Матео Дармијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Матео Дармијан
20150616 - Portugal - Italie - Genève - Matteo Darmian 1.jpg
Лични податоци
Роден на 2 декември 1989 (1989-12-02) (29 г.)
Роден во Лењано, Италија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 36
Младинска кариера
2000–2009 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2010 Милан Милан 4 (0)
2009–2010Падова Падова 20 (1)
2010–2011 Палермо Палермо 11 (0)
2011–2015 Торино Торино 133 (3)
2015– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 46 (1)
Репрезентација
2006 Италија Италија 17 7 (0)
2006 Италија Италија 18 5 (0)
2007–2008 Италија Италија 19 11 (0)
2008–2009 Италија Италија 20 7 (0)
2009 Италија Италија 21 1 (0)
2014- Италија Италија 30 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 5 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 12 мај 2010

Матео Дармијан (роден 2 декември 1989 во Лењано, Милано) е италијански фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на италијанската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Милан[уреди | уреди извор]

Дармијан ја започнал својата кариера во екипата на Милан, приклучувајќи се во нивната младинска школа во 2000 година. На 28 ноември 2006, тој го направи своето деби за првиот тим во натпревар од Купот на Италија против Бреша, како замена за Кахабер Калаѕе на полувремето.[1]

На 19 мај 2007, Дармијан дебитирал во Серија А, во натпреварот против Удинезе, влегувајќи како замена на местото на Џузепе Фавали.[1] Во текот на сезоната 2007-2008 тој бил лидер и капитен на Примавера тимот на Милан, а неговите добри перформанси таму му донеле уште еден настап за првиот тим во Купот на Италија. Следната сезона 19-годишниот дефанзивец, одиграл уште три првенствени натпревари за првиот тим на Милан. Тој ја завршил својата авантура во Милан со вкупно 4 настапи во Серија А и 2 во Купот на Италија

Падова[уреди | уреди извор]

На 17 јули 2009, Милан го позајмил Дармијан на екипата на Падова во Серија Б.[2] Тој го направи своето деби на 28 ноември во поразот од Виченца со 2-1.[3] Дармијан ја завршил сезоната со 20 настапи во Серија Б, а Падова завршила на 19-тото место на табелата, поради што морале да играат и бараж за опстанок во лигата против Триестина. Дармијан ги одиграл двата натпревари од баражот помагајќи му на својот тим да избори опстанок.

Палермо[уреди | уреди извор]

Дармијан (лево) играјќи за Палермо против ЦСКА Москва во 2010.

На 12 јули 2010 година, Дармијан му се приклучил на Палермо во пред-сезонскиот тренинг-камп во Австрија, откако Милан и сицилијанската екипа од Серија А постигнале согласност за негов трансфер со договор за ко-сопственост.[4] Веќе следниот ден Дармијан бил претставен во клубот, а надоместокот кој Палермо го платил изнесувал 800.000 .[5][6] Дармијан го направил своето деби за росанеро на 16 септември 2010 година во натпревар од Лига Европа против Спарта Прага (2-3), во кој, исто така, го направил своето деби во европските турнири. Своето деби за Палермо во лигата го направил во четвртото коло од сезоната, влегувајќи како замена на местото на Хавиер Пасторе во победата со 3-1 над Јувентус.[7] На 6 февруари 2011, тој го одиграл својот прв натпревар како стартер во Серија А на гостувањето кај Лече (4-2), но бил заменет уште во 33-тата минута поради повреда.[8] Сезоната ја завршил со вкупно 16 натпревари во трите натпреварувања Серија А, Купот на Италија (каде Палермо бил финалист и загубил со 3-1 од Интер) и Лига Европа.

Торино[уреди | уреди извор]

По обновувањето на договорот за ко-сопственост помеѓу Милан и Палермо на 23 јуни 2011,[9][10] на 12 јули Дармијан бил позајмен на Торино, во Серија Б.[11][12] Своето деби за граната го направил на 13 август во натпреварот Торино- Лумецане (1-0) во вториот круг на италијанскиот куп;[13] првиот гол го постигнал во натпреварот Торино-Емполи во 12-тото коло од првенството, носејќи му водство на својот тим со 2-1 што се покажало како конечен резултат и победа за Торо.[14] Во 15. коло од сезоната во натпреварот Бари-Торино (1-1), кој се одиграл на 13 ноември 2011 година, се здобил со потешка повреда.[15] На крајот од сезоната Дармијан со Торино изборил промоција во Серија А, откако одиграл 33 натпревари во лигата и еден во Купот на Италија.

