Прејди на содржината

Гелзенкирхен

Координати: 51°31′0″N 7°06′0″E / 51.51667° СГШ; 7.10000° ИГД / 51.51667; 7.10000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гелзенкирхен

Gelsenkirchen

The Musiktheater im Revier (MiR) Opera House of Gelsenkirchen
The Musiktheater im Revier (MiR) Opera House of Gelsenkirchen
The Musiktheater im Revier (MiR) Opera House of Gelsenkirchen
Знаме на Гелзенкирхен
Грб на Гелзенкирхен
Гелзенкирхен во рамките на Германија
Гелзенкирхен
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Минстер
Округ Урбан округ
Градоначалник Франк Барановски (СДП)
Основни податоци
Површина 104,84 км2
Надм. височина 60 м
Население 265.885 (31 декември 2023)[1]
 - Густина 2.536 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GE
Пошт. бр. 45801-45899
Повик. бр. 0209
Портал www.gelsenkirchen.de
Координати 51°31′0″N 7°06′0″E / 51.51667° СГШ; 7.10000° ИГД / 51.51667; 7.10000

Гелзенкирхен (германски: Gelsenkirchen, вестфалски: Gelsenkiärken) — град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Во 2022 г. населението броело 263.000 жители. Лежи на реката Емшер, во средиштето на областа Рур.

Првите документирани податоци во кои се споменува Галзенкирхен датираат од 1150 година. Како мало село се споменува во 19 век, кога целата област била зафатена од индустриската револуција. Во 1840 година, кога се почнало со експлоатација на јаглен во блиските рудници, 6.000 жители живееле во Галзенкирхен. Во 1900 година бројот на населението изнесува 128,000 жители.

Во почетокот на XX век Галзенкирхен бил најзначаен ундистриски град по ископување на јаглен во Европа. Нарекуван е и „Град на илјада огнови“ (гер. Stadt der 1000 Feuer), поради чадот кој го замрачувале градод. Во 1928 година Гелзенкирхен се споил со соседние градови Буеро и Хорстом. Градот од тогаш го носи името Гелзенкирхен-Бауер. Така било сè до 1930 година кога градот го вратил својот првобитен назив - Гелзенкирхен. Во текот на нацистичката ера Гелзенкирхен повторно станал центар на производство на јаглен и рафинирање на нафта, па затоа тогаш често бил бомбардиран од зојузниците во Втората светска војна. Денес во Гелзенкирхен повеќе нема рудници за јаглен. Во градот со децении владеела најголемата небработеност во Германија.[2][3] Денес во градот се наоѓа најголемата сончева електрана. Во Гелзенкирхен-Шолвем се наоѓа и термоелектрана на јаглен со најголем оџак во Германија (дури 302 метри).[4]

Во Хелзенкирхен е сместен бундеслигашкиот фудбалски клуб Шалке 04. Стадионот на Шалке, Белтинс Арена е окарактеризиран како најиновативен стадион изграден во опследните неколку години. На него биле организирани неколку натпревари во СП во фудбал 2006 година.

Географски идемографски податоци

[уреди | уреди извор]
Положбат ана градот во Северна Рајна-Вестфалија

Градот се наоѓа на надморска височина од 25 до 95 метри. Површиата на општината изнесува 104,9 км2. Во самиот град, според поценките од пописот од 2010 година, живееле 259,744 жители. Просечната густина на населеност изнесувала 2,477 жители на км2.

Историја

[уреди | уреди извор]

Старо и средновековно време

[уреди | уреди извор]

Денешниот дел од градот кој се нарекува Бауер, првпат се споменува во записот наречен Пуира (Puira) на Хериберт Први од 1003 година, на оваа подрачје луѓето ловеле на ридот северно од Нешера уште пред бронзено време, односно пред 1000 години п.н.е. Тогаш луѓето не живееле во куќи како што можат да се видат денес, туку во мали радилита кои се наоѓале во непосредна близина една покрај друга, со меќусебна зависност. Подоцна, Римјаните доаѓале на овие простори, а околу 700 година го населиле Саксонците. Неколку делови од градот во кои денес се наоѓаат во Северен Галзенкирхен, поминуват се во документите на раниот среден век. Некои од примерот се: Раедесе (Raedese) (денес Ресе (гер. Resse), Миделвик (Middelvic), Миделич (Middelich), денес дел од Ресеа), Шутајм (Sutheim) (Шутум (Sutum); денес дел од Бекхаузен (гер. Beckhausen)) и Скулвен (Sculven) (денес Шолвен (гер. Scholven)).

