ФК Олимпик Лион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимпик Лион
Olympique Lyonnais.png
Целосно имеОлимпик Лион
ПрекарLes Gones (Деца)
Основан3 август 1950; пред 70 години (1950-08-03)[1]
СтадионПарк Олимпик Лион
Капацитет59,186[2]
ПретседателФранција Жан-Мишел Олас
МенаџерФранција Руди Гарсија
ЛигаЛига 1 Лига 1
2019–20Лига 1, 7-ми
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Олимпик Лион е француски фудбалски клуб со седиште во градот Лион, Оверњ-Рона-Алпи. Моментално се натпреварува во Лига 1, највисокото ниво на францускиот фудбал.

Клубот бил основан во 1899 година, под името Лион Олимпик Университер, а како професионален фудбалски клуб делува од 1950 година.[3] Својте најголеми успеси клубот ги забележал во 21-виот век. Во 2002 година, клубот ја освоил својата прва титула Шампион на Франција, започнувајќи ја серијата од 7 национални титули по ред со која поставиле рекорд во францускиот фудбал. Покрај тоа Лион има освоено и 8 Суперкупа на Франција, 5 Купа на Франција и 3 титули во втората лига позната како Лига 2. На меѓународната фудбалска сцена, Лион има триумфирано во Интертото купот во 1997 година, а исто така двапати биле полуфиналисти на УЕФА Лигата на шампионите (2009-2010, 2019-2020, во двата случаја елиминирани од Бајерн Минхен), и по еднаш испаѓале во истата фаза во Лигата на Европа (2016-2017) и Купот на победниците на куповите (1963-1964). Клубот своевремено бил член на Г-14 групата на европски клубови.

Домашните бои на клубот се бела, црвена и сина. Својте домашни натпревари, Лион ги игра на Парк Олимпик Лион, кој има капацитет од 59,186 седечки места. Тој е еден од најсилно подржуваните клубови во земјата заедно со Париз Сен Жермен и Олимпик Марсеј. Прекар на клубот е Les Gones што значи "децата".

Istorija[уреди | уреди извор]

Клубот е основан во 1896 година под името Лион Олимпик Университер, како мулти-спортски клуб. По многуте внатрешни конфликти во врска со заедничката работа на аматерите и професионалците во клубот, тогашниот менаџер на клубот Феликс Луо и неговите соработници размислувале за основање на свој сопствен клуб. Така на 3 август 1950 година, планот на Луо се остварил кога др. Алберт Трилат, меѓу другите, го основал клубот Олимпик Лион. За прв тренер на клубот бил назначен Оскар Хајзерер, a на 26 август 1950 година клубот го одиграл својот прв официјален натпревар победувајќи го Париз-Шарентон со 3-0 пред околу 3,000 навивачи. Веќе во втората година од своето постоење, Лион ја освоил титулата во втората француска лига и изборил промоција во Дивисион 1, најсилната фудбалска лига во земјата.

Во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-тиот век, Лион постигнал просечни успеси благодарение на играчи како Флери Ди Нало, Нестор Комбен, Серж Кјеза, Бернар Лакомб и Жан Џоркаеф. Под водството на тренерот Лусиен Жасерон клубот ја освоил својата прва титула, Купот на Франција, победувајќи го во финалето Бордо со 2-0. Лион исто така играл многу добро и во Лига 1 под водството на Жасерон, се до сезоната 1965-1966 кога завршиле на слабото 16-то место, по што тренерот бил отпуштен. Тој бил заменет од Луј Он, кој пак го предводел клубот до втора титула во Купот на Франција во сезоната 1966-1967, совладувајќи го Сошо во финалето со 3-1. На почетокот на 70-тите години, за нов тренер на Лион бил назначен Еме Мињо, играчка легенда на клубот, кој на Les Gones им го донел третиот трофеј во Купот на Франција, овојпат победувајќи го во финалето Нант со 2-1 во сезоната 1972-1973.

