Маркус Рашфорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маркус Рашфорд
Marcus Rashford, FWC 2018 - Round of 16 - COL v ENG - Photo 106 (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Маркус Рашфорд[1]
Роден на 31 октомври 1997 (1997-10-31) (25 г.)[2]
Роден во Манчестер, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001800000001,80 м[3]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 10
Младинска кариера
2005–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 223 (67)
Репрезентација
2012 Англија Англија 16 2 (0)
2014 Англија Англија 18 2 (0)
2016 Англија Англија 20 2 (0)
2016 Англија Англија 21 1 (3)
2016– Англија Англија 51 (15)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Маркус Рашфорд (роден на 31 октомври 1997 година, во Манчестер) — англиски фудбалер, напаѓач на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Рашфорд ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед доаѓајќи во клубот на седумгодишна возраст, а своето деби за првиот тим го направил во февруари 2016 година, постигнувајќи притоа два гола во победата со 5-1 над Митјиланд во УЕФА Лига Европа. Три дена подоцна, тој дебитирал со гол и во Премиер лигата во натпреварот против Арсенал. Во досегашната кариера со Јунајтед, Рашфорд ги освоил ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и УЕФА Лигата на Европа.

Рашфорд постигна гол на своето деби за Англија во мај 2016 година, станувајќи најмладиот играч кој постигнал гол во својот прв репрезентативен настап за сениорската репрезентација на оваа земја. Оттогаш тој настапил на две Европски првенства; во 2016, каде што бил најмладиот играч учесник на турнирот, и 2020, каде што настапил и во финалето во кое Англија загубила на пенали од Италија. Тој, исто така, ја претставувал својата земја и на две Светски првенства во 2018 и 2022 година, постигнувајќи досега вкупно три гола на Мундијалите (сите на вториот).

Биографија[уреди | уреди извор]

Маркус Рашфорд[4] е роден на 31 октомври 1997 година,[5] во Манчестер, каде што и израснал.[6][7] Тој има јамајканско потекло по својот татко[8] додека неговата мајка е од Свети Китс и Невис.[9]

Рашфорд потекнува од семејство од работничка класа; неговата мајка Мелани Мејнард, е самохран родител која често морала да работи на повеќе работни места за да го прехрани своето семејство.[10][11][12] Тој има четири постари браќа и сестри; двајцата браќа, Двејн Мејнард и Дејн Рашфорд, и двајцата професионално го застапувале,[13] и две сестри Шантел и Клер.[12][14] Маркус, исто така, му е братучед на колегата фудбалер Лоис Мејнард, кој моментално игра за Олдам Атлетик како играч од средниот ред.

Отсекогаш навивач на неговиот локален фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, Рашфорд израснал во семејство поделено меѓу навивачи на Јунајтед и на нивните градски ривали, Манчестер Сити.[15]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

2015-2016
2016-2017
2016
2016-2017

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2019-2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Clubs announce updated 2015/16 BPL squads“. Premier League. 2 February 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 3 March 2016.
  2. „Marcus Rashford“. 11v11.com. AFS Enterprises. Посетено на 3 March 2016.
  3. „Marcus Rashford Profile“. premierleague.com. Архивирано од изворникот на 2016-07-10. Посетено на 24 June 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Архивирано од изворникот на 19 May 2019. Посетено на 15 December 2017.
  5. „Marcus Rashford: Overview“. ESPN. Архивирано од изворникот на 14 January 2021. Посетено на 11 October 2020.
  6. „A powerful mural honouring Marcus Rashford MBE has appeared in a Manchester suburb where he lived as a boy“. 6 November 2020. Посетено на 9 September 2021.
  7. Wilkinson, Damon (1 September 2020). „Manchester United star Marcus Rashford leads huge new campaign to end child poverty“. Manchester Evening News. Архивирано од изворникот на 14 January 2021. Посетено на 11 October 2020.
  8. „Ghana: A former Football player claims to be the father of Marcus Rashford“. 10 June 2020.
  9. Mason, Jonathan (5 September 2018). „Soccer Star Marcus Rashford Puts Smile On Faces Of Hungry Children“. The St. Kitts-Nevis Observer. Архивирано од изворникот на 14 January 2021. Посетено на 2 October 2020.
  10. Blakey, Ashlie; Glaze, Ben (17 December 2020). „Marcus Rashford praises his mum's sacrifices to put food on the table when he was growing up“. Manchester Evening News. Посетено на 16 January 2021.
  11. „Marcus Rashford's mother 'missed meals so her children could eat'. BT Sport. 16 December 2020. Посетено на 16 January 2021.
  12. 12,0 12,1 Adams, Tim (17 January 2021). „Marcus Rashford: the making of a food superhero“. The Guardian. Посетено на 17 January 2021.
  13. „Man Utd 'sick to the core' of Raiola after Rashford 'talks'. Football365. Planet Sport. 14 January 2020. Архивирано од изворникот на 14 January 2021. Посетено на 2 October 2020.
  14. Northcroft, Jonathan (20 December 2020). „Marcus Rashford has become a national treasure“. The Times. London. Посетено на 17 January 2021.
  15. Rashford, Marcus (19 March 2017). „The Number 9“. The Players' Tribune. Посетено на 18 September 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]