Јарослав Ивашкјевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Jaroslaw Iwaszkiewicz.jpg

Јарослав Леон Ивашкјевич (полски: Jarosław Leon Iwaszkiewicz; 1894–1980) – полски поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во младоста, Ивашкјевич се стекнал со висока музичка култура и долго време бил блиско поврзан со музичкиот живот на Полска.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Од сите припадници на поетската група „Скамандар“, Ивашкјевич е најнетипичен за поетиката на оваа група. Токму поради таа органска издвоеност, и за критиката и публиката, неговата поезија била малку туѓа, далечна и недоволно ценета. Во својата поезија, тој не пропагирал ниту витализам, ниту пеел за малиот граѓанин, ниту се занесувал со полското минато, ниту се обидувал да воспитува и да проповеда. Наместо сето тоа, тој ја негувал „чистата лирика“, а најчесто се работи за лирски запис, лирска слика, реминисценција, често сентиментална, а пред сè, напишана со голема смисла за музичко богатство на стихот и на строфата. Во тој поглед, слободно може да се каже дека во своите песни Ивашкјевич често компонирал мали музички записи. Истовремено, неговата поезија претставува мал лирски дневник, воден низ неговиот долг и богат живот. Иако никогаш не бил многу популарен, со текот на времето неговата поезија стекнала сè повеќе приврзаници.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 55.
  2. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 55-56.