ФК Борусија Дортмунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борусија Дортмунд
Logo
Целосно имеБалшпил-Фераин Борусија 1909 е.В. Дортмунд
ПрекарМилионери и Црно Жолти
Основан19 декември 1909
СтадионСигнал Идуна Парк
Капацитет80.720
ПретседателГерманија Рајнхард Раубал
ТренерШвајцарија Лусиен Фавр
ЛигаБундеслига Бундеслига
2017–2018Бундеслига, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Борусија Дортмунд (германски:Borussia Dortmund или BVB) е германски фудбалски клуб од градот Дортмунд. Својте натпревари тимот ги игра на Сигнал-Идуна Парк Стадионот, кој е со капацитет од 80.720 гледачи. Тимот е основан на 19-ти декамври 1909 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Клуб е настанат во пиварата „Цум Вилдшиц“ (-{Zum Wildschütz}-), кога една група на студенти ја напуштиле црквената фудбалска екипа и на новиот тим му го дале името по локалната пивара. Стандардната жолто-црна комбинација Борусија ја добила на 1 февруари 1913, но славата на тимот доаѓа дури по Втората светска војна, затоа што во тој период владее тимот на Шалке 04 кој доаѓа од соседниот град на Дортмунд, Гелзенкирхен. Во триестетите години тимот влегува во третата лига и го добива сегашното име.

Најуспешниот период на тимот доаѓа мво 50-тите и 60-тите, кога Борусија освојува две титули шампион на Германија во 1956 и 1957 во 1961 го губат финалето за титулата, а во 1963 тие ја освојуваат последната своја титула пред да биде формирана Бундеслигата.

Тие се основачи на новата лига наречена Прва Бундеслига заедно со уште 15 други тимови и во неа влегуваат како актуелни шампиони. Тие исто така го постигнуваат и првиот гол во новата лига.

Благодарение на тренерот Отмар Хицфелд и големите влогови, со кој многу германски играчи се вратени од Италија, Борусија во текот на 90-тите константно е кандидат за титулата, а наслови се освоени 1995 и 1996 година. Следената сезона во лигата проаѓа многу лошо за тимот, но е освоена титулата во Лигата на шампионите која им носи голема слава. После двојната победа над Манчестер Јунајтед во полуфиналето, противник во финалето на Дортмунд му беше Јувентус. Најценетиот тим на епохата е победен во Минхен со резултат 3:1, меѓу кој е постигнат и еден прекрасен гол на Ларс Рикен.

На следниот успех Милионерите, чекаа до сезоната 2001-2002 кога тимот станува шампион на Германија земајќи му ја титулата пред нос на тимот на Баер Леверкузен, кој таа сезона беше најголем губитник бидејќи покрај титулата во националното првенство тие го загубија и финалето во Лигата на Шампионите и во Купот на Германија. Во истата година Борусија е и финалист во Купот на УЕФА, но загуби од холандскиот Фејенорд. Покрај овие успеси тимот паѓа во финансиска криза иако останува да игра во Бундеслигата (не испаѓа од лигата) веќе не се во главна улога и не се во трка за врвот.

Тешкиот период за клубот завршува во сезоната 2010-2011 кога тие предводени од Јирген Клоп стигнуваат до новата титула шампион на Германија, која што е 7-ма во нивната историја.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 18 февруари 2020 [1][2]
Бр. Позиција Играч
1 Швајцарија ГМ Рома Бурки
2 Франција ОД Дан-Аксел Загаду
4 Франција ОД Абду Диало
5 Мароко ОД Ашраф Хакими
6 Данска СР Томас Дилејни
7 Англија СР Џејдон Санчо
8 Германија СР Махмуд Дауд
9 Шпанија НП Пако Алкасер
10 Германија СР Марио Геце
11 Германија НП Марко Ројс Captain sports.svg
13 Португалија ОД Рафаел Гереиро
14 Германија НП Нико Шулц
15 Германија ОД Матс Хумелс
16 Швајцарија ОД Мануел Аканжи
17 Норвешка СР Ерлинг Браут Холанд
Бр. Позиција Играч
18 Аргентина СР Леонардо Балерди
19 Германија СР Јулијан Бранд
20 Германија НП Максимилијан Филип
23 Белгија СР Торган Азар
25 Германија ГМ Лука Унбехаун 2[›]
26 Полска ОД Лукаш Пишчек
27 Германија СР Емре Џан (на позајмица од Јувентус)
28 Белгија СР Аксел Витсел
29 Германија ОД Марсел Шмелцер
32 САД СР Џовани Реина
33 Германија СР Јулијан Вајгл
34 Данска НП Јакоб Брун Ларсен
35 Швајцарија ГМ Марвин Хиц
37 Германија ОД Тобијас Рашл
40 Германија ГМ Ерик Елшлагел

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

  • Бундеслига Бундеслига (8) : 1955-56, 1956-57, 1962-63, 1994-95, 1995-96, 2001-02, 2010-11, 2011-12.
Вицешампиони : 1948–49, 1960–61, 1965–66, 1991–92, 2012-13.
Вицешампиони : 1962–63, 2007–08.
Вицешампиони : 2011

Меѓународни[уреди | уреди извор]

Вицешампиони : 2012-13
Вицешампиони : 1992–93, 2001–02
Вицешампиони : 1997

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „First Team“. bvb.de. Посетено на 27 July 2019.
  2. „Borussia Dortmund - Kader“ (германски). bundesliga.com. Посетено на 27 July 2019.