Роман

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Романописец)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Класикот на обредите бил еден од петте класици на конфучијанизмот; ги опишал општествените облици, древните обреди и судските церемонии

Роман е долго раскажувачко книжевно дело во проза или понекогаш во стихови (на пример, „Евениј Онегин“ од Пушкин), засновано на замислена приказна, односно кое не се потпира целосно на факти. За првпат, романот како литературна форма се појавил во 11 век, но поради широките можности останал во употреба и во современата литература.

Романот е литературен вид од епскиот род на литературата. Изразот „роман“ потекнува од 12 и 13 век, кога во западната европска литература се појавиле дела напишани на романските јазици. Романот ги има следниве карактеристики: во него има многу ликови чии карактеристики се опишани преку постапките и преку настаните кои опфаќаат обично подолг временски период. Меѓутоа, современата литературна практика покажува дека оваа дефиниција е тешко применлива; на пример, делото на американскиот писател Џон Стајнбек, „Глувци и луѓе“, се смета за роман, иако настаните не се случуваат во подолг временски период, а книгата нема ни 100 страници.

Некои од карактеристичните жанрови во кои се користи романот како форма се:

Иако речиси сите писатели во некоја фаза од својот креативен живот пишувале романи, некои попознати романописци се: Венко Андоновски, Петре М. Андреевски, Фјодор Михајлович Достоевски, Чарлс Дикенс, Лав Николаевич Толстој, Оноре де Балзак, Џемс Џојс, Франц Кафка, Џорџ Орвел, Стале Попов, Едгар Алан По, Иво Андриќ, Жан Жак Русо, Агата Кристи, и др.

Теорија на романот[уреди | уреди извор]

Во едно предавање, одржано на Универзитетот Принстон, германскиот писател Томас Ман изјавил: „Големата социјална поезија во романите на Дикенс, Текери, Толстој, Достоевски, Балзак, Зола, Пруст ја претставува монументалната уметност на 19 век.“ Според критичарот Левин, романот на Џејмс Џојс, „Улис“ претставува крај на сите романи, а Т. С. Елиот го поставил прашањето: дали по Флобер и Џојс, романот не се надживеал себеси? Слично на тоа, Томас Ман го поставил прашањето: не изгледа ли дека денес во областа на романот може да дојде предвид само она што не е роман?[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. О. Бихаљи-Мерин, „Натурализам и грађански дух“, во: Томас Ман, Чаробни брег. Београд: Просвета, 1956, стр. XXIX.