Прејди на содржината

Дидје Дешан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дидје Дешан
Лични податоци
Роден на 15 октомври 1968(1968-10-15)(57 г.)
Роден во Бајона, Франција
Држава  Франција
Висина 1,74 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Франција Франција (селектор)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985-1989 Нант Нант 111 (4)
1989-1994 Марсеј Олимпик Марсеј 123 (6)
1990-1991Бордо Бордо 29 (3)
1994-1999 Јувентус Јувентус 124 (4)
1999-2000 Челси Челси 27 (1)
2000-2001 Валенсија Валенсија 13 (0)
Репрезентација
1989-2000 Франција Франција 103 (4)
Тренер на екипи
2001–2005 Монако Монако
2006–2007 Јувентус Јувентус
2009–2012 Марсеј Олимпик Марсеј
2012- Франција Франција

Дидје Клод Дешан (француски: Didier Claude Deschamps; роден на 15 октомври 1968, во Бајона) — француски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Моментално е селектор на француската репрезентација.

Како фудбалер, тој освоил три титули во француското првенство (од кои едната била одземена) и една во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј, потоа три титули во италијанското првенство, еден во Купот на Италија, два Суперкупа на Италија, една титула во Лигата на шампиони, еден Интерконтинентален куп и еден Суперкуп на УЕФА со Јувентус и еден ФА куп со Челси. Тој, исто така, бил прогласен за најдобар француски фудбалер од France Football за 1996 година.

Во улога на тренер, тој го освоил Лига купот на Франција со Монако и уште три други Лига купови, една првенствена титула и два Суперкупа на Франција со Олимпик Марсеј. Тој, исто така, го водел Јувентус во Серија Б 2006-2007, постигнувајќи промоција во Серија А и математички го осигурал првото место во првенството.[1]

Како светски шампион во 1998 и европски во 2000 со француската репрезентација, и во двата случаи како капитен, во 2012 година Дешан бил назначен за селектор на репрезентацијата и во ова својство ги предводел „триколорите“ до второто место на Европското првенство 2016 и до победата на Светското првенство 2018 — станувајќи на тој начин, заедно со Марио Загало и Франц Бекенбауер, еден од единствените тројца луѓе во светот на фудбалот што триумфирале на Светско првенство и како играчи и како тренери — и на УЕФА Лигата на нации во 2020-2021.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден во Бајона, Баскија област во јужна Франција,[2][3] денес живее во Кап д'Ај. Тој е прв братучед на поранешната тенисерка Натали Тозија.[4]

Во 2004 година, бил избран од Пеле во најдобрите 125 живи играчи на сите времиња.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Дефанзивен играч за врска со голем карактер и темперамент,[2] што произлегува, според самиот Дешан, од неговото гранично потекло - „јас сум баскиец [...] и ја имам тврдоглавоста на мојот народ. Кога ќе ставиме нешто во главата, сакаме да дојдеме до целта“ -,[2] толку многу што бил споредуван со поранешниот играч на Јувентус Џузепе Фурино веднаш по неговото пристигнување во Торино.[2][3] Тој бил левак, со перфектна тактичката трудољубивост и брзината на движење што му овозможиле да биде многу ефикасен во фазата на одземање на топката, особено со навремени лизгачки стартови;[2] обдарен со одлична основна техника, која пак му овозможува да биде играчот кој ги започнува акциите и ако често знаел и да се понуди себеси напред, каде сепак неговата дефанзивна природа го довела до тоа повеќе да додава за неговите соиграчи отколку да се обиде самиот тој да ја погоди мрежата.[2]

Тој претпочита да користи модули засновани на одбрана со четири играчи, како што се 4-4-2, 4-3-3 или 4-2-3-1, каде карактеристично за сите нив е максималното искористување на страничните позиции.[5]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоците во Нант

[уреди | уреди извор]

По кратка проба во рагбито, тој почнал да игра фудбал во неговиот роден град, за екипата на Авирон Бајона, додека учел основно училиште.

