Јежи Харасимович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јежи Харасимович (полски: Jerzy Harasymowicz; 24 јули 1933, Пулави - 21 август 1999, Краков) - полски поет.

Творештво[уреди | уреди извор]

Полската критика ја дочекала поезијата на Харасимович со голема симпатија, речиси со воодушевување. Тој се појавил во поезијата онака како што одел по улиците и парковите на Краков - со долга коса, несмасен, дрзок, заљубен во себе, со полни џебови со детски играчки (свирчиња, камчиња, птици) и со голема фантзија и дарба за раскажување бајки за ѓаволите, џуџуњата, облаците итн. Притоа, во неговата поезија немало ништо што би потсетувало на претходниците, а можеби најголема сличност покажувал со полските наивни сликари. Во неговите песни сè добива душа: предметите, растенијата, животните, но сето тоа како да произлегува од сонот за враќање во детството, само што во песните има и грубости, крвави самовили и секири. Со збирката „Близу е есента“ (1963) Харасимович започнал нова поетска патека: збирката донесла нов тон, кој полската критика не сакала да го прифати - тон на црно незадоволство од себеси и од светот околу себе, тон на сомнеж, горчина и остра самоиронија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 227-228.