Александар Сергеевич Пушкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Александар Пушкин)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Пушкин од Орест Кипренски.

Александар Сергеевич Пушкин (рус. За снимкава Александр Сергеевич Пушкин , 6 јуни 179910 февруари 1837) - руски писател кој се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик[1] и основач на модерната руска литература.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пушкиниот автопортрет на монета од рубља, 1999.

Таткото на Пушкин потекнувал од сиромашно благородничко семејство чии корени водат потекло потекнувале од 12 век. Прадедо на неговата мајка бил Абран Ханибал (Ибрахим Петрович Ханибал), Етиопјанец кој бил заробен од Турците како дете, додека според друга теорија се претпоставува дека потекнувал од некој султанат во близина на денешната држава Чад. Тој купен како роб од Петар Велики, донесен во Русија и станал голем воин, инженер и благородник под покровителството на неговиот очув Петар Велики.

Како дете, Пушкин бил воспитуван во кругот на семејството, а од 1814 до 1817 година учел во престижниот лицеј во Царское Село, во близина на Санкт Петерсбург,[2] По завршувањето на школувањето, Пушкин се впуштил во динамичниот културен живот на Санкт Петерсбург. Пушкин постепено постанал приврзан за општествената реформа и станал гласноговорник за литературните радикали. Ова ја налутило владата и довело до негово иселување од главниот град. Тој најпрво отишол во Кишинев во 1820 година, каде постанал масон. Таму се придружил на Филики Етерија, тајна организација чија намера била да ја отфрли отоманската власт над Грција и да востанови независна грчка држава. Тој бил инспириран од Грчката револуција и кога завршила војната против Отоманците, тој зачувал дневник со настаните на големото народно востание. Во Кишинев останал до 1823 година, кога се преселил во Одеса, каде повторно се судрил со владата, која го испратила во прогонство на имотот на неговата мајка во северна Русија, каде останал од 1824 до 1826 година. Како и да е, власта му дозволила да го посети царот Николај I за петиција за неговото ослободување, на кое тој се противел. Но некои од учесниците во Декабристичкото востание (1825) во Санкт Петербург зачувале некои од неговите рани политички поеми меѓу нивните документи и наскоро Пушкин се нашол под строга контрола на владините цензори, така што не бил во можност да патува или да ги објавува своите дела.[3]

Куќа на Пушкин во Москва.

Во 1831 година, за време на зенитот на неговата слава, Пушкин го сретнал Николај Гогољ и двајцата станале добри пријатели и се поддржувале меѓусебно. По прочитувањето на вториот том на кратките приказни Попладневни часови на фармата близу Диканка (изданието од 1831 година), Пушкин го поддржал Гогољ критички и подоцна, во 1836 година, по основањето на неговото списание Современиот, дал свој прилог на некои од најпознатите приказни на Гогољ. Подоцна, Пушкин и неговата сопруга Наталија Гончарова, со која се оженил во 1831 година, постанале регулатори на дворското општество. Кога царот му ја доделил на Пушкин најниската дворска титула, поетот станал бесен: почувствувал дека ова не се случило само поради неговата жена која сакала да ги посетува баловите во дворците (а имала и многу обожувачи, вклучувајќи го и самиот цар), туку и поради тоа дека тие сакале да го понижуваат. Во 1837 година, потпаѓајќи во сè поголемо и поголемо сомневање во гласините дека неговата жена започнала скандалозна афера, Пушкин го предизвикал наводниот љубовник на неговата жена, Жорж д'Анте, на двобој во кој двајцата биле повердени, но Пушкин смртно. Два дена подоцна, Пушкин починал. Владата се плашела од политичка демонстрација на неговиот погреб и затоа тој се одвивал само во присуство на неговите најблиски роднини и пријатели. Неговото тело било кремирано тајно на полноќ и било закопано на имотот на неговата мајка.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1814 година, на петнаесетгодишна возраст, Пушкин ја објавил својата прва поема („На другарот стихотворец“,) а следната година, по препорака на професорот Галич, ја напишал песната-химна „Спомени од царското село“, која го претставува неговиот прв поголем литературен успех. Тој ја читал песната на главниот испит во Лицејот, на кој присуствувл и Державин, кој бил воодушевен од поетскиот талент на Пушкин. Неговиот талент ги привлекол и тогашните руски водечки поети, Батјушков и Жуковски, како и Карамазин, кои доаѓале во Лицејот за лично да се запознаат со талентираниот поет.[4] Во 1820, тој ја издал својата прва подолга поема, Руслан и Људмила, која предизвикала многу контроверзи во однос на темата и стилот. Во 1823 година, по едно летно патување во Кавказ и во Крим, напишал две поеми кои му донеле поширока слава — Заробеникот од Кавказ и Фонтаната на Бахчисарај. Додека бил на имотот на мајка си (1824-1826), Пушкин ја напишал својата најпозната драма Борис Годунов, но добил дозвола да ја издаде дури пет години подоцна.[5]