На 15-годишна возраст, додека играл во Лига д'Аквитанија, бил забележан од скаутите на Нант, со кој потпишал договор во април 1983 година. Потребни му биле само две години во младинскиот сектор на Нант, препознатлив како еден од најдобрите во Франција, за да го докаже својот талент. Тој бил промовиран во првиот тим во 1985 година и на 27 септември, на седумнаесетгодишна возраст, го направил своето деби во најсилната дивизија на Франција во победата на гостувањето кај Брест. Четирите сезони поминати во Нант биле одлучувачки за развојот на неговата кариера: тој не освоил трофеи, поради тоа што клубот од Западна Франција бил екипа од средината на табелата во тоа време, но Дешан созреал многу и собрал значително искуство, играјќи 111 натпревари во лигата. Понатаму, за време на неговата последна сезона во жолто-зелениот дрес, тој бил повикан за првпат во француската репрезентација чиј селектор бил Мишел Платини.

Олимпик Марсеј и Бордо

[уреди | уреди извор]

Во 1989 година се преселил во Олимпик Марсеј за 17 милиони франци.[6] За време на неговата прва сезона во клубот од Јужна Франција, тој честопати останувал на клупата: одиграл само 17 натпревари, со еден постигнат гол на неговата сметка (во 35-тото коло од првенството во победата со 3-1 на домашен терен над Мулуз), од кои во повеќето се појавил во самиот тек на натпреварите влегувајќи како замена од клупата. Како и да е, тој бил избран за откровение на годината од France Football и ја освоил својата прва првенствена титула, и покрај тоа што претрпел проблеми со адаптацијата во клубот. На крајот на сезоната, исто така, за да не го загрози своето место во репрезентацијата, тој прифатил да отиде на позајмица во Бордо.[6]

Сезоната играна со жирондинците е одлучувачка за неговата кариера: тој имал можност да игра редовно, така што на крајот од сезоната, откако одиграл 29 натпревари, во летото 1991 година можел да се врати во клубот чии претседател бил Бернар Тапи. Првично, Тапи сакал да го искористи Дешан како пион во евентуалната размената со Париз Сен Жермен со кои Олимпик бил во преговори за доведување на Жослен Англома во своите редови, но младиот играч од средниот ред бил цврсто против такво нешто; на крајот тој останува во Марсеј и, навистина, станува важен шраф во тимот. Во сезоната 1991-1992 Дешан одиграл 36 првенствени натпревари, постигнал 4 гола и ја освоил својата втора национална титула, но првата како протагонист.

Сезоната 1992-1993 била онаа на славата. Тој го освоил своето трето француско првенство и второ по ред, иако последователно одземено по аферата Валенсиен-Oлимпик Марсеј, но пред сè, на 26 мај 1993 година, тој и целиот Олимпик Марсеј влегле во историјата на францускиот фудбал со освојувањето на нивната прва континентална титула, Лигата на шампионите: во финалето во Минхен, иако сметани за аутсајдери во пресрет на истото, фудбалерите на Марсеј го поразиле со 1-0 Милан на Фабио Капело, и со тоа Дешан, како капитен на тимот, бил почестен да го подигне пехарот кон небото.[3][7] Олимпик Марсеј станал првиот трансалпски клуб кој бил европски шампион.[7]

Во следната сезона, 1993-1994, тој одиграл 34 натпревари во првенството во кое клубот завршил на второто место. Сепак, на крајот на сезоната, француската федерација, откако ја утврдила вмешаноста на Тапи во организирањето на сканадалот со поткуп во натпреварот Валенсиен-Oлимпик Марсеј, автоматски го деградирала тимот во Дивисион 2:[8] оваа ситуација, во комбинација со желбата да се натпреварува во поконкурентно првенство, го натерала Дешан да ги напушти Марсеј и Франција.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

Во април 1994 година, Јувентус, антиципирајќи ги идните настани, го блокирал Дешан кој по истекот на договорот би можел да биде привлечен од Олимпик Марсеј, но според параметрите на УЕФА кои важеле во ерата пред воведувањето на Босман правилото, на пазарот за слободните играчи на кои им истекува договорот требало да се плати компензација од околу три и пол милијарди лири;[9] следниот месец, играчот од средниот ред родум од Бајона официјално потпишал со италијанскиот клуб.[10][11] Новиот Јувентус во кој доаѓа Дешан, има за цел да го врати скудетото во своите витрини кое не го освојувале цели девет години и затоа клубот штотуку се променил многу, како меѓу играчите на теренот така и на клупата каде тренерската палка ја презел Марчело Липи. Дебитирал за Јувенус на 31 август 1994, во натпреварот против Кјево Верона во второто коло на Купот на Италија. Авантурата на французинот во црно-белиот дрес не започнала најдобро: во октомври му била оперирана левата ахилова тетива и така останал далеку од терените речиси половина сезона.[12] Откако ќе се опорави, тој веднаш станал незаменлив, формирајќи со другиот новајлија Пауло Соуса дуо во средниот ред со високи перформанси, што го води тимот од Торино до освојувањето на Серија А и Купот на Италија,[13][14] како и да се пласира во финалето на Купот на УЕФА каде загубиле од Парма.[15]

Одличен во извршувањето на пресинг низ целиот терен, притоа подготвен и за извршување на тактички замисли, тој веднаш бил високо ценет од страна на тренерот Липи заради неговата флексибилност, пожртвуван дух и тактичка интелигенција. Tренерот му ги препушта клучевите од средниот ред на Јувентус за следната сезона во која клубот е на маргините на борбата за скудетото; Милан веќе на почетокот направил голема бодовна предност во однос на пиемонтезите, кои и покрај обидот да се приближат во завршницата од сезоната, ќе го затворат првенството на второто место. Приказната е различна во Лигата на шампионите: Дешан е стожерот на тимот кој, возбудливото патешествие во ова издание на турнирот го затворил на 22 мај 1996 година, со победата над Ајакс во финалето одиграно на Олимпико.[16] На тој начин, и Јувентус и францускиот играч од средниот ред стигнале до својата втора титула во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување (Дешан бил шампион и со Марсеј три години порано).[3] Претходно, во текот на сезоната Дешан освоил уште еден трофеј со Јувентус, откако клубот бил победник на Суперкупот на Италија.[17]

Тој бил протагонист и во сезоната 1996-1997, полна со трофеи за французинот и неговите другари од соблекувалната. На 27 ноември 1996 година, победувајќи го аргентинскиот Ривер Плејт во Токио, тој го освоил Интерконтиненталниот куп.[18] На 6 февруари 1997 година, откако го победиле Париз Сен Жермен во двомечот (1-6 на гости и 3-1 дома), тој го кренал и трофејот од Суперкупот на УЕФА.[19] Во првенството придонесува, со 26 настапи и 1 гол (во победата 1-4 против Удинезе),[20] за освојувањето на скудетото во сезоната на стогодишнината на клубот од Торино, а исто така помогнал неговиот клуб да стигне до финалето на Лигата на шампионите каде што бил поразен од Борусија Дортмунд.[21] Во следната сезона, тој го освоил своето трето скудето, второ последователно со бјанконерите и вториот суперкуп; учествувал и во третото последователно финале на Лигата на шампионите, негово петто финале во европските натпреварувања во шест години,[22] загубено од Реал Мадрид.

Сезоната 1998-1999 била разочарувачка и за Јувентус и за играчот: резултатите не биле истите како во претходните сезони, и тоа го натерало Липи се почесто да прави промени во составот, вклучувајќи го и изоставувањето на Дешан од почетните единаесет.[23] Односите меѓу двајцата се влошиле, како и со останатиот дел од соблекувалната, што кулминирало со тежок судир меѓу тренерот од Вијареџо и францускиот играч за врска во пресрет на домашниот натпревар против Парма.[23][24][25] Кон крајот на сезоната, неговата единствена без успех во Торино, тој изразил желба да замине од Јувентус, сметајќи дека неговото искуство во клубот е веќе исцрпено.[26] По пет сезони го соблекол црно-белиот дрес, забележувајќи 4 гола во 178 вкупни настапи, освојувајќи сè: 3 скудета, 1 Куп на Италија, 1 Лига на шампиони, 1 Интерконтинентален куп, 1 Суперкуп на УЕФА и 2 Суперкупа на Италија.

Последните години од кариерата со Челси и Валенсија

[уреди | уреди извор]

На 21 јуни 1999 година, тој склучил договор со Челси, чиј тренер бил неговиот пријател и поранешен соиграч во Јувентус, Џанлука Вијали;[27] во Лондон тој го пронашол и Марсел Десаи, негов близок пријател и соиграч од репрезентацијата. Во дресот на „сините“ одиграл 27 натпревари, постигнувајќи еден гол против Херта во Лигата на шампионите,[28] и во својата богата ризница на трофеи го додал и пехарот од ФА Купот.[29]

Сепак, тој не успеал да се прилагоди на англискиот фудбал, па на крајот од сезоната се преселил во Валенсија за сума од приближно 2,7 милиони фунти.[30] Сепак, ниту искуството во Шпанија не било среќно: во Валенсија, чиј тренер бил Ектор Купер, тој одиграл само 8 натпревари поради бројните повреди, исто така, останувајќи на клупата во поразот на пенали од Бајерн Минхен во неговото петто финале во кариерата во Лигата на шампионите одиграно на Сан Сиро.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој бил повикан за првпат во француската репрезентација од селекторот Мишел Платини во 1989 година, а дебитирал на 20-годишна возраст на 29 април против Југославија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 1990, заменувајќи го Даниел Ксуереб.[31]

Својата репрезентативна кариера, Дешан ја започнал во многу лоши време кога репрезентацијата минува низ најтемните периоди од своето постоење: најпрвин „триколорите“ не успеале да се квалификуваат за Мундијалот 1990 во Италија, потоа да бидат елиминирани уште во групната фаза на Европското првенство 1992 без ниту една победа,[32] и конечно не успеале да освојат билет за Светското првенство 1994.

Со доаѓањето на Еме Жаке на селекторската функција, започнал процес на обнова на репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство 1996, а со тоа се менуваат работите и за репрезентацијата и за играчот од средниот ред од Бајона. На почетокот капитен на репрезентацијата требало да остане Ерик Кантона, но тој завршил засекогаш со репрезентацијата, откако во јануари 1995 година додека играл за својот клуб Манчестер Јунајтед удрил навивач кој го навредувал додека излегувал од теренот по што му била изречена деветмесечната суспензија. Поради тоа селекторот морал да тргне во голема реконструкција на екипата. Па така, постарите играчи како Кантона, Жан-Пјер Папен и Давид Жинола морале да ги отстапат своите места во репрезентацијата на младите ѕвезди предводени од Зинедин Зидан, кои што подоцна ќе ја формираат таканаречената златна генерација. Во исто време пак, заради искуството кое веќе го имал Дешан ја добил одговорноста од селекторот Жаке да ја носи капитенската лента на триколорите. За првпат капитенската лента на својата рака, Дешан ја носел против репрезентацијата на Германија, во пријателски натпревар одигран на 1 јуни 1996 година.[33] Моментално ги покажува својте лидерски способности и ја предводи својата земја до полуфиналето на Европското првенство 1996 во Англија, најголемиот фудбалски успех на французите во последните десет години.[32]

Во 1998 година, сега како капитен и „сенатор“ во соблекувалната,[34] ја води својата репрезентација до титулата на Светското првенство 1998, нивна прва светска титула.[34] На првенството на кое токму французите биле домаќини, Дешан бил многу важна алка во играта на својата репрезентација носејќе смиреност и спокојство во организацијата на играта на својата репрезентација од првиот натпревар па сè до финалето во кое триколорите го уништиле бранителот на титулата Бразил со 3-0.

Со ова Франција станува доминантна сила во фудбал, а потврдата за тоа стигнала две години подоцна: Франција е победник на Европското првенство 2000, а Дешан кој се уште е капитен на репрезентацијата го подигнал и овој трофеј, за да станат само втората репрезентација, по Западна Германија во 1974 година, која истовремено во своите витрини ги држела двата најважни репрезентативни трофеи оној на Светското првенство и Купот Анри Делоне.[35] За време на полуфиналето против Португалија, тој го достигнал својот стотти настап во дресо со националниот грб, станувајќи притоа првиот француски играч кој некогаш ја поминал оваа бројка.[36][37]

На 2 септември 2000 година, го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата на Стад де Франс против Англија; натпреварот завршил 1-1, а тој бил заменет во 59-тата минута од Патрик Виера.[38]

