Есен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на годишното време. За градот во Германија, погл. Есен (Германија).
Годишни времиња
Умерени
Пролет
Лето
Есен
Зима
Тропски
Сува
сезона
Свежа
Топла
Дождовна сезона

Есен — едно од четирите умерени годишни времиња, преодот од лето кон зима.

Во умерените климатски појаси, есента е сезоната кога највеќето култури се берат, а листопадните дрва ги губат лисјата. Ова е и сезоната кога деновите набргу стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.

Есенска шума, Италија

Дефиниции[уреди | уреди извор]

Астрономски, некои западни земји сметаат дека есента почнува со септемвриската рамнодненица (околу 23 септември) на Северната полутопка, и мартовската рамноденица (21 март) на Јужната полутопка, завршувајќи со декемвриската сончева пресвртница (околу 21 декември) на Северната полутопка и јунската сончева пресвртница (21 јуни) на Јужната. Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е Ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента во се вбројува цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август).

Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен сет април и мај на Јужната, и септември, октовмри и ноември на Северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (Северна полутопка) или март (Јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.

Есента обично го означува почетокот на школската година, бидејќи таа започнува рано во септември или март. Било која од овие дефиниции не е без мана бидејќи тие претполагаат дека годишните времиња се еднакво долги, и започнуваат и завршуваат во исто време ширум умерените зони на обете хемисфери.

Есента како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Есента често се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура.

Есента како тема во поезијата[уреди | уреди извор]

Есента како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

  • „Есенска роза“ - песна на македонската поп група, „Македонија“.
  • „Есента во мене“ (Jesen u meni) - песна на хрватската група „Парни валјак“.[12]
  • „Есен“ (Jesen) - песна на српската рок-група „Катарина II“.[13]
  • „Есенско дете“ (Autumn's Child) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[14]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на Ерик Клептон од 2010 година.[15]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот рапер Крис Браун од 2015 година.[16]
  • „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот пејач Нет Кинг Коул.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 95.
  2. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 42.
  3. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 98.
  4. Antun Gustav Matoš I. Sarajevo: Svjetlost, 1962, стр. 44.
  5. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  6. Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 19.
  7. Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 10-11.
  8. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 46.
  9. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 45.
  10. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 259.
  11. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 91.
  12. YouTube, Jesen u meni - Parni Valjak (пристапено на 29.11.2016)
  13. YouTube, Ekatarina Velika - Jesen (пристапено на 29.11.2016)
  14. Captain Beefheart - Autumn's Child - YouTube (пристапено на 3.3.2016)
  15. YouTube, Eric Clapton -Autumn Leaves (пристапено на 29.11.2016)
  16. YouTube, Chris Brown - Autumn Leaves (Explicit) ft. Kendrick Lamar (пристапено на 29.11.2016)
  17. YouTube, Nat King Cole - Autumn Leaves (пристапено на 29.11.2016)