Подоцнежните песни, инспирирани од кавкаско-кримскиот пејсаж, се разликуваат од песните пишувани во Лицејот. Дојден на Кавказ и Крим од зачадените и парфимирани салони наПетроград, Пушкин почувствувал дека природата ги ослободува неговите поетски сили. На патот за Кавказ, тој се заразил со поезијата на Бајрон, која извршила силно влијание врз него. Поемата „Цигани“ ја започнал на југот на Русија, но ја довршил во октомври 1824 година, во Михаиловско. Според некои одлики, оваа поема е пишувана во духот на Бајроновите поеми.

Михаиловско било пресудно за творечките интересирања на Пушкин, првенствено интересот за фолклорот и историјата. Со нескриено љубопитство, Пушкин ги проучувал пазарите, имотите и црквите, ги бележел гатанките, поговорките, бајките, а многу од нив ги запишал од кажувањата на неговата дадилка, Арина Радионовна. Во едно писмо до својот брат, тој напишал:[6] Навечер слушам бајки - и со тоа го надополнувам недостатокот од моето проклето образование. Каква убавина се тие бајки! Секоја од нив е поема! Привлечен од фолклорот, Пушкин напишал неколку статии за рускиот јазик и за руската литература, уривајќи ги последните тврдини на класицизмот и на салонскиот литературен стил. Слично на Данте и на Бокачо, и тој го извлекол на сцената живиот народен јазик и го формулирал концептот на народноста во литературата, а народниот јазик го кренал на нивото на јазик на руската проза и поезија. [7]

ДраматаБорис Годунов“, напишана по урнекот на Шекспир, означува нова етапа во творештвото на Пушкин, зашто во неа нема ни трага од романтизмот, а во неа, Пушкин го претставил народот како главен лик. Исто така, како посебна книжевна инспирација во неговото творештво се јавува „малиот човек“ кој се среќава во делото „Мали трагедии“, во поемата „Бронзениот коњаник“ и во „Белкиновите раскази“.[8]

Пушкин пишувал и проза. Така, во 1827 година, тој почнал да работи на недовршениот роман „Арапот на Петар Велики“, а во октомври 1831 година го објавил своето прво прозно дело, „Белкиновите раскази“, додека во 1834 година се појавил расказот „Дама пик“.[9] Неговото најпознато прозно дело е „Капетановата ќерка“ (1836) кое Белински го нарекол еден вид „Евгениј Онегин“ во проза. Благодарение на овие дела, Пушкин се смета за основач на рускиот реализам , иако Белински посочува дека во неговите прозни дела се наоѓаат и елементи на романтизмот, па дури и на мелодрамата.[10]

Сказните на Пушкин[уреди | уреди извор]

Сказните на Пушкин не се најглавен, но не се ни спореден дел од неговото творештво. И во сказните тој ги поларизира односите, ги контрастира човечките психологии и карактери, и на свој индивидуален начин ги покажува вечните опозиции: добро-зло, убаво-грдо. Пушкин мајсторски раскажува во стих, и тоа е една особеност која се појавува во целото негово творештво, а не само во сказните. Мотивски тој се потпира врз руското фолклорно творештво, врз легендите и преданијата, но и врз сопствената имагинација и сопственото чувствување на јазикот. Во својата „Сказна за рибарот и рипката“ на алегориски начин и со потсмев проговора за алчноста на луѓето, за онаа безмерна алчност на бабата, која станала болјарка, дури и царица, посакувајќи и златната волшебна рипка да ѝ биде слугинка, иако токму рипката со својата со својата волшебна моќ ја пресоздава од сиромашна рибарка во царица.

Осврт кон творештвото на Пушкин[уреди | уреди извор]

Централно место во творештвото на Пушкин има неговата поезија која за кратко време еволуирала од младешкиот анакреонтски ентузијазам во потполна лирска зрелост. Во царскоселскиот лицеј, тој бил под влијание на класиците (Вергилиј, Хорациј, Расин, Корнеј итн.) како и руските класицистички поети (Ломоносов, Карамзин и Државин).[11]

Уште во раната младост дошол до израз исклучителниот талент на Пушкин, а во неговата поезија најмногу привлекува магичната хармонија, емотивната полнотија и лирската ведрина. Неговиот тематски регистер го сочинуваат љубовни, слободарски, социјални, хуманистички, пејзажни и заумни мотиви. Во раната фаза од неговото творештво влијанието на Бајрон, кое особено е видливо во песните „Кавкаскиот заробеник“ и „Цигани“, но многу брзо направил премин од романтизам кон реализам при што тој се смета за основоположник на рускиот реализам. Раскинувањето со романтизмот е особено видливо уште во првите скици за романот „Евгениј Онегин“.[12] [13]

