Џон Стајнбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Стајнбек
John Steinbeck 1962.jpg
Стајнбек во Шведска за време на неговото патување кога ја примил Нобеловата награда за литература во 1962 година.
Роден Џон Ернст Стајнбек, Јуниор
27 февруари 1902
Салинас, Калифорнија, САД
Починал декември 20, 1968(1968-12-20) (воз. 66 г.)
Њујорк, САД
Занимање Ромасиер, писател на куси раскази, воен дописник
Значајни дела Глувци и луѓе (1937)
Плодовите на гневот (1939)
Источно од рајот (1952)[1]
Значајни награди Пулицерова награда за проза (1940)
Нобелова награда за литература (1962)

Потпис

Џон Ернст Стајнбек (27 февруари 1902 – 20 декември 1968) е американски автор на дваесет и седум книги, вклучувајќи шеснаесет романи, шест документарни книги, и пет збирки на куси раскази. Познат е по хумористичните романи Рамна тортиља (1935) и Конзервиран ред (1945), како и по епскиот роман Источно од рајот (1952), и романите Глувци и луѓе (1937) и Црвениот пони (1937). Ја добил Пулицеровата награда за романот Плодовите на гневот (1939), општо признат како дел од американската канон литература,[2] и која е призната како негово ремек дело. Во првите 75 години откако е издадена оваа книга, продадени се 14 милиони примероци.[3]

Добитникот на Нобеловата награда за литература во 1962 година, бил наречен „гигант на американските букви“.[4] Неговите се читани надвор од границите на Америка, а многу од неговите дела се сметаат за класика на западната литература.

Најголемиот дел од делата на Стајнбек се одвиваат во јужна и средна Калифорнија, посебно во долината Салинас и по бреговите на Калифорнија. Неговите дела често ги обработуваат темите за судбината и неправдата, посебно во животот на угнетените и обичните луѓе.

Рани години[уреди | уреди извор]

Џон Ернст Стајнбек Јуниор е роден на 27 февруари 1902 година во Салинас, Калифорнија. Имал мешано потекло: германско, ирско и англиско.[5] Јохан Адолф Гросштајнбек, дедо од таткова страна, го скратил презимето во Стајнбек кога се преселил во САД. Семејните имоти во Германија, во областите Хејлигенхаус, Метман и Северна Рајна Вестфалијаи денеска го носат името „Großsteinbeck“.

Татко му, Џон Ернст Стајнбек, бил благајник во областа Монтереј. Мајка му, Олив Хамилтон, која била учителка, ја делела со синот страста за читање и пишување.[6] Семејството Стајнбек биле членови на американската Епископална црква,[7] а самиот Стајнбек подоцна станал агностик.[8] Стајнбек живеел во мало рурално градче, не поголемо од приградска населба, но сместено на земја која била една од најплодните на светот.[9] Летата ги минувал работејќи на блиските фарми, а подоцна со доселените работници на фармите за шеќерна репа во Спрекелс. Овде се соочил со суровите аспекти на животот на доселениците, како и со темната страна на човечката природа. Од таму ги црпел темите за делата како што е романот Глувци и луѓе.[9] Исто така ја истражувал околината, шетал ни блиските шуми, полиња и фарми.[9] Додека работел за Шеќерната компанија во Спрекелс, понекогаш работел и во нивната лабораторија, што му оставало време за да пишува.[10] Исто така имал и талент за поправка на предметите кои ги поседувал.[10]

Куќата на Џон Стајнбек на Централната авенија 132, Салинас, Калифорнија, викторијанска куќа каде Стајнбек го поминал детството.

Стајнбек завршил средно школо во 1919 година во Салинас, и заминал да студира англиска литература на Универзитетот Станфорд во Пало Алто, но напуштил без да добие диплома во 1925 година. Отпатувал во Њујорк, каде работел на ситно додека се обидувал да пишува. Откако не успеал да го објави своето дело, се вратил во Калифорнија и во 1928 година работел како туристички водич и чувар[10] на езерото Тахо. Таму ја запознал Керол Хенинг, неговата прва жена.[6][10][11] Се венчале во јануари 1930 година во Лос Анџелес, каде што тој планирал заедно со своите пријатели да заработува од производство на гипсани фигури.[10]

