Ветар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ветер)
Прејди на: содржини, барај

Ветрот може да се опише како струењето на воздухот, т.е. ветар се воздушните молекули во движење.

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

Постојани ветрови[уреди | уреди извор]

  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ се до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

Периодични ветрови[уреди | уреди извор]

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.

Локални ветрови[уреди | уреди извор]

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Ветрот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Ветрот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Рапсодија во ветровитата ноќ“ (Rhapsody on a Windy Night) - песна на англискиот поет Т.С. Елиот од 1917 година.[1]
  • „Пламениот ветар“ (Plameni vjetar) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[2]
  • „Ветар во ноемвриска ноќ“ (Vjetar u novembarskoj noći) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[3]

Ветрот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[4]
  • „Виор“ (Whirlwind) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[5]
  • „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) - песна од истоимениот албум на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[6]
  • „Ветрот е див“ (Wild is the wind) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1976 година.[7]
  • „Бакнежи на ветрот“ (Kisses on the Wind) - песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[8]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американската група „Канзас“ (Kansas).[9]
  • „Леден ветар“ (Eisiger Wind) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[10]

Ветрот како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]