Многу околни земјоделски заедници подоцна се нарекле iuxta Bure (покрај Буер).

Некаде околу 1150 година кога името Галзенкирхен или Гајлистиринкиркин (гер. Geilistirinkirkin) се споменува првпат. Одприлика во исто време, во градот се гради црква, прва во населеното место кое денес се нарекува Бауер. Ова ecclesia Buron („“Црква во Бауер) — запишана на списокот на парохијата во секцијата во градот Дојц. Ова населба припаднала на округот Марк. Сеак, во раното време, па дури и во средниот век, само неколку стотина луѓе живееле во населбите околу Емшерскиот слив.

Индустријализација

[уреди | уреди извор]

Сè до средината на 19 век, подрачјето и околината на Гезенкирхен била доста слабо населена, но населението исклучително се занимавало со аграрна култура. Во 1815 година, по привремената власт на Големото Војводство Берг, Гезенкирхен припаднал на Прусија, односно на пруската провинција Вестфалија. Гезенкирхен (не вклучувајќи ги денешните северни населени места, меѓу кои е и Буер) припаднал на Ватеншајд во дистриктот Бохум (владин дисктрикт Арнсберг). Буер, кој бил амт со сопствени правила, со околниот Хорст станал дел од дистриктот Реклингхаузен во владиниот дистрикт Минстер. Вака било сè до 1928 година.

По пронаоѓањето на јагленот (црното злато) во Рурската област во 1840 година (што ја рпедизвикало индустријализацијата) и изградбата на железничката пруга Келн-Минден, Гезенкирхен ја добил својата железничка станица. Во 1868 година Гезенкирхен станал седиште на амтот во рамките на бохумскиот дисктрикт кој го сочинувале Гезенкирхен, Браубауершафт (од 1900 - Бизмарк), Шалке, Хаслер, Булмке и Хилен.

Фридрих Хрило ја основал корпорацијата на хемиската индустрија (Aktiengesellschaft für Chemische Industrie) во Шалке во 1872 година, а подоцна и претпријатието Schalker Gruben- und Hüttenverein. Година дена подоцна ја основал фабриката за стакло и огледало (Glas- und Spiegel-Manufaktur AG), опет во Шалке. Откако станал значајно средиште на тешката индустрија, Гелзенкирхен во 1875 година прераснал во град.

Гелзенкирхен прераснува во град

[уреди | уреди извор]

Во 1885 година, откако бохумскиот дистрикт се раздвоил, Гелзенкирхен станал седиште на сопствениот дисктрикт (Kreis-а), кој траел сè до 1926 година. Градовите Гелзенкирхен и Ватеншајд, како и амти Браубауершафт (од 1900 - Бизмарк), Шалке, Икендорф, Ване и Ватеншајд припаѓале на галзенкирхенскиот дистрикт.

Гелзенкирхен-Буес со поглед на југ и центарот на Гелзенкирхен, 1955.

Неколку години подоцна, во 1896 година, Гелзенкирхен е одвоен од дистриктот Гелзенкирхен како би станал независен град (гер. kreisfreie Stadt). Во 1891 година, Хорст се одвоил од амт Вуер, кој исто така прераснал во град во 1911 година, а независен дури година дена подоцна. Во меѓувреме, Хорот станал седиште на сопствениот амт. Во 1924 година, руралната заедница Ротхаузен, која до тогаш припаѓала на дисктриктот Есен, станала дел од дистриктот Гелзенкирхен.

Plus ça change — 50 години подоцна

На 1 април 1928 година, во време на пруските реформи и локални самоуправи, градовите Гелзенкирхен и Буер заедно со амтот Хорст се трансформираат во независен град наречен Гелзенкирхен-Буер. Од тогаш, целото подрачје на градот припаѓа на дистриктот Минстер. На 21 мај 1930 година, на предлог на локалните власти градот го менува името во Гелзенкирхен. Во тоа време, градот бил стециште на 340,000 жители.

Гелзенкирхен во времето на третиот рајх

[уреди | уреди извор]

За времето додека нацистите владееле со Германија, Гелзенкирхен, наоѓајќи се во средиштето на Рурската област, бил центар на воената индустрија. Во ниту едно друго време индустријата на овој град немала поголемо производство од тој период. Од една страна, после масовните откази во дваесеттите години, ова напревило многу нови работни места во тешката индустрија. Од друга страна, град природно станал мета на бомбардирањето од страна на сојузниците во Втората светска војна, со што биле уништени три четвртини од градот. Дури и денес, многу засолништа можат да се најдат во градот. Некои од градските службени згради како што се Ханс-Шахс-Хаус во центарот на градот и градскиот дворец во Буер, имаат склоништа кои се наоѓаат во скоро иста состојба како и за време на војната.

Стар рудник за јаглен Нордстен

Две синагоги во Гелзенкирхен се уништени за време на антиеврејските нереди во Кристалната ноќ во ноември во 1938 година, додека една е релативно оштетена. Во Буер исто така е запалена една синагога.

За време на Хитлеровото владеење (1933-1945), градоначалникот бил Енгелберт Бумер, член на НСДАП.

Поствоен период

[уреди | уреди извор]

Кога се воведени поштенските броеви, Гелзенкирхен бил еден од првите градови во Западна Германија кој добил два броја: Буер го добил вројот 466, додека Гелзенкирхен го добил 465. Овие броеви биле употребувани сè до 1 јули 1993 година. Првата сеопфатна школа во Северна Рајна-Вестфалија е отворена во 1969 година. Додека во 1987 година папата Јован Павле II ја одржал мисата пред 85,000 луѓе во галзенкирхенскиот Паркстадион. Папата исто така станал и почесен член на фудбалскиот клуб Шалке 04.

На 28 април 2000 година, затворен е Едвард-Хуго јагленовиот ископ - последен гелзенкирхенски ископ. Три илјади рудари ја изгубиле својата работа. Во 2003 година, Буер ја прославил илјадагодишнината од своето прво документирано споменување, а ФК Шалке 04 на 4 мај 2004 година прславил сто годишнина од постоењето.

Денес, Гелзенкирхен е научен, услужен и производствен центар со добра инфраструктура.

Развиток на населението

[уреди | уреди извор]

Наведените податоци се претпоставки, податоци од попис или истражувања на бројот на населението на Гелзенкирхен во минатото.

Развој на населението
Година Број становника
1798. ca. 350
1838. 505
1871. 7.825
1875. 11.295
1 декември 1890. ¹ 28.057
1 декември 1895 31.582
1 декември 1900. ¹ 36.937
1903. 138.000
1 декември 1905 147.005
1 декември 1910. ¹ 169.513
1914. 175.000
8 октомври 1919. ¹ 168.557
16 јуни 1925. ¹ 208.512
1928. 340.077
Година Број становника
16 јуни 1933. ¹ 332.545
17 мај 1939. ¹ 317.568
1945. 160.000
13 септември 1950. ¹ 315.460
1959. 391,745
6 јуни 1961. ¹ 382.689
31 декември 1970. 347.100
30 јуни 1975. 325.400
30 јуни 1980. 305.600
30 јуни 1985. 286.500
1 јануари 1989. 287.255
30 јуни 1997. 287.800
31 декември 2003. 272.445
31 декември 2004. 270.107

Економија и инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Патишта на Гелзенкирхен
Два трамваи на отворањето на станицата Есенерштрасе во Хорст
Градски воз на главната железничка станица

