Прејди на содржината

Хeјнсов показател

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хeјнсов показател (исто така познат како показател на сериозност на пониска атмосфера) ― временски показател развиен од метеорологот Доналд Хејнс во 1988 година, кој го мери потенцијалот за сув, нестабилен воздух да придонесе за развој на големи или непредвидливи пожари во дивината.[1] Показателот е изведен од стабилноста (температурна разлика помеѓу различни нивоа на атмосферата) и содржината на влага (пад на точката на росење) на долниот дел од атмосферата. Овие податоци може да се добијат со радиозонд или да се симулираат со бројчан модел за предвидување на времето. Показателот се пресметува во три опсези на атмосферски притисок: ниска височина (950-850 милибари (mb)), средна височина (850-700 mb) и висока височина (700-500 mb).[2]

Хејнсовиот показател од 6 значи висок потенцијал постојниот пожар да стане голем или да покаже непредвидливо однесување на пожар, 5 значи среден потенцијал, 4 значи низок потенцијал и сè помалку од 4 значи многу низок потенцијал.[3][4]

  1. „Haines Index“. USA Forest Service. Архивирано од изворникот на 16 април 2014. Посетено на 15 ноември 2022.
  2. Noaa
  3. Winkler, Julie A.; Potter, Brian E.; Wilhelm, Dwight F.; Shadbolt, Ryan P.; Piromsopa, Krerk; Bian, Xindi (2007). „Climatological and statistical characteristics of the Haines Index for North America“. International Journal of Wildland Fire. 16 (2): 139–152. CiteSeerX 10.1.1.486.1768. doi:10.1071/WF06086.
  4. „Haines index definition“. Архивирано од изворникот на 2024-01-25. Посетено на 2022-11-15.

Поврзано

[уреди | уреди извор]