Прејди на содржината

Блез Матуиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блез Матуиди
Лични податоци
Полно име Блез Матуиди
Роден на 9 април 1987(1987-04-09) (39 г.)
Роден во Тулуза, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 23 декември 2022 (35 г.)
Младинска кариера
ИНФ Клерфонтејн
Кретеј Кретеј
Троа Троа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Троа Троа 67 (4)
2007-2011 Сент Етјен Сент Етјен 132 (3)
2011-2017 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 203 (23)
2017-2020 Јувентус Јувентус 98 (6)
2020-2022 Интер Мајами Интер Мајами 47 (2)
Репрезентација
2006-2007 Франција Франција 19 9 (0)
2006-2009 Франција Франција 21 25 (0)
2010-2019 Франција Франција 84 (9)

Блез Матуиди (роден на 9 април 1987 во Тулуза, Франција) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Матуиди е роден во Тулуза, од татко анголец, Фарија Ривелино, и мајка конгоанка Елис. Неговиот татко ја напуштил земјата на потекло поради граѓанската војна, засолнувајќи се во тогашен Заир, каде се запознал со мајката на Матуиди.[1][2] Парот подоцна се преселил во Франција, каде е роден Блез.[3] Тој има четири други браќа и сестри со кои израснал во париското предградие Фонтен су Буа.[3]

Во детството тој често ги следел натпреварите на Париз Сен Жермен за кои настапувал и неговиот идол Џеј-Џеј Окоча.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Комплетен играч од средниот ред, добар организатор на играта и одличен во запирање на противничките играчи и освојување на топката, со одлични тркачки вештини.[4]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Матуиди ја започнал својата фудбалска кариера на шестгодишна возраст, играјќи за клубот од местото во кое што растел, УС Фонтен су Буа.[5] По пет години во клубот, тој се приклучил на КО Венсеноа во близина на Венсен, каде што една година биле соиграчи со Јасин Брахими. Во 1999 година, Матуиди бил оценет како еден од најдобрите играчи во регионот Ил де Франс и подоцна бил избран да присуствува на престижната академија Клерфонтејн. Тој тренирал на академијата три сезони, играјќи таму во работните денови, а истовремено играјќи за Венсеноа за време на викендите. Во 2001 година, Матуиди го напушти Венсеноа и потпишал "младински" договор со полупрофесионалниот клуб Кретеј. Тој поминал четири години во младинската академија на клубот и брзо станал еден од најбараните таленти во светот. И покрај интригантната понуда од двократниот и тогаш актуелен шампион Лион, Матуди сепак се одлучил да потпише со Троа, повикувајќи се на центарот за обука на клубот како негова примарна причина за донесување на таквата одлука.[5]

Матуиди ја започнал својата кариера со Троа играјќи за резервниот тим на клубот во Аматерското првенство на Франција 2, петтото ниво на францускиот фудбал. Во ноември 2004 година, тој бил повикан во сениорскиот тим од тренерот Жан-Марк Фурлан и го направил своето професионално деби на 23 ноември во натпреварот против Гењон во Лига 2. Матуиди го започнал натпреварот и одиграл нешто повеќе од 60 минути во победата со 2-1.[6] Неговото второ и последно појавување за сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 дошло на 4 февруари 2005 година во лигашки натпревар против Генгамп.[7] Матуиди потоа бил префрлен назад во резервниот тим на клубот за остатокот од сезоната, каде што му помогнал на тимот да заврши на респектабилното шесто место.[8]

Во следната сезона, Матуиди бил промовиран на трајна основа во сениорскиот тим, кој за таа сезона се натпреварувал во Лига 1. Тој бил користен главно како стартер од страна на тренерот Фурлан и се појави во 31 првенствен натпревар. Матуиди исто така бил еден од водечките играчи во лигата по бројот на заработени картони, со вкупно 11. Тој го постигнал својот прв професионален гол на 11 јануари 2006 година во победата со 1-0 против Лил, зафаќајќи еден волеј кој од страна на медиумите бил опишан како "прекрасен".[5][9] И покрај импресивната сезона на поединечно ниво за Матуиди, Троа заврши само едно место над зоната за испаѓање.

На почетокот на следната сезона, на 16 јуни 2006 година, Матуиди го потпишал својот прв професионален договор, согласувајќи се на четиригодишна верност кон Троа и покрај силниот интересот за него од страна на англискиот клуб Чарлтон Атлетик.[10] И покрај отпуштањето на Фурлан, Матуиди останал прв избор на својата позиција и под водството на новиот тренер Денис Трох. Тој се појавил во игра во 35 натпревари и постигнал три гола, а исто така и го намалил бројот на добиени картони на само 6. Вероватно најдобриот натпревар на Матуиди во дресот на Троа бил оној на 28 април 2007 година против Седан, со кого неговиот тим водел Битката за испаѓање; Троа заостанувала на домашен терен со 1-2 на 15 минути до крајот, кога Матуиди го постигнал изедначувачкиот погодок во 75-тата минута, а осум минути подоцна повторно тој го постигнал победничкиот гол со кој и донел победа на Троа со 3-2.[11] Матуиди повторно постигнал гол во финалниот натпревар од сезоната против Ленс во победата со 3-0, меѓутоа, Троа испадна во Лига 2 завршувајќи ја сезоната на 18-тата позиција на табелата.[12] Со испаѓањето на клубот во Лига 2 се појавиле и шпекулации во врска со иднината на Матуиди во клубот.

Сент Етјен

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа бил поврзуван со поквалитетни клубови од Лига 1 како Бордо, Лил и Монако, Матуиди одлучил да му се приклучи на Сент Етјен согласувајќи се да потпише четиригодишен договор со клубот.[13] По неговото пристигнување, Матуиди го добил дресот со број 12 и бил вклучен во почетниот состав, каде што основал партнерство во средниот ред со Лоик Перин и Кристоф Ландрин. Тој, исто така, имал добро разбирање со поранешниот соиграч од "Троа" Бафетимби Гоми, кој ја имал својата пробивна сезона. Матуиди го имал своето деби за клубот на 11 август 2007 година во натпреварот против Валенсиен.[14] Тој остана прв избор за целата сезона на Сен Етјен под водство на тренерот Лоран Руси. Претставата на клубот во сезоната кулминирала во самиот финиш со освојувањето на респектабилното петто место и квалификација во Купот на УЕФА за следната сезона.

За време на сезоната 2008-2009, настапите на Матуиди го привлекле вниманието на англискиот клуб Арсенал, кој го испратиле својот скаут Жил Гриманди да го следи. Гриманди подоцна го препорачал играчот на неговиот сонародник менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.[15] Матуиди исто така бил следен од италијанскиот клуб Милан во текот на сезоната. На 16 август 2008 година го постигнал својот прв гол во кариерата за Сент Етјен во победата од 2-1 над Сошо.[16] На 18 септември 2008, Матуиди го направил своето деби во европските натпреварувања, играјќи во првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА против израелскиот клуб Хапоел Тел Авив.[17] Тој направил осум настапи во ова натпреварување, пред Сент Етјен да биде елиминиран во осминафиналето од германскиот Вердер Бремен. Паралелно, Матуиди играл редовно во лигата, сè до поразот од Лил со 3-0 во кој го добил првиот црвен картон во кариерата.[18] Во втората половина на сезоната, како Матуиди така и клубот воопшто се бореле со повреди. Разбиениот тимски колектив поради повреди резултирал со едвај избегнато испаѓање на Сент Етјен, спасувајќи се дури во последниот ден од сезоната. По завршувањето на сезоната, Матуиди ја објавил својата намера да го напушти клубот, кажувајќи го тоа во францускиот весник "Л'Екип": "Мојата желба е да заминам, бидејќи мислам дека е време". Матуиди, исто така, изјавил дека ќе биде среќен и ако остане во Сент Етјен.[19] По неуспехот да добие значителни понуди од поголемите клубови во летото 2009 година, спортскиот директор Дамјан Комоли објавил дека Матуиди ќе остане во клубот и за сезоната 2009-2010.

Во првиот натпревар од сезоната 2009-2010 Матуиди бил назначен за капитен на Сент Етјен од страна на новиот тренер Ален Перин, поради повредата на актуелниот капитен Лоик Перин. И покрај тоа што Лоик Перин се вратил во тимот во септември 2009 година, Матуиди сè уште останал сопственик на капитенската лентата. Под негово водство, Сент Етјен го победил тогашниот бранител на титулата Бордо со 3-1 на 3 октомври 2009 година.[20] По отпуштањето на Ален Перин во средината на сезоната, новиот тренер Кристоф Галтје му ја вратил капитенската лента назад на Лоик Перин. На 18 мај 2010 година, Матуиди бил вмешан во физичка пресметка со тимскиот колега Димитри Паје за време на поразот од Тулуза со 1-0.[21] Во средината на првото полувреме, Паје добил критики од соиграчот Јоан Беналуан за прикажување на недостаток на агресија. Тој тогаш се соочил и со Матуиди, кој ги повторил чувствата на Беналуан. Матуиди и Паје се за туркале лице в лице по што вториот играч му нанесол удар во главата на Матуди пред двајцата да бидат разделени од судијата Бруно Куе и соиграчите.[22] Како резултат на инцидентот, Паје бил заменет по 31-вата минута и санкциониран од претседателот на клубот Роланд Ројмеје.[23] На 6 октомври 2010 година, двајцата Матуиди и Паје биле повикаи во француската репрезентација, а Матуиди го опишал прекршокот како "недостаток на зрелост" на двајцата играчи, додека Паје го опишал инцидентот како "аргумент што нема место" и дека "инцидентот меѓу нив бил решен и двајцата сега се на нов терен".[24]

Париз Сен Жермен

[уреди | уреди извор]
Матуиди во дресот на ПСЖ.

