Движење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За движењето како физичка појава, видете Движење (физика).

Движењето е едно од основните својства на живите суштества. Разликите во движењата помеѓу растенијата и животните се должат на разликите во исхраната. Храната на растенијата им е секогаш достапна и нив не им е потребно движење од едно до друго место. Наспроти нив, животните во потрага по храна поминуваат огромни растојанија. За ваквите движења кај нив се развиени посебни органи, кои кај растенијата не постојат.

Движење во животинскиот свет[уреди]

Најпрост начин на движење во животинскиот свет е амебовидното. Тоа се врши на тој начин што протоплазматичните псевдоподии (лажни ножиња, односно продолжетоци) се испуштаат во еден правец, а потоа целата протоплазма се ,,прелива" во тој дел и така животното се движи. Ова движење се среќава само кај амебата и нејзините сродници, додека кај многуклеточните животни ова движење е ограничено само на некои клетки од самиот организам, како на пример леукоцитите.

Многу без‘рбетници имаат во составот на своето тело цевчеста мускулатура со чија активност се движат. Така се движи дождовниот црв. Без‘рбетниците со егзоскелет имаат мускули од внатрешната страна на скелетот, односно под него. За главоногите, на пример, карактеристично е што имаат мошне активни напречно-пругави мускули кои се прицврстени од внатрешната страна на нивниот егзоскелет. Благодарејќи на способноста на напречно-пругавите мускули да вршат брзи контракции, членконогите можат многу брзо да се движат.Од без‘рбетниците, егзоскелет од варовник имаат и иглокожите, мекотелите и др. Движењата на овие животни се бавни.

‘Рбетниците се карактеризираат со егзоскелет за кој се прицврстени напречно-пругавите мускули. Врската на телесните мускули со коските е мошне цврста и благодарејќи на мускулното движење и испружување можат да се движат одделните делови на скелетот, кои извршуваат некаква работа притоа.

Движење во растителниот свет[уреди]

Според тоа дали се движи целиот организам или само одделни органи, се разликуваат два типа на движења кај растенијата: локомоторни и органомоторни.

Локомоторните движења се ограничени само на некои едноклеточни организми и на ] на некои виши растенија.

Органомоторните движења се покарактеристични за посложените растенија. Тие се нарекуваат тропизми: