Стојан Тарапуза
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Стојан Тарапуза е македонски поет и писател за деца.[1]
Биографија[уреди | уреди извор]
Тарапуза е роден на 29 декември 1933 година во Злетово, Пробиштипско. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во „Детска радост“, во книгоиздателството „Наша книга“ и во Македонското радио. Член е на ДПМ од 1966 година.
Творештво[уреди | уреди извор]
Позначајни дела на Тарапуза се:
- Црвено растење (поезија, 1961)
- Во каменот ден (поезија, 1965)
- Грејни сонце (поезија за деца, 1966)
- Полно кајче желби (поезија за деца, 1967)
- Дамбара, думбара (поезија за деца, 1969)
- Цвет и злато (поезија за деца, 1970)
- Очиња поточиња (поезија, 1972)
- Деновирки (поезија за деца, 1975)
- Седум брода (поезија за деца, 1978)
- Облак се поти (поезија за деца, 1984)
- Под стреата на ѕвездите (поезија за деца, 1985)
- Со два ата по два пата (поезија за деца, 1987)
- Цветови од зборови (стихувана сликовница, 1988)
- Училиште за кловнови (1989)
- Поглед низ двоглед (поезија за деца, 1990)
- Мое твое-погоди што е (стихувани гатанки, 1991)
- Брзалки без врзалки (брзозборки, 1992)
- Златици-крилатици (поезија за деца, 1993)
- Ѕуница пауница (поезија за деца, 1993)
- Зборови по дворови (поезија за деца, 1993)
- Шарки-жарки (поезија за деца, 1995)
- Зеници ѕвезденици (поезија за деца, 1998)
- Цветулки со светулки (поезија за деца, 2000)
- Насликано време (поезија за деца, 2015)[2]
- Скаменет сон (поезија, 2017)
Како признание на долгогодишното творештво, во ноември 2014 година, Тарапуза ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.254 - 256.
- ↑ „Промоција на „Насликано време“ од Стојан Тарапуза“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 21.
- ↑ „Прогласени добитниците на 13 Ноември““, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 19.