Многу од делата на Пушкин, критиката ги смета за ремек-дела, како што се поемата Бронзениот коњаник и драмата Камениот гостин, приказна за падот на Дон Жуан. Неговата кратка драма Моцарт и Салиери била инспирација за Амадеус на Питер Шефер. Самиот Пушкин ја преферирал неговата новела во стихови Евгениј Онегин,[14] која ја напишал по елементи на неговиот живот и која, почнувајќи ја традицијата на големите руски новели, има неколку главни ликови, но многу варира во тонот и фокусот. „Онегин“ е дело со таква комплексност што, иако долго само околу стотина страници, на преведувачот Владимир Набоков му требале четири тома материјал за целосно да го разбере неговото значење на англиски.

Пушкин бил првиот писател кој го употребувал разговорниот јазик во неговите поеми и претстави, создавајќи притоа стил на раскажување помешано со драма, романтика и сатира. Неговото творештво отсекогаш било асоцирано со руската литература и имало големо влијание врз руските писатели.[15] Уште одамна, Пушкин се смета за камен-темелник на руската книжевност. „Кај нас сè започнува од Пушкин“ се зборовите на Достоевски, изговорени во слава на Пушкин, во 1880 година,[16] а Максим Горки изјавил дека „Пушкин е почеток на сите почетоци.“[17] Во романот „Браќата Карамазови“, Достоевски вели дека Пушкин се одликувал со „необична длабочина на умот“.[18] Оценувајќи го делото на Пушкин, Гогољ изјавил: „Во него, како во некој лексикон, е складирано сето богатство, моќ и флуидност на нашиот јазик. Тој поубаво од сите, подалеку ги поместил неговите граници и наубаво го покажал неговото пространство. Пушкин е исклучителна појава, единствена појава на рускиот дух; тоа е рускиот човек во неговиот развиток, во каков тој можеби се појавува само за време од двесте години.“[19] За него, големиот руски книжевен критичар, Белински, напишал: „Кај Пушкин не постои ништо отповеќе, ништо не недостасува, сè е по мера. Сè е на свое место, крајот е хармонизиран со почетокот.“[20] Голем број руски поети, како што се: Брјусов, Кузмин, Ахматова итн., го сметале за свој извор и водича а неговата смрт Марина Цветаева ја опишала со зборовите: „Со тој истрел сите нас нè ранија во стомакот.“[21] Пушкин не само што претставува великан на руската поезија, туку и на светската поезија од 19 век. Така, по повод еден Пушкинов јубилеј, Проспер Мериме изјавил дека тој бил најголемиот поет на светот во неговото време.[22] Сепак, мал број писатели и критичари имаат негативно мислење за делото на Пушкин. На пример, утилитаристот Писарев изјавил: „Идеите на Пушкин ги сметам за некорисни и затоа за нив зборувам со омаловажување.“ Слично на него, во својот Манифест на футуризмот, Мајаковски го исфрлил Пушкин (заедно со Толстој и Достоевски) од бродот на современоста.[23]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

Поеми[уреди | уреди извор]

Драми[уреди | уреди извор]

Проза[уреди | уреди извор]

Сказни[уреди | уреди извор]

Пушкин како инспирација во уметноста и популарната култура[уреди | уреди извор]

Пушкин се јавува како тема во бројни дела во уметноста и популарната култура, како:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226.
  2. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226.
  3. Паскал Гилевски, Раде Силјан, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 338-344.
  4. Пушкин, Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том I, стр. 10.
  5. Паскал Гилевски, Раде Силјан, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 338-344.
  6. Пушкин, Одбрани дела во пет тома, том I. Скопје: Наша книга, 1986, стр. 22.
  7. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227.
  8. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227.
  9. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. IX.
  10. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. X.
  11. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226.
  12. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226-227.
  13. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. VIII-IX.
  14. Puškin, Evgenij Onegin (prevod i predgovor Milorad Pavić). Sarajevo: Veselin Masleša, 1980.
  15. Паскал Гилевски и Раде Силјан, Романтизам. Скопје: Матица Македонска, 2004, стр. 50-52.
  16. Пушкин, Одбрани дела во пет тома, том I. Скопје: Наша книга, 1986, стр. 10.
  17. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227.
  18. Фјодор М. Достојевски, Браћа Карамазови. Београд: Просвета, 1956, стр. 409-410.
  19. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227.
  20. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226.
  21. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227-228.
  22. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 225.
  23. Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 227.
  24. Aleksandar Ilić, „Pogovor - Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 82.
  25. „Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 126.
  26. Данил Хармс, Случаи. Скопје: Темплум, 2004.
  27. Данил Хармс, Случаи. Скопје: Темплум, 2004.
  28. Данил Хармс, Случаи. Скопје: Темплум, 2004.