Се збогувал од репрезентацијата со 103 настапи и 4 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-4-1989ПаризФранција Франција0 – 0Југославија ЈугославијаКвал. за СП 1990-влегол во игра 76'
16-8-1989МалмеШведска Шведска2 – 4Франција ФранцијаПријателска-
5-9-1989ОслоНорвешка Норвешка1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 1990-
11-10-1989ПаризФранција Франција3 – 0Шкотска ШкотскаКвал. за СП 19901
18-11-1989ТулузаФранција Франција2 – 0Кипар КипарКвал. за СП 19901
21-1-1990КувајтКувајт Кувајт0 – 1Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 46'
24-1-1990КувајтФранција Франција3 – 0Источна Германија Источна ГерманијаПријателска1
28-2-1990МонпелјеФранција Франција2 – 1Западна Германија Западна ГерманијаПријателска-
5-9-1990РејкјавикИсланд Исланд1 – 2Франција ФранцијаКвал. за ЕП 1992-
13-10-1990ПаризФранција Франција2 – 1Чехословачка ЧехословачкаКвал. за ЕП 1992-
17-11-1990ТиранаАлбанија Албанија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за ЕП 1992-добил жолт картон во 63-тата минута 63'
20-2-1991ПаризФранција Франција3 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за ЕП 1992-влегол во игра 82'
30-3-1991ПаризФранција Франција5 – 0Албанија АлбанијаКвал. за ЕП 1992-влегол во игра 73'
14-8-1991ПознањПолска Полска1 – 5Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 46'
4-9-1991БратиславаЧехословачка Чехословачка1 – 2Франција ФранцијаКвал. за ЕП 1992-
12-10-1991СевиљаШпанија Шпанија1 – 2Франција ФранцијаКвал. за ЕП 1992-
20-11-1991ПаризФранција Франција3 – 1Исланд ИсландКвал. за ЕП 1992-
19-2-1992ЛоднонАнглија Англија2 – 0Франција ФранцијаПријателска-
25-3-1992ПаризФранција Франција3 – 3Белгија БелгијаПријателска-
27-5-1992ЛозанаШвајцарија Швајцарија2 – 1Франција ФранцијаПријателска-заменет 46'
5-6-1992ЛансФранција Франција1 – 1Холандија ХоландијаПријателска-
10-6-1992СтокхолмШведска Шведска1 – 1Франција ФранцијаЕвро 1992 - Прва фаза-
14-6-1992МалмеФранција Франција0 – 0Англија АнглијаЕвро 1992 - Прва фаза-
17-6-1992МалмеФранција Франција1 – 2Данска ДанскаЕвро 1992 - Прва фаза-добил жолт картон во 73-тата минута 73'
26-8-1992ПаризФранција Франција0 – 2Бразил БразилПријателска-
9-9-1992СофијаБугарија Бугарија2 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 1994-
14-10-1992ПаризФранција Франција2 – 0Австрија АвстријаКвал. за СП 1994-
14-11-1992ПаризФранција Франција2 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 1994-
17-2-1993Тел АвивИзраел Израел0 – 4Франција ФранцијаКвал. за СП 1994-
27-3-1993ВиенаАвстрија Австрија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 1994-
28-4-1993ПаризФранција Франција2 – 1Шведска ШведскаКвал. за СП 1994-
28-7-1993КанФранција Франција3 – 1Русија РусијаПријателска-
22-8-1993СтокхолмШведска Шведска1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 1994-
8-9-1993ТампереФинска Финска0 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 1994-заменет 88'
13-10-1993ПаризФранција Франција2 – 3Израел ИзраелКвал. за СП 1994-
17-11-1993ПаризФранција Франција1 – 2Бугарија БугаријаКвал. за СП 1994-
16-2-1994НеаполИталија Италија0 – 1Франција ФранцијаПријателска-
22-3-1994ЛионФранција Франција3 – 1Чиле ЧилеПријателска-
29-5-1994TokyoЈапонија Јапонија1 – 4Франција ФранцијаKirin Cup 1994-
7-9-1994BratislavaСловачка Словачка0 – 0Франција ФранцијаQEuro-
26-4-1995NantesФранција Франција4 – 0Словачка СловачкаQEuro- добил жолт картон во 53-тата минута 53'
16-8-1995ParigiФранција Франција1 – 1Полска ПолскаQEuro-
6-9-1995AuxerreФранција Франција10 – 0Азербејџан АзербејџанQEuro-
11-10-1995BucarestРоманија Романија1 – 3Франција ФранцијаQEuro-
15-11-1995CaenФранција Франција2 – 0Израел ИзраелQEuro-добил жолт картон во 21-вата минута 21'
24-1-1996ParigiФранција Франција3 – 2Португалија ПортугалијаAmichevole-
21-2-1996NîmesФранција Франција3 – 1Грција ГрцијаAmichevole-
27-3-1996BruxellesБелгија Белгија0 – 2Франција ФранцијаAmichevole-
1-6-1996StoccardaГерманија Германија0 – 1Франција ФранцијаAmichevole-
5-6-1996Villeneuve-d'AscqФранција Франција2 – 0Ерменија ЕрменијаAmichevole-