На 20 јуни 2012 година, Палермо ја откупиле и втората половина од договорот на играчот од екипата на Милан[16][17] за 500.000 евра,[18] а потоа на 5 јули било формализирано враќањето на Дармијан во Торино со договор за ко-сопственост,[19][20] откако тие купиле половина од договорот за 850.000 евра.[18] Во текот на сезоната 2012-2013, за граната Дармијан одиграл 30 првенствени натпревари (во Серија А), и два во Купот на Италија.

По завршувањето на сезоната, на 20 јуни, 2013, Торино ја решиле ситуацијата околу договорот на Дармијан во своја корист, откако му платиле на Палермо дополнителни 675.000 евра за втората половина од договорот.[21][22] Севкупно, Торино платил за играчот малку повеќе од 1,5 милиони евра. Во сезоната 2013-2014, станал еден од клучните играчи на клубот и еден од главните протагонисти во најуспешната сезона на Торо во последните 14 години, заедно со напаѓачите Чиро Имобиле (најдобар стрелец во првенството за таа сезона) и Алесио Черчи. Дармијан одиграл 37 натпревари во Серија А - помагајќи му на својот тим да заврши на 7. место и да избори настап во Лигата на Европа за следната сезона, по неуспешниот обид на Парма да добие лиценца за играње на УЕФА натпревари.[23]

Во својот прв настап за сезоната 2014-2015, на 7 август, 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања во повратниот натпревар од квалификациската рунда од третото коло на Лига Европа, кога на домашен терен Торино со 4-0 ја совладал шведската екипа Бромапојкарна; вториот дошол на 11 декември истата година, во натпреварот против Копенхаген.[24] Претходно на 29 октомври, Дармијан го одбележил својот прв гол во Серија А, единствениот во натпреварот со кој Торино ја победил Парма на домашен терен со 1-0.[25] Во шеснаесттина-финалето на Лига Европа го постигнал одлучувачкиот гол кој му овозможил на неговиот тим да го елиминира Атлетик Билбао со победа од 3-2 на Сан Мамеш. На 26 април 2015, бил еден од стрелците за Торино заедно со Фабио Кваљарела, во првата победа на клубот после 20 години чекање над градскиот ривал Јувентус.

Вкупно во дресот на Торино одиграл 151 натпревар и постигнал 6 гола.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 11 јули, 2015, Манчестер Јунајтед го купил Дармијан за необјавена сума која се верува дека изнесувала околу 12.7 милиони фунти.[26] Тој го направил своето деби во Премиер лигата на 8 август 2015 година во победта со 1-0 над Тотенхем на домашен терен. По завршувањето на натпреварот, менаџерот Луј ван Гал го оценил неговиот перформанс како најдобар во натпреварот.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дармијан беше дел од италијанската репрезентација под 21 година на Европското првентво за играчи под 19 години во 2008.

На 25 март 2009 тој го направил своето деби за италијанската репрезентација под 21 година во пријателски натпревар против Австрија.

После одлична сезона (2013-2014) во дресот на Торино,[27] на 13 мај 2014 година, тој бил вклучен во провизорната листа од 30 играчи на италијанската репрезентација за Светското првенство 2014.[28] Дармијан го направил своето деби за сениорската репрезентација, на 31 мај 2014 година, на возраст од 24 години, играјќи како десен бек во пријателскиот натпревар против Ирска (0-0), кој се одржал во Лондон. Следниот ден, тој бил вклучен во листата од 23 играчи избрани за настап на Светското првенство.[29] На 14 јуни, тој го направи своето деби на Светското првенство, играјќи како стартер во првиот натпревар на Италија, победата со 2-1 над Англија.[30] Тој, исто така, ги одиграл и следните два натпревари против Костарика и Уругвај, кој Аѕурите ги загубиле со идентичен резултат 1-0 и не успеале да се квалификуваат за следната рунда.

Во почетокот на 2015 година ја добил наградата Pallone Azzurro за најдобар играч на националниот тим за 2014 година.[31]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 15 август 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007 Италија Милан А 1 0 КИ 1 0 ЛШ[32] 0 0 - - - 2 0
2007-2008 А 0 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СУ+СКП 0 0 1 0
2008-2009 А 3 0 КИ 0 0 КУ 0 0 - - - 3 0
Вкупно Милан 4 0 2 0 0 0 0 0 6 0
2009-2010 Италија Падова Б 20+2[33] 1+0 КИ 0 0 - - - - - - 22 1
2010-2011 Италија Палермо А 11 0 КИ 1 0 ЛЕ 4 0 - - - 16 0
2011-2012 Италија Торино Б 33 1 КИ 1 0 - - - - - - 34 1
2012-2013 А 30 0 КИ 2 0 - - - - - - 32 0
2013-2014 А 37 0 КИ 1 0 - - - - - - 38 0
2014-2015 А 33 2 КИ 1 0 ЛЕ 13[34] 3[35] - - - 47 5
Вкупно Торино 133 3 5 0 13 3 - - 151 6
2015-2016 Англија Манчестер Јунајтед ПЛ 28 1 ФАКуп+ЛК 3+1 0+0 ЛШ+ЛЕ 6+1 0 - - - 39 1
Вкупно во кариерата 192+2 0 12 0 24 3 0 0 234 8

