Прејди на содржината

Тијаго Мота

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тијаго Мота
Лични податоци
Роден на 28 август 1982(1982-08-28)(43 г.)
Роден во Сао Бернардо до Кампо, Бразил
Држава Бразил Бразил
Италија Италија (од 2011)
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 4 јули 2018 (35 г.)
Младинска кариера
Жувентус Жувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2002 Барселона Б Барселона Б 84 (12)
2001-2007 Барселона Барселона 96 (6)
2007-2008 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 6 (0)
2008-2009 Џенова Џенова 27 (6)
2009-2012 Интер Интер 55 (11)
2012-2018 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 166 (8)
Репрезентација
1999 Бразил Бразил 17 3 (1)
2003 Бразил Бразил (олимп.) 8 (1)
2003 Бразил Бразил 2 (0)
2011-2016 Италија Италија 30 (1)
Раководител на екипите
2018-2019 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен (У19)
2019 Џенова Џенова
2021-2022 Специја Специја
2022-2024 Болоња Болоња
2024-2025 Јувентус Јувентус

Тијаго Мота (роден на 28 август, 1982 година, во Сао Бернардо до Кампо) — бразилско-италијански фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред.

Израснат во младинскиот сектор на Барселона, дебитирал за Блауграна во 2001, останувајќи таму се до 2007 година тој освоил две шпански првенства, два Суперкупа на Шпанија и една титула во Лигата на шампионите. Во следните две години (2007-2009) од кариерата, тој играл прво за Атлетико Мадрид, а потоа за Џенова. Од 2009 до 2012 година, го носел дресот на Интер со кој освоил едно италијанско првенство, два Купа на Италија, Лигата на шампионите и едно Светско клупско првенство. Помеѓу 2012 и 2018 година, последната била и годината во која тој ја завршил својата играчка кариера, Мота играл за Париз Сен Жермен, каде освоил пет француски првенства, пет Лига купа на Франција, четири Купа на Франција и пет Суперкупа на Франција.

Роден и израснат во Бразил, но со италијанско потекло, Мота исто така има и италијански државјанство.[1] Откако забележал два настапи за Бразил во 2003, во 2011 тој се определил да настапува за италијанската репрезентација забележувајќи вкупно 30 настапи и еден гол. Тој бил дел од селекцијата на Аѕурите која била вицешампион на Европското првенство 2012.

По завршувањето на кариерата како фудбалер, тој се посветил на онаа како тренер. Почетоците ги имал во неговиот последен клуб, Париз Сен-Жермен, каде го водел младинскиот тим до 19 години. По краткото искуство во Џенова (2019), во сезоната 2021-2022 ја тренирал Специја, со која успеал да обезбеди опстанок во Серија А. Во 2022 година, тој седнал на клупата на Болоња, со која се квалификувал за Лигата на шампионите во сезоната 2023-2024, враќајќи ги Болоњезите во споменатото натпреварување по 60 години пауза. По завршувањето на сезоната се преселил во Јувентус.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Тијаго Мота има италијанско државјанство по потеклото: неговиот татко, Карло Роберто Мота, е од италијанско потекло од страната и на неговиот татко и од мајката. Всушност, на почетокот на 20 век, прадедото на Тијаго Мота, Фортунато Фогањоло, како млад човек роден во 1897 година, заминал во потрага по среќата во Јужна Америка од Полесела, во провинцијата Ровиго.[2]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Тој бил играч од средниот ред, кој најчесто играл во улогата на плејмејкер.[3] Како играч од суштинско значење во натпреварите на неговиот тим,[4][5] и во дефанзивната и во напаѓачката фаза,[4][6][7][8] тој бил надарен со техника,[8][9] физичка сила и способност за движење без топка,[6][7] и покрај недостатокот на брзина.[10] Прецизен во додавањата, флексибилен и тактички дисциплиниран,[5][8] меѓу неговите квалитети се вбројуваат и добриот шут од далечина и неговата способност за игра во воздухот.[6] Сепак, неговата кариера била обележана и од различни сериозни повреди.[11]

На клупата се покажува како тренер кој претпочита напаѓачки фудбал и пристап кој започнува од одбраната. За него се важни високиот пресинг, играта со топка на земја и движењата без топка. Најчесто ги користел следниве формации: 4-3-3, 4-2-3-1 и 4-1-4-1.[12]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Мота ја започнал својата кариера во родниот Бразил во Клуб Атлетико Ипиранга. Тој ја напуштил Ипиранга и се приклучил на Жувентус, бразилски клуб од областа Моока во сојузната држава Саун Пауло, основан од италијански емигранти. И токму во Жувентус, Тијаго ја имал првата шанса да стане професионален играч. Всушност, Жувентус е единствениот клуб во Бразил каде што играл Мота, и тој е многу благодарен за она што клубот го направил за него на почетокот на неговата кариера:

Додека играл за Жувентус, Мота бил повикан во бразилската репрезентација под 17 години за да го игра Турнирот во Тулон, во Франција, каде што бил забележан од скаутите на Барселона.

