ФК Сент Етјен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сент Етјен
Logo AS Saint-Étienne.svg
Целосно имеАС Сент Етјен Лоар
ДржаваФранција Франција
ПрекарSainté (Светци),
Les Verts (Зелени)
Основан1933
СтадионСтад Жофроа-Гишар
Сент Етјен, Франција
Капацитет41,965
СопственикCesse Foot (44%)
France Croissance Foot (44%)
Association ASSE (12%)
ПретседателФранција Бернар Кајасо
ТренерФранција Клод Пуел
ЛигаЛига 1 Лига 1
2019–20Лига 1, 17-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

АС Сент Етјен Лоар (честопати се нарекува АС Сент Етјен или скратено АССЕ) е француски фудбалски клуб со седиште во градот Сент Етјен, Оверњ-Рона-Алпи. Клубот е основан во 1933 година и моментално игра во Лига 1, највисоката дивизија на францускиот фудбал.

Сен-Етјен има освоено рекордни десет титули во Лига 1, како и шест титули во Купот на Франција, една титула во Лига купот и пет Суперкупа на Франција. Исто така клубот го има освоено и Лига 2 првенството - втората лига по ранг во Франција - во три наврати. Најголемиот дел од своите успеси Сент Етјен ги остварил во 1960-тите и 1970-тите години, кога клубот го воделе тренери како Жан Снела, Алберт Бате и Робер Ербен.

Сент Етјен ги игра своите домашни натпревари на стадионот Стад Жофроа-Гишар. Најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви, а поради тоа имаат прекар Les Verts (зелените). Главен ривал на клубот е Олимпик Лион, со кого го играат дербито Рона-Алпи.

Титули[уреди | уреди извор]

Победник: 1956–1957, 1963–1964, 1966–1967, 1967–1968, 1968–1969, 1969–1970, 1973–1974, 1974–1975, 1975–1976, 1980–1981
Победник: 1962–1963, 1998–1999, 2003–2004
Победник: 1961–1962, 1967–1968, 1969–1970, 1973–1974, 1974–1975, 1976–1977
Победник: 2012–2013
Победник: 1957, 1962, 1967, 1968, 1969
Победник: 1955, 1958

Надворешни врски[уреди | уреди извор]