Алесио Черчи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Алесио Черчи
AlessioCerci FInotti.jpg
Лични податоци
Роден на 23 јули 1987 (1987-07-23) (31 г.)
Роден во Велетри, Италија
Висина &100000000000001780000001,78 м[1]
Позиција напаѓач, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Верона Верона
Број 10
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2010 Рома Рома 13 (0)
2006-2007Бреша Бреша 21 (0)
2007–2008Пиза Пиза 26 (10)
2008-2009Аталанта Аталанта 13 (0)
2010-2012 Фјорентина Фјорентина 47 (12)
2012-2014 Торино Торино 72 (21)
2014-2017 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 7 (0)
2015-2016Милан Милан 29 (1)
2016Џенова Џенова 11 (4)
2017- Верона Верона 5 (0)
Репрезентација
2003 Италија Италија 16 6 (2)
2003-2004 Италија Италија 17 9 (3)
2004 Италија Италија 18 3 (1)
2004-2006 Италија Италија 19 9 (1)
2005-2006 Италија Италија 20 2 (1)
2007-2009 Италија Италија 21 6 (1)
2013-2014 Италија Италија 14 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 7 Мај 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Алесио Черчи (роден на 23 јули 1987 во Велетри) е италијански фудбалер, напаѓач или играч од средниот ред на Хелас Верона.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Велетри, но по потекло е од Валмонтоне. На 4 јуни 2015 тој се оженил во Рим со Федерика Рикарди.[2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Природно игра со левата нога, со добра техника и брзина, игра главно како напаѓачко крило или по надворешните позиции во средниот ред: способен е да дејствува на двете страни од теренот, но претпочита да игра по десната страна за да може подобро да се намести да центрира и да шутира кон голот со левата нога.[3] Во деновите кога беше играч на Торино, тренерот Џампјеро Вентура го користел како втор напаѓач.[4]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Черчи израснал во Валмонте, а во 2003 година се приклучува на академијата на Рома. Во тоа време тренер на клубот бил Капело, кој во неговата последна сезона на клупата на џалоросите, му дал можност на 16-годишниот Черчи да дебитира на 16 мај 2004 година во натпреварот против Сампдорија.[5] На 21 март 2005 година го потпишал својот прв професионален договор[6] и, додека продолжува да игра во Примавера шампионатот, собрал уште други 3 настапи во Серија А до сезоната 2005-2006.[7]

Својата најдобра сезона во кариерата ја одиграл во дресот на Торино во сезоната 2013-2014 во Серија А кога на 37 натпревари постигнал 13 гола и забележал 10 асистенции. Веднаш по таа сезона на 1 септември 2014, Черчи потпишал тригодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги му платил на Торо 16 милиони евра.[8] Не можејќи да се избори за постојано место во стартната постава на колчонерос, Черчи бил позајмуван назад во Италија на Милан на 5 јануари 2015 и Џенова на 22 јануари 2016.

На 31 август 2016 му пропаднал трансферот во Болоња поради тоа што не успеал да ги мине медицинските тестови заради проблеми со коленото па останал во Атлетико Мадрид, но одиграл само два натпревари за клубот во сезоната 2016-2017.

На 10 јули 2017, Черчи потпишал за Хелас Верона.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Черчи бил член на сите младински селекции на Италија, од онаа под 16 до под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во ремито 2-2 против Бразил во пријателски натпревар.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 15 април 2017..

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2003-2004 Италија Рома А 1 0 КИ 0 0 КУ 0 0 - - 1 0
2004-2005 А 2 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - 2 0
2005-2006 А 1 0 КИ 1 0 КУ 0 0 - - 2 0
2006-2007 Италија Бреша Б 21 0 КИ 2 0 - - - - 23 0
2007-2008 Италија Пиза Б 26 10 КИ 2 0 - - - - 28 10
2008-2009 Италија Аталанта А 13 0 КИ 1 0 - - - - 14 0
2009-2010 Италија Рома A 9 0 КИ 2 0 ЛЕ 8[10] 3[11] - - 19 3
Вкупно Рома 13 0 3 0 8 3 - - 24 3
2010-2011 Италија Фјорентина А 24 7 КИ 3 1 - - - - 27 8
2011-2012 А 23 5 КИ 3 3 - - - - 26 8
Вкупно Фјорентина 47 12 6 4 - - - - 53 16
2012-2013 Италија Торино A 35 8 КИ 0 0 - - - - 35 8
2013-2014 A 37 13 КИ 1 0 - - - - 38 13
Вкупно Торино 72 21 1 0 - - - - 73 21
2014-јан. 2015 Шпанија Атлетико Мадрид ПД 6 0 КШ 1 0 ЛШ 2 1 СШ 0 0 9 1
јан.-јун. 2015 Италија Милан А 16 1 КИ 2 0 - - - - 18 1
2015-јан. 2016 А 13 0 КИ 2 0 - - - - 15 0
Вкупно Милан 29 1 4 0 - - - - 33 1
јан.-јун. 2016 Италија Џенова А 11 4 КИ 0 0 - - - - 11 4
2016-2017 Шпанија Атлетико Мадрид ПД 1 0 КШ 1 0 ЛШ 0 0 - - 2 0
Вкупно Атлетико Мадрид 7 0 2 0 2 1 - - 11 1
Вкупно во кариерата 239 48 21 4 10 4 0 0 270 56

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Prima Squadra Serie A Tim 2013–2014 Alessio Cerci“. torinofc.it. Torino Football Club. http://www.torinofc.it/prima-squadra/2013-2014/Centrocampisti/cerci-alessio. посет. 23 март 2013 г. 
  2. Alessio Cerci e Federica Riccardi si sono sposati: le foto del matrimonio | PourFemme
  3. Violanews.com, уред (22 gennaio 2012). „Conosciamo meglio Alessio Cerci: Scheda e video“. http://www.violanews.com/news.asp?idnew=62432. посет. 21 novembre 2012 г. 
  4. calcionews24.com, уред. „Torino, Ventura: «Cerci ha smentito tutti, è un giocatore universale»“. http://www.calcionews24.com/torino-ventura-cerci-ha-smentito-tutti-e-un-giocatore-universale-345197.html. посет. 9 marzo 2014 г. 
  5. Niente gol, ma lo spettacolo c'è Sampdoria-Roma finisce 0-0“, 16 maggio 2004.
  6. „Roma: Cerci firma fino al 2008“. http://www.tuttomercatoweb.com/?action=read&id=9370. посет. 21 novembre 2012 г. 
  7. Valerio Tripi. „Spalletti in emergenza "Ma al trofeo ci tengo"“, 22 marzo 2006.
  8. „Acuerdo con el Torino FC para el traspaso de Alessio Cerci“ (на spanish). Atlético Madrid's official website. 1 септември 2014. http://clubatleticodemadrid.com/noticias/acuerdo-con-el-torino-fc-para-el-traspaso-de-alessio-cerci. посет. 1 септември 2014 г. 
  9. Official:Verona sign Cerci football-italia.net
  10. 1 настап во преелиминарните кола.
  11. 1 гол во преелиминарните кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]