Барселона

[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, на возраст од само 17 години, тој потпишал за Барселона[13] по препорака на Љоренс Сера Ферер, тогашниот извршен директор на клубот. Тој ги одиграл првите три сезони во Б тимот,[13] правејќи притоа и неколку настапи за првиот тим но само во пријателски натпревари. Своето деби за првиот тим во официјален натпревар, Тијаго го направил под водството на тренерот Карлес Решак, на 3 октомври 2001 година, против Мајорка на Камп Ноу, во натпревар кој Блауграна го добила со 3-0. Во Б тимот играл на поофанзивни позиции, додека во првиот тим, тој бил преместен од Решак во средниот ред, каде што имал одлични перформанси, особено во Ел Класико против Реал Мадрид, каде што тој бил пофален за одличното маркирање на Зинедин Зидан.

По овој натпревар, тој станал столб во средниот ред на Барселона,[14] благодарение на неговата разновидност и неговиот статус како ЕУ играч (поради неговиот италијански пасош). Кон крајот на сезоната 2002-2003, под водството на тренерот Радомир Антиќ, Мота се наметнал како еден од најприсутните играчи во каталонскиот клуб, играјќи 26 натпревари и постигнал еден гол, против Реал Сосиедад. Сезоната 2004-2005, донела голем пех за бразилско-италијанскиот фудбалер: на 11 септември 2004 година, тој ги скинал лигаментите на десното колено за време на натпреварот против Севиља, повреда кој го извадила од игра за седум месеци.[13] Иако, тој се вратил на терен пред крајот на истата сезона, играјќи во победата со 2-0 над Хетафе, оваа повреда и последователното подобрување на тимот, значела дека Мота засекогаш ќе го загуби своето место во почетната постава на Барселона.

Вкупно за Блауграна тој одиграл 147 натпревари и постигнал 10 гола.

Атлетико Мадрид

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на август 2007 година, Мота потпишал едногодишен договор со Атлетико Мадрид за необјавена сума.[15] Уште еднаш започнувајќи ја сезоната повреден, во дресот на Атлетико Мадрид, Мота го имал своето најлошо искуство во кариерата, запишувајќи само 10 настапи за клубот во сите натпреварување во текот на сезоната 2007-2008. Дополнително, во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Валенсија, тој бил исклучен по само 25 минути, а „Колчонерос“ го загубиле натпреварот со 0–1 и последователно биле елиминирани.[16] Поради повредата на редовниот стартер Раул Гарсија и заминувањето на Маниш во јануари 2008 година, можностите за игра на Мота се зголемиле. Сепак, во март, хроничните проблеми со неговото колено повторно се појавиле и неговата сезона била завршена, проследено со успешна операција и рехабилитација во САД.[17][18]

На 14 септември 2008 година, на 26-годишна возраст, тој се преселил во Џенова.[19] Своето деби во Серија А со дресот на Грифоните го имал на 19 октомври за време на натпреварот Џенова - Сиена (1-0) влегувајќи во игра во 15-тата минута, додека 10 дена подоцна, на 29 октомври, го постигнал својот прв гол во италијанското првенство во победата на домашен терен со 2-1 над Каљари.[20] На 11 април 2009, тој постигнал два гола против Јувентус во победата со 3-2.[21]

Сезоната на Џенова, предводена од насоките на Тијаго Мота и головите на Диего Милито, била извонредна, толку многу што им овозможила на рособлу да се квалификуваат за Лига Европа, испуштајќи го од раце пласманот во Лигата на шампионите само поради неповолниот резултат во директните пресметки со Фјорентина. Во сезоната 2008-2009, Мота одиграл 27 натпревари и постигнал 6 гола за Џенова во Серија А.

На 20 мај 2009 година, претседателот на Џенова, Енрико Прециози, го потврдил трансферот на Мота и Диего Милито во Интер за сезоната 2009-2010:[22] трансферот на Мота бил официјализиран на 1 јули, кога тој станал играч на Интер откако нероаѕурите платиле за него сума од приближно 9 милиони евра.[23] Овoj потег на пазарот исто така бил во центарот на вниманието бидејќи Прециози, инхибиран, не можел самиот да преговара за продажбата, нешто што тој јавно го изјавил.[24]

Мота (првиот од десно) за време на тренинг со Интер во 2010

Своето деби за Интер го направил во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој неговиот тим бил поразен од Лацио со 1-2. На 23 август, дебитирал за нероаѕурите во првенството во натпреварот против Бари, кој завршил 1-1. Шест дена подоцна, за време на Дербито на Милано кое завршило 4-0 за Интер, тој го постигнал својот прв гол за клубот. На 3 април 2010 година, тој постигнал два гола во домашниот натпревар против Болоња. На 5 мај пристигнал и неговиот прв трофеј во Италија: тоа бил Купот на Италија освоен со победа во финалето, одиграно на Олимпико против Рома. Единаесет дена подоцна, на 16 мај, со клубот го освоил скудетото по натпреварот против Сиена.[25]