На 25 јули 2011 година, Париз Сен Жермен потврдиле дека клубот потпишал тригодишен договор со Матуиди како замена за заминатиот Клод Макелеле, кој се пензионирал од фудбалот.[25] Надоместокот за трансферот не бил објавен, но се смета дека е во зона околу 7.5 милиони евра плус идните стимулации.[26] Матуиди бил претставен на медиумите истиот ден , заедно со другото ново засилување за клубот и неговиот репрезентативен соиграч Жереми Менез, и му бил доделен дресот со број 14.[27] Своето деби за ПСЖ го направил на 6 август 2011 година во натпреварот против Лорјан на отворањето на сезоната во Лига 1, во кој неговиот клуб загубил со 1-0.[28] Својот прв гол за парижаните Матуиди го постигнал на 6 мај 2012 во 36-тото коло од првенството, во кое Париз Сен Жермен како гостин го победил Валенсиен со 4-3.[29] Својата прва сезона во Париз Сен Жермен ја завршил со 35 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол, а Париз Сен Жермен завршил на второто место во Лига 1 со три бода помалку од Монпелје.

За време на сезоната 2012-2013, Матуиди постигнал пет гола во 37 првенствени натпревари стрелајќи во победите против Бастија (0-4), Троа (4-0, 0-1), Лион (1-0) и Брест, помагајќи му на ПСЖ да ја освои титулата во Лига 1, за првпат по 19 години. Во текот на истата сезона тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, и постигнал два гола. Својот прв гол во Лигата на шампионите го постигнал во победата со 4-0 над Динамо Загреб на 6 ноември 2012 година на Паркот на Принцовите. Тој повторно постигнал гол во првиот четвртфинален натпревар против Барселона, израмнувајќи го резултатот на 2-2 во судиското продолжение.[30] По завршувањето на сезоната Матуиди бил еден од петте играчи на Париз Сен Жермен кој се нашле во Тимот на годината на Лига 1.[31]

На 24 февруари 2014 го продолжил договорот со Париз Сен Жермен за уште четири години до летото 2018.[32] На 10 мај 2014 година, тој постигна еден од головите со кој ПСЖ со 3-1 го победил Лил, со што парижаните поставиле нов рекорд во Лига 1.[33]

До летото 2017, Матуиди поминал шест сезони во дресот на Париз Сен Жермен во кој одиграл речиси 300 натпревари во сите натпреварувања освојувајќи 4 Првенства на Франција (2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016), 3 Купа на Франција (2014–2015, 2015–2016, 2016–2017), 4 Лига купа на Франција (2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017) и 5 Суперкупа на Франција (2013, 2014, 2015, 2016, 2017).

Јувентус

[уреди | уреди извор]
Матуди (лево), заедно со соиграчот од Јувентус, Кристијано Роналдо

На 18 август 2017, потпишал тригодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 20 милиони евра плус 10 милиони евра евентуални бонуси во зависност од бројот на натпревари кој ќе ги одигра за Јувентус.[34] Своето деби за Јувентус го направил во Серија А на 19 август 2017, во победата на домашен терен со 3–0 над Каљари влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Гонсало Игуаин.[35] Својот прв гол во дресот на Јувентус го забележал на 17 декември, во победата со 3-0 на гости над Болоња.[36] На 11 април, Матуиди го постигнал третиот гол за Јувентус во победата со 3-1 на гостувањето на Бернабеу против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, по големата грешка на голманот на кралевите Кејлор Навас кој ја испуштил топката буквално пред нозете на Матуиди.[37] Првата своја сезона во Торино ја завршил со 46 настапи и 4 гола, давајќи голем придонес за успешната сезона на Јувентус во која била освоена домашната двојна круна: скудетото и Купот на Италија, први за Матуиди во неговата кариера.

Сезоната 2018-2019 ја отворил со гол во победата со 1-2 на гостувањето кај Парма. Тој повторно бил стандарден првотимец во формацијата на тренерот Масимилијано Алегри, играјќи 42 натпревари на кои постигнал 3 гола, помагајќи за освојувањето на новата титула во италијанското првенство и Суперкупот на Италија. Во неговата последна сезона во Јувентус, под водство на новиот тренер Маурицио Сари, тој го освоил своето трето скудето со бјанконерите започнувајќи ја како стартер и оваа сезона, но во текот на истата имал пад во перформансите[38] што довело до тоа да остане на клупата и неговото место во тимот да го заземе неговиот сонародник Адријан Рабио.[39] Во март 2020 година, за време на пандемијата на COVID-19, тој бил еден од спортистите кои биле тестирани позитивно на SARS-CoV-2.[40]

На 12 август 2020 година, неколку недели по освојувањето на третото последователно скудето, тој консензуално го раскинал договорот со клубот од Торино, завршувајќи го своето искуство во Јувентус по три сезони и пет освоени трофеи.[41]

