Фудбалски куп на Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куп на Италија
ЗемјаИталија Италија
Основана1922
Број на клубови78
Тековен првакЈувентус Јувентус (14. титула)
(2020–2021)
Најмногу титулиЈувентус Јувентус
(14 титули)
Мрежно местоКуп на Италија
Трофеј
Фудбалски куп на Италија 2020-2021

Фудбалскиот куп на Италија (или познат по тамошното име Coppa Italia) е национален куп во фудбал на Италија. Првпат натпреварувањето било одржано во 1922, но друго вакво натпреварување не било одржано сè до 1936, од кога се играло редовно до 1943 година. Потоа натпреварувањето продолжило во 1958 година и оттогаш сè до денес се игра секоја сезона.

Најуспешен клуб е Јувентус со 14 титули. Рома од сите клубови има одиграно најмногу финалиња, дури 17, потоа следи Јувентус со 16 финалиња. Торино е клубот кој има најмногу загубени финалиња (осум).

Победникот во Купот на Италија добива место во европските турнири, поточно во Лигата на Европа. Клубот кој ќе ја освои Копа Италија 10 пати, ќе биде награден со сребрена ѕвездичка, слично како и тимот кој ќе го освои 10 пати Скудетото што добива златна ѕвезда. Со титулата во 2015, екипата на Јувентус ја освоила првата сребрена ѕвезда во италијанскиот фудбал, додека на екипата на Рома ѝ недостасува уште еден наслов до ѕвездата.

Ова натпреварување е познато и по подпросечната посетеност, затоа што повеќето екипи не играат со своите најдобри играчи во поголемиот дел од турнирот. Додека во Серија А, клубовите имаат и до 50.000 навивачи на натпревар, во купот едвај се собираат околу 30.000. Најмногу гледачи има во завршницата на турнирот, кога екипите се борат за влез во Европа, поточно во Лигата на Европа.

Формат[уреди | уреди извор]

Натпреварувањето е нокаут турнир каде секоја победа ве води коло напред. Самиот жреб се објавува на почетокот уште пред да биде одигран ниту еден натпревар. Освен во полуфиналето каде се играат и реванш натпревари секое друго коло има само еден натпревар. Ако екипите одиграат нерешено се играат продолженија, а ако и во нив не се добие победник, се изведуваат пенали. Всушност турнирот е составен од две фази, каде во секоја има по четири рунди.

Турнирот започнува во август и во првата рунда учествуваат екипите од пониските лиги. Најдобрите осум клубови од Серија А од претходната сезона се приклучуваат во осминафиналето, а останатите 12 во третото коло. Финалето се игра по завршувањето на првенствата.

Фаза Рунда Клубови
останати
Клубови
вклучени
Победници од
претходната рунда
Ново влезени
во оваа рунда
Лигите од кој влегуваат клубовите во оваа рунда
Прва фаза Прва рунда 78 36 нема 36 Екипи од Лега Про и Серија Д
Втора рунда 60 40 18 22 Серија Б
Трета рунда 40 32 20 12 Послабо рангираните екипи од Серија А од претходната сезона
Четврта рунда 24 16 16 нема никој
Втора фаза Осминафинале 16 16 8 8 Виско рангираните екипи од Серија А
Четвртфинале 8 8 8 нема никој
Полуфинале 4 4 4 нема никој
Финале 2 2 2 нема никој

Досегашни победници[уреди | уреди извор]

Куп на Италија

Најмногу титули[уреди | уреди извор]

Клуб Број на титули
Јувентус Јувентус 14
Рома Рома 9
Лацио Лацио 7
Интер Интер 7
Фјорентина Фјорентина 6
Наполи Наполи 6
Торино Торино 5
Милан Милан 5
Сампдорија Сампдорија 4
Парма Парма 3
Болоња Болоња 2
Вадо 1
Џенова Џенова 1
Венеција Венеција 1
Аталанта Аталанта 1
Виченца Виченца 1

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]