10-6-1996Newcastle upon TyneРоманија Романија0 – 1Франција ФранцијаEuro-
15-6-1996LeedsФранција Франција1 – 1Шпанија ШпанијаEuro-
18-6-1996Newcastle upon TyneБугарија Бугарија1 – 3Франција ФранцијаEuro-
22-6-1996LiverpoolФранција Франција0 – 0 прод.
(5 – 4 пен.)
Холандија ХоландијаEuro- добил жолт картон во 6-тата минута 6'
31-8-1996ParigiФранција Франција2 – 0Мексико МексикоAmichevole-
9-10-1996ParigiФранција Франција4 – 0Турција ТурцијаAmichevole-
9-11-1996CopenaghenДанска Данска1 – 0Франција ФранцијаAmichevole-
22-1-1997BragaПортугалија Португалија0 – 2Франција ФранцијаAmichevole1 заменет 63'
3-6-1997LioneФранција Франција1 – 1Бразил БразилTorneo di Francia- добил жолт картон во 90-тата минута 90'
7-6-1997MontpellierФранција Франција0 – 1Англија АнглијаTorneo di Francia-
11-6-1997ParigiФранција Франција2 – 2Италија ИталијаTorneo di Francia-
11-10-1997LensФранција Франција2 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаAmichevole-
12-11-1997Saint-ÉtienneФранција Франција2 – 1Шкотска ШкотскаAmichevole-
28-1-1998Сен ДениФранција Франција1 – 0Шпанија ШпанијаAmichevole- заменет 62'
25-2-1998MarsigliaФранција Франција3 – 3Норвешка НорвешкаAmichevole-
25-3-1998МоскваРусија Русија1 – 0Франција ФранцијаAmichevole- заменет 46'
22-4-1998SolnaШведска Шведска0 – 0Франција ФранцијаAmichevole- заменет 68'
27-5-1998CasablancaБелгија Белгија0 – 1Франција ФранцијаAmichevole-
29-5-1998CasablancaМароко Мароко2 – 2Франција ФранцијаAmichevole-заменет 46'
5-6-1998HelsinkiФинска Финска0 – 1Франција ФранцијаAmichevole-
12-6-1998MarsigliaФранција Франција3 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаMondiali- добил жолт картон во 53-тата минута 53'
18-6-1998MarsigliaФранција Франција4 – 0Саудиска Арабија Саудиска АрабијаMondiali-
28-6-1998LensФранција Франција1 – 0Парагвај ПарагвајMondiali-
3-7-1998Saint-DenisИталија Италија0 – 0 прод.
(3 – 4 пен.)
Франција ФранцијаMondiali- добил жолт картон во 62-рата минута 62'
8-7-1998Saint-DenisФранција Франција2 – 1Хрватска ХрватскаMondiali-
12-7-1998Saint-DenisБразил Бразил0 – 3Франција ФранцијаMondiali-[39]
19-8-1998ViennaАвстрија Австрија2 – 2Франција ФранцијаAmichevole-заменет 46'
5-9-1998ReykjavíkИсланд Исланд1 – 1Франција ФранцијаQEuro-
10-10-1998МоскваРусија Русија2 – 3Франција ФранцијаQEuro-
14-10-1998Saint-DenisФранција Франција2 – 0Андора АндораQEuro-
20-1-1999MarsigliaФранција Франција1 – 0Мароко МарокоAmichevole-заменет 46'
10-2-1999LondraАнглија Англија0 – 2Франција ФранцијаAmichevole- заменет 90'
27-3-1999Saint-DenisФранција Франција0 – 0Украина УкраинаQEuro-
31-3-1999Saint-DenisФранција Франција2 – 0Ерменија ЕрменијаQEuro-
5-6-1999Saint-DenisФранција Франција2 – 3Русија РусијаQEuro- добил жолт картон во 10-тата минута 10'
4-9-1999KievУкраина Украина0 – 0Франција ФранцијаQEuro-
8-9-1999ErevanЕрменија Ерменија2 – 3Франција ФранцијаQEuro-
9-10-1999Saint-DenisФранција Франција3 – 2Исланд ИсландQEuro-
13-11-1999Saint-DenisФранција Франција3 – 0Хрватска ХрватскаAmichevole-влегол во игра 85'
23-2-2000Сен ДениФранција Франција1 – 0Полска ПолскаAmichevole-
29-3-2000GlasgowШкотска Шкотска0 – 2Франција ФранцијаAmichevole- заменет 60'
26-4-2000Saint-DenisФранција Франција3 – 2Словенија СловенијаAmichevole- заменет 63'
28-5-2000ZagabriaХрватска Хрватска0 – 2Франција ФранцијаAmichevole-
4-6-2000CasablancaЈапонија Јапонија2 – 2
(2 – 4 пен.)
Франција ФранцијаAmichevole-заменет 46'
6-6-2000CasablancaМароко Мароко1 – 5Франција ФранцијаAmichevole-влегол во игра 67'
11-6-2000BrugesФранција Франција3 – 0Данска ДанскаEuro-
16-6-2000BrugesЧешка Чешка1 – 2Франција ФранцијаEuro-
21-6-2000AmsterdamХоландија Холандија3 – 2Франција ФранцијаEuro-влегол во игра 90'
25-6-2000BrugesФранција Франција2 – 1Шпанија ШпанијаEuro- добил жолт картон во 59-тата минута 59'
28-6-2000BruxellesФранција Франција2 – 1Португалија ПортугалијаEuro-[40]
2-7-2000RotterdamФранција Франција2 – 1Италија ИталијаEuro-[41]
16-8-2000MarsigliaФранција Франција5 – 1World Stars World StarsAmichevole- заменет 61'
2-9-2000Saint-DenisФранција Франција1 – 1Англија АнглијаAmichevole- заменет 59'
Вкупно Настапи (9. место) 103 Голови 4