Интер Мајами

[уреди | уреди извор]

Еден ден по раскинувањето на договорот со Јувентус, тој потпишал договор со американската екипа Интер Мајами, која се натпреварува во МЛС.[42][43]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Матуиди играјќи за Франција против Грузија во 2013

Матуиди е поранешен француски младински репрезентативец, кој ја претставувал својата нација во селекциите под 19 години и под 21 година. Тој останал незабележен додека се развивал во Кретеј и Троа; Откако се утврдил во Троа во сезоната 2006-2007, тој сепак, бил повикан во францускиот тим под 19 години од селекторот Жи Фериер. Матуиди го направил своето деби за репрезентацијата под 19 години на 5 октомври 2005 година во победата со 4-0 во пријателскиот натпревар против Норвешка.[44] Подоцна тој се појавил за репрезентацијата во неколку квалификациски натпревари за Европското првенство под 19 години 2006. Франција на крајот не успеала да се квалификува за турнирот и Матуди ја заврши својата епизода во репрезентацијата под 19 години со девет настапи и без постигнат гол.

Подоцна Матуиди играл за репрезентацијата под 21 година, за која својот прв повик го добил од тренерот Рене Жирар за натпреварот против Белгија, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Џими Бриан.[45] Тој играл во квалификациите за Европското првенство 2007 и се појави како замена во двата натпревари од плејофот во кој Франција изненадувачки била поразена од Израел.[46][47] Матуиди бил меѓу неколкуте помлади играчи кои останале да играат за тимот под 21 година и во следниот квалификациски циклус. Неговата кариера во селекцијата под 21 година завршила по поразот на тимот од Германија во двомеч плејофот за пласман на Европското првенство 2009.

Откако не одиграл ниту еден натптревар на репрезентативно ниво речиси цели две години, на 5 август 2010 година, Матуиди бил повикан во сениорската репрезентација за првпат од страна на новиот селектор Лоран Блан за пријателскиот натпревар против Норвешка на 11 август 2010 година.[48] Тој не добил шанса да се појави на натпреварот, но бил повикан во тимот повторно следниот месец како замена за повредениот Јоан Кабај за квалификациските натпревари против Белорусија и Босна и Херцеговина.[49] Матуиди го направи своето сениорско деби во победата со 2-0 над Босна и Херцеговина, појавувајќи се во игра како замена. На 29 март 2011 година, тој го забележал својот прв старт во ремито 0-0 против Хрватска.

Матуиди и неговите деца позираат со трофејот од Светското првенство.

Матуиди бил избран во францускиот состав за Европското пренство 2012, но не настапил на турнирот поради повреда.[50]

Тој настапил на девет натпревари во текот на квалификациите за Светското првенство 2014 и посебно импресионирал со својот перформанс во плејоф натпреварот против Украина на Стад де Франс, во кој триколорите победиле со 3-0 за да ја обезбедат својата квалификација на завршниот турнир. Својот прв репрезентативен гол Матуиди го постигнал со ножички во победата со 2-0 против Холандија во пријателски натпревар одигран на 5 март 2014 година.[51] На 13 мај 2014 година, Матуиди бил избран од Дидје Дешан во составот на француската репрезентација за Светското првенство 2014 во Бразил.[52] На 8 јуни, тој постигнал два гола за Франција во победата со 8-0 над Јамајка во подготвителен пријателски натпревар во склоп на Светското првенство.[53] Матуиди го започнал првиот натпревар на Франција на турнирот играјќи заедно со Пол Погба и Јоан Кабај во средниот ред во победата со 3-0 над Хондурас.[54] Во вториот натпревар, Матуиди го постигнал својот прв гол во официјален репрезентативен натпревар кога Франција ја победила Швајцарија со 5-2 и се квалификувала за нокаут фазата.[55] Својот пат на Мундијалот триколорите го завршиле во четвртфиналето во кое биле елиминирани од подоцнежниот шампион Германија со 1-0.

Во мај 2016, Матуиди бил повикан од Дешан за Европското првенство 2016 на кое Франција била домаќин и го освоила второто место.[56] На 3 јули, Матуиди му асистирал на Оливје Жиру за првиот гол на Франција во четвртфиналето од турнирот на Стад де Франс, во кое организаторите биле подобри од Исланд со 5–2.[57]

На 17 мај 2018, Матуиди бил повикан меѓу 23-цата играчи за Светското првенство 2018 во Русија.[58] Своето деби на турнирот го направил на 16 јуни 2018, во првиот натпревар на Франција во групата против Австралија кој триколорите го добиле со 2-1, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Корентан Толисо во 78-мата минута. На 15 јули, Матуиди го започнал финалето за Франција, во кое тие ја победиле Хрватска со 4-2 и по вторпат во историјата станале светски шампиони..[59]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-2010ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2012-влегол во игра 81'
29-3-2011Сен ДениФранција Франција0 – 0Хрватска ХрватскаПријателска-заменет 87'
6-6-2011ДонецкУкраина Украина1 – 4Франција ФранцијаПријателска-заменет 77'
10-8-2011МонпелјеФранција Франција1 – 1Чиле ЧилеПријателска-влегол во игра 77'
7-9-2012ХелсинкиФинска Финска0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-влегол во игра 73' добил жолт картон во 75-тата минута 75'
11-9-2012Сен ДениФранција Франција3 – 1Белорусија БелорусијаКвал. за СП 2014-влегол во игра 75'
12-10-2012Сен ДениФранција Франција0 – 1Јапонија ЈапонијаПријателска-заменет 46'
16-10-2012МадридШпанија Шпанија1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
14-11-2012ПармаИталија Италија1 – 2Франција ФранцијаПријателска-
6-2-2013Сен ДениФранција Франција1 – 2Германија ГерманијаПријателска-заменет 46'
22-3-2013Сен ДениФранција Франција3 – 1Грузија ГрузијаКвал. за СП 2014-заменет 67'
26-3-2013Сен ДениФранција Франција0 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за СП 2014-добил жолт картон во 67-мата минута 67'
5-6-2013МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 0Франција ФранцијаПријателска- заменет 76'
9-6-2013Порто АлегреБразил Бразил3 – 0Франција ФранцијаПријателска-заменет 70'
10-9-2013ГомељБелорусија Белорусија2 – 4Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
11-10-2013ПаризФранција Франција6 – 0Австралија АвстралијаПријателска-влегол во игра 63'
15-10-2013Сен ДениФранција Франција3 – 0Финска ФинскаКвал. за СП 2014-заменет 70'
15-11-2013КиевУкраина Украина2 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
19-11-2013Сен ДениФранција Франција3 – 0Украина УкраинаКвал. за СП 2014-
5-3-2014Сен ДениФранција Франција2 – 0Холандија ХоландијаПријателска1
27-5-2014Сен ДениФранција Франција4 – 0Норвешка НорвешкаПријателска-заменет 74'
1-6-2014НицаФранција Франција1 – 1Парагвај ПарагвајПријателска-заменет 64'
8-6-2014ЛилФранција Франција8 – 0Јамајка ЈамајкаПријателска2
15-6-2014Порто АлегреФранција Франција3 – 0Хондурас ХондурасСП 2014 - Прва фаза-
20-6-2014СалвадорШвајцарија Швајцарија2 – 5Франција ФранцијаСП 2014 - Прва фаза1
25-6-2014Рио де ЖанеироЕквадор Еквадор0 – 0Франција ФранцијаСП 2014 - Прва фаза-
30-6-2014БразилФранција Франција2 – 0Нигерија НигеријаСП 2014 - Осминафинале-добил жолт картон во 56-тата минута 56'
4-7-2014Рио де ЖанеироФранција Франција0 – 1Германија ГерманијаСП 2014 - Четвртфинале-
4-9-2014Сен ДениФранција Франција1 – 0Шпанија ШпанијаПријателска-заменет 68'
7-9-2014БелградСрбија Србија1 – 1Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 74'
11-10-2014ПаризФранција Франција2 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
14-10-2014ЕреванЕрменија Ерменија0 – 3Франција ФранцијаПријателска- заменет 46'
26-3-2015Сен ДениФранција Франција1 – 3Бразил БразилПријателска-заменет 84'
29-3-2015Сент ЕтјенФранција Франција2 – 0Данска ДанскаПријателска-влегол во игра 71'
7-6-2015Сент ЕтјенФранција Франција3 – 4Белгија БелгијаПријателска-
4-9-2015ЛисабонПортугалија Португалија0 – 1Франција ФранцијаПријателска-
7-9-2015БордоФранција Франција2 – 1Србија СрбијаПријателска2заменет 46'
8-10-2015НицаФранција Франција4 – 0Ерменија ЕрменијаПријателска-заменет 63'
11-10-2015КопенхагенДанска Данска1 – 2Франција ФранцијаПријателска-
13-11-2015Сен ДениФранција Франција2 – 0Германија ГерманијаПријателска-заменет 87'
17-11-2015ЛондонАнглија Англија2 – 0Франција ФранцијаПријателска-заменет 46'
25-3-2016АмстердамХоландија Холандија2 – 3Франција ФранцијаПријателска1добил жолт картон во 70-тата минута 70'
30-5-2016НантФранција Франција3 – 2Камерун КамерунПријателска1
4-6-2016Лонжевил-ле-МецФранција Франција3 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-заменет 69'
10-6-2016Сен ДениФранција Франција2 – 1Романија РоманијаЕвро 2016 - Прва фаза-детали
15-6-2016МарсејФранција Франција2 – 0Албанија АлбанијаЕвро 2016 - Прва фаза-детали
19-6-2016ЛилШвајцарија Швајцарија0 – 0Франција ФранцијаЕвро 2016 - Прва фаза-влегол во игра 77'детали
26-6-2016ЛионФранција Франција2 – 1Ирска ИрскаЕвро 2016 - Осминафинале-детали
3-7-2016Сен ДениФранција Франција5 – 2Исланд ИсландЕвро 2016 - Четвртфинале-детали
7-7-2016МарсејГерманија Германија0 – 2Франција ФранцијаЕвро 2016 - Полуфинале-детали
10-7-2016Сен ДениПортугалија Португалија1 – 0 прод.Франција ФранцијаЕвро 2016 - Финале-добил жолт картон во 97-мата минута 97'детали
1-9-2016БариИталија Италија1 – 3Франција ФранцијаПријателска-заменет 63'
7-10-2016Сен ДениФранција Франција4 – 1Бугарија БугаријаКвал. за СП 2018-
10-10-2016АмстердамХоландија Холандија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2018-
11-11-2016Сен ДениФранција Франција2 – 1Швајцарија ШвајцаријаКвал. за СП 2018-
25-3-2017ЛуксембургЛуксембург Луксембург1 – 3Франција ФранцијаКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 32-рата минута 32' заменет 83'
2-6-2017РенФранција Франција5 – 0Парагвај ПарагвајПријателска-
9-6-2017СтокхолмШведска Шведска2 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2018-
7-10-2017СофијаБугарија Бугарија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 20181
10-10-2017Сен ДениФранција Франција2 – 1Белорусија БелорусијаКвал. за СП 2018-
10-11-2017Сен ДениФранција Франција2 – 0Велс ВелсПријателска-
14-11-2017КелнГерманија Германија2 – 2Франција ФранцијаПријателска-заменет 64'
23-3-2018Сен ДениФранција Франција2 – 3Колумбија КолумбијаПријателска-заменет 65'
27-3-2018Санкт ПетербургРусија Русија1 – 3Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 81'
28-5-2018Сен ДениФранција Франција2 – 0Ирска ИрскаПријателска-
1-6-2018НицаФранција Франција3 – 1Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 77'
9-6-2018Десен ШарпјеФранција Франција1 – 1САД САДПријателска-заменет 58'
16-6-2018КазањФранција Франција2 – 1Австралија АвстралијаСП 2018 - Прва фаза-влегол во игра 78'детали
21-6-2018ЕкатеринбургФранција Франција1 – 0Перу ПеруСП 2018 - Прва фаза-добил жолт картон во 16-тата минута 16'детали
30-6-2018КазањФранција Франција4 – 3Аргентина АргентинаСП 2018 - Осминафинале-добил жолт картон во 72-рата минута 72' заменет 75'детали
10-7-2018Санкт ПетербургФранција Франција1 – 0Белгија БелгијаСП 2018 - Полуфинале-заменет 86'детали
15-7-2018МоскваФранција Франција4 – 2Хрватска ХрватскаСП 2018 - Финале-заменет 73' [60]детали
6-9-2018МинхенГерманија Германија0 – 0Франција ФранцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 86'
9-9-2018ПаризФранција Франција2 – 1Холандија ХоландијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
16-10-2018Сен ДениФранција Франција2 – 1Германија ГерманијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
16-11-2018РотердамХоландија Холандија2 – 0Франција ФранцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 65'
20-11-2018Сен ДениФранција Франција1 – 0Уругвај УругвајПријателска-заменет 62'
22-3-2019КишињевМолдавија Молдавија1 – 4Франција ФранцијаКвал. за Евро 2020-заменет 73'
25-3-2019Сен ДениФранција Франција4 – 0Исланд ИсландКвал. за Евро 2020-
4-6-2019НантФранција Франција2 – 0Боливија БоливијаПријателска-влегол во игра 66'
8-6-2019КоњаТурција Турција2 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 2020-заменет 46'
7-9-2019Сен ДениФранција Франција4 – 1Албанија АлбанијаКвал. за Евро 2020-
11-10-2019РејкјавикИсланд Исланд0 – 1Франција ФранцијаКвал. за Евро 2020-
14-10-2019Сен ДениФранција Франција1 – 1Турција ТурцијаКвал. за Евро 2020-заменет 77'
Вкупно Настапи 84 Голови 9

