21 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 21 март — 80-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (81-и во престапна година).
21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната полутопка, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на јужната полутопка.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак овен.
Остануваат 285 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1413 | Хенри V станува крал на Англија. |
| 1829 | Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе. |
| 1884 | Во Франција се легализирани синдикатите. |
| 1918 | Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома. |
| 1960 | Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација. |
| 1963 | Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија. |
| 1977 | Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата. |
| 1990 | Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република. |
| 1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост. |
| 1998 | Основана е Демократската алтернатива. |
| 1999 | Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон. |
| 2000 | Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел. |
| 2006 | Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот. |
| 2013 | Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква. |
| 2014 | Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија. |
Родени:
Починале:
| 1556 | Томас Кранмер — водач на Англиската реформација. |
| 1656 | Џејмс Ашер — англиски архиепископ. |
| 1762 | Никола Луј де Лакај — француски астроном. |
| 1910 | Надар — француски фотограф. |
| 1915 | Фредерик Тејлор — американски машински инженер. |
| 1936 | Александар Глазунов — руски композитор и диригент. |
| 1938 | Џон Бејтс Кларк — американски економист. |
| 1987 | Роберт Престон — американски глумец. |
| 1991 | Ведат Далокај — турски архитект. |
| 1994 | Лили Дамите — француска глумица. |
| 1994 | Дак Рамбо — американски артист. |
| 1998 | Галина Уланова — руска балерина. |
| 2013 | Пјетро Менеа — италијански атлетичар и политичар. |
| 2013 | Димче Мешковски — македонски глумец. |
| 2025 | Џорџ Формен — американски боксер. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација |