Фабио Кваљарела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Фабио Кваљарела
Fabio Quagliarella.jpg
Лични податоци
Роден на 31 јануари 1983 (1983-01-31) (36 г.)
Роден во Кастеланаре ди Стабиа, Италија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сампдорија Сампдорија
Број 27
Младинска кариера
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2005 Торино Торино 39 (7)
2002Фјорентина Фјорентина 12 (1)
2003–2004Кјети Кјети 43 (20)
2005 Удинезе Удинезе 0 (0)
2005-2006Асколи Асколи 33 (3)
2006-2007 Сампдорија Сампдорија 35 (13)
2007-2009 Удинезе Удинезе 73 (25)
2009-2010 Наполи Наполи 34 (11)
2010-2014 Јувентус Јувентус 83 (23)
2014-2016 Торино Торино 50 (18)
2016- Сампдорија Сампдорија 19 (5)
Репрезентација
2007-2010 Италија Италија 25 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фабио Кваљарела (италијански: Fabio Quagliarella; роден на 31 јануари 1983 во Кастеланаре ди Стабија) е италијански фудбалер, напаѓач на Сампдорија во Серија А.

Тој истотака е поранешен репрезентативец на Италија, има одиграно 25 натпревари и постигнал 7 гола за националниот тим.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетокот на кариерата[уреди | уреди извор]

Кваљарела својата кариера ја започнал во тимот на Торино. Тој своето деби во Серија А го имал на 14 мај 2000 против Пјаченца Калчо. Сезоната 2001-2002 во Серија А ја завршил со четири настапи пред да биде позајмуван во нисколигашките тимови.Најпрво тој беше позајмен на Фјорентина,тим кој во тој момент се натпреваруваше во Серија Ц2 лигата,а потоа и во Кјети. Во 2004 година се враќа во Торино каде постигнал 7 гола и со тоа помага на тимот да стигне до плеј-оф натпреварите во Серија Б но за жал тимот не успева да дојде до промоција во Серија А. Поради тоа, но и поради се поголемите финансиски проблеми со кој се соочувал тимот Кваљарела е ослободен од обврските за наредната сезона и како слободен играч потпишува со Удинезе.

Удинезе[уреди | уреди извор]

По доаѓањето во Удинезе тој веднаш бил отстапен на новакот во лигата екипата на Асколи. За Асколи тој одиграл 33 натпревари во Серија А и постигнал 3 гола. Во јуни 2006 тој се вратил во матичниот клуб, но Удинезе и продал половина од неговиот договор на Сампдорија, каде Кваљарела настапувал следната сезона. Во сезоната 2006-07 Кваљарела постигнал 13 голови за Сампдорија што е негов рекорд на постигнати голови во една сезона во Серија А. На 21 јуни 2007 Удинезе го откупил целиот негов договор и станал единствен сопственик на договорот на Фабио, кој се вреќа во клубот како замена за Винченцо Јаквинта, кој порано тоа лето заминал во Јувентус. Тој одиграл две одлични сезони во клубот Удине постигнувајќи 12 гола во сезоната 2007-08 и 21 гол (13 првенствени, со што го израмнил својот рекорд) во сите конкуренции во сезоната 2008-09. Овие добри игри му донесоа шанса да заигра и во националниот дрес на Италија на Европското првенство 2008.

Наполи[уреди | уреди извор]

На 1 јуни 2009 Кваљарела потпишал договор со Наполи за сума од 18 милиони евра.[1] Играјќи во нападот со Езекиел Лавеци и Марек Хамшик тој постигнал 11 гола за клубот кој на крајот од сезоната завршил како 6-ти во Италија и се изборил за место во Европа лигата. Последниот настап на Кваљарела за Наполи бил токму во ова натпреварување против шведскиот клуб Елфсборг.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Квалјарела во дресот на Јувентус.

Во последните денови од преодниот рок или поточно на 27 август 2010, Кваљарела преминал во редовите на италијанскиот најтрофеен тим Јувентус, пристигнувајќи на едногодишен заем до крајот на сезоната за сума од 4.5 милиони евра. Кваљарела одиграл одлична есен во Јувентус постигнувајќи 9 гола, вклучувајќи го и оној прекрасен погодок со глава во дербито против Милан во кое Јуве победил со 2-1. Набрзо станал миленик на навивачите на клубот и од нив го добил прекарот Ета Бета. Тој бил најефикасниот фудбалер на клубот, но во првиот натпревар по паузата во првенството поради новогодишните празници заработил сериозна повреда. Имено, во тој натпревар против екипата на Парма одигран на 6 јануари, тој го искинал лигаментот на десната нога поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната. Со неговата повреда и шансите на клубот за добра сезона се угасиле откако Јувентус од втор во јануари завршил дури како 7-ми во лигата.

Сепак на 22 јуни 2011, во знак на задоволство од неговите настапи во клубот, раководствто на Јувентус потпишува со него постојан договор во трајност од три години за сума од 10.500.000 евра.

Поради долгата пауза по повредата Кваљарела не бил во преден план во нападот на клубот од Торино кај новиот тренер Антонио Конте, на почетокот од сезоната 2011-12. Тој најчесто влегувал од клупата за резерви како замена за Алесандро Матри и Мирко Вучиниќ. Својот прв старт во почетниот тим во сезоната го имал на 18 декември 2011 против екипата на Новара. Во 75-тата минута од натпреварот тој го постигнал вториот гол за Јувентус во победата со 2-0 и тоа бил неговиот прв гол по пауза од речиси една година.

Во вториот дел од сезоната тој бил стрелец во победите над Катанија и неговиот поранешен тим Наполи. На 7 април 2012 Кваљарела постигнал важен погодок на гостувањето кај Палермо, што завршило со победа на Јувентус од 2-0, со што му помогнал на својот тим да се врати на првото место на табелата во Серија А по пауза од еден месец. На крајот од сезоната Јувентус го освоил насловот во италијанското првенство и Кваљарела го освоил своето прво скудето во неговата кариера. На 30 април 2012, Кваљарела го продолжил договорот со клубот до летото 2015.[2]

Кваљарела го постигнал својот прв погодок во сезоната на 19 септември 2012, израмнувајќи го резултатот на 2-2 против Челзи во натпревар од Лигата на шампионите, само неколку минути подоцна откако се појавил на теренот како замена. Три дена подоцна тој ги постигнал двата гола за Јувентус во победата над Кјево со 2-0.

На 10 ноември 2012 го реализирал својот прв хет-трик во Серија А во кариерата, постигнувајќи три гола против Пескара во победата со 6-1 во Абруцо[3]. Во петата рунда од фазата по групи во Лигата на шампионите Кваљарела постигнал уште еден погодок и повторно против Челзи давајќи му предност на Јувентус во победата со 3-0. Само неколку дена подоцна тој заработил парична казна од клубот заради изговарaње на непријатни зборови упатени кон помошник-тренерот на Јувентус Анџело Алесио, кој го извадил од игра во 57-мата минута од дербито со Милан.[4]

Во јануарскиот трансферен прозорец 2013 Кваљарела бил блиску до трансфер во Парма, бидејќи Јувентус сакал да го трампа за услугите на напаѓачот Исак Белфодил, но двата клуба не успеале да се договорат околу доплатата, па тој остнал во Торино.[5] На 30 март 2013, го постигнал првиот погодок во дербито на Италија против Интер со прекрасен удар од далечина, а истотака и асистирал за вториот погодок на Јувентус кој го постигнал Алесандро Матри за победа од 2-1 во Милано.[6]

Торино[уреди | уреди извор]

Квалјарела во дресот на Торино против екипата на Зенит во осминафиналето на Лига Европа.

На 18 јули 2014, Кваљарела потпишал тригодишен договор со Торино за сума од 3.5 милиони евра.[7] Така, играчот се вратил во клубот во кој ја започнал својата професионална кариера после девет години.[8] На 7 август постигнал гол од пенал во победата со 3-0 над Бромапојкарна, во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.[9] На 24 септември, го постигнал својот прв гол во Серија А во дресот на Торино, во победата со 2-1 над Калјари.[10][11] На 5 октомври, постигнал гол на Сан Паоло против Наполи, неговиот поранешен тим, во поразот со 1-2 на тимот предводен од Вентура.[12] На 1 февруари, 2015 постигнал хет-трик, во победата со 5-1 против Сампдорија, уште еден негов поранешен тим.[13] На 26 април, му помогнал на својот тим да направи пресврт во градското дерби против Јувентус, асистирајќи за првиот гол на Матео Дармијан и постигнувајќи го одлучувачки гол во победата со 2-1; прва победа на граната над Јуве по точно дваесет години.[14]

Сампдорија[уреди | уреди извор]

На 1 февруари 2016, Кваљарела се вратил во Сампдорија на заем со опција за перманентен трансфер.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кваљарела е репрезентативец на Италија од 2007 година кога дебитирал во натпревар против Романија. Тој играл истотака и на Светското првенство 2010 во Јужна Африка и постигнал еден преубав гол против Словачка иако неговата селекција испаднала уште во фазата по групи.

Репрезентативни настапи и голови[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "SSC Napoli 2009–10 Annual Report (page 21 to 40)" (PDF). SSC Napoli (C.C.I.A.A. Archive) (Italian). Re-Published by direttanapoli.it. ca. January 2011. конс. 17 June 2011. 
  2. Quagliarella pens Juve deal 30.04.2012
  3. Serie A - Quagliarella hits hat-trick as Juventus crush Pescara
  4. Марота го казни со парична казна Кваљарела, затоа што играчот изговори непријатни зборови кон Анџело Алесио во моментот кога го напушти теренот, во вечерното неделно дерби.
  5. Јувентус испраќа нова понуда за Белфодил
  6. Спектакуларен настап на Кваљарела победа за Бјанконерите
  7. Quagliarella ceduto al Torino
  8. torinofc.it, уред. (18 luglio 2014). "Quagliarella al Toro". конс. 1º febbraio 2015. 
  9. corriere.it, уред. (7 agosto 2014). "Torino a gonfie vele in Europa League". конс. 1º febbraio 2015. 
  10. gazzetta.it (уред.). "Cagliari-Torino 1-2: prima vittoria granata, Zeman ultimo". конс. 1º febbraio 2015.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  11. gazzetta.it (уред.). "Europa League, Torino-Copenaghen 1-0, decide Quagliarella al 93' su rigore". конс. 1º febbraio 2015.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  12. "Napoli-Torino 2-1: gol di Quagliarella, poi la rimonta di Insigne e Callejon". конс. 1º febbraio 2015.  Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  13. gazzetta.it, уред. (1º febbraio 2015). "Quagliarella, la tripletta per i 32 anni: "Felice che il Toro mi tenga stretto"". конс. 1º febbraio 2015. 
  14. http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/calcio/torino-juventus-2-1-darmian-e-quagliarella-tripudio-granata_1064363-201502a.shtml

Надворешни врски[уреди | уреди извор]