На 28 април, за време на полуфиналето на Лигата на шампионите против неговиот поранешен тим Барселона, тој бил исклучен откако очигледно со рака го удрил Серхио Бускетс во лицето: поради тоа, Интер бил принуден да го одигра остатокот од натпреварот со бројчана инфериорност, но сепак успеал да се пласира во финалето.[26] На 22 мај 2010 година, тој ја освоил тројната круна, откако Интер во финалето на Лигата на шампионите го победиле Бајерн Минхен со 2-0. Тој ја затворил 2010 година со освојување на Светското клупско првенство во декември. На 29 мај 2011 година, по сезона испрекината со бројни повреди, тој го освоил Купот на Италија победувајќи го Палермо со 3-1 во финалето. Во дресот на Интер одиграл 83 натпревари, постигнувајќи 12 гола и освои вкупно 6 титули: едно скудето, една Лига на шампиони, едно Светско клупско првенство, 2 Купа на Италија и еден Суперкуп на Италија.[27]

Париз Сен Жермен

[уреди | уреди извор]
Мота со ПСЖ во 2013

На 31 јануари 2012 година, тој бил продаден на Париз Сен Жермен,[27] за 11,5 милиони евра;[28] за време на официјалната презентација, тој открил дека доаѓањето во Париз бил неговиот личен и професионален избор, диктиран од потребата за промена, повторувајќи ја својата одлука, претходно соопштена до претседателот на Интер Масимо Морати дека сака да биде продаден.[29][30]

Своето деби во француското првенство го имал на 4 февруари, против Евијан; на 22 април го постигнал својот прв гол, во натпреварот против Сошо. Во сезоната 2012-2013, под водство на Карло Анчелоти, тој се борел да најде простор за игра: во средниот ред, италијанскиот тренер често го претпочитал триото Хавиер Пасторе, Блез Матуиди и Марко Верати. На крајот сепак ја славел титулата во француското првенство и покрај тоа што забележал само 15 настапи.

Мота играјќи за Париз Сен Жермен во натпревар од Лигата на шампионите против Челси во 2015

Следната година, тој се нашол во стартната постава благодарение на плановите на новиот тренер Лоран Блан; во август го освоил Суперкупот на Франција, а на 17 септември за прв пат во кариерата постигнал два гола во ист натпревар од Лигата на шампионите, против Олимпијакос. Уживајќи во најдобрата сезона во својата кариера, Мота забележал 47 настапи и 6 гола за ПСЖ во текот на сезоната 2013-2014, освојувајќи ја на крајот од сезоната својата втора последователна титула во Франција.

Тој останал важен играч за Париз Сен Жермен и во следните три сезони, дури и кога Блан бил заменет на клупата од Унаи Емери во летото 2016, играјќи во најголемиот дел натпреварите во тие три сезони и освојувајќи нови две титули во француската Лига 1 (2014-2015 и 2015-2016). Покрај првенството освоил уште по три Купови и Лига купови на Франција (во сезоните 2014-2015, 2015-2016 и 2016-2017) и три Суперкупа на Франција (2014, 2015, 2016). Во меѓувреме, на 26 април 2017, тој го одиграл својот 200-ти натпревар за клубот, во победата со 5-0 над Монако во полуфиналето на Купот на Франција 2016-2017 и ја носел капитенската лента на Париз Сен Жермен во неколку наврати.[31]

Во неговата последна играчка сезона во кариерата, 2017-2018, неговите настапи драстично се намалиле во однос на претходните сезони: одиграл 28 натпревари, придонесувајќи за освојувањето на сите четири домашни натпреварувања. Во мај 2018 година, тој објавил дека сака да се пензионира на крајот на сезоната за да продолжи со тренерската кариера, после вкупно 231 настап и 12 гола за шест и пол години во ПСЖ, освојувајќи 19 титули.

Севкупно во својата кариера одиграл повеќе од 600 натпревари за клубовите и репрезентациите, освојувајќи 30 трофеи.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тијаго Мота бил повикан во сениорската репрезентација на Бразил, играјќи за неа двапати, и во двата случаи за време на КОНКАКАФ Голд купот 2003, на кој кариоките го освоиле второто место. Тој претходно бил член на бразилските селекции под 17 години и олимписката репрезентација под 23 години.[32]

Мота пред почетокот на натпреварот против Шпанија, во рамките на фазата по групи на Европското првенство 2012

По неговиот трансфер во Џенова и одличните настапи во италијанското првенство, започнала да се разгледува можноста за негово повикување во италијанската репрезентација, за кое играчот се изјаснил потврдно и се ставил на располагање,[33] а за која можел да игра со оглед на неговото двојно државјанство. На 6 февруари 2011 година, тој бил повикан во националниот тим од селекторот Чезаре Прандели за пријателскиот натпревар закажан против Германија.[34] Неговата достапност да го носи синиот дрес сепак била доведена во прашање поради неговите настапи за Бразил претходно.

Конечното овластување пристигнало од ФИФА ​​непосредно пред да биде повикан, врз основа на членот 18 од Статутот на Меѓународната федерација.[35][36][37] Потоа, тој го направил своето деби за Италија на 9 февруари 2011 година, на 28-годишна возраст, во натпреварот кој завршил нерешено 1-1 против Германија одигран во Дортмунд.[38] На 25 март, во својот втор натпревар за Аѕурите, Мота го постигнал својот прв гол за репрезентацијата, победничкиот во успехот со 1-0 против Словенија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012.[39]

Мота, со помош на медицинскиот персонал на Италија, го напушта теренот за време на финалето на Евро 2012 загубено од Шпанија

Откако помогнал Италија успешно да ги мине квалификациите, Мота бил повикан на Европското првенство 2012; таму, одиграл пет од шесте натпревари на репрезентацијата (не настапил само во четвртфиналето против Англија), која стигнала до финалето, каде загубила со 4-0 од Шпанија. Откако влегол во второто полувреме од финалето, тој морал да го напушти теренот по само 3 минути игра поради истегнат мускул, оставајќи ја Италија со 10 играчи до крајот на натпреварот. Со тоа бил поставен рекорд, а токму Тијаго Мота бил играчот кој најкратко останал на теренот во едно финале на Европските првенства.

Тој бил повикан од Прандели и за Светското првенство 2014,[40] каде излегол на терен и во трите натпревари кои ги одиграла Италија, која била елиминирана во групната фаза.

По скоро 2 години отсуство од националниот тим, тој бил повикан повторно од новиот селектор Антонио Конте за пријателските натпревари против Шпанија и Германија на 24 и 29 март 2016 година,[41][42] во кои бил стартер.

Конте, последователно го повикал и за Европското првенство 2016 во Франција,[43] каде ги одиграл првите четири натпревари, но не можел да го одигра петтиот, натпреварот од четвртфиналето против Германија поради суспензија од парни жолти картони,[44] а токму во тој Италија била елиминирана по изведување на пенали.

По завршувањето на Европското првенство 2016, Тијаго Мота се збогувал со репрезентацијата, забележувајќи вкупно 30 настапи и еден гол во италијанскиот национален дрес.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
  • Италија
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-2-2011ДортмундГерманија Германија1 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 81'
25-3-2011ЉубљанаСловенија Словенија0 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 20121
10-8-2011БариИталија Италија2 – 1Шпанија ШпанијаПријателска-заменет 46'
2-9-2011ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 2012-заменет 73'
6-9-2011ФиренцаИталија Италија1 – 0Словенија СловенијаКвал. за ЕП 2012-заменет 46'
11-11-2011ВроцлавПолска Полска0 – 2Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 46'
29-2-2012ЏеноваИталија Италија0 – 1САД САДПријателска-заменет 59'
1-6-2012ЦирихИталија Италија0 – 3Русија РусијаПријателска-влегол во игра 61'
10-6-2012ГдањскШпанија Шпанија1 – 1Италија ИталијаЕвро 2012 - Прва фаза-заменет 90'
14-6-2012ПознањИталија Италија1 – 1Хрватска ХрватскаЕвро 2012 - Прва фаза-заменет 62'
18-6-2012ПознањИталија Италија2 – 0Ирска ИрскаЕвро 2012 - Прва фаза-
28-6-2012ВаршаваГерманија Германија1 – 2Италија ИталијаЕвро 2012 - Полуфинале-влегол во игра 63'
1-7-2012КиевШпанија Шпанија4 – 0Италија ИталијаЕвро 2012 - Финале-влегол во игра 57'
6-9-2013ПалермоИталија Италија1 – 0Бугарија БугаријаКвал. за СП 2014-
10-9-2013ТориноИталија Италија2 – 1Чешка ЧешкаКвал. за СП 2014-влегол во игра 86'
11-10-2013КопенхагенДанска Данска2 – 2Италија ИталијаКвал. за СП 2014-
15-11-2013МиланоИталија Италија1 – 1Германија ГерманијаПријателска-добил жолт картон во 80-тата минута 80'
18-11-2013ЛондонИталија Италија2 – 2Нигерија НигеријаПријателска-заменет 53'
5-3-2014МадридШпанија Шпанија1 – 0Италија ИталијаПријателска-заменет 62'
31-5-2014ЛондонИталија Италија0 – 0Ирска ИрскаПријателска-заменет 62'
14-6-2014МанаусАнглија Англија1 – 2Италија ИталијаСП 2014 - Прва фаза-влегол во игра 57'
20-6-2014РесифеИталија Италија0 – 1Костарика КостарикаСП 2014 - Прва фаза-заменет 46'
24-6-2014НаталИталија Италија0 – 1Уругвај УругвајСП 2014 - Прва фаза-влегол во игра 75'
24-3-2016УдинеИталија Италија1 – 1Шпанија ШпанијаПријателска-добил жолт картон во 45-тата минута 45'
29-3-2016МинхенГерманија Германија4 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 68'
6-6-2016ВеронаИталија Италија2 – 0Финска ФинскаПријателска-заменет 63'
13-6-2016ЛионБелгија Белгија0 – 2Италија ИталијаЕвро 2016 - Прва фаза-влегол во игра 78' добил жолт картон во 84-тата минута 84'
17-6-2016ТулузаИталија Италија1 – 0Шведска ШведскаЕвро 2016 - Прва фаза-влегол во игра 74'
22-6-2016ЛилИталија Италија0 – 1Ирска ИрскаЕвро 2016 - Прва фаза-
27-6-2016Сен ДениИталија Италија2 – 0Шпанија ШпанијаЕвро 2016 - Осминафинале-влегол во игра 54' добил жолт картон во 89-тата минута 89'
Вкупно Настапи 30 Голови 1
  • Бразил
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-7-2003Град МексикоМексико Мексико1 – 0Бразил БразилГолд куп 2003 - Прва фаза-влегол во игра 54'
15-7-2003Град МексикоБразил Бразил2 – 1Хондурас ХондурасГолд куп 2003 - Прва фаза-влегол во игра 55'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

На 18 јули 2018 година, Мота станал тренер на тимот до 19 години на Париз Сен Жермен.[45] На 27 септември, добил лиценца од прв степен од УЕФА.[46] На крајот од сезоната, тој ја напуштил позицијата во взаемен договор со парискиот клуб, и покрај тоа што завршил на второто место на табелата и стигнал до осминафиналето на УЕФА Младинската лига.[47]

На 22 октомври 2019 година, на 37-годишна возраст, тој бил назначен за нов тренер на Џенова, клубот за кој настапувал една година како играч, заменувајќи го Аурелио Андреацоли.[48] Четири дена подоцна, тој го имал своето деби како професионален тренер во натпреварот од Серија А во кој ја победил Бреша со 3-1 на Лујџи Ферарис; сите голови за Рособлу бил постигнати од три различни играчи кои влегле во игра како замена, што е рекорд во историјата на Серија А.[49][50] По 10 натпревари, во кои тимот постигнал само 2 победи (исто така сметајќи го тука и Купот на Италија,[51] во кој го победиле Асколи со 3-2 ) и се нашол на последното место во поредокот, на 28 декември 2019 година тој добил отказ.[52]

Во септември 2020 година, се здобил со квалификација за професионален тренер од прва категорија - УЕФА Про, со оцена 108/110.[53]

На 8 јули 2021 година, тој бил назначен за нов тренер на друг клуб од Серија А, Специја.[54] Водејќи ги Лигуријците, Мота обезбедил опстанок со клубот во Серија А и тоа на едно коло пред крајот, победувајќи на гостувањето кај Удинезе (3-2), со што ја завршиле сезоната на петтото место одзади на табелата.[55] Во текот на сезоната „орлите“ постигнале неколку победи за паметење како оние на гостувањата кај Милан (1-2)[56] и кај Наполи (0-1).[57] И покрај тоа што ја постигнал целта и останал во првата лига, на крајот од сезоната Мота и Специја се договориле да го раскинат договорот.[58]

Мота го слави пласманот во Лигата на шампионите со играчите на Болоња по завршувањето на сезоната 2023-2024

На 12 септември 2022 година, Мота бил повикан да седне на тренерската клупа на Болоња, во тоа време дванаесетта на табелата во Серија А со шест освоени бодови по исто толку одиграни натпревари, заменувајќи го отпуштениот Синиша Михајловиќ.[59] После три порази и реми и по победата над Каљари во второто коло на Купот на Италија, првата победа во Серија А 2022-2023 за Мота како тренер на Болоња пристигнала на 23 октомври против Лече (2-0) на Ренато Дал'Ара.[60] Откако изборил три победи во четири натпревари во февруари, вклучително и една против Интер (1-0), Мота бил прогласен за добитник на наградата за најдобар тренер на месецот од Лега Серија А.[61] Болоња го завршила првенството на деветтото место со 54 бода (тогашен клупски рекорд по бодови), од кои 48 во 32 натпревари под водство на Мота, со скор од 13 победи, 9 нерешени и 10 порази.[62]

Во следната сезона, Мота ја водел Болоња во првенството далеку над првичните очекувања,[63][64] освојувајќи ја наградата за тренер на месецот два месеци по ред,[65] завршувајќи на петтото место во рангирањето, пласман што им донел квалификација за Лигата на шампионите, прва за оваа екипа по 60 години.[66] Во мај 2024 година, било објавено дека тренерот нема да го продолжи договорот што му истекува, со што ќе го напушти клубот на крајот на сезоната;[67] последен пат на клупата на Болоња седнал на 24 мај, при поразот со 2-0 од Џенова.[68][69]

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 12 јуни 2024, Мота бил назначен за тренер на Јувентус.[70] Своето деби на кормилото на Јувентус го имал на 19 август, победувајќи го Комо со 3-0 во првото коло од Серија А 2024-2025.[71]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1999-2000Шпанија Барселона БСДБ332---------332
2000-2001СДБ295---------295
2001-2002СДБ16+6[72]4+1[72]---------225
Вкупно Барселона Б78+611+1------8412
2001-2002Шпанија БарселонаПД181КШ10ЛШ70---261
2002-2003ПД213КШ10ЛШ13[73]2---355
2003-2004ПД201КШ10КУ51---262
2004-2005ПД80КШ00ЛШ00---80
2005-2006ПД151КШ11ЛШ70СШ00232
2006-2007ПД140КШ40ЛШ60СШ+СУ+Скп2+1+20290
Вкупно Барселона966813835014710
2007-2008Шпанија Атлетико МадридПД60КШ20КУ20---100
2008-2009Италија ЏеноваА276КИ00------276
2009-2010Италија ИнтерА264КИ50ЛШ80СИ10404
2010-2011А194КИ30ЛШ51СИ+СУ+Скп0+0+20295
2011-јан. 2012А103КИ10ЛШ20СИ10143
Вкупно Интер551190151408312
јан.-јун. 2012Франција Париз Сен ЖерменЛ1142КФ+ЛКФ2+00ЛЕ00---162
2012-2013Л1121КФ+ЛКФ1+00ЛШ20---151
2013-2014Л1323КФ+ЛКФ2+31+0ЛШ92СФ10476
2014-2015Л1270КФ+ЛКФ2+20ЛШ60СФ10380
2015-2016Л1321КФ+ЛКФ3+10ЛШ90СФ00451
2016-2017Л1300КФ+ЛКФ4+21+0ЛШ50СФ10421
2017-2018Л1191КФ+ЛКФ4+00ЛШ40СФ10281
Вкупно Париз Сен Жермен16682623524023112
Вкупно во кариерата428+642+147390613058452

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
РепрезентацијаГодинаНастГол
Бразил Бразил 200320
Вкупно 2 0
Италија Италија 2011 6 1
2012 7 0
2013 5 0
2014 5 0
2015 0 0
2016 7 0
Вкупно 30 1
Вкупно во кариерата321

Тренерска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 24 мај 2024.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
НатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИОНПНИ%
окт.-дек. 2019Италија ЏеноваА9135КИ1100---------- &1000000000000001000000010 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 &100000000000000050000005 &1000000000000200000000020,00 наз. 19., отп. 20. место
2021-2022Италија СпецијаА3810622КИ2101---------- &1000000000000004000000040 &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &1000000000000002300000023 &1000000000000275000000027,50 16. место
сеп. 2022-2023Италија БолоњаА3213910КИ2101---------- &1000000000000003400000034 &1000000000000001400000014 &100000000000000090000009 &1000000000000001100000011 &1000000000000411800000041,18 наз., 9. место
2023-2024А3818146КИ4310---------- &1000000000000004200000042 &1000000000000002100000021 &1000000000000001500000015 &100000000000000060000006 &1000000000000500000000050,00 5. место
Вкупно Болоња703123166411-------- &1000000000000007600000076 &1000000000000003500000035 &1000000000000002400000024 &1000000000000001700000017 &1000000000000460500000046,05
2024-2025Италија ЈувентусА2200КИ0000ЛШ0000СИ+Скп0+00+00+00+0 &100000000000000020000002 &100000000000000020000002 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &10000000000010000000000100,000 во тек
Вкупно во кариерата119443243961200000000 &10000000000000128000000128 &1000000000000005000000050 &1000000000000003300000033 &1000000000000004500000045 &1000000000000390600000039,06

Барселона

[уреди | уреди извор]
2004-2005, 2005-2006
2005, 2006
2005-2006
2009-2010
2009-2010, 2010-2011
2010
2009-2010
2010

Париз Сен Жермен

[уреди | уреди извор]
2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018
2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018
2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013, 2014, 2015, 2016, 2017