Откако останале без пари после шест месеци, Стајнбек и Керол се вратиле во Пацифик Гроув, во куќата на татко му, на полуостровот Монтереј. Родителите на Џон му дале да престојува во куќата бесплатно, му обезбедиле хартија за неговото пишување, и од 1928 година, позајмица која му овозможила да пишува без да мисли на работа и пари. Во текот на Големата депресија, Стајнбек купил мал чамец, и подоцна тврдел дека можел да живее од рибите и раковите кои ги ловел во морето, како и од свежиот зеленчук од неговата градина и околните фарми. Кога ова не му успеало, Стајнбек и неговата сопруга живееле од социјална помош, а понекогаш и краделе храна од околните продавници.[10] Храната ја делеле со своите пријатели.[10] Керол е инспирација за ликот Мери Талбот од неговиот роман Конзервиран ред.[10]

Во 1930 година, Стајнбек го сретнал Ед Рикетс, кој станал добар пријател и ментор во текот на следната декада, и го учел филозофија и биологија.[10] Рикетс, кој вообичаено бил тивок човек, со внатрешна самодоверба и енциклопедиско знаење на различни теми, станал фокус на вниманието на Стајнбек. Сопругата на Стајнбек работела во лабораторијата на Рикетс.[10] Ги спојувала љубовта кон музиката и уметноста.[10] Кога Стајнбек бил вознемирен, Рикетс свирел музика за да го релаксира.[10]

Кариера[уреди | уреди извор]

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот роман на Стајнбек, Чаша злато, издаден во 1929 година, е делумно базиран на животот и смртта на гусарот Хенри Морган. Во романот се зборува за нападот и грабежот на градот Панама, кој е наречен 'Чаша злато', но и за жената, поубава од сонцето, за која се велело дека ја сретнал таму.[12]

После Чаша злато, од 1930 до 1933 Стајнбек издаде три кратки дела. Небесни пасишта, објавена во 1932 година, содржи дванаесет поврзани приказни за долина близу Монтереј, која била откриена од Шпанците додека ги бркале избеганите индијански робови. Во 1933 година Стајнбек ја објави книгата Црвениот пони, во која на 100 страници се раскажани сеќавањата на неговото детство.[12] На непознатиот Бог, книга наречена по Ведска химна,[10] го раскажува животот на еден населеник и неговото семејство во Калифорнија, чиј карактер е прикажан како пагански обожувач на земјата што ја обработува. Иако немал сè уште статус на познат писател, никогаш не се посомневал дека еден ден ќе успее.[10]

Стајнбек го постигнал првиот успех со делото Рамна тортиља (1935), роман кој зборува за повоениот период на Монтерес, Калифорнија, и за кој добил медал клубот Комонвелт.[12] Ги опишува авантурите на група млади бездомници кои живееле во Монтереј после Првата светска војна, и непосредно пред американската прохибиција. Прикажани се како иронична споредба со митски витези кои се на задача и поради тоа ги отфрлаат сите обичаи на американското општество, и кои раскалашено се препуштиле на виното, страста, дружбите, и ситните кражби. Во 1962 година, кога му е доделена Нобеловата награда, Шведската Академија за ова дело навела: „непристојни и комични раскази за банда од асоцијални лица кои во нивните диви уживања се речиси карикатури на витезите од тркалезната маса на крал Артур. Во Америка, оваа книга била прифатена како противотров на тогашната депресија.[1] Според Рамна тортиља снимен е филм во 1942 година со истото име, во кој настапуваат Спенсер Трејси, Хеди Ламар и Џон Гарфилд. Со дел од хонорарот, тој си изградил куќа во Лос Гатос.[се бара извор]

Стајнбек почнал да пишува серија на „калифорниски романи“, во кои се зборува за обичните луѓе за време на Големата депресија. Овде спаѓаат романите: Во сомнителна битка, Глувци и луѓе и Плодовите на гневот.

Глувци и луѓе е драма за очекувањата на двајца доселеници кои биле земјоделци во Калифорнија. Критиката високо го оцени овој роман,[12] а при доделувањето на Нобеловата награда во 1962 година, наречен е „мало ремек-дело“.[1] Сценската изведба беше хит, во која настапуваше Валас Форд како Џорџ, и Бродерик Крафорд како другарот на Џорџ - Лени. Стајнбек одбил да присуствува на ниту една од изведбите кои се одржувале во Њујорк, а на режисерот му рекол дека само изведбата која ја има замислено во глава е совршена, и дека секоја друга изведба на сцена за него ќе биде разочарување. Стајнбек напишал уште две театарски дела (Падната Месечина и Светлина што гори).

Според романот Глувци и луѓе снимен е филм во 1939 година.[13] Снимен е и втор филм во 1992 година, во кој игра Џон Малкович во улогата на Лени.

