Том Вејтс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Том Вејтс
Tom Waits.jpg
Основни податоци
Родено име Томас Алан Вејтс
Роден(а) 7 декември 1949
САД Калифорнија, САД
Жанр(ови) Рок
Блуз
Џез
Фолк
Занимање/ња Кантавтор
Композитор
Музичар
Актер
Инструмент(и) оргули, гитара, пијано, хармониум, вокали
Прод. куќа/ќи Asylum
Anti- Records
Island Records
Веб-место Официјална страница

Томас Алан Вејтс (роден на 7 декември 1949) е американски пејач-текстописец, композитор и актер. Вејтс поседува специфичен глас, еднаш опишан од страна на еден критичар "како да е наводенет во сад со бурбон, оставен да виси неколку месеци во пушална и потоа изнесен надвор и неколку пати прегазен со автомобил."[1] Преку неговиот препознатлив рев, преку инкорпорирањето на раниот рок со музички стилови од типот на блуз, џез и водвиљ, како и преку постојаната тенденција кон експериментирање и желба за кокетирање со индустриската музика,[2] Вејтс има изградено една потполно оригинална и дистинктивна музичка персона. Има работено како композитор и на филмска музика, а исто така и на музичката подлога на низа мјузикли. Во неколку филмови се појавува и како актер, а од улогите особено се издвојуваат оние во Кралот Рибар и Дракула на Брем Стокер. Номиниран е за оскар за работата на саундтракот.

Потполно лирични, Вејтсовите песни се склони кон прикажување на атмосферични портрети на бизарни, злокобни ликови и места, иако има афинитет и кон доста поконвенционални балади. Има култен статус и огромно влијание врз многу текстописци, макар што многу ретко се емитува на радио и уште поретко неговите песни се пропратени со спотови. Токму поради ова, голем дел од неговите песни, на пошироката јавност и се познати преку нивните кавер верзии направени од некои други музичари— на пример "Jersey Girl" која ја изведува Брус Спрингстин, "Downtown Train" која е хит на Род Стјуарт и "Ol' '55" свирена од Иглс. Во едно интервју од 2005 година, и Боб Зегер ќе рече дека Вејтсовата музика била инспирација за низа негови песни. Иако во САД албумите на Вејтс се среќаваат со различен и не секогаш забележителен успех, често постигнуваат златен тираж во многу европски земји. Номиниран е за многу важни награди; има и добиено Греми награди за два свои албуми.

Моментално живее во Калифорнија со својата жена - која често ја нарекува своја муза - и нивните три деца.

Белешки[уреди]

  1. Граф, Гери. „Musichound Rock: The Essential Album Guide“. Omnibus Press. ISBN 0-8256-7256-2. 
  2. Петридис, Алексис. „Том Вејтс во живо на Хамерсмит Аполо, рецензија“. The Guardian newspaper. http://arts.guardian.co.uk/reviews/story/0,11712,1358433,00.html. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: