Надар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надар (автопортрет)

Надар (фр. Nadar); вистинско име: Гаспар-Феликс Турнашон (фр. Gaspard-Félix Tournachon) (6 април 182021 март 1910) — француски фотограф, карикатурист, новинар, романописец и балонист. Неговите пионерски портретни фотографии на видни личности важат за музејско богатство и се чуваат о разни светски збирки.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Париз (некои извори велат Лион). Работел како карикатурист за часописот Ле Шаривари во 1848. Во 1849 ги создал Revue comique и Petit journal pour rire. Првите фотографии ги направил во 1853, а во 1858 бил првиот човек кој направил аерофотографии.

Портрет на Сара Бернар

Околу 1863, Надар направил огромен (6000 m³) летечки балон и го нарекол Le Géant („Гигант“), и со тоа го инспирирал Жил Верн да ја напише книгата Cinq semaines en ballon (Пет недели на балон). Проектот бил неуспешен и Надар се убедил дека иднината им припаѓа на леталата потешки од воздухот. По ова се создачп „Друштво за поддршка на воздушно движење по пат на машини потешки од воздухот“, каде Надар бил претседател, а Жил Верн секретар.

При неговата посета на Брисел со леталото Гигант на 26 септември 1864, Надар подигнал подвижни бариери за да ја држи толпата на безбедно растојание. До ден денес, во Белгија подвижните бариери во Белгија се нарекуваат Надарови бариери [1].

Во април 1874, Надар им го позајмил неговото студио, и со тоа овозможувајќи им ја првата изложба на импресионистите. Го фотографирал Виктор Иго на неговата смртна постела во 1885. Се смета дека го издал (во 1886) првото фотоинтервју (со прочуениот хемичар Мишел Ежен Шеврел, кој тогаш бил стогодишник), а правел и еротски фотографии.

Надар починал во 1910 година, и бил погребан на гробиштата Le Père Lachaise во Париз. Ликот Мишел Арден во Верновата книга De la Terre à la Lune (Од Земјата до Месечината) е инспириран од Надар.

Некои фотопортрети[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]