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на играчката кариера Дешан започнал со тренерска работа. Прв клуб кој го водел бил Монако. Веќе во 2003 година бил прогласен за тренер на годината во Франција. Својот прв трофеј како тренер го освојува во 2003 година триумфирајќи го францускиот Лига куп, а во 2004 година со екипата во која немало многу познати имиња стигнува до финалето на Лигата на шампионите каде Монако бил поразен од португалскиот Порто со 3-0. Во 2005 година го напуштил клубот.

По кратка пауза без работа во 2006 година Дешан се фатил за многу тешка работа, да ја врати својата некогашна екипа Јувентус во самиот врв, откако овој поради скандали бил исфрлен во понизок ранг во италијанскиот фудбал.

Од почетокот не му тргнало најдобро, бидејќи Јувентус рано бил елиминиран од Купот на Италија, а потоа во првенството се мачеле со воено настроените екипи од југот. Но, набрзо Јувентус почнал да победува и да се качува кон врвот во Серија Б, а на крајот завршува како прв и Дешпам уште еднаш успева во својата мисија (враќајќи го клубот во првата лига).

На 5 мај 2009 Дешан бил назначен за тренер на Олимпик Марсеј и веќе во првата сезона на клубот му ја носи титулата првак на Франција после 18 години чекање.

По завршувањето на Евро 2012 Дешан бил назначен за нов селектор на француската репрезентација. Неа ја одвел до финалето на Евро 2016 на домашен терен, каде биле поразени од Португалија со 1-0 по продолженија.