Стајнбек го продолжил успехот со Плодовите на гневот (1939), роман кој се базира врз статија од весник за доселеници земјоделци. Најчесто овој роман се смета за негово најголемо постигнување. Според Њујорк Тајмс, ова е најпродаваната книга во 1939 година, а 430.000 примероци биле испечатени до февруари 1940 година. Во текот на тој месец, романот ја добил наградата за национална книга, за која гласале членовите на Американското здружение на книжари.[14] Во текот на истата година, романот ја добива и Пулицеровата награда за книжевно дело.[15] Според него е снимен филм во режија на Џон Форд, во кој главната улога ја играл Хенри Фонда. За оваа улога, тој е номиниран за најдобар актер од страна на Академијата.

Плодовите на гневот е контроверзно дело. Политичките погледи на Стајнбек, негативниот став кон капитализмот, како и симпатијата кон работниците, довеле до силна реакција против авторот.[16] Тврдејќи дека во книгата погрешно се претставени условите на живот во округот Керн, одборот на надгледувачи во август 1939 година ја забраниле книгата, и ја отстраниле од јавните библиотеки. Оваа забрана траела до јануари 1941 година.[17]

За овој настан Стајнбек напиша: „Клеветата што ми ја приредија големите земјопоседници и банкари, е многу лоша. Проширија и глас дека народот од Оклахома ме мрази и дека ми се заканиле дека ќе ме убијат. Јас сум исплашен од сето ова. Ова сосема излегува од контрола, мислам на хистеријата која расте околу овој роман, и која не е здрава.“

Ед Рикетс[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1930-те до 1940те години, Ед Рикетс извршил големо влијание врз пишувањето на Стајнбек.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Шведската Академија ги означила Плодовите на гневот и Зимата на нашето незадоволство како најпопуларни.
    „The Nobel Prize in Literature 1962: Presentation Speech by Anders Österling, Permanent Secretary of the Swedish Academy“. NobelPrize.org. http://nobelprize.org/nobel_prizes/literature/laureates/1962/press.html. конс. 21 април 2008 г. 
  2. Bryer, R. Jackson (1989). Sixteen Modern American Authors, Volume 2. Durham, NC: Duke University Press. стр. 620. ISBN 978-0822310181. 
  3. Chilton, Martin. „The Grapes of Wrath: 10 surprising facts about John Steinbeck's novel“. Telegraph (London). http://www.telegraph.co.uk/culture/books/booknews/10755043/The-Grapes-of-Wrath-10-surprising-facts-about-John-Steinbecks-novel.html. конс. 6 декември 2014 г. 
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Why_do_children_study_Of_Mice_and_Men.3F.
  5. „Okie Faces & Irish Eyes: John Steinbeck & Route 66“. Irish America. http://irishamerica.com/2007/06/okie-faces-irish-eyes-john-steinbeck-route-66/. конс. 23 октомври 2012 г. 
  6. 6,0 6,1 John Steinbeck Biography на Семрежниот архив (англиски) . National Steinbeck Centre
  7. Alec Gilmore. John Steinbeck's View of God. gilco.org.uk
  8. Jackson J. Benson (1984). The true adventures of John Steinbeck, writer: a biography. Viking Press. стр. 248. ISBN 978-0-670-16685-5. „Ricketts did not convert his friend to a religious point of view—Steinbeck remained an agnostic and, essentially, a materialist—but Ricketts's religious acceptance did tend to work on his friend,...“ 
  9. 9,0 9,1 9,2 Introduction to John Steinbeck, The Long Valley, pp. 9–10, John Timmerman, Penguin Publishing, 1995
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 Jackson J. Benson, The True Adventures of John Steinbeck, Writer New York: The Viking Press, 1984. ISBN 0-14-014417-X, pp. 147, 915a, 915b, 133 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Benson“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Benson“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. Introduction to 'The Grapes of Wrath' Penguin edition (1192) by Robert DeMott
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bio.
  13. „Of Mice and Men (1939)“. The Internet Movie Database. http://www.imdb.com/title/tt0031742/. конс. 10 октомври 2007 г. 
  14. "1939 Book Awards Given by Critics: Elgin Groseclose's 'Ararat' is Picked as Work Which Failed to Get Due Recognition", The New York Times, February 14, 1940, p. 25. ProQuest Historical Newspapers The New York Times (1851–2007).
  15. "Novel" (Winners 1917–1947). The Pulitzer Prizes. Retrieved January 28, 2012.
  16. Keith Windschuttle (2002-06-02). "Steinbeck's myth of the Okies" на Семрежниот архив (англиски) . The New Criterion.
  17. Steinbecks works banned на Семрежниот архив (англиски) . pacific.net.au