Во јуни 1987 година, Олимпик Лион бил купен од страна на бизнисменот од Рона, Жан-Мишел Oлас, кој ја презел контролата над клубот со цел да го претвори Лион во една од екипите кои ќе се борат за титулата во француската прва лига. Неговиот амбициозен план, наречен ОЛ - Европа, бил дизајниран да го развие клубот на европско ниво и да го врати клубот во Дивисион 1 во период не подолг од четири години. Прв тренер на Лион во ерата на Олас бил Рајмонд Доменех. Новиот претседател му дал "одврзани раце" на Доменех да може да го доведе било кој играч што го сака и за кој смета дека е способен да му помогне на клубот во нивните амбиции. Веќе во првата сезона на Доменех промоцијата во најсилната француска лига била постигната, а потоа тие го освоиле осмото место во Дивисион 1 во сезоната 1989-1990. Во сезоната 1990-1991, планот на Олас се остварил кога Лион благодарение на освојувањето на четвртото место во крајниот поредок на Дивисион 1, изборил место во Купот на УЕФА. Сепак, овој резултат претставувал врвот кој Лион го достигнал под водството на Доменех и во следните сезони клубот бил далеку од овој успех и не ги постигнувал посакуваните резултати. Како резултат на тоа, Доменех бил заменет на клупата со Жан Тигана, кој го предводел тимот до најголемиот успех дотогаш во првенството, освојувањето на второто место во сезоната 1994-1995.

Igrači[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Од 1 јануари 2019[4]

Бр. Позиција Играч
1 Португалија ГМ Антони Лопес
2 Брег на Слоновата Коска ОД Синали Диоманде
3 Данска ОД Јоаким Андерсон
5 Белгија ОД Џејсон Денајер
6 Бразил ОД Марсело
7 Камерун НП Карл Токо Екамби
8 Франција СР Усем Ауар
9 Франција НП Муса Дембеле
10 Буркина Фасо НП Бертран Траоре
11 Холандија СР Мемфис Депај Captain sports.svg
12 Бразил СР Тијаго Мендес
Бр. Позиција Играч
14 Франција ОД Лео Дубоа
16 Швајцарија ГМ Антони Рачопи
17 Франција НП Џеф Рен-Аделаид
18 Франција НП Рајан Шерки
22 Бразил СР Жан Лукас
24 Зимбабве СР Тино Кадевере
25 Франција СР Максанс Какре
27 Брег на Слоновата Коска НП Максвел Корне
28 Мали ОД Јусуф Коне
31 Франција ОД Мелвин Бар
39 Бразил СР Бруно Гимараеш

Tituli[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

  • Лига 1 Лига 1
    • Шампион (7) : 2001–2002, 2002–2003, 2003–2004, 2004–2005, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008
    • Вицешампион (5) : 1994–1995, 2000–2001, 2009–2010, 2014–2015, 2015–2016
  • Лига 2
    • Шампион (3) : 1950–1951, 1953–1954, 1988–1989
  • Куп на Франција Куп на Франција
    • Победник (5) : 1963–1964, 1966–1967, 1972–1973, 2007–2008, 2011–2012
    • Финалист (3) : 1962–1963, 1970–1971, 1975–1976
  • Лига куп на Франција Лига куп на Франција
    • Победник (1) : 2000-2001
    • Финалист (1) : 1995–1996, 2006–2007, 2011–2012, 2013–2014, 2019–2020
  • Суперкуп на Франција Суперкуп на Франција
    • Победник (8) : 1973, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2012
    • Финалист (4) : 1967, 2008, 2015, 2016

Меѓународни[уреди | уреди извор]

останати пласмани

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „According to Lyon's official website, it suggests that they consider this their foundation date rather than 1899 - (translation: "1950, date of the club's creation")“. OLWeb.fr. Посетено на 2006-08-23.
  2. (француски) [1], on www.groupama-stadium.com
  3. „According to Lyon's official website, it suggests that was considered this its foundation date rather than 1899 – (translation: "1950, date of the club's creation")“. OLWeb.fr. Архивирано од изворникот на 10 декември 2005. Посетено на 23 август 2006.
  4. http://www.olweb.fr/en/male/roster-121.html

Надворешни врски[уреди | уреди извор]