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „A.C. Milan - Matteo Darmian“. ACMilan.com (Italian). A.C. Milan. конс. 2009-09-09. 
  2. Il baby rossonero Darmian in prestito al Padova“, „padovacalcio.it“, Padova Calcio, 1 септември 2009 (посет. 31 август 2009 г). (на Italian)
  3. Padova–Vicenza 1–2“, „padovacalcio.it“, Padova Calcio, 1 декември 2009 (посет. 28 ноември 2009 г). (на Italian)
  4. DA DOMANI I ROSA IN RITIRO“, US Città di Palermo, 11 јули 2010 (посет. 11 јули 2010 г). (на Italian)
  5. MATTEO DARMIAN AL PALERMO“, US Città di Palermo, 12 јули 2010 (посет. 12 јули 2010 г). (на Italian)
  6. „AC Milan Group 2010 Annual Report“ (PDF). AC Milan (Italian). April 2011. конс. 13 June 2011. 
  7. „JUVENTUS 1 – 3 PALERMO“. legaseriea.it (Italian). Lega Serie A. конс. 14 May 2014. 
  8. „PER DARMIAN DISTRAZIONE MUSCOLARE“. palermocalcio.it (Italian). конс. 14 May 2014. 
  9. Legaseriea.it (уред.). „Compartecipazioni“ (PDF). стр. 2. конс. 17 febbraio 2013. 
  10. palermocalcio.it, уред. (24 giugno 2011). „Comunicato compartecipazioni“. конс. 17 febbraio 2013. 
  11. Torinofc.it, уред. (12 luglio 2011). „Darmian al Toro“. конс. 12 luglio 2011. 
  12. Palermocalcio.it, уред. (12 luglio 2011). „Darmian e Glik ceduti al Torino“. конс. 17 febbraio 2013. 
  13. Torinofc.it, уред. (13 agosto 2011). „Torino-Lumezzane 1-0“. конс. 17 febbraio 2013. 
  14. Legaserieb.it (уред.). „Torino-Empoli 2-1“. конс. 17 febbraio 2013. 
  15. Tuttopalermo.net (уред.). „Torino, grave infortunio per l'ex rosanero Darmian“. конс. 17 febbraio 2013.  Unknown parameter |autor= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  16. „Partecipazioni“ (PDF). стр. 2. конс. 17 febbraio 2013.  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  17. Palermocalcio.it, уред. (21 giugno 2012). „Riscattati Darmian e Kurtic“. конс. 17 febbraio 2013. 
  18. 18,0 18,1 Toni D'Anna. Tuttopalermo.net, уред. „Palermo, Succi al Cesena e Darmian al Torino“. конс. 17 febbraio 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  19. Torinofc.it, уред. (5 luglio 2012). „Darmian al Toro“. конс. 6 luglio 2012. 
  20. Palermocalcio.it, уред. (6 luglio 2012). „Silvestre all'Inter“. конс. 17 febbraio 2013. 
  21. Torinofc.it (уред.). „Darmian e Glik al Toro“. конс. 20 giugno 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  22. „Glik e Darmian. Comproprietà risolte a favore del Torino“. 20 giugno 2013. конс. 15 maggio 2014.  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  23. Maurizio Galdi. „Respinto il ricorso del Parma. Torino in Europa League. Ghirardi: "Calcio finito"“, 29 maggio 2014.
  24. Archivio Toro, FC KOBENHAVN - TORINO 1-5 (1-2)
  25. [1]
  26. „United sign Matteo Darmian“. 11 luglio 2015.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  27. „La vera storia di Darmian: freccia Torino, al Milan con Abate senior...“. Goal.com. 
  28. „ECCO I 30 PRE-CONVOCATI PER IL MONDIALE. IL 19 MAGGIO IL RADUNO“. figc.it. Federazione Italiana Giuoco Calcio. конс. 14 May 2014. 
  29. „PRANDELLI HA SCELTO: ECCO I 23 AZZURRI CHE PARTIRANNO PER IL BRASILE“. figc.it (Italian). Federazione Italiana Giuoco Calcio. конс. 1 June 2014. 
  30. Italy 2–1 England“, „BBC Sport“, 14 јуни 2014 (посет. 15 јуни 2014 г).
  31. „Il torinista Darmian vince il pallone azzurro“. Quotidiano Piemontese. 
  32. Играчот бил на листата Б (младинци).
  33. Плејаут.
  34. 3 во преелиминарните рунди.
  35. 1 во преелиминарните рунди.