Играч

Франција Олимпик Марсеј

1989–1990, 1991–1992
1992–1993

Италија Јувентус

1994–1995, 1996–1997, 1997–1998
1995
1995, 1997
1995–1996
1996
1996
1999

Англија Челси

2000

Франција Франција

1998
2000

Тренер

Франција Монако

2003

Италија Јувентус

2006–2007

Франција Марсеј

2009–2010
2010, 2011, 2012

Франција Франција

2018
Дешан (лево) со играчитe и тренерскиот персонал на Олимпик Марсеј на церемонијата на доделување на трофејот за победник на Суперкупот на Франција 2011.
  1. „L'addio di Deschamps è finalmente ufficiale. La Juve: "Contratto sciolto consensualmente". 26 мај 2007.
  2. 1 2 3 4 5 6 http://www.juventus.com/it/news/news/2015/deschamps-the-french-connection.php. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. 1 2 3 4 Salvatore Lo Presti. „Più Deschamps che Platini“. La Gazzetta dello Sport. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  4. Maria Enrico Riva (24 ноември 2012). „26 violenze al prezzo di 2“.
  5. Giorgio Coluccia (13 ноември 2017). „Nessuno ama Deschamps“.
  6. 1 2 „Didier Deschamps, une vie en Bleu“ (француски). Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 2022-10-12.
  7. 1 2 „L'OM... Champion d'Europe“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  8. „Clamoroso in Francia: Marsiglia in B, Tapie fuori dal calcio, Bernes radiato“. Corriere della Sera. 23 април 1994. стр. 43. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 12 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  9. Benedetto Ferrara (30 април 1994). „Juve, trattativa Deschamps“. la Repubblica. стр. 25.
  10. „DOPPIO COLPO LA JUVE È FATTA“. la Repubblica. 7 мај 2014. стр. 25.
  11. Fabio Monti (7 мај 1994). „Juve ecco Deschamps e Ferrara“. Corriere della Sera. стр. 40.
  12. „Operato Deschamps starà fuori 3 mesi“. Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 novembre 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  13. „Scudetto 1994-95“. Посетено на 24 ноември 2019.
  14. „11/06/1995 Parma-Juventus 0-2, Coppa Italia 1994-1995“. Посетено на 24 ноември 2019.
  15. „Inutile l'assalto Juve, Uefa al Parma grazie all'altro Baggio“. Corriere della Sera. 18 мај 1995. стр. 1. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  16. „Coppe e trofei: una storia in bianconero“. 21 ноември 2003. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2003. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  17. „Supercoppa Italiana 1995: Juventus-Parma 1-0 17/01/1996“. Посетено на 24 ноември 2019.
  18. Giancarlo Padovan; Stefano Agresti; Giancarlo Padovan (27 ноември 1996). „Del Piero regala il mondo alla Juve“. стр. 39. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  19. „1996: Juve a valanga a Parigi“. Архивирано од изворникот на 24 ноември 2019. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  20. „Memoria Storica – Udinese-Juventus, match dal sapore particolare. Ecco perché“. 21 декември 2011.
  21. Roberto Perrone (29 мај 1997). " Peccato, ma resta un anno eccezionale ". стр. 40. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  22. „Deschamps suona la Quinta“. La Gazzetta dello Sport. 15 мај 1998.
  23. 1 2 „Deschamps rivela: «Prima del Parma litigai con Lippi»“. Il Tirreno. 12 февруари 1999.[мртва врска]
  24. . Corriere della Sera. 12 февруари 1999. стр. 44 https://web.archive.org/web/20130403005226/http://archiviostorico.corriere.it/1999/febbraio/12/Deschamps_ammette_Avevo_litigato_con_co_0_990212818.shtml. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  25. Maurizio Crosetti (5 март 1999). „Lippi-Juventus finì a pugni“. la Repubblica. стр. 59.
  26. Fabio Vergnano (14 јуни 1999). „Juve, Deschamps è diventato un caso“. La Stampa. стр. 34.
  27. Chris Taylor (22 јуни 1999). „Chelsea add French polish with £3m Deschamps“ (англиски).
  28. Glenn Moore (4 ноември 1999). „Chelsea's big night is spoiled by Sutton“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  29. „Chelsea 1 Aston Villa 0“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  30. „Deschamps signs in“ (англиски).
  31. „France v Yugoslavia 0:0, football match 29 April 1989“ (англиски). Посетено на 9 април 2019.
  32. 1 2 „Didier Deschamps“ (англиски).
  33. „Allemagne-France 0-1“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  34. 1 2 Emilio Marrese (13 јули 1998). „Invasi gli Champs Elysées in festa un milione di tifosi“. la Repubblica. стр. 38.
  35. „UEFA EURO 2000 - Storia - Francia-Italia“. 6 октомври 2003.
  36. „Classiche EURO: Francia - Portogallo 2-1“. 4 мај 2020. Посетено на 2021-10-06.
  37. „Lemerre's plea to Deschamps“ (англиски). 3 luglio 2000. Посетено на 6 октомври 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  38. „France v England 1:1, football match 2 September 2000“ (англиски).
  39. 1. титула
  40. 100. настап
  41. 2. титула

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Ерик Кантона
Капитен на Франција
1996–2000
Наследник
Марсел Десаи