Болоња20
Болоња22Верона20
Палермо21Палермо18
Џенова19Сампдорија17
Фрозиноне15Емполи16
Карпи14Фрозиноне16
Верона8Удинезе15
Сооднос дома-гости
Дома Гости
Наполи51Јувентус41
Јувентус50Рома36
Рома44Наполи31
Интер41Сасуоло29
Фјорентина38Фјорентина26
Џенова33Интер26
Лацио33Милан24
Милан33Болоња22
Сасуоло32Кјево21
Аталанта30Лацио21
Кјево29Торино21
Санпдорија28Емполи19
Емполи27Палермо17
Торино24Удинезе17
Карпи23Аталанта15
Фрозиноне22Карпи15
Палермо22Џенова13
Удинезе22Сампдорија12
Болоња20Верона10
Верона18Фрозиноне9
  • Најголем број на победи : Јувентус (29)
  • Најголем број на победи дома : Јувентус и Наполи (16)
  • Најголем број на победи во гости: Јувентус (13)
  • Најмал број на победи : Верона (5)
  • Најмал број на победи дома : Верона (4)
  • Најмал број на победи во гости : Верона (1)
  • Најголем број на нерешени : Сасуоло и Верона (13)
  • Најголем број на нерешени дома : Кјево и Сасуоло (8)
  • Најголем број на нерешени во гости : Верона (7)
  • Најмал број на нерешени : Јувентус (4)
  • Најмал број на нерешени дома : Интер и Јувентус (2)
  • Најмал број на нерешени во гости : Јувентус (2)
  • Најголем број на порази : Фрозиноне (23)
  • Најголем број на порази дома : Болоња, Верона, Палермо, Удинезе и Фрозиноне (9)
  • Најголем број на порази во гости : Фрозиноне (14)
  • Најмал број на порази : Рома (4)
  • Најмал број на порази дома : Наполи (0)
  • Најмал број на порази во гости : Рома (3)
  • Најдобар напад : Рома (83 дадени гола)
  • Најлош напад : Болоња (33 дадени гола)
  • Најдобра одбрана : Јувентус (20 примени гола)
  • Најлоша одбрана : Фрозиноне (76 примени гола)
  • Најдобра гол-разлика : Јувентус (+55)
  • Најлоша гол-разлика : Фрозиноне (-41)
  • Најголем број на натпрвари без победа : Верона (22, 1-22 коло)
  • Најголем број на натпревари без нерешено : Јувентус (17, 9-25 коло)
  • Најголем број на натпревари без пораз (најдобра серија) : Јувентус (26, 11-36 коло)
  • Најдобра победничка низа дома : Јувентус (16)
  • Најдобра победничка низа во гости : Јувентус (8)
  • Најголем број на последователни победи : Јувентус (15, 11-25 коло)
  • Најголем број на последователни победи дома : Јувентус (16)
  • Најголем број на последователни победи во гости : Јувентус (8)
  • Најголем број на последователни нерешени : Интер, Џенова, Рома, Аталанта, Верона, Удинезе, Болоња, Карпи и Фрозиноне (3)
  • Најголем број на последователни нерешени дома : Аталанта, Болоња, Фјорентина и Сасуоло (3)
  • Најголем број на последователни нерешени во гости : Лацио (6)
  • Најголем број на последователни порази : Џенова (5, 14-18 коло)
  • Најголем број на последователни порази дома : Верона (4)
  • Најголем број на последователни порази во гости : Емполи (6)
  • Најголем број на досудени пенали за : Лацио и Торино (11)
  • Најмал број на досудени пенали за : Палермо (1)
  • Најголем број на досудени пенали против : Сампдорија (10)
  • Најмал број на досудени пенали против : Фјорентина (1)
  • Најголем број на корнери :
  • Најголем број на офсајди :
  • Најголем број на жолти картони : Карпи (110)
  • Најголем број на црвени картони : Аталанта и Интер (5)
  • Најмал број на корнери :
  • Најмал број на офсајди :
  • Најмал број на жолти картони : Наполи (71)
  • Најмал број на црвени картони : Наполи (0)

Поединечна

[уреди | уреди извор]

Список на стрелци

[уреди | уреди извор]

Гол Пенали Играч Клуб
36 3 Аргентина Гонсало Игуаин Наполи Наполи
19 6 Аргентина Пауло Дибала Јувентус Јувентус
18 2 Колумбија Карлос Бака Милан Милан
16 1 Аргентина Мауро Икарди Интер Интер
14 0 Египет Мохамед Салах Рома Рома
13 3 Италија Едер Сампдорија Сампдорија (12),
Интер Интер (1)
13 7 Словенија Јосип Иличиќ Фјорентина Фјорентина
13 0 Италија Леонардо Паволети Џенова Џенова
13 1 Италија Масимо Макароне Емполи Емполи
12 2 Италија Лоренцо Инсиње Наполи Наполи
12 0 Хрватска Никола Калиниќ Фјорентина Фјорентина
12 4 Италија Андреја Белоти Торино Торино
11 0 Франција Сирил Теро Удинезе Удинезе
10 0 Хрватска Марио Манџукиќ Јувентус Јувентус
10 1 Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ Рома Рома
10 6 Италија Антонио Кандрева Лацио Лацио
10 0 Италија Алберто Џилардино Палермо Палермо
9 1 Италија Федерико Дионизи Фрозиноне Фрозиноне
9 2 Италија Даниел Чофани Фрозиноне Фрозиноне
8 1 Италија Марко Бориело Карпи Карпи (4),
Аталанта Аталанта (4)
8 1 Италија Матија Дестро Болоња Болоња
8 0 Босна и Херцеговина Един Џеко Рома Рома
8 0 Франција Пол Погба Јувентус Јувентус
8 0 Италија Роберто Сориjано Сампдорија Сампдорија
8 0 Колумбија Дуван Запата Удинезе Удинезе
8 1 Италија Фабио Кваљарела Торино Торино (5),
Сампдорија Сампдорија (3)
8 0 Италија Стефан Ел Шарави Рома Рома
8 0 Италија Франко Васкес Палермо Палермо

Хет-трикови

Играч Клуб Против Резултат Дата
Хрватска Никола Калиниќ Фјорентина Интер 4–1 Архивирано на 1 ноември 2016 г. 27 септември 2015
Шпанија Сусо Џенова Фрозиноне 4–0 Архивирано на 22 април 2016 г. 3 април 2016
Белгија Дрис Мертенс Наполи Болоња 6–0 Архивирано на 7 мај 2016 г. 19 април 2016
Аргентина Гонсало Игуаин Наполи Фрозиноне 4–0 Архивирано на 16 мај 2016 г. 14 мај 2016
Никола Калиниќ (Фјорентина) авторот на првиот хет-трик во сезоната, на 27 септември 2015 против Интер.

Список на играчи со најмногу асистенции

Обновено на Ажурирано на 15 мај 2016.[50]
Поз. Играч Клуб Асистенции
1 Франција Пол Погба Јувентус Јувентус 12
Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ Рома Рома
3 Словачка Марек Хамшик Наполи Наполи 11
4 Италија Лоренцо Инсиње Наполи Наполи 10
Италија Рикардо Сапонара Емполи Емполи
6 Аргентина Диего Пероти Џенова Џенова / Рома Рома 9
Аргентина Пауло Дибала Јувентус Јувентус
8 Италија Џакомо Бонавентура Милан Милан 8
9 Италија Франко Васкес Палермо Палермо 7
Италија Рикардо Меџорини Кјево Кјево
Германија Мирослав Клозе Лацио Лацио
Словенија Валтер Бирса Кјево Кјево
Шпанија Хосе Калехон Наполи Наполи
Шпанија Алваро Мората Јувентус Јувентус
Пол Погба (Јувентус) со 12 асистенции бил најдобар асистент во првенството.

