Прејди на содржината

Суперкуп на Италија 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2018
ПрвенствоСуперкуп на Италија
Датум16 јануари 2019
СтадионКинг Абдула Спортс Сити, Џеда, Саудиска Арабија
СудијаЛука Банти
Гледачи61,235
2017
2019

Суперкупот на Италија за 2018 година било 31-вото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2017-2018 и Купот на Италија 2017-2018, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Милан.

Натпреварот се одиграл на 16 јануари 2019 година на Кинг Абдула Спортс Сити стадионот во Џеда, Саудиска Арабија.[1] Саудиска Арабија станала шестата земја која била домаќин на Суперкупот на Италија. Јувентус победил со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Кристијано Роналдо во 61-вата минута; Со тоа Јувентус станал првата екипа со 8 титули во Суперкупот на Италија.[2]

Преглед на натпреварот

[уреди | уреди извор]

Ова бил трет натпревар помеѓу Јувентус и Милан во Суперкупот на Италија. Јувентус го добил првиот двобој во 2003 во Ист Ратерофрд на пенали, а Милан, исто така на пенали, победил во 2016 во Катар. Двата тима пред натпреварот имале рекордни седум титули во Суперкупот и овде дошле да се борат за осмата.

Веќе на самиот почеток се видени неколку солидни обиди за гол на двете страни, но топката не завршила во мрежата. Тоа се случило во 34-тата минута кога погодил фудбалерот на Јувентус Матуиди, меѓутоа, голот бил поништен поради офсајд. Нешто подоцна одлична шанса за гол за Јувентус имал и Кристијано Роналдо кога одлично шутирал од волеј, но топката која ја нафрлил Даглас Коста завршила над голот. На другата страна морал да реагира и Шченсни по ударот на Чалханоглу. Сепак, гол не паднал и на полувреме се отишло со почетниот резултат 0-0.

На стартот на второто полувреме дошла најдобрата шанса за Милан кога Кутроне по еден противнапад ја погодил пречката од голот на Јувентус. И набргу потоа после нешто повеќе од еден час игра паднал и првиот гол со кој Јувентус стигнал до водство, по додавањето на Пјаниќ, Роналдо се нашол сам на пет метри од голот на Милан и со глава ја сместил топката во мрежата. До крајот на натпреварот работите за Милан станале уште полоши, кога во 73-тата минута директен црвен картон заради еден остар старт добил Франк Кесие. Резултатот до крајот не се променил и Јувентус победил со 1-0. Ова била 8-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од нивниот противник во овој натпревар Милан кој останал на 7.

Детали од натпреварот

[уреди | уреди извор]
16 јануари 2019 (2019-01-16)
20:30 AST
Јувентус Јувентус 1–0 Милан Милан Кинг Абдула Спортс Сити, Џеда
Гледачи: 61,235
Судија: Лука Банти
Роналдо гол 61' Извештај
Јувентус
Милан
GK1Полска Војќех Шченсни
RB20Португалија Жоао Кансело
CB19Италија Леонардо Бонучи
CB3Италија Џорџо Кјелини
LB12Бразил Алекс Сандродобил жолт картон во 26-тата минута 26'
CM30Уругвај Родриго Бентанкурзаменет 86'
CM5Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќдобил жолт картон во 44-тата минута 44'заменет 64'
CM14Франција Блез Матуиди
RW10Аргентина Пауло Дибаладобил жолт картон во 90+4-тата минута 90+4'
CF7Португалија Кристијано Роналдо
LW11Бразил Даглас Костазаменет 89'
Замени:
GK21Италија Карло Пинсољо
GK22Италија Матија Перин
GK32Италија Матија Дел Фаверо
DF2Италија Матија Де Шиљо
DF24Италија Даниеле Ругани
DF37Италија Леонардо Спинацола
MF6Германија Сами Хедиравлегол во игра 89'
MF23Германија Емре Џанвлегол во игра 64'
FW18Италија Моизе Кен
FW33Италија Федерико Бернардескивлегол во игра 86'
Тренер:
Италија Масимилијано Алегри
GK99Италија Џанлујџи Донарума
RB2Италија Давиде Калабријадобил жолт картон во 82-рата минута 82'
CB17Колумбија Кристијан Сапата
CB13Италија Алесио Ромањоли добил жолт картон во 74-тата минута 74'
LB68Швајцарија Рикардо Родригесдобил жолт картон во 87-мата минута 87'
CM79Брег на Слоновата Коска Франк КесиеRed card 74'
CM14Франција Тимуе Бакајоко
CM39Бразил Лукас Пакетазаменет 71'
RW7Шпанија Саму Кастиљеходобил жолт картон во 45+2-тата минута 45+2'заменет 71'
CF63Италија Патрик Кутронезаменет 79'
LW10Турција Хакан Чалханоглудобил жолт картон во 21-вата минута 21'
Замени:
GK25Шпанија Пепе Реина
GK90Италија Антонио Донарума
DF12Италија Андреја Контивлегол во игра 79'
DF20Италија Игнацио Абате
DF22Аргентина Матео Мусакио
DF23Хрватска Иван Стриниќ
DF93Уругвај Диего Лаксалт
MF4Италија Хосе Маури
MF16Италија Андреја Бертолачи
MF18Италија Рикардо Монтоливо
FW9Аргентина Гонсало Игуаинвлегол во игра 71'
FW11Италија Фабио Боринивлегол во игра 71'
Тренер:
Италија Џенаро Гатузо

Помошни судии:
Фабијано Прети
Матео Пасери
Четврти судија:
Марко Ди Бело
Резервен помошен судија:
Даниеле Биндон
Video assistant referee:
Марко Гвида
Помошен video assistant referees:
Џанлука Вуото

Правила на натпреварот

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен
  • Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кој три можат да бидат искористени.

Екипа победник

[уреди | уреди извор]

Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2018
8. титула

Погледнете исто така

[уреди | уреди извор]
  1. „Italian Supercup to be played in Saudi Arabia“. Juventus. Посетено на 18 July 2018.
  2. „Supercoppa: Juve squeeze past Milan“. Football Italia. 16 January 2019.