Овен (хороскопски знак)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Овен | |
|---|---|
| Хороскопски симбол | овен |
| Времетраење | 21 март — 19 април |
| Соѕвездие | Овен |
| Хороскопски елемент | оган |
| Хороскопски квалитет | кардинален |
| Владетел | Марс |
| Прогон | Венера, Ерида |
| Егзалтација | Сонце |
| Пад | Сатурн |
Хороскопскиот знак Овен (латински: Aries, грчки: Αιγόκερος) го носат оние коишто се родени помеѓу 21 март и 19 април. Со овој знак владее планетета Марс. Симболот
ги претставува роговите на овенот или живо растение никнато од земјата.
На патување околу зодијакот
[уреди | уреди извор]Првиот знак во Зодијакот е поврзан и со првата астролошка куќа, а го претставува првото поединечно појавување од колективната темница. Овој знак е сржта на позитивната надворешна природа, има кардинална волја за акција, го има ентузијазмот на огнот и изобилната енергија на неговиот владетел Марс.
Мотивација
[уреди | уреди извор]На Овенот му треба да напредува, да добие специјално место, неуморен е во тежнеењето кон целта и незаплашен од препреките. Нестрплив е со деталите и не трпи глупости. Искрен, чесен, отворен, неговата парола е „Дела, а не зборови.“ Ужива во предизвик, во ризик или акции зачинети со опасност.
Работа и интереси
[уреди | уреди извор]Овенот има многу да понуди кога се бара иницијатива. Храброста, снаодливоста и чувството за организација се неговите квалитети, но и квалитетите што се бараат од позицијата на водач, што тој ја посакува. Овенот е најдобар кога работите се одвиваат по негово, а сосема не одговара за рутинска и здодевна работа. Му треба физичка активност, па често се занимава со спортови или натпреварувачки игри. Овенот има склоност кон алати, машини и оружје.
Во односи
[уреди | уреди извор]Овенот е исполент со романтика и витешки идеали, но не сака трпеливо да чека, ниту да размислува дали партнерот е соодветен за него. Машкото се гледа себеси како витез во сјаен оклоп, кој ја спасува неговата дама од змаеви, а женското е ловец и сама си го одбира сопругот. Овенот е идеален партнер за сите на кои им треба силна рака и огнена физичка врска.
Домашен живот
[уреди | уреди извор]Машкото Овен издава наредби по дома, и бара од децата да не ја поминат „црвената линија“. секогаш е зафатен со нешто. Жената Овен е способна да води кариера, домаќинство и градинка, да ја поправа колата, да ги организира децата и секогаш некаде брза. И ручекот се јаде набрзина во домот на Овенот, а лежалки никогаш не се употребуваат.
Зборови кои го опишуваат Овенот
[уреди | уреди извор]Важи и за двата пола: потврден, храбар, енергичен, амбициозен, самодоверлив, дарежлив, иницијатор, импулсивен, одговорен.
Понекогаш може да биде: агресивен, кавгаџија, фалбаџија, егоистичен, пребрз, нетрпелив, груб, неучтив, невнимателен.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
- Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
- Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.
| ||||||||||||||