Најмногу суви мрежи

[уреди | уреди извор]
Џанлујџи Буфон (Јувентус) во текот на сезоната поставил нов рекорд од 974 минути без примен гол, притоа сочувувајќи ја својата мрежа празна во 10 натпревари по ред. Тој исто така бил и голманот со најмногу суви мрежи во сезоната, 21.

[51]

Поз. Играч Клуб Суви мрежи
1 Италија Џанлујџи Буфон Јувентус Јувентус 21
2 Словенија Самир Хандановиќ Интер Интер 15
Шпанија Пепе Реина Наполи Наполи
4 Романија Чипријан Татарушану Фјорентина Фјорентина 14
5 Италија Антонио Миранте Болоња Болоња 12
6 Италија Марко Спортиело Аталанта Аталанта 11
Италија Албано Бизари Кјево Кјево
8 Италија Андреја Консиљи Сасуоло Сасуоло 10
Италија Џанлујџи Донарума Милан Милан
10 Италија Федерико Маркети Лацио Лацио 9

Факти и бројки

[уреди | уреди извор]
  • Првиот гол: Бошко Јанковиќ, Верона-Рома 1-1 (61-ва минута)
  • Последен гол: Ерос Писано, Палермо-Верона 3-2 (84-та минута)
  • Најбрз гол: Алберто Палоски, Џенова-Кјево 3-2 (1')
  • Најдоцен гол: Ерос Писано, Аталанта-Верона 1-1 (97-ма минута)
  • Натпревар со најмногу голови: Сампдорија-Карпи 5-2, Лацио-Верона 5-2 (7)
  • Натпревар со најголема разлика во голови: Наполи-Болоња 6-0 (6)
  • Натпревар со најмногу жолти картони: Милан-Болоња (11)
  • Натпревар со најмногу црвени картони: Рома-Аталанта и Фјорентина-Интер (3)
  • Коло со најмногу голови: 38-мото (37)
  • Коло со најмалку голови: 5-то, 12-то, 27-мо (18)
  • Натпревар со најмногу гледачи: Интер-Милан и Интер-Јувентус 1-1 (79 154)[52]
  • Натпревар со најмалку гледачи: Палермо-Аталанта (0)[52]
  • Вкупно гледачи (просечно по натпревар): 8 421 728 (22 221)[52]
  • Коло со најголем број на нерешени: 16-то, 26-то, 31-во (6)

Поврзанотака

[уреди | уреди извор]
  1. „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
  3. „Inter, Juve share spoils in 'Derby d'Italia'. 18 October 2015. Посетено на 29 January 2016.
  4. Ivan Palumbo (30 август 2015). Gazzetta.it (уред.). „Juventus, 5 punti dolenti (e zero in classifica): ecco cosa non va“.
  5. Repubblica.it, уред. (23 септември 2015). „Serie A: quinta vittoria dell'Inter, il Frosinone ferma la Juve. Roma ko, Napoli solo pari“.
  6. Stefano Cantalupi (24 септември 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Difesa, Felipe Melo e i guai altrui: i perché dell'Inter in fuga“.
  7. Valerio Clari (31 октомври 2015). Gazzetta.it (уред.). „Inter-Roma 1-0: Medel segna e si fa male, poi Handanovic salva“.
  8. Giuseppe Di Giovanni (3 декември 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Lippi: "Higuain nel Napoli è come Messi nel Barcellona. Io pronto a tornare...".
  9. la Repubblica, уред. (29 септември 2015). „Sassuolo, Squinzi ci scherza su: "Vinceremo lo scudetto".
  10. Gazzetta TV, уред. (30 декември 2015). „Dall'alto è meglio: in azione il drone del Bologna di Donadoni“.
  11. Giovanni Del Bianco (2 декември 2015). Guerin Sportivo (уред.). „Hellas Verona, il "tradimento" di Delneri“.
  12. „Chievo-Juventus 0-4: dodicesima vittoria di fila, bianconeri inarrestabili“. Repubblica.it. 2016-01-31. Посетено на 4 февруари 2016.
  13. assiste a una presa di distanzatta/ „Serie A, Napoli-Empoli 5-1: Insigne, Higuain e Callejon, azzurri di nuovo in vetta“ Проверете ја вредноста |url= (help). www.corrieredellosport.it. Посетено на 4 февруари 2016.
  14. Rai News, уред. (14 февруари 2016). „Il Milan batte 2-1 il Genoa e risale la classifica“.
  15. „Serie A: finalmente Verona, Atalanta ribaltata - Sportmediaset“. Sportmediaset.it. Посетено на 4 февруари 2016.
  16. Buffon establishes new recored of 974 minutes without conceding a goal
  17. „Higuain, record di gol: sono 36, superato Nordahl“. gazzetta.it. 14 мај 2016.
  18. Mark Doyle (14 мај 2016). „From lazy to lethal: How Sarri turned Higuain into Serie A's most prolific striker ever“. goal.com (англиски).
  19. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-22. Посетено на 2016-04-26.
  20. „Report: Maurizio Sarri has signed and is planning summer transfers - The Siren's Song“. Thesirenssong.com. 6 June 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 October 2015.
  21. „Andrea Stramaccioni to leave Udinese after just one season | Football News“. Sky Sports. 30 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
  22. „Stefano Colantuono named new Udinese manager“. Espn Fc. 4 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
  23. „Walter Zenga named new Sampdoria boss with Sinisa Mihajlovic bound for AC Milan | Daily Mail Online“. Dailymail.co.uk. 4 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
  24. Sport, Guardian (2015-06-16). „Milan appoint Sinisa Mihajlovic as coach after sacking Filippo Inzaghi | Football“. The Guardian. Посетено на 16 October 2015.
  25. „Marco Giampaolo nuovo allenatore Empoli F.C“. Firenzetoday.it. Посетено на 16 October 2015.
  26. „Fiorentina sack manager Vincenzo Montella“. Espn Fc. 8 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
  27. „Report: Sousa agrees Viola deal“. Football Italia. 10 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
  28. „Carpi FC 1909 » Comunicato – Carpi F.C. 1909“. Carpifc1909.it. Архивирано од изворникот на 2015-10-04. Посетено на 16 October 2015.
  29. „Carpi FC 1909 » Giuseppe Sannino è l'allenatore biancorosso“. Carpifc1909.it. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 16 October 2015.
  30. „Bologna fire coach Rossi“. 2015-10-28.
  31. „Esonerato Sannino, panchina a Castori“. carpifc.com. 3 November 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 10 November 2015.
  32. Official: Sannino out, Castori in at Carpi
  33. 1 2 Palermo: Iachini out, Ballardini in
  34. Official: Samp sack Zenga
  35. Sampdoria announce Montella
  36. Verona: ore contate per Mandorlini, si tratta con Corini
  37. http://www.football-italia.net/76518/official-delneri-verona
  38. 1 2 3 4 5 Palermo caccia Ballardini: il nuovo tecnico è Schelotto
  39. 1 2 Strootman: 'Goodbye Garcia'
  40. http://www.football-italia.net/78954/tedesco-new-palermo-coach
  41. „Official: Palermo appoint Bosi - Football Italia“. 2016-02-10.
  42. „Iachini reinstated as Palermo coach“. 2016-02-15.
  43. „Official: Palermo appoint Novellino - Football Italia“. 2016-03-10.
  44. „Official: Udinese appoint de Canio - Football Italia“. 2016-03-15.
  45. „Official: Lazio sack Pioli - Football Italia“. 2016-04-03.
  46. http://www.football-italia.net/82665/novellino-%E2%80%98palermo-have-sacked-me%E2%80%99
  47. http://www.football-italia.net/82713/zamp-ballardini-even-b
  48. „Official: Milan sack Mihajlovic - Football Italia“. 2016-04-12.
  49. „Classifica Serie A Tim“. Lega Serie A. 30 август 2015. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 30 август 2015.
  50. „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
  51. „Serie a Stats 2015/2016 - Top Scorers, Most Assists, Clean Sheets“.
  52. 1 2 3 „Statistiche Spettatori Serie A 2015-2016“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]