Ветар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ветрот може да се опише како струењето на воздухот, т.е. ветар се воздушните молекули во движење.

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

Постојани ветрови[уреди | уреди извор]

  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ се до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

Периодични ветрови[уреди | уреди извор]

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.

Локални ветрови[уреди | уреди извор]

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Ветрот во митологијата[уреди | уреди извор]

Ветровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и карактеристики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]

Ветрот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Ветрот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Ветрот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[9]
  • „Виор“ (Whirlwind) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[10]
  • „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) - песна од истоимениот албум на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[11]
  • „Ветрот е див“ (Wild is the wind) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1976 година.[12]
  • „Божествен ветар“ (Divine Wind) - песна на американската рок-група „Блу Ојстер Калт“ (Blue Oyster Cult) од 1980 година.[13]
  • Со ветрот в лице“ (S vetrom uz lice) - албум на српската рок-група „ЕКВ“ од 1986 година.[14]
  • „Бакнежи на ветрот“ (Kisses on the Wind) - песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[15]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американската група „Канзас“ (Kansas).[16]
  • „Леден ветар“ (Eisiger Wind) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[17]

Ветрот како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-108.
  2. Хорације, Одабране песме. Београд: Нолит, 1956, стр. 9.
  3. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 23-25.
  4. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 24-25.
  5. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 69.
  6. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  7. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 54.
  8. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  9. Todd Rundgren ‎– Something / Anything? (пристапено на 27.12.2017)
  10. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  11. DISCOGS Graham Parker And The Rumour ‎– Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
  12. YouTube, David Bowie - Wild Is The Wind (пристапено на 8.5.2017)
  13. Divine Wind - Blue Öyster Cult - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
  14. DISCOGS, Ekatarina Velika ‎– S Vetrom Uz Lice (пристапено на 25.3.2018)
  15. Neneh Cherry - Kisses On The Wind (посетена на 15.11.2016)
  16. YouTube, Dust in the wind lyrics - Kansas (пристапено на 28.1.2017)
  17. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Eisiger Wind (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)