Прејди на содржината

Метеорологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Името метеорологија произлегува од комбинацијата на грчките зборови мета (околу), еора (се гледа) и логос (наука), што значи наука за она што се гледа, набљудува, наоколу и горе, т.е. што се случува во атмосферата.

Метеорологијата, понекогаш нарекувана физика на атмосферата, заедно со физиката на литосферата, физиката на хидросферата и физиката на високите слоеви на атмосферата, е дел од општата геофизика, која пак заедно со геологијата, геодезијата и географијата се делови од пообемните научни дисциплини, науки за Земјата, по поширока смисла на зборот.

За метеорологијата може да се каже дека е наука чија област на истражување е атмосферата и која се занимава со толкување на сите временски појави и процеси кои се случуваат во неа и на Земјината површина, па затоа уште се нарекува наука за времето и климата.

Метеорологијата е млада наука, бидејќи своите најголеми достигнувања ги остварила кон крајот на XIX и почетокот на  XX век, со откривањето на повеќето инструменти за определување на физичко-метеоролошките состојби на атмосферата. Подоцна, со повеќето теоретски и експериментални истражувања на регионално и светско ниво, како и со откривањето на некои закони на атмосферата, користејќи ги фундаменталните закони од другите научни области (од физиката, астрономијата, механиката, математиката, статистиката и сл.) метеорологијата се вбројува во групата на егзактни науки.

Метерологијата е научно изучување на атмосферата, со цел предвидување на временските промени. Временската прогноза ни ја соопштуваат метеролозите кои работат во метеролошка станица. За да ни соопштат метеролозите какво ќе биде времето потребни им се мерни инструменти, а тоа се ветроказ, барометар, топломер и ветромер. Ветроказот го покажува правецот на ветерот. Барометарот го покажува воздушниот притисок. Топломерот ја мери температурата на воздухот. Брзината на ветерот се мери со анемометар. Овие инструменти се сместени во метеролошки кукички на отворен простор.Освен податоците добиени од овие инструменти, метеролозите користат и податоци кои ги добиваат преку сателит.

За временските промени дознаваме од временските прогнози кои ги добиваме прекуу телевизијата,радиото и дневниот печат. Временските прогнози се особено важни за земјоделците, пилотите, морнарите, извидниците и други.

Анемометар