Влажност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тропските дождовни шуми се одликуваат со висок степен на влажност.

Влажност — поим кој означува количество на водена пареа во воздухот, и може да се однесува на неколку мерки за влажност. Формално, влажноста се смета за мешавина на водена пареа и други состојки на воздухот, а влажноста се дефинира како количеството на вода во мешавината, наречена апсолутна влажност.[1] Во секојдневна употреба, поимот „влажност“ се однесува на релативната влажност, која во метеорологијата и домашните инструменти се изразува како постоток. Специфична влажност е соодносот помеѓу количината на водена пареа во мешавината со вкупната содржина на воздухот (по единица маса). Водената пареа во мешавината може да се изрази како маса по зафатнина, или како делумен притисок, зависно од употребата.

Во метеорологијата, влажноста е показател за веројатноста од врнежи, роса или магла. Високата релативна влажност ја намалува делотворноста на потењето при разладување на телото со тоа што ја намалува стапката на испарување на влага од кожата. Овој ефект се пресметува во табела на топлински показател то се користи летно време.

Видови влажност[уреди | уреди извор]

Апсолутна влажност[уреди | уреди извор]

Апсолутната влажност (AH) е количеството на водена пареа по единица зафатнина. Масата на водената пареа, , по единица зафатнина на севкупната мешавина од воздух и пареа, , може да се изрази на следниов начин:

Апсолутната влажност на воздухот се движи од 0 до приближно 30 [[гр/м3]] кога воздухот е заситен на 30 °C.

Апсолутната влажност се менува со промената на воздушниот притисок. Ова е мошне незгодно во пресметките во хемиското инженерство, каде температурата во голема мера се разликува од случај до случај. Поради ова, апсолутната влажност во оваа наука се дефинира како масата на водена пареа по единица маса сув воздух, која е многу построга кога се во прашање пресметките на топлина и масена рамнотежа.

Релативна влажност[уреди | уреди извор]

Релативна влажност (РВ) е поим што го означува количеството на водена пареа во мешавината од воздух и водена пареа. Се дефинира како соодносот на делумниот притисок на водената пареа во мешавината со притисокот на заситената пареа при тие услови. Релативната влажност на воздухот зависи не само од температурата, туку и од притисокот на дадениот систем.

Релативната влажност обично се изразува како постоток што се добива со следнава равенка: соодносот на делумниот притисок на водената пареа (H2O) во мешавината со притисокот на заситената пареа при дадена температура.

[2]

Релативната влажност е важна мерка во временската прогноза и метеоролошките билтени за изразување на веројатноста од врнежи, роса или магла. Во топло летно време, покачувањето на релативната влажност ја зголемува привидна температура кај луѓето (и други животни), спречувајќи (или отежнувајќи) го испарувањето на потта од кожата. На пример, според топлинскиот показател, релативната влажност од 75% при 27 °C се чувствува како 28,652 °C ±0,7 °C при релативна влажност од ~44%.[3][4]

Специфична влажност[уреди | уреди извор]

Специфична влажност (СВ) е соодносот на водена пареа со сув воздух во дадена маса. Се изразува како масата на пареа , по единица маса сув воздух [5] .

Соодносот се дефинира како:

Специфичната влажност може да се изрази и на други начини:

или:

Користејќи ја дефиницијата за специфична влажност, релативната влажност може да се изрази како

Покрај тоа, во метеорологијата специфичната влажност може да се дефинира и како соодносот на водената пареа со вкупната маса на системот.[6]

Утврдување на влажноста[уреди | уреди извор]

Влагомер

Постојат разни уреди за утврдување и регулација на влажноста. Инструментот што мери влажност се нарекува влагомер (хигрометар или психрометар). Хумидстат е прекинувач чувствителен на влага што наоѓа примена кај овлажнувачите и сушачите на воздух.

На глобално ниво, влажноста се мери со сателити што ја утврдуваат количината на вода во тропосферата, на висина од 4 до 12 км, а опремени се и со сензори за инфрацрвено зрачење. Водената пареа го впива зрачењето и повторно го оддава во овој спектрален појас. Ова игра важна улога во надгледувањето на климатските услови (на пр. кога се образуваат бури од грмотевици) и во прогнозирање на времето.

Влагата како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wyer, S.S., "A treatise on producer-gas and gas-producers", (1906) The Engineering and Mining Journal, London, стр. 23
  2. Perry, R.H. and Green, D.W, Perry's Chemical Engineers' Handbook (VII изд), McGraw-Hill, ISBN 0-07-049841-5 , Eqn 12-7
  3. Lans P. Rothfusz. "The Heat Index 'Equation' (or, More Than You Ever Wanted to Know About Heat Index)", Scientific Services Division (NWS Southern Region Headquarters), 1 јули 1990 [1]
  4. R.G. Steadman, 1979. "The assessment of sultriness. Part I: A temperature-humidity index based on human physiology and clothing science," J. Appl. Meteor., 18, 861-873
  5. Cengel, Yunus and Boles, Michael, Thermodynamics: An Engineering Approach, 1998, III изд, McGraw-Hill, стр. 725–726
  6. „AMS Glossary: specific humidity“. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2012-08-12.
  7. Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 48-57.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]