Суперкуп на Италија
| Земја | |
|---|---|
| Основана | 1988 |
| Број на клубови | 2 |
| Тековен првак | (2021) |
| Најмногу титули | (9. титули) |
| Мрежно место | legaseriea.it/it/supercoppa |
| Трофеј | |
Суперкуп на Италија (италијански: Supercoppa Italiana) е годишно фудбалско натпреварување што најчесто се одржува една недела пред почетокот на секоја сезона во Италија. Натпреварот се игра помеѓу победникот на Серија А и освојувачот на Купот на Италија од претходната сезона. Доколку еден ист клуб ги освои двете натпреварувања, тогаш финалистот на купот добива право да учествува во Суперкупот на Италија. Оваа ситуација до сега се случила 7 пати: во 1995, 2000, 2006, 2010, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.
Во Суперкупот на Италија се игра еден натпревар, кој низ историското минато најчесто се играл на стадионот на победникот во Серија А. Некои натпревари се одиграле и надвор од границите на Италија во странство. Така на пример во 1993 и 2003 година натпреварот се одиграл во САД, во градовите Вашингтон и Ист Ратерфорд, потоа натпреварот во 2002 година бил одигран во Триполи, Либија, во 2009, 2011 и 2012 година на стадионот Птичјо гнездо во Пекинг, во 2014 и 2016 година во Доха, Катар и во 2015 година на Стадионот Шангај во градот кој го носи истото име.
Јувентус е најуспешниот клуб со 9 освоени титули. Тие го добиле и последното издание одиграно на 20 јануари 2021 на стадионот Мапеи, во кое го победиле Наполи со 2-0.
Победници
[уреди | уреди извор]Успешност по клубови
[уреди | уреди извор]
| Клуб | Победник | Финалист | Години победник | Години поразен |
|---|---|---|---|---|
| Јувентус | 1995, 1997, 2002, 2003, 2012, 2013, 2015, 2018, 2020 | 1990, 1998, 2005, 2014, 2016, 2017, 2019, 2021 | ||
| Милан | 1988, 1992, 1993, 1994, 2004, 2011, 2016 | 1996, 1999, 2003, 2018 | ||
| Интер | 1989, 2005, 2006, 2008, 2010, 2021 | 2000, 2007, 2009, 2011 | ||
| Лацио | 1998, 2000, 2009, 2017, 2019 | 2004, 2013, 2015 | ||
| Рома | 2001, 2007 | 1991, 2006, 2008, 2010 | ||
| Наполи | 1990, 2014 | 2012, 2020 | ||
| Сампдорија | 1991 | 1988, 1989, 1994 | ||
| Парма | 1999 | 1992, 1995, 2002 | ||
| Фјорентина | 1996 | 2001 | ||
| Торино | — | 1993 | ||
| Виченца | — | 1997 |
| Победник | Финалист | |
|---|---|---|
| Серија А шампион | ||
| Куп на Италија шампион | ||
| Куп на Италија финалист |
Стрелци во Суперкупот на Италија
[уреди | уреди извор]| Голови | Играч | Екипа |
|---|---|---|
| 4 | Јувентус | |
| 3 | Јувентус | |
| Интер | ||
| Милан | ||
| Јувентус |
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Натпреварот се одиграл пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус во Италија.
- ↑ Вкупниот капацитет бил редуциран на 50% поради Пандемија на КОВИД-19 во Италија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Титулата подоцна им била одземена.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Суперкуп на Италија на rsssf.com
| ||||||||||||||||||||||||||||||