ФК Париз Сен-Жермен, (на француски Le Paris Saint-Germain, се чита: Ле Пари Сен Жермен) е професионален францускифудбалски клуб од Париз кој игра во првата француска лига во фудбал. Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој е со капацитет од 48.713 места[1] е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година.[2] ПСЖ е најуспешниот француски клуб во историјата во однос на освоените трофеи, со 34. На домашен терен, Парижаните освоиле шест титули од Лига 1, рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на УЕФА, Куп на победниците на Куповите и еден Куп на Интертото на УЕФА.[3].Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во францускиот фудбалски шампионат во, Лига 1.[4]
Париз С.Ж. е исто така единствениот клуб што никогаш не бил исфрлен од Лига 1, [5] и е еден од само двата француски клуба кои освоиле голема европска титула,[5] а исто така претставува најпопуларен француски клуб.[6] Покрај тоа, црвено-сините имаат долгогодишно ривалство со Олимпик Марсеј.Најозлогласениот меч во францускиот фудбал, е познат како Ле Класик .[7] Катарската акционерска организација Oryx Qatar Sports Investments (QSi) станала сопственик на клубот во 2011 година.[8] Преземањето го направи ПСЖ најбогатиот клуб во Франција и еден од најбогатите во светот.[9]
Париз Сен-Жермен бил основан на 12 август 1970 година по спојувањето на ФК Париз - кој бил основан една година порано за да ја пополни празнината за немање топ-клуб во главниот град - и Stade Saint-Germain, основан во 1904 година во Сен Жермен-ен-Леј, роден град на Луј XIV.[4]
Сепак, ПСЖ навистина во 1973 година, започнал со игра кога модниот дизајнер Даниел Хехтер го презел клубот. Тренирани од француската фудбалска легенда Жуст Фонтаин, ПСЖ ја добил промоцијата во првата дивизија една година подоцна и полека залпочна да ги привлекува првите ѕвезди на црвено-синиот дрес, како Мустафа Далеб и Карлос Бјанки.[4]
Во 1978 година, Даниел Хехтер ја презел контролата на клубот од Френсис Борели, под чие водство црвено-сините ги забележале првите успеси освојувајќи го: Францускиот куп во 1982 и 1983 година, и лигата во 1986 година, во текот на една деценија која била обележана од играчи како Сафет Сушиќ, Луис Фернандез и Доминик Рошото.[4]
Канал+ го првземал клубот во 1991 година, и го предводел ПСЖ во првите редови на европските натпреварувања. Помеѓу 1993 и 1997 година, клубот од францускиот главен град играл на пет европски полуфинални натпревари по ред. Предводени од фудбалските икони Давид Жинола, Џорџ Ваах и Валдо, меѓу другото, ПСЖ ја освоил втора титула во лигата во 1994 година, две години пред да го подигне купот.[4]
На почетокот на 21 век, во клубот играле нови ѕвезди. Но, и покрај способноста на Роналдињо и погодоците на Паулета, ПСЖ се борел да ги премести височините. Сето тиа се променило во 2011 година со доаѓањето на новите сопственици, Орикс Катар Спорт Инвестментс (QSi) и претседателот Насер Ал-Келаифи.[4] Тие воспоставиле исклучително амбициозен проект да го преземе Париз С.Ж. на самитите на европската игра.[4] Нападнат од Златан Ибрахимовиќ и Нејмар,[10] ПСЖ станал фудбалски рекордер во Франција со вкупно освоени титули од 1918-денес и најуспешен француски клуб во историјата,[4] со 34 трофеи.[3]
↑Сезону је обележио корупцијски скандал са Олимпик Марсељом, коме је титула одузета, а Canal+ (тада власник клуба) је одбио да прихвати титулу ПСЖ-а, као другом иза Олимпика, јер канал није желео да се замера својим покрајинским претплатницима