Поединечни

[уреди | уреди извор]
Серија А Тим на годината: 2011
Идеална постава на Лига 1 : 2014
  1. „Azzurri più vicini all' Europa grazie al signor Fogagnolo“ [Blues closer to Europe thanks to Mr. Fogagnolo]. Corriere della Sera (италијански). 27 March 2011. Посетено на 12 February 2012.
  2. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. vol. 27 (2010-2011). La Gazzetta dello Sport. 5 ноември 2012. стр. 5.
  3. Elefante; Licari (31 мај 2016). „Nazionale, i 23 convocati: De Rossi c'è, Insigne, Sturaro e Bernardeschi pure“. Посетено на 9 ноември 2018.
  4. 1 2 Robin Bairner (14 мај 2014). „Who is Paris Saint-Germain's Player of the Season?“ (англиски). Посетено на 2 јуни 2016.
  5. 1 2 Luciano Cremona (10 март 2016). „Thiago Motta e la Nazionale: Conte lo ignora, meriterebbe gli Europei?“. Посетено на 2 јуни 2016.
  6. 1 2 3 „Thiago Motta“ (англиски). Посетено на 2 јуни 2016.
  7. 1 2 Lorenzo Mangini (14 април 2009). „Thiago Motta e la scommessa-gol. 'Mi esalto se gioco con le punte'. Посетено на 2 јуни 2016. Занемарен непознатиот параметар |pubblicazione= (help)
  8. 1 2 3 Riccardo Pratesi (26 marzo 2011). „Il pensiero azzurro di Prandelli , "Serenità e voglia di bel gioco" - La Gazzetta dello Sport“. Посетено на 9 novembre 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. Mirko Graziano (2 giugno 2016). „Nazionale, De Rossi: "Qui per vincere. Thiago Motta? Sciacquatevi la bocca". Посетено на 9 ноември 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. Riccardo Signori (19 јуни 2014). „Thiago Motta, il figlio dell'82 Oriundo fa rima con mondiale“. Посетено на 2 јуни 2016.
  11. „Inter: l'ultimo mese di mercato“. 2 август 2010. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 9 ноември 2018.
  12. „No, Thiago Motta non ha inventato il 2-7-2“. 23 октомври 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  13. 1 2 3 „Biografia“. Посетено на 10 фервуари 2011. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help) Thiago Motta.com
  14. „La favola bella di Thiago Motta, carioca che stasera indossa la maglia azzurra“. Посетено на 10 febbraio 2011. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help) Il Sole 24 ore
  15. „Thiago Motta es nuevo jugador del Club Atlético de Madrid“ [Thiago Motta new Club Atlético de Madrid player] (шпански). Atlético Madrid. 31 August 2007. Архивирано од изворникот на 8 February 2009. Посетено на 24 August 2009.
  16. Malagón, Manuel (23 January 2008). „El Valencia deja al Atlético en pie“ [Valencia leave Atlético standing]. Marca (шпански). Посетено на 20 June 2014.
  17. „Second foot op for Motta“. UEFA. 5 August 2005. Посетено на 11 May 2010.
  18. „Atlético lose Motta for the season“. UEFA. 29 February 2008. Посетено на 13 September 2022.
  19. „UFFICIALE: Thiago Motta al Genoa“.
  20. Paolo Malpezzi (29 октомври 2008). „Genoa cinque meraviglie“. Посетено на 15 јуни 2016. Занемарен непознатиот параметар |city= (help)
  21. „Genoa corsaro, 3-2 alla Juventus“.
  22. „Milito e Motta all'Inter Al Genoa Acquafresca“. Посетено на 20 мај 2009. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  23. „Thiago Motta - Transfer history“.
  24. „Moratti deferito per Milito-Motta. Trattò con l'inibito Preziosi“.
  25. Valerio Clari (16 мај 2010). „Inter, scudetto numero 18 Milito-gol per il tricolore“. Посетено на 15 јуни 2016.
  26. „L'Inter è in finale. Solo un gol del Barcellona“. 28 април 2010. Посетено на 9 ноември 2019.
  27. 1 2 „Mercato: Thiago Motta al Paris Saint-Germain“. 31 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 6 ноември 2019. Посетено на 31 јануари 2012. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  28. „Motta, sono 11,5 i milioni incassati da Moratti“. 1 февруари 2012. Посетено на 1 февруари 2012.
  29. „T. Motta:"Psg scelta professionale". Il centrocampista si presenta a Parigi“. 1º febbraio 2012. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2024-08-29. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  30. "Motta è scappato via dall'Inter" - L'agente: "Pregò Moratti con un sms". 7 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2018-08-16. Посетено на 2024-08-29.
  31. Jonathan Johnson (27 април 2017). „Thiago Motta wants domestic double after reaching PSG landmark“. espn. Посетено на 29 август 2024.
  32. Mirko Graziano (18 август 2009). „Thiago Motta «Il mio è sangue italiano, ecco perché oggi fra Italia e Brasile sceglierei Lippi...»“. La Gazzetta dello Sport. стр. 12. Посетено на 7 февруари 2011.
