Самуел Умтити
| Самуел Умтити | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 14 ноември 1993 | ||
| Роден во | Јаунде, Камерун | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,80 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | одбрана | ||
| Повлекување | 2025 (31 г.) | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 2010-2012 |
| 21 | (0) |
| 2012-2016 |
| 131 | (3) |
| 2016-2023 |
| 91 | (2) |
| 2022-2023 |
→ | 25 | (0) |
| 2023-2025 |
| 6 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 2012-2013 |
| 13 | (0) |
| 2013-2014 |
| 7 | (1) |
| 2016-2019 |
| 31 | (4) |
Самуел Умтити (роден на 14 ноември 1993, во Јаунде) — француски поранешен фудбалер со камерунско потекло, играч од одбраната.[1]
Тој исто така е поранешен репрезентативец на Франција во помладите категории до 17, 18, 19, 20 и 21 година, а од 2016 настапува за сениорската репрезентација
Кариера
[уреди | уреди извор]Умтити дошол во Лион од екипата на Менивал во 2001 година на возраст од само 8 години. Тој ги поминал сите младински категории, и во летото пред почетокот на сезоната 2011-12 бил вклучен во првиот тим на Лион добивајќи го дресот со број 23. Своето официјално деби за клубот го направил на 8 јануари 2012 во победата над Лион Душер со 3-1 во Купот на Франција.[2] Само шест дена подоцна тој дебитирал и во лигата во поразот од Монпелје со 1-0. Умтити бил стартер и го одиграл целиот тој натпревар. Така, младиот дефанзивец го започнал пробивот во првиот тим на Лион и таа сезона ја завршил со вкупно 12 настапи во лигата од кој на 11 бил во почетната постава. Во текот на следната сезона, Умтити бил уште повеќе стандарден и одиграл 26 првенствени натпревари. На 12 јануари 2012, тој го постигнал својот прв погодок во неговата професионална кариера носејќи му ја победата на Лион на гостувањето кај Троја (2-1) со гол во 75-тата минута.[3]
На 30 јуни 2016, Умтити потпишал петгодишен договор со Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.[4][5]
Титули
[уреди | уреди извор]
Лион
[уреди | уреди извор]
Куп на Франција : 1
- 2011–2012
- 2012
Барселона
[уреди | уреди извор]
Примера Дивисион : 2
- 2017-2018, 2018-2019
Куп на Шпанија : 2
- 2016–2017, 2017-2018
- 2016, 2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „La défense lyonnaise a de l'avenir“. CultureSport (француски). 15 November 2011. Посетено на 8 January 2012.
- ↑ „Lyon Duchère v. Lyon Match Report“. L'Equipe (француски). 8 January 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-13. Посетено на 8 January 2012.
- ↑ Троја-Лион 1-2
- ↑ „Barcelona confirm €25m Umtiti agreement“. ESPN FC. Посетено на 30 June 2016.
- ↑ Olympique Lyonnais Group (30 јуни 2016). "Samuel Umtiti to transfer to FC Barcelona". Соопштение за печат.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Самуел Умтити на ESPN Архивирано на 2 јануари 2013 г.
- Самуел Умтити на soccerway
| |||||||||||||||||||||||||||||||||