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 19 август 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005Франција ТроаЛ220ЛКФ10----30
2005-2006Л1311КФ+ЛКФ0+00----311
2006-2007Л1343КФ+ЛКФ0+10----353
Вкупно Троа67420----694
2007-2008Франција Сент ЕтјенЛ1350КФ+ЛКФ1+10----370
2008-2009Л1272КФ+ЛКФ2+10КУ90--392
2009-2010Л1361КФ+ЛКФ3+20----411
2010-2011Л1340КФ+ЛКФ1+20----370
Вкупно Сент Етјен132313090---1543
2011-2012Франција Париз Сен ЖерменЛ1291КФ+ЛКФ2+00ЛЕ4[61]0--351
2012-2013Л1375КФ+ЛКФ4+21+0ЛШ92--528
2013-2014Л1365КФ+ЛКФ2+40+1ЛШ91СФ10617
2014-2015Л1354КФ+ЛКФ5+40ЛШ101СФ00545
2015-2016Л1314КФ+ЛКФ5+21+0ЛШ90СФ10485
2016-2017Л1344Кф+ЛКФ6+41+0ЛШ82СФ00527
јул.-авг. 2017Л120КФ+ЛКФ0+00+0ЛШ00СФ1030
Вкупно Париз Сен Жермен204234044963029533
авг. 2017-2018Италија ЈувентусА323КИ50ЛШ91СИ00464
2018-2019А313КИ10ЛШ90СИ10423
2019-2020А350КИ30ЛШ51СИ10441
Вкупно Јувентус98690232201328
2020САД Интер МајамиМЛС--УСКуп----------
Вкупно во кариерата500366448185065048
Матуиди (во средина), за време на прославата по освојувањето на Лига купот на Франција 2014.

Франција Париз Сен Жермен[62]

[уреди | уреди извор]
2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016
2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013, 2014, 2015, 2016, 2017

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018
2018

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Франција

Русија 2018[59]

Поединечни

[уреди | уреди извор]
  • Тим на годината на Лига 1: 1
2012–2013,[63] 2015–2016
2015[64]
  1. ↑ „Matuidi : "Paris, c'est l'avenir"“ (француски). 16 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 23 август 2017.
  2. ↑ „Matuidi è il dopo Pogba nel motore della Juve. Un colpo da 30 milioni“. 25 август 2016. Посетено на 23 август 2017.
  3. 1 2 „Matuidi, mediano scudo della difesa“. Corriere dello Sport (италијански). 2 February 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 19 February 2011.
  4. ↑ „Matuidi è bianconero!“. 18 август 2017.
  5. 1 2 3 „Matuidi a tout d'un grand“. Le Parisien (француски). France. 15 January 2006. Посетено на 19 February 2011.
  6. ↑ „Gueugnon v. Troyes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 23 ноември 2004. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  7. ↑ „Guingamp v. Troyes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 4 февруари 2005. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  8. ↑ „Les resultats des clubs de CFA2 Groupe B“. Stat2Foot (француски). Архивирано од изворникот на 16 јули 2011. Посетено на 19 февруари 2011.
  9. ↑ „Troyes v. Lille Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 11 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  10. ↑ „Matuidi signe son premier contrat pro“. FootMercato (француски). 16 June 2006. Посетено на 19 February 2011.
  11. ↑ „Troyes v. Sedan Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 28 април 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  12. ↑ „Troyes v. Lens Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 26 мај 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  13. ↑ „Matuidi seals St Etienne move“. Sky Sports. 12 July 2007. Посетено на 19 February 2011.
  14. ↑ „Saint-Étienne v. Valenciennes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 11 август 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  15. ↑ „Wenger planning £8m raid for France Under-21 midfielder Matuidi“. Daily Mail. UK. 8 October 2008. Посетено на 19 February 2011.
  16. ↑ „Saint-Étienne v. Sochaux Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 16 август 2008. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  17. ↑ „H. Tel-Aviv v. Saint-Étienne Match Report“. Union of European Football Associations. 18 септември 2008. Архивирано од изворникот на 20 јануари 2016. Посетено на 19 февруари 2011.
  18. ↑ „Lille v. Saint-Étienne Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 15 ноември 2008. Архивирано од изворникот на 18 March 2012. Посетено на 19 February 2011.
  19. ↑ „Matuidi seeks summer exit“. Sky Sports. 4 July 2009. Посетено на 19 February 2011.
  20. ↑ „Saint-Étienne v. Bordeaux Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 3 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  21. ↑ „Saint-Étienne v. Toulouse Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 8 мај 2010. Архивирано од изворникот на 30 April 2012. Посетено на 4 February 2011.
  22. ↑ „ASSE: "Il ne manquait plus que ça"“. Le Progrès (француски). 10 May 2010. Посетено на 4 February 2011.
  23. ↑ „Payet va être sanctionné“. Football365 (француски). 12 May 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 4 February 2011.
  24. ↑ „Payet et Matuidi ont fait la paix“. RMC Sport (француски). 6 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 10 септември 2012. Посетено на 4 февруари 2011.
  25. ↑ „Matuidi et Menez au PSG (off.)“. L'Equipe (француски). 25 јули 2011. Архивирано од изворникот на 4 август 2011. Посетено на 25 јули 2011.
  26. ↑ „PSG signs Menez, Matuidi to spur title ambitions“. Sports Illustrated. 25 July 2011. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на 25 July 2011.
  27. ↑ „Matuidi et Ménez s'engagent avec le PSG“. Paris Saint-Germain F.C. (француски). 25 July 2011. Архивирано од изворникот на 2015-01-11. Посетено на 25 July 2011.
  28. ↑ „Paris Saint-Germain v. Lorient Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 6 August 2011. Посетено на 18 August 2011.
  29. ↑ Valenciennes – PSG 3-4, 06/05/12, Ligue 1 11-12 Archives Paris Football
  30. ↑ „Paris St G 2-2 Barcelona“. BBC. 2 April 2013.
  31. ↑ „Ligue1.com unveils its Team of the Year for the 2012-13 season“. Ligue 1. 24 May 2013.
  32. ↑ „BLAISE MATUIDI PROLONGE JUSQU'EN 2018“. Paris Saint-Germain FC (француски). 26 February 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-26. Посетено на 2017-08-23.
  33. ↑ „Lille 1-3 Paris St G“. BBC. 10 May 2014.
  34. ↑ „Agreement with Paris Saint-Germain for the definitive acquisition of the player Blaise Matuidi“ (PDF). Juventus F.C. 18 August 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-28. Посетено на 2017-08-23.
  35. ↑ „History made in Juventus-Cagliari“. Football Italia. 19 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 19 August 2017.
  36. ↑ „Juve thump Bologna to go second“. Football Italia. 17 December 2017. Архивирано од изворникот на 2018-11-27. Посетено на 2018-06-30.
  37. ↑ „Real Madrid goalkeeper Keylor Navas makes huge blunder against Juventus in Champions League“. USA Today. 11 април 2018. Посетено на 1 јули 2018. Text "author-Мартин Роџерс" ignored (help)
  38. ↑ Antonino Milone (25 февруари 2020). „Matuidi juventino dentro: apprezzato prima da Allegri e ora da Sarri“ (италијански).
  39. ↑ Luca Bianchin (7 август 2020). „Juventus-Lione: Sarri e i tre alleati: Higuain, Rabiot e Ronaldo“.
  40. ↑ „COVID-19, secondo giocatore positivo“. 17 март 2020.
  41. ↑ „Grazie di tutto, Blaise!“ (италијански). 12 август 2020.
  42. ↑ „Inter Miami CF Signs French National Team Midfielder Blaise Matuidi“ (англиски). 13 август 2020.
  43. ↑ „Бекам го донесе Матуиди во Интер Мајами“. ekipa.mk. 10 август 2020. Посетено на 19 август 2020.
  44. ↑ „Payet et Matuidi ont fait la paix“. French Football Federation (француски). 5 October 2006. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 20 February 2011.
  45. ↑ „La Belgique s'impose 1–0“. French Football Federation (француски). 15 August 2006. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 20 February 2011.
  46. ↑ „France et Israël dos à dos (1–1)“. French Football Federation (француски). 7 October 2006. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 20 February 2011.
  47. ↑ „La France éliminée“. French Football Federation (француски). 11 October 2006. Архивирано од изворникот на 2006-11-27. Посетено на 20 February 2011.
  48. ↑ „Karim Benzema and Hatem Ben Arfa in Laurent Blanc's first France squad“. Guardian Media Group. 5 August 2010. Посетено на 20 February 2011.
  49. ↑ „Cabaye forfait, Matuidi en renfort“. French Football Federation (француски). 1 September 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 20 February 2011.
  50. ↑ „Blaise MATUIDI“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на 20 June 2014.
  51. ↑ „France 2 Holland 0“. Daily Telegraph. 5 March 2014. Посетено на 6 March 2014.
  52. ↑ „World Cup 2014: Samir Nasri and Gael Clichy not in France squad“. BBC Sport. 13 May 2014. Посетено на 21 May 2014.
  53. ↑ „France 8-0 Jamaica“. BBC. 8 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  54. ↑ „France 3-0 Honduras“. BBC. 15 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  55. ↑ „Switzerland 2-5 France“. BBC. 20 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  56. ↑ „Pogba leads France squad for Euro 2016 as Schneiderlin and Ben Arfa miss out“. FourFourTwo. 12 May 2016. Посетено на 16 May 2016.
  57. ↑ Fletcher, Paul (3 July 2016). „France 5–2 Iceland“. BBC Sport. Посетено на 3 July 2016.
  58. ↑ Andy Charles (18 May 2018). „Alexandre Lacazette and Anthony Martial on standby for France World Cup squad and Dimitri Payet out“. Sky Sports. Посетено на 18 May 2018.
  59. 1 2 McNulty, Phil (15 July 2018). „France 4–2 Croatia“. BBC. Посетено на 15 July 2018.
  60. ↑ 2. титула Светски првак
  61. ↑ 1 настап во плејофот.
  62. ↑ „B. Matuidi“. Soccerway. Посетено на 26 May 2016.
  63. ↑ „2012/13 UNFP Awards“. French Football Weekly. Архивирано од изворникот на 2013-06-21. Посетено на 12 July 2012.
  64. ↑ Garin, Erik; Pierrend, José Luis (8 јануари 2015). „France – Footballer of the Year“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Архивирано од изворникот на 5 September 2015. Посетено на 13 January 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]