  33. „Genoa, Thiago Motta: "Giocare con l'Italia? Sarebbe un sogno". 26 февруари 2009. Посетено на 7 април 2009.
  34. „Italia: per Prandelli ci sono Matri e Thiago Motta“. 6 febbraio 2011. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 12 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  35. „Inter, Thiago Motta in Azzurro: la FIFA dà l'ok“.
  36. "Cassano? È la sua ultima possibilità". 7 февруари 2011. Посетено на 22 декември 2019.
  37. „Thiago Motta e Matri in azzurro“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  38. „Germania-Italia 1-1: Non male questi azzurri! Pepito Rossi rovina la festa di Löw“.
  39. „Italia, basta Thiago Motta Che colpo in Slovenia!“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 26 март 2011. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  40. „Nazionale, ecco i 23 di Prandelli: niente Brasile per Giuseppe Rossi“. Посетено на 9 ноември 2019.
  41. „Nazionale: Conte chiama Bernardeschi e Jorginho, torna Thiago Motta“. Посетено на 9 ноември 2019.
  42. „Nazionale: Conte chiama Bernardeschi e Jorginho, torna Thiago Motta“. Посетено на 9 ноември 2019.
  43. „Inizia il 'Sogno Azzurro': su Rai 1 ufficializzata la lista dei convocati per l'Europeo“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 31 мај 2016. Занемарен непознатиот параметар |datе= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  44. „Euro2016, Motta squalificato per la Germania e i social festeggiano“. Посетено на 26 октомври 2019.
  45. „Thiago Motta named new Paris Saint-Germain U19 coach“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  46. „Juventus scuola di allenatori: abilitazione Uefa A per Pirlo e Montero“. Посетено на 26 ottobre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  47. „Thiago Motta lascia il Psg: non allenerà più l'Under 19“. Посетено на 26 октомври 2019.
  48. „Thiago Motta è l'allenatore del Genoa“. 22 октомври 2019.
  49. „VITTORIA CON RECORD IN SERIE A (3-1)“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 26 октомври 2019.
  50. „Genoa-Brescia, i gol rossoblu arrivano da 3 sostituti: è record“. 26 октомври 2019. Посетено на 26 октомври 2019.
  51. „Coppa Italia, Genoa-Ascoli 3-2: rimonta rossoblù e Grifone agli ottavi“. 3 декември 2019. Посетено на 28 декември 2019.
  52. „Davide Nicola è il nuovo tecnico“. 28 декември 2019.
  53. „Juventus, Pirlo allenatore abilitato: superato l'esame per il patentino Uefa Pro“. 16 септември 2020. Посетено на 12 јуни 2024.
  54. „Ufficiale: Thiago Motta è il nuovo allenatore dello Spezia Calcio“. 8 јули 2021.
  55. „Spezia, tre gol in rimonta a Udine e salvezza aritmetica: finisce 2-3“. Посетено на 2022-05-15.
  56. „FINALE Milan-Spezia 1-2: Gyasi gela San Siro al 96'!“. Посетено на 2022-05-15.
  57. „Lo Spezia ha vinto a Napoli senza mai tirare in porta“. Посетено на 2022-05-15.
  58. „Comunicato Ufficiale“. Посетено на 2022-06-28.
  59. „Thiago Motta è il nuovo allenatore del Bologna“. 12 септември 2022. Посетено на 12 септември 2022.
  60. „Bologna, tutto facile col Lecce: 2-0 e primi tre punti per Thiago Motta“. 23 октомври 2022. Посетено на 8 март 2023.
  61. Vittorio Rotondaro (8 март 2023). „Soddisfazione Thiago Motta: è il miglior allenatore del mese di febbraio“. Посетено на 8 март 2023.
  62. Pietro Agoglia (5 giugno 2023). „Bologna record punti: impresa per Thiago Motta“. Посетено на 6 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  63. Nicola Santolini (5 јануари 2024). „Ce la può fare il Bologna ad arrivare in Champions League?“. Посетено на 23 мај 2024.
  64. Mark Carey (25 март 2024). „Football's best up-and-coming managers: Thiago Motta, a fascinating tactician“ (англиски). Посетено на 23 мај 2024.
  65. Stefano Francesco Utzeri (2024-04-11). „Serie A, Thiago Motta Allenatore del Mese di marzo: secondo premio consecutivo“. 1000 Cuori Rossoblu (италијански). Посетено на 2024-06-21.
  66. „Il Bologna è forte coi forti“. 13 мај 2024. Посетено на 23 мај 2024.
  67. „Nota del Club“. 23 мај 2024. Посетено на 23 мај 2024.
  68. „Malinovskyi-Vitinha, festa Genoa: piega il Bologna e rende amaro l'addio di Motta“. 24 мај 2024. Посетено на 25 мај 2024. Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help)
  69. „Il saluto commosso di Thiago Motta al Bologna“. 25 мај 2024. Посетено на 25 мај 2024.
  70. „Benvenuto, Mister Thiago Motta!“. 12 јуни 2024.
  71. „Juventus - Como | La partita“. 19 август 2024.
  72. 1 2 Регуларна сезона+Плејоф
  73. 1 настап во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]