Гелзенкирхен се обидува себе да се претстави како центар на сончевата технологија.[4] Некои од најпознатите компании се: THS GmbH, Gelsenwasser, e.on, BP Gelsenkirchen GmbH, Shell Solar Deutschland GmbH и Pilkington. Според истражувањата на Бертелсман фондацијата, Гелзенкирхен, по Лајпциг, Карсруе и Бремен, германски јапријателски работнички град.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Гелзенкирхен лежи на сојузните авто=патишта A 2, A 40, A 42 и A 52, како и на сојузните патишта 224, В 226 и В 227. Гелзенкирхенската главна железничка станица се наоѓа на ракстрсницата на линијата Оберхаузен-Гелзенкирхен-херне-Дортмунд и Есен-Гелзенкирхен-Реклингхаузен-Минстер.

Преку воден пат, до Гелзенкирхен може да се дојде преку каналот Рајна-Херне, каде се наоѓа и стопанско-комерцијалното пристаниште. Низ пристаништето годишно поминуваат 2 милиони тони роба, со површина на вода од околу 120 хектари.[5] Тоа е една од најголемите и најзначајните германски наласки пристаништа. Повржана е со железничкиот систем „Германски воз“.

Локалниот превоз на Гелзенкирхен е ослонет на трамвајски и автобуски сообраќај со кој раководи -{Bochum-Gelsenkirchener Straßenbahn AG-} (BOGESTRA). Vestische Straßenbahnen GmbH раководи само со автобуски сообраќај во севернито дел од градот, иако името на претпријатието укажува да се работи и за трамвајски. Во градот постои и лесен метро систем, повеќе познат како Градски воз (Stadtbahn). Постојат три трамвајски линии, една од градскиот воз и околу 50 автобуски линии.

Информирање

[уреди | уреди извор]

Гелзенкирхен е седиште на асоцијацијата на локални радија на Северна Рајна-Вестфалија (Verband Lokaler Rundfunk in Nordrhein-Westfalen e.V. (VLR)). РЕЛ (Radio Emscher-Lippe) исто така се наоѓа во Гелзенкирхен.

Покрај сите новитети Buersche Zeitung се дневни. Дортмунските весници Ruhr-Nachrichten имаат локална рубрика. Исто така, весникот Westdeutsche Allgemeine Zeitung и локалната радио-станица REL известуваат за случувањата на локалот.

Тоа се и бесплатните неделни новини Stadtspiegel Gelsenkirchen.

Занимливости

[уреди | уреди извор]
Велтинс арена

Поради организацијата на СП во фудбал во 2006 година, сообраќајната инфраструктура која е поврзана со Валентис Арена доживеала значајни модификации. Главната железничка станица доживува значајна реконструкција која е комплетно завршена до почетокот на оваа најголема светска фудбалска манифестација.

Фудбалските репрезентации на Арегнтина и Србија и Црна Гора одиграле во Фелзенкирхеновата Велтинс арена натпревар на СП на 16 јуни во 2006 година на кој победила репрезентацијата на Аргентина, со резултат 6:0.

Електраната Вестерхолт има највисок оџак во Германија, висок дури 302 метри.

Образование

[уреди | уреди извор]

Гелзенкирхен има 51 основно училиште (33 државни, 12 католички, 3 евангелистички), 8 главни, 6 реални, 7 гимназии и 4 општи училишта, од кои Оптшата школа Бизмарк е единствената општа школа со која управува вестфалски огранок на Евангелистичка црква.

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
  2. The history of the city of Gelsenkirchen Архивирано на 8 април 2008 г., Посетено на 5. 5. 2013.
  3. reuters-sports.com[мртва врска], Посетено на 5. 5. 2013.
  4. 4,0 4,1 Gelsenkirchen Germany - Former City Of Coal Mining, Посетено на 28. 3. 2013.
  5. (германски)Hafen Gelsenkirchen